Даваат и во МК вагиналети провокација. Ако зборите за такви таблети. Едит сега видов за орални допишале
Спазмекс да, мене ми кажаа дека тоа ми ставаат, а и таму покрај вратата во родилна видов еден куп такви лекови и прочитав дека се Спазмекс на пакувањето. Даваат вагиналети ако не си баш отворена. На 4 5 прсти отвор кај ќе ја пикнат вагиналетата. Мене сите можни провокации ми ги збрцаа
Апче за пиење немам слушнато тука. Не знам дали постои такво. Тука јас на гак отидов да се пораѓам 0 отворена. И успеав природно после 2 дена малтретирање, ама можев и царски да завршам ако не се спуштеше бебе. Примив 3 провокации доле на патолошка, 2 вагиналети и некои течности таму преку шприц, се потпишував и јас. После синтоцин на крај ми ставија.
Ааа епа тука по државни прво мастта ќе ти ја извадат па после ај царски. Погоре збореа за апчиња ама за во германија прво мислев на вагиналети мислат
Секаде е така во светот, само кај нас така лесно можеш да ди договориш царски без индикација. Се форсира природно. Јас имав врски ама сакав природно да се породам.
Девојки, ќе почнам со тоа дека имав најубаво болно искуство на свет! На 27ми во четврток вечер почнав да добивам контракции без некоја голема болка но на пола саат. Некако заспав иако мислев бар на цтг да одам. Сабајлето кај 10ч отидов на цтг и ме прегледа Др, реши да ме задржи па да видиме како ќе оди. На ГАК на патолошка ми земаа ковид тест и лежев можеби 40мин не бев сигурна што значи ова, дали ќе пробуваат со провокации дали може и дома на крај ќе си одам...дојде рез негативен и ме качија на 1ви во предродилно. Јас пак без болки. Ме боцнаа за крвна слика и ми ставиа за инфузија игла. На одделението само една жена имаше со ненормални болки, мене не ми беше јасно што правам јас таму. Кај 14ч ме прегледа Др и рече дека се отварам супер природно и не треба вагиналета. Сум била 4 5 прста. Иако не ми го дупна водењакот, можеби од прегледот пукна сам додека лежев на цтг кај 15ч. Како топло осетив и помешано со крв, но интересно е дека одма почнаа болки овој пат прави но издржливи. Додека лежев ми ставија чепче но не успеав да се прочистам, можеби немав ништо а и не бев јадена ништо. Кај 15.30 ми рекоа да дојдам на бокс. Е таму како дојдов почнаа силни болки баш болки. Одма сакав да ми стават епидурал ама Др решила да ме остави да видам што значи болка за спонтан пород во случај да се предомислам и да се решам за царски. Ме боцнаа прво спинална, но дејството траеше кратко дали 50мин. Одма после тоа ми стави епидурал. Дојде мојот Др ме прргледа и рече дека сум 6 7 отворена. Предложи да станам затоа што главчето веќе било набиено, малку да одам. Цело време уклучена на цтг кое јавува огромни болки. И сепак една сестра ми стави инфузија со провокации, 3 капки капнаа и почнав и со епидурал да осеќам болки силни. Одма го исклучија, легнав и ми рекоа 8 9 прсти отворена. Значи ни 20мин не пројде Др беше изненаден колку брзо иде се. Уствари, ко ќе почне болка како за по голема нужда и не престанува- тоа е тоа. Легнав во 18.20 прво со една нога преку тие за нозете како странично за да се изротирало бебето. Така 3 4 контракции, во меѓувреме се собраа седум души да гледаат. Др ми објасни како да дишам и како да давам напон. 3 пати дадов напон (ме сецнаа) и на 2риот осетив како излезе главчето, ми рекоа да почекам иако природно ти иде само да стискаш, и со 3тиот напон излезе...одма почна да плаче и ми ја кренаа пижамата и го ставија на гради....верувајте дека за милисекунда заборавив на се и на секоја болка. Иако навистина боли, во право се сите што рекле дека се се заборава. Во меѓувреме дадов уште еден напон, излезе постелката, ме сошија (ништо не се осеќа) и лежев така 2 саати. Мојот Алекс се роди во 18.30ч на Голема Богородица 28.08 петок.
