1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Породилни приказни

Дискусија во 'Бременост' започната од fairy88, 20 август 2012.

  1. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.176
    Допаѓања:
    18.817
    Честиткии уживајте сега :inlove:
     
    На martty06 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.409
    Допаѓања:
    8.685
    Пол:
    Женски
    Леле што убавоо :inlove: Кој ти беше анестезиолог? Има еден во Ремедика абе кога и да го видам смеење ме фаќа. Таков сериозен лик а си збори смешки.
    Ова со пеењево си ме изнасмеала:rofl: Ама и на екипата сигурно им било забавно хахах.
    Да сте здрави и живи само :l:
     
  3. eli.karameli

    eli.karameli Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2012
    Пораки:
    2.007
    Допаѓања:
    5.523
    Ај ме изнасмеа со пеењево. Живи и здрави да сте и побрзо домче.
    П. С супер чим со царски ти дале и појадок :)
     
  4. azelea

    azelea Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    3.482
    Допаѓања:
    15.374
    Хахах,ме изнасмеа со пеењево:D,жени бе со хормониве сме лудница:D:inlove:
     
    На LadyC му/ѝ се допаѓа ова.
  5. anitka-fifa

    anitka-fifa Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    345
    Допаѓања:
    383
    Ете и јас да пишам :)
    во помеделникот на 13ти во 2 по полнок ми пукна водењакот... го издигав мм за во болница, он паники по дома :D, се истуширав на брзина и правец систина. Ме задржаа, болки немав никакви ниту пак се отварав. Сабајлето дојде докторот, ме провери вика абер немаш од отварање, болка никаква си уживав...
    вика ке почекаме уште малку дали ке почнеш да се отвараш, ако не царски. И така и бидна, во 21.00 царски го извадија мојот ангел Борјан 3840, 50 см. Нај убав :) Анестезиологот ме изнаслика, одма прати фотки на мм.
    Болка никаква не осетив нит од спиналот нит од нешто друго, после анестезија немав болки, се до првото станување кога плачев ко мало дете, но благодарение на сестрите успеав полека полека бар до вц да отидам. Секое наредно станување беше помалку болно, дома веке 5типт ден трчав на секое плачење на бебуш.
    Ви посакувам на сите со лесно на порагај!! и да уживате со вашите бебушки
     
    На VDT2906, NNA, tina2018 и 49 други им се допаѓа ова.
  6. kjofti4

    kjofti4 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2012
    Пораки:
    990
    Допаѓања:
    3.582
    Се дружев со вас цели 9м и оваа тема ми беше омилена.. Па да споделам со вас иако породувањето беше договорено ради големко бебе и од др град да не паничиме дали ќе стигнам или не.. На 09.08 се сместив во систина за нареден ден да се порагам. Јас одам цела под стрес незнам кај сум ме сместуват ме средуват прават цтг јас контракци над 70 а не осеќам ништо посебно. Во 23:00 пак цтг пак контракци над 70 ајде ќе чекаме до сабајле и онака тогаш др на смена ми идеше.. Сабајле пак цтг контракци смирени, проверка дали сум отворена грло високо јас воопшто не бев отворена. Др ми вика одиме царски како што беше договор и да си отворена да чекам пак царски ќе одиме ради големо главче. И во 8:40 ме повика во сала и да ме спремат персоналот беше топ значи не осетив ни болка од анестезија. И си легнав таму ми зборува цело време во смисла што се дешават што да очекувам ако нешто осеќам али верувајте ништо буквално не осетив ни бебе кога вадеја не сетив никаква болка. Па го средија и одма ми го ставија на мене јас возбуда огромна плачење и почнав да се гушам притисок до плафон и ми го тргна ми дадоја да се спушти притисок и кислород да подишам.. Возбудата прави чуда али ништо страшно знаат како да реагират и сигурно не сум била прва а ни последна. Потоа ме досредиа тоа трае подолго од целиот чин на вадење на бебе и веќе се се заборава. Заврсивме др уште од сала му ѕвона на мм ми го даде моб да се слушнам на кратко со мм. И за 1 и 30мин ме спуштија в соба и веднаш дојде мм и бебето го донесоја да се видат со татичко да се гушнат.
    Царскиот да боли од кога ќе пројде анестезија барем мене значи се виткав од болка,другиод ден ме станаја и беше нешто пре болно мислиш сите органи ќе ти паднат од доле али се заборава. Имав мали компликаци со раната ради со сум покрупна и се поклопва раната и поти и имав малку крв два дена али помина сами од себе кога се истуширав валда.
    На сите би посакувам со лесно да поминете и се се заборава секоја болка. :)
     
