@Alishan30 мила, нека ти е живо и здраво девојчето, големо да расне!!! Тебе побрзо опоравување! И јас се расплакав од емоции кога те читав!
@Alishan30 да е здрава и жива ќеркичката, да ве прави горди и радосни. Ептен ти е убаво прераскажано, ми текна ми викаа немој многу да јадеш во 9ти на пораѓај ќе имаш мака. Јас царски знаев дека ќе бидам па си кркав се. И се пронајдов во муабетот дека веднаш второ би родила. И јас би
Дур не се породив едвај чекав некој да пише во темава еве и јас да споделам дојде време: Бременоста ја водев во Систина. Два дена после терминот ми закажаа да дојдам на спонтан порагај со индукција, а претходно ми направија ковид тест. Во понеделник сабајле на контрола бев 3 прста. Вечерта ме примија на одделение, накај 2 саат сабајле клизма и во 4 ме однесоа во предпородилна сала. Ми ставија физиолошки со провокација и така си лежев. Многу ми стана лошо дека дента мн малце јадев и повратив неколку пати . На секој 40 мин некој ми правеше преглед со рака за да помогнат за побрзо отварање и тоа болеше многу. Накај 9 саат бев 5 прста и тогаш ми го пукнаа водењакот. Тоа најмногу ме болеше мислев дека егзорцизам ми прават . После тоа почнаа прејаки контракции, ме оставија 40мин да ги трпам и после епидурална ми ставија и се преродив. Од епидуралот почна вртоглавица и пак повраќав ама гајле ми беше битно болка немаше. И такаа се до 12 30 ми брцкаа со раце, ми ставаа свашта за отварање, омекнување.. Кога дојде време за буткање не осеќав ништо од анестезијата и тешко одеше. Бебето беше високо па др. ме стискаше силно на стомак. Конечно после 12то буткање искочи мојата лепотица После ме шиеја и конечно заврши целата приказна со среќен крај односно почеток Секоја чест на целиот персонал што беше околу мене, беа најфини на цел свет што многу значи во такви моменти. На сите им посакувам да имаат многу полесна приказна од мојата и да бидат храбри Заборавив да кажам дека ќерка ми се роди на ист ден со брат ми. Заедно ќе слават родендени со вујче
Егзорцизам бе женче  да сте живи и здрави, баш си била храбра мајка. Гордана беше уз тебе или на крај дојде? Баш убаво што си задоволна од персоналот, многу е битно во тие моменти да имаш екипа. Уживајте сега
Гордана дојде накај 9 и после на 30тина минути ме посетуваше. Супер беше ептен професионална. Со лесно и на тебе
Ајде и јас да ја споделам мојата породилна приказна. Бидејќи бев 11дена после термин ми рекоа кај матичниот гинеколог да отидам во болница и тамо да се породам природно со провакација. Отидов примив 3 дози провокација и се отворив 9 прста. На 3 прста добив епидурална анестезија. Првата прокација ја примив во 6:00h наутро, втората во 12:00h, а последната во 16:00h и тогаш ми пукна водењакот. Си кулирав со епидурална болки немав и веќе когa почнав да добивам напони наеднаш бебе се измести некако накосо и правец во породилна сала и царски рез. Ми рекоа дека тоа е од провокациите. Царскиот рез помина супер иако бев исплашена се тресев цела и повратив таму битно се беше во најдобар ред, но сега малку ми е потешко станувањето ама за нашите бебиња вреди секоја болка!
Честитки, голема да расте На мене матичната ми кажа дека ми е високо поставена, дека ќе ја буткаат. Ама па не сакам да ја буткаат, сигурно ќе се распукам. Може ли некако да се избегне?Боли ли?
Нели си се симнува бебето надоле кога ќе дојде време? И мене мо е високо повеќе притисок осеќам во желудник и гради него на бешика ама не ми спомнале такво нешто ме замисли и мене
Знам и кај мене е исто, се молам да се спушти, само филмови си правам откако ми спомна матичната.Ама еве според одговорите во тој транс не приметуваш што се дешава, само гледаш да се олесниш
Детето може и да е многу високо и кога ќе му дојде време само да се спушти за 3 минути. Нема правило. Со лесно.
Не боли многу само те остава без воздух некако..непријатно. Сега осеќам болки уште кај ребрата од лево кај што ме стискаше.
Мислам дека сите шо беа со мене во сала буткаа на стомак а ги имаше доста плус и големо бебе Мене ме болеше местото утредента едвај воздух зимав ама нее ништо страшно тоа. Со лесно
Мене првото ми беше спуштено убаво надоле... Но незнам како од болки, стегање, ми се качи нагоре, а веќе на бокс бев И мене ме стискаа, еден лево, еден десно, една од напред влечеше.. Во странство па со кебе ги врзуваат и така влечат, стискаат Мислам @danichap имаше такво искуство.. Многу убави последниве породилни приказни Што сакам да дојде ден и трета да раскажам