Ми стигна нотификација, па си ја препрочитав приказнава Пак ми се навратија слики од тие мигови, па да споделам Знам дека најмногу сила добив кога рече бабицата дека тоновите на бебе почнале да опаѓаат. Ме молеше да вдишувам длабоко и да го задржувам воздухот, па да издишувам се со цел бебушка да биде снабдена со кислород. Бев како во делириум, ама се соземав и правев се' што ми нареди таа. Потоа ми стави некоја инекција за да сопрат напоните и да се смири бебе, од целиот стрес што му се случуваше. Тоа затишје траеше можеби 3 минути. Може и пократко, не знам. Потоа пак добив напони и веќе знаев дека нема назад и дека од мене зависи едно мало животче. Бабицата ме бодреше и викаше дека му го гледа веќе главчето. Јас ја прашав : А, има ли коса? Таа ми ја грабна раката и ми ја стави долу, го допрев по главчето И тоа мислам беше пресудниот момент, вдишав длабоко, еден крик и го истуркав. Ах, спомени
И мене ми стигна нотификација и досега си размислував за таа вечер И така убаво ми беше, па ми текна дека ве известував live во Труднички цело време и отворив да прочитам. Многу убаво ми дојде на душата кога видов колку поддршка сум добила и @0ли ми пишала дека сум ја расплакала дека не ми го даваат бебето да си го видам и ете дојдоа солзите на очи. Ах, во какво време се породивме. И зошто толку брзо лета времето Не памтам во животот да сум била толку среќна колку овие 4 месеци
Исто, се изнаежив сто пати читајќи. Не постои нешто за што сум поблагодарна! Ептен се светлост, животот би си го дала за него! Не рекле џабе, мајка знае навистина што значи безусловна и бескрајна љубов
Здраво идни мајки, често пред да се породам го читав форумов со цел да го победам стравот од раѓање, не успеав во тоа но успеав да научам од искуствата дека не треба веднаш во болница да се оди, какво е чувството кога пука водењакот и најважно од се преку видеа на јутуб научив како да дишам за време на контракциите што по мене е нешто што најмногу помага бидејки нашите тела се програмирани да се згрчат за време на болка, забораваме да го испуштаме воздухот и тогаш наместо да и помагаме на контракцијата да работи во нашето тело ние и отежнуваме, пробуваме да ја блокираме, многу е полесно ако едноставно ја прифатите болката, избројте до 10 и таа стивнува, не мислете на тоа колку ќе трае и колку боли или колку болела претходната.. навистина се издржува болката само останете смирени и не паничете, слушајте го вашето тело..тоа буквално прави се само и само треба да му помогнете малку, не се потпирајте на хорор породилни приказни сите сме различни, психичката подготовка е многу важна! Јас мојата прва болка ја осетив во 2.00 наутро додека спиев и водењакот ми пукна и осетив малку водичка, не бев сигурна дека тоа е тоа се додека болките не почнаа да се засилуваат малку, го разбудив ММ во 4.00 се избањав се средив во 6.00 бевме во болница... Ме ставија на ЦТГ ме заборавија 1 час, јас ги викнав да ги потсетам, бабицата ми кажа дека морам се од ново бидејки сум седела за време на контракциите, тогаш побарав некое сретство за болки (епидурална) таа рече ок само да те прегледам.. Кога виде кажа 8прсти веке беше касно за епидурал, ме пренесоа во друга сала каде положбата на колена ми беше најдобра така стоев додека не родив, и така додека пополнував формулар за епидурал (мислев дека ке го добијам иако е касно) ми почнаа напоните.. По 3 - 4 буткања во 8 и 31 излезе бебенце најубаво на свет.. Веднаш си помислив па и не бил толку страшен пораѓајот бев подготврна за многу полошо.. Понатаму се беше како бајка, сите болки престануваат во моментот кога се раѓа бебето, гушкање и солзи радосници и само убави моменти од тој ден. Ви посакувам на сите лесен пораѓај уште полесен од мојот ❤️