    На VDT2906, NNA, tina2018 и 33 други им се допаѓа ова.
  7. Anaouou

    Anaouou Популарен член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2014
    Пораки:
    665
    Допаѓања:
    2.247
    На 22.08 станав со менструални болки кои ги имав цела претходна ноќ. Станувам и одам да се туширам и се враќам на мојот маж велам денеска ќе бидеш татко. А тој од каде знаеш велам чуствувам. Станавме тој вели ајде да одиме да се шишам и да пазаруваме за по дома, и јас ајде да не седам сама ќе се прошетам и со тие болки излеговме.
    Се вративме и му викам ајде да ја ставиме оградица и чаршафче п да чистам по куќа иако претходен ден чистев пак исчистив се.
    Болките не престануваа лежиме и мериме на 10мин после некако ми почна на 5мин и велам јас да се бањам и одиме. И пишувам на мајка ми дека таа работи во болница да ме чека.
    Отидов направивме цтг и имаше болки а бев отворена само еден прст.
    Ми кажа др да останам за секој случај да не се враќам пак така и бидна. Ме сместија во соба и за лраткп водењак ми пукна болкитее стануваа се поголеми но слабо се отварав. Само два прста во 22 часот и др ми кажа имаш опција за царски ако не можеш да издржиш можеби во 4,5 наутрп ќе се отвориш.
    Размислуваав и плачев од болки се испогубив, се консултирам со маж ми што да правам не знам тој ако ништо не е страшно бареѓ ти не се мачи.
    И не издржав се решив за царски иако се беше до тогаш во план природно.
    Ме внесоа во 23 часот во 23 и 20 се роди синче Матеј
    3520гр и 51см
     
    На VDT2906, NNA, zhap4e и 46 други им се допаѓа ова.
  8. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.965
    Допаѓања:
    14.001
    Колкаво беше бебето, обем на глава и тежина, за да решат дека треба царски?
     
    На It's baby time му/ѝ се допаѓа ова.
  9. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.965
    Допаѓања:
    14.001
    Читам тука повеќе кратки породилни приказни завршени со царски рез, па еве малку за промена да го споделам јас моето патешествие по природен пат :lol:.

    Мојата бебка во 40та недела немаше абер за излегување. Бев на преглед на денот на терминот, ме прегледаа, цтг мирно. По правило требаше после два дена пак на преглед, но бидејќи се паѓаше сабота гинекологот ми кажа ако сакам да се јавам во клиниката каде што ќе се пораѓам и да прашам дали може кај нив да идам.

    Се јавив во клиниката и ми кажаа дека за во сабота нема термин, и дека ако сакам може да ми закажат за во петок. И така и беше. Одам таму, нормален преглед, цтг мирно, ме гледаа на ехо и на докторката и падна во очи тежината на бебето (4050гр.). Не ми рекоа ништо посебно, велат се е во ред, но би сакале во недела да дојдеш пак на преглед.

    Одам во недела и пак истите процедури, ама сега на ехо две докторки. Завршува се и тие ми велат почекај тука и отидоа заедно во ординацијата на едната. После некое време доаѓа едната и ми вика бебето е веќе големо а нема контракции, не можеме повеќе да чекаме, дојди во понеделник во 08:30 спремна, со ташна со се. Решението беше пораѓај со провокации.

    Си одам дома, и си мислам, големо бебе и провокации не е баш добра комбинација. Почна да ме фаќа страв и почнав да си мислам како да кажам дека сакам царски рез. :D

    Во понеделник стануваме рано со мм, одиме до маркет да купиме нешто за ужинки во торбата, (уште тоа фалеше:lol:). Стигнуваме таму, и пак редовен преглед, мокрача, цтг, мерење притисок и после се ми велат почекај во ходник. После подолго време ме викаат за да ми кажат дека денес нема да можам да останам затоа што биле преполни и немало слободен кревет. И ми рекоа да дојдам во среда. Јас се израдував и трчам накај мм да му кажам дека сум слободна да си одам дома :D.

    Во среда пак иста песна со прегледите но овојпат до крај :lol:. Си ја земав торбицата, ме сместија во соба и ја добив првата доза апчиња за провокација. На двапати добив по едно апче од кои не осетив ништо. Веќе на третиот пат добив две наеднаш и тука веќе почна интересното :wasntme:. Прво почнав да осеќам болки како за по голема нужда, прво беа послаби ама како што минуваше времето се зголемуваа.

