Ме расплака и ме потсети детално на секој момент чекајќи го 2 недели да искочи од инкубатор. Јунаци деца доволно е само тоа да се каже за нив. На сите Господ да ни ги чува ❤
И мене ме наежи, почнав да плачам, ако прочитам уште еднаш толку од мене. Жал ми е што низ се тоа сте поминале со бебка, ама важно се завршило како што треба, галете се сега.
да немаш повеќе вакви мачни разделби и грижи за здравјето и животот на бебче. Големо да расте. Чувајте се
Ах бе мајче.. ме врати 3ипол години наназад.. истото го поминав со ќерче моја ама скроз исто.. како јас да сум пишала Да ти е живо и здраво бебчето
Да пишам и јас, додека можам 19.09 на роденден кај мајка ми, седиме, се изнајадив како никогаш кај 22ч почувствував болка во срамна коска. Си помислив дека се шири за бебе да излезе. Си тргнавме и правец во болница во мојот град. Контракции од 50-100 јачина сум имала и 1,5см отворена почнал процесот. Дома си се истуширав, си правев педикир (многу е битно нели за пораѓај), решивме да преспиеме, па наутро да тргнеме за Бт. Цела вечер имав болка без престан во јајници, ниту кичма ме болеше, ниту стврднувања имав. Само јајници. (Имам болни менструации па ова беше издржливо, за мене). Утрото во 9ч стигнавме бо Бт, 6 прста отворена, ќе раѓам Се поздравивме со маж ми и право во родилна. Прочистувања, катетер за епидурал средени и чекам. Многу побавно се отварав со епидуралот, дури 2 прста само за 4-5часа, ја прекинавме, и почнаа болките. Притисок 180/120 рипна, ми даваа доста лекови. Го намалија најмногу до 160/100 Кај 12ч ми го пукнаа водењакот. Бебче бута јас од анестезијата ќе заспиев ја исклучија и почна она вистинското. Со 4 напнувања излезе, а болките беа силни дури напнував, но кога ќе слушнеш дека 90% поминало раѓањето, останува уште многу малку, напнуваш повеќе. Излезе ќофтенцето наше, изморено и тоа ваљда, дишеше но не заплака веднаш. Тоа ме ококори веднаш, сила имав да рипнам од бокс за неа. Почнав да плачам зошто таа не плаче, ме смируваа дека е жива и се е во ред. 1-2 мин беше ова (за мене цела вечност траеше) и потоа почна јагненцето на цел глас да плаче, плачеше цели 2 часа без престан потоадушичка мила, само ги отвараше очињата и ме бараше дури лежеше подалеку од мене. Ми ја ставија на гради, се погушкавме и ме средија со шиење од епизиотомијата. Потоа во соба продолживме да се гушкаме и да ја мирисам Неможам да се надишам од нејзинот мирис. Херојот наш се роди 3520гр и 50см, природно. И доколку пак ме прашаат, веднаш би одела на второ. И болки и се се заборавија, кога таа заплака. Ви посакувам на сите лесни породилни приказни Мојата беше и лесна, и брза и драматична и болна Но вредеше
Алишан ме потсети на моето прво породување,исто вечерта бевме на гости и јадев па ја осетив таа болка на срамната коска и сабајлето отидов да се породам ,па и мојава одма не заплака ,и да тоа ти се чини вечност,ама сега имаш вечност за која ќе живееш.Да сте живи и здрави
А колку само изедовмногу јадев, од се' на масата, и првпат цело парче торта, обично не успевав да изедам толку Уште полесна приказна да имаш за второво мила, ти посакувам
Хаха,исто и јас јадев една мајонез салата со компири и јајца и докторот ми вика утре дента од кога не си јадена да ти ставиме инфузија да те освежи ако си гладна . Фала душо
Отварам деновиве цело време да видам дали си пишала.. по тебе се раководам цело време пошто 1 ден сме разлика со термините Нека е жива и здравс ќеркичката, голема да расте и најсреќни на свет да ве прави Кажи ми те гледаа на ехо пред пораѓај? Која е последна килажа што и ја измерија? Како се осеќаш после се? Имаш многу болки? Можеш сама да функционираш за основни работи и за бебуш? Ти дојде млеко брзо? Извини вака малце со прашања одеднаш
Жива и здрава да принцезата ваша, само радости да ви носи. И мојата породилна приказна беше слична брзо помина се, само тие минути кога бебето не заплака одма траат вечност. И мојот не плачеше, се исправив од на боксот и викав на цел глас, детето детето зошто не плаче, ама ете го под удрија по газе и кога почна абе 2-3 часа уста не затвори. Ух. Важно се добро поминало и кај тебе и кај мене тогаш. Се надевам дека и сега ќе имам среќа за брз пораѓај и дека барем момава нема да ме стресира со не плачење.
Ме гледаа на ехо пред пораѓај, докторот само 50тина грама утна со мерките, како кажа-толку излезе. Добро се чувствувам, доста крварам и малаку сум малаксана. Раната ме боли, ми даваат аналгетици. Но уште првиот ден ме станаа. Редовно се туширам, за раната. Сама функционирам. Стимулирам за млеко, сеуште не е надојдено убаво. Имам колострум, со пумпица одмолзувам но ептен е малку. Бебе ставам на гради нонстоп, иако нема млеко, да се навикнеме една на друга. Со лесно да ви е на сите
Фала ти многу на одговорот. Многу се радувам за тебе, после сите маки, конечно си го држиш цел свет во раце Ви посакувам само и само убавини на цело семејство
Колку убава и позитивна приказна ме наежи и ми ги наполни очите со солзи. Да сте живи и здрави и двете, уживајте во најубавиот период што следи ❤️❤️❤️
А притисокот ти се нормализираше? Ме расплака додека те читав. Дента кога се породи, знам пиша во труднички за секс, по некиј саат гледам ти честитаат. Да сте живи и здрави!
А што ти рекоа за шеќерот? Дека примаше инсулин, сега после породување како ? Иначе и јас вечерта пред пукање водењак си бев кај сестра ми на скара и ме почастија и трилече. Па мора да сме спремни за пораѓај сила да имаме како
Не беше покачен, и еве го 3 дена на гладно е 4,3-4,4 а по оброк е 6-6,8 Не примам инсулин, од храна се си јадам
Лелее Читам и бришам солзи мила, замислувам колку било емотивно... Честитки мамичке, гушки до двете, уживај во секој миг од најубавата улога во животот
Мило ми е што вака лесно си поминала освен со притисокот, да ти е жива и здрава и да си се гушкате нема поубаво нешто од тоа али најбитно е да си најаден на пораѓај сериозно јас прегладнета дека бев ни сила ништо немаш