Ај да напишам додека ми е ептен тазе Договорен преглед цтг и ехо и тргам во чаир.. ме ставаат на цтг контакции ич се е добра и ајде гинекологов вика да те проверам прво до кај си што си па на ехо ќе те гледам. Си добив вагинален преглед и една фаца добив ми вика добро болки нешто нели имаш (јас само слаби менструални секоја вечер ама поминуваа) викам не ништо. Кога ми вика док јас ќе те задржам денес ќе се пораѓаш ти веќе си 6 прста и ајде директ во родилна па таму цтг клизма се по ред и почнав да добивам некои минимални болки. Пак ме проверуваат сега пак 8-9 сум се отворила и тука ми го пука водењакот и си заработив провокација и почнаа болките.. ги издржив мушки отидов на бокс и со два напони излезе синко.
Многу охрабрувачка приказна. Баш ми е мило кога читам дека некој е толку храбар и за брзо завршил. Овие денови што одам на контрола, кога ги слушам некои како врескаат до плафон додека имаат болки (не на бокс), си помислувам дека цела вечност трае таа голгота.
Мене ме задржаа во чаир за царски ама имав можност да го одберам утрешниот датум за да си славиме роденден во ист ден.
Денес одам на цтг во болница и ми го сменија терминот од 07.07 на 27.06 бебево машала 3850 грама.И јас сакав на 30ти со мене да биде ама ќе видиме здравје
Моето 4100 денес.Ако си за царски следен преглед кажи им.Мене ми викаат доста 38+3те задржуваме денес.Им реков а царски да биде утре и не е проблем утре. Минатиот понеделник беше 3800.
Јас на 21.06 ви пишав дека од сабајлето имав болки слаби, но како што се затемнуваше стануваа појаки ама си ги трпев дома, реков дур не ме стегнат болки на 5мин не одам во болница..Вечерта кај 22 се зачестија на 10мин, а кај 23:30 во лежење дома ми пукна водењакот. И ајде со мм одма на болница, докторката вика 8 прсти отворена што си трпела дома (ја викам па истото и овде што ќе трпев ако дојдев порано)... И ајде клизма и до кај 3 ноќта имав јаки болки на 2мин. Седнав на бокс (болките намалија, па почнаа напони како за по голема) три пати напнав јакоо до мое омодрување на фаца и излезе лепотицата. Без сечење, без шиење, сосема природно. По тоа си излезе постелката (кога ја видов поголема од бебето) и на крај ми го истегаа стомакот да излези тоа што останало (тоа ми беше доста болно ама откако ќе си го видиш бебето ништо не ти значи повеќе) и така си лежев уште 2х на бокс и потоа во соба. По 6 саати станав се туширав и се нормално функционирам.
@NNK19 навистина охрабувачка породилна приказна, сите би посакале така брзо и лесно како тебе да се породиме
Да сте живи и здрави двете Недела ќе одам врската ми е тогаш во болница дај боже до тогаш да издржи лепотанот и баш ќе ја замолам ако може вторник пошто секако царски ќе биде големо е.Ај здравје
Леле како е можно... денес одам на цтг(мирно) и на преглед два прста отворена. Немам некои болки( по отежнано функционирам и имам засилена болка во крстот) не очекував вакво нешто поради тоа што со првото имав страшни болки 24 часа а не се отварав(1цм цело време). Само се плашам да не се отворам наеднаш јас имам повеќе од 100 км до Скопје. А Др ми кажа да отидам на контрола во четврток. По прегледот болките ми се засилени и зачестени. Не верувам дека ке издржам до четврток.
Добро е што си таман за пораѓање. Лошо е што може прегледот да предизвика доотварање. Што беше случај со мене, бев 3ипол прста ме прегледува врти со рака кога реков боли ми вика да те подраширам и да те примиме. Се надевам не те рчнале. Од друга страна има мајки што биле 1-2 прста отворени со денови. Да сум на твое место,ако мора во Скопје да се пораѓаш,на појаки болки вечерва пат под нозе на дежурен,па ако треба и за ск
Не се плашам веќе за терминот,имав контракции уште од 31ва недела.Сега контракции 0 а кога ми кажа дека грлото е меко и веќе сум отворена се препотив. Многу сум среќна што догуравме скоро до 38ма но сега не знам како ќе биде со отварањето. Значи тоа што ми го кажуваа биле во право, од пораѓај до пораѓај има мнооогу разлика.
Не плаши се, тоа филмско пукање на водењак и излегување на бебето за 10 мин само на филмови го има. Кога ќе те фатат редовни болки, ќе си тргнеш кон Скопје без паника.
@Dana31 од моето искуство никако чекање... јас со првото од пукање на водењак до крај на пораѓај помина само саат ипол а и сега од кога ми го пукнаа многу многу брзо се породив.. не те паничам ама ете моето искуство вели така (што би рекол мојот доктор многу еластичен цервикс сум имала)