    Иначе да напоменам дека се пораѓав во Германија, кадешто и во време на корона беше дозволено сопругот да е присутен. Јас бев решена дека нема да се правам херој и дека ќе одам со сите можни средства против болка.

    Кога почнаа појаките болки си побарав и ми дадоа прво едно апче кое делуваше до одредено време. Но со провокации оди многу побрзо и почнаа силни контракции на две минути. Дојде бабицата (девојка не постара пд 27-8 години), ме прегледа и вика веќе си 4 прста отворена. После тоа добив и инфузија која како да ме зашемати малку ама исто ми помогна доста. После одредено време помина и нејзиното дејство, пак ме прегледа и веќе бев 7 прсти отворена.

    Ме преселија во друга соба и викнаа анестезиолог за да ми стави епидурална, за која ми беа потполнети и потпишани документите уште од дома, од 27ма недела :lol:. Додека да дојде анестезиологот и да ми ја стави епидуралната, јас веќе се отворив 9 прсти и почнав да се тресам, и од ладно и од болки. Помина и тоа, почнав да осеќам како ми отрпнуваат нозете, но десната повеќе од левата по што одма знаев дека не е добро ставена туку е повеќе на едната страна.

    Веќе беше полноќ, имав контракции, но беа издржливи благодарение на епидуралот. Цело тоа време бев со мм, додека бабицата доаѓаше и си одеше. Едно време дојде, ме прегледа и вика веќе си 10 прсти отворена и донесе едно ќесе проѕирна течност како за инфузија. Тука веќе и водењакот ми пукна. Ми кажа дека од кога ќе го приклучат тоа, контракциите ќе станат почести и дека веќе ниту епидуралот нема да делува.

    И тука почнува оној дел каде што во многу ваши приказни е "со два-три напони излезе моето бебе". Е за мене тој дел траеше нешто повеќе од еден час. Почнаа толку силни напони буквално како струен удар да добивав со секој од нив. Секој напон ме подигаше буквално од кревет по три пати. Го чувствував бебето како е спуштено надоле но сама бев свесна дека крајот е далеку.

    По некое време почнав да се препотувам, да викам (иако велев дека јас нема да се дерам како тие што ги слушав додека чекав :D). Почнав да викам, "Јас не можам" а на тоа бабицата "Ти можеш, како можат сите други, можеш и ти". И така си траеше истото подолго време, во меѓувреме дојде и една докторка, гинеколог. Најјак беше моментот кога реков "Не можааам јас веќее, бебето е големооо", а на тоа бабицата: "Па и ти си голема" :D

    Едно време почна бабицата се припреми за дочек на бебето, ја вклучи греалката, го донесе тоа на што ги ставаат бебињата, јас се изненадив оти знаев дека имам уште многу.

    Ја прашувам до каде сме стигнати, ми вели дека ја гледа главата, дека бебето има црна коса и дека ако ја слушам и следам ќе станам мајка за кратко време.

    Едно време осетив силен напон но овој траеше подолго и беше најболен. Тоа да ти бил моментот кога квалитетно сум се расцепила (пишуваше после, повреда Damriss од втор степен). После тоа на следниот напон, бабицата со раце го извади бебето (тешко 4020гр. и 55см. долго), сега веќе имаше простор :D.

    Го покрија бебето во пешкир, ми ја соблекоа наметката и ми го ставија на гради. Беше толку топло и меко. Одма ги отвори очињата црни, најубави на мајка. Не плачеше туку само како да му вриеја градите. Ги прашав зошто не плаче, тие ми рекоа дека плаче ама без глас. Тоа беше моментот за кој вредеше се' низ што поминав претходно.

    После едно време го тргнаа од мене, ја пресекоа папочната врвка, го земаа да го мерат и прегледаат и тогаш веќе пушти глас. За тоа време со еден напон излезе и постелката. После тоа следуваше повеќе од еден час шиење, кое не го осетив гушкајќи си ја бебка моја. :inlove::hug:

    На сите кои ве очекува пораѓај сакам да ви кажам воопшто да не размислувате на тоа и да не се плашите. Се' ќе дојде и ќе помине како да било еден миг, а наградата од сето тоа е бесценета :inlove:.
     
