Ете готово, го запозна мажето. Да ви е живо и здраво, а тебе побрзо опоравување. И ќе плачеш и плачеш од среќа
Никогаш не сум имала проблем по кичмата.. во систина се породив на почеток мислев дека е тоа нормално и дека е од самиот пораѓај ама потоа сватив дека ме боли баш таму кај што ме боцнаа. Бев на лекар и нема лек за тоа освен апчиња против болки не ми препорачаат ништо имам исто другарки проодени со царски имаат исти проблеми со кичмата
Ќе ни фалиш во Труднички. Честитки да е живо и здраво одмарај освестувај се па пиши како си поминувате со бебо
На 03.06 во 11:05 се роди мојата Ања 2640 грама тешка и 49 долга со царски рез во 39та недела. Секој ден одев на цтг и доктокторка на 02.06 ми рече утре во 7 и 30 на одделение ќе те поаѓаме бебето ни заостанува и заспива на цтг,јас ептен смирена бев.се наспав сабајлето дојдов ме примија, кога ме повикаа во сала како на диско да одев не на операција, ми ставија спинална го извадија бебето, бебе плаче јас плачам, ги направија првите слики со мојот телефон, анестезиологот и сестрата цело време до мене да не испаничам или качам притисок обично за да не досредат мајките ги заспивале за мене немаше потреба. Ми ја донесоа дури вечерта малко, сега сабајлево едвај чекам да ја гушкам неможев цела вечер да спијам и мерат и нејзе шеќер во граници на нормала и е исто и мојот. Секоја да си дочека ваква радост ❤️
Да ја напишам и јас мојата породилна приказна. Од почеток на бременоста викав ќе се пораѓам скроз природно и без епидурал. Арна ама, Господ имал друг план Во 34та, Димчев ми кажа дека бебето е карлично, всушност она што го мислев дека е газе под моите гради, било главче Рече тешко дека ќе се сврти со оглед дека е поголемко, но сепак дека има надеж. Ама синко немаше абер од вртење и веќе почнав да го прифаќам фактот дека ќе бидам оперирана. Јас ептен се плашам, од лекови, од операции и гледав воопшто да не мислам на тоа. Во 38ма недела, на 09.06 цтг-то покажа контракции, докторот ме виде на ехо и рече да дојдам следниот ден. 10.06 цтг-то пак контракции покажа јас не чувствував ништо освен ептен слаби менструални болки. Ме прегледаа со рака, 1 прст отворена. Докторот рече да не чекаме да го вадиме, го измери на ехо 4300гр. Ми рече дојди вечер да те примиме, утре прва за царски. Така јас тргнав накај дома, малце си поплакав во кола, застанав докупив уште нешто што фалеше. Пробував да не плачам и да не се стресувам. Се спремивме, маж ми ме остави во болница. Од тука почнаа припреми за царски, се тресев ко лист на секоја боцка. На 11.06 сабајлето се роди моето синче тешко 3230 грама Утна докторот за цело кило Во ретроспектива, царскиот навистина е брз, се ми помина ептен брзо. Спиналната воопшто не е страшна. Убодот не се осеќа, веднаш делува и многу брзо по операцијата почнувате да чувствувате. Докторите се уходани, јас се тресев ко лист, дури и пулсот ми се качи. Ама во муабет со сестрата ми се симна. Се поминува, еве трет ден јас веќе функционирам скоро нормално. Сама си го кревам бебето, нормално се движам. Верувајте кога плаче нит знам што е рана, нит дали боли одма полетувам да го земам да го смирам. Кога цица, ништо друго не е важно, нека боли колку сака. Едноставно кога ќе погледнете во очите на вашето бебе заборавате на се.
Еве ја нашата приказна.. Се родивме порано 36+1.. Ведран 2940 кг 49 цм На 17ти во 2 часот попладне ми пукна водењакот не цел пополека ди течеше... Матичниот ми даде упат за штип но таму не ме примија бидеќи имало позитивна сестра на гинекологија и не се знаело кој можи да е заразен па ајде на гак. Дојдовме тука.. Преглди приемно цтг се со ред јас немсм болки воденикот си течи... Накај 7 8 почнаа пополека слаби болки и до кај 2 3 ги трпев и бев супер... После почнаа појаки и за среќс брзо се отворив и се породив во 5 часот со 3 напони. Последните болки со напон ги осеќсв последниот пола час или бар тска јас мислам дека беше и то беше се. Болно како и секој но среќс брзо се отворив а докторите беа фини и помагаа многу. Ради короната бебината не се до нас и земаат брид за ковид на сите родилки.