    На edna_malecka, elena.mak, do-re-mi и 58 други им се допаѓа ова.
  10. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.512
    Допаѓања:
    32.645
    Пол:
    Женски
    И мојата беше слична на твојата само моето беше малку побрзу.Ама да знаеш си заштедила 3000 евра за царски по желба:D
    Носеше ли маса додека се пораѓаше?
     
  11. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.965
    Допаѓања:
    14.001
    Јас не носев, другите околу мене да. Ми правеа тест за корона, никој не ми нагласи дека морам да носам кога бев без маска па си терав без неа 8).

    Иначе за царскиот мило ми е што не побарав а и не ми дадоа шанса, си почна процедурите без да ме прашаат :D.
     
    На Thallia и Ava.84 им се допаѓа ова.
  12. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.919
    Допаѓања:
    14.562
    Пол:
    Женски

    Честитки да е живо и здраво бебето!

    Уште кога пиша дека ти дале таблета како провокации одма се знае дека не си во МК. Знам дека не е тука темата, ама штом пиша, си реков да споделам, за тие што читаат, и за тие што во иднина би се пораѓале во Германија.

    Ако апчињата за провокација биле Cytotec / Misoprostol следен пат не би ги земала. Постојат и други видови на провокација / Einleitung кои се далеку побезбедни. За администрација на Cytotec / Misoprostol на трудници за породување веќе има доста тужби во Германија.

    https://www.tagesschau.de/investigativ/br-recherche/geburtseinleitung-medikament-101.html
     
    На Ava.84 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.512
    Допаѓања:
    32.645
    Пол:
    Женски
    Јас исто бев со Einleitung ми дадоа една па две таблети пред тоа да потпишам дека се согласувам со ризиците.Ама кои таблети ми ги дадоа не ми кажаа.Немаа опаковка и од каде да знам кои се ?Треба да прашам .Со обзир дека кај моето веќе втори ден беа протоците слаби неможев да се предомислам.Ризично беше за бебето.Стварно папочната беше прецвикана како со клешта свиткана:worried:

    А знаеш ли нешто за Cariban нови таблети против гадење Ги даваат само со рецепт.Ама некако како зависност да создаваат , а јас ги пијам 2 дена веќе.Пиши ми ПМ ако имаш некое инфо да не правеме оф топици:)
     
    На Kaetana му/ѝ се допаѓа ова.
  14. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.965
    Допаѓања:
    14.001
    По тоа што го пишува во статијата ќе излезе дека се тие лекови. За нив ми кажаа докторките дека не се одобрени за таа намена туку дека се работи за лекови за стомак. Но колку што се сеќавам не ми спомнаа за можни последици и не се сеќавам дали се потпишав пред да ги примам.
     
  15. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.919
    Допаѓања:
    14.562
    Пол:
    Женски
    Треба да се тие. Баш се за стомак. Пишавме нешто плус во темата мајки во Германија тука. Супер што сте добри, и шансите да е нешто лошо се мали, ама чисто пишав за друг пат да се има на ум да се одбере друг медикамент.
     
    На mKdevojce му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    8.947
    Допаѓања:
    18.059
    Можеби постои таква можност во Германија, кај нас ти дава нешто ниту знаеш што е ниту ти кажува.
    Додека се отварав во родилна,ми стави некоја инекција во канелата,кога прашав што е ми рече "лекче".
    Мислев дека е провокација,ама овде прочитав дека провокацијата тече како инфузија.
    Така да и ден денес не знам што ми ставија.
     
  17. Melinda23

    Melinda23 Активен член

    Се зачлени на:
    30 март 2020
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    213
    Пол:
    Женски
    Честитки до сите нови мамички и кај мене остана нешто помалку од еден месец.. Кај мене е втор царски некаде околу 25.09
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  18. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.968
    Допаѓања:
    59.589
    Пол:
    Женски
    Таблетата е вагиналета за провокација?
    Ако е таа даваат и кај нас и се потпишуваат.
    Ова пред 20 месеци гледав на жените на патолошка им ставаа.
    Доаѓаа со цтг во соба за да не стануваат,3 саати треба да лежиш.
     
    На zhap4e и Milkiway им се допаѓа ова.
  19. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.968
    Допаѓања:
    59.589
    Пол:
    Женски
    Спазмекс ти ставиле,
     
    На zhap4e, elcezelce, Cherry333 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. лукајана

    лукајана Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2015
    Пораки:
    260
    Допаѓања:
    506
    Пол:
    Женски
    И јас прашав што ми става ми рече Спасмекс
     
    На Sofi.ja му/ѝ се допаѓа ова.