Браво мајка, баш ми е мило вака кога ќе прочитам дека со спонтано породување лесно сте поминале. Ајде сега гушкајте се
Живо и здраво нека е ама јас морам нешто да искоментирам извини. Како може доктор за бебе од 3800 еве 3900 ќе ги ставам да рече големо е, ќе се измачиш и на крај пак ќе мора царски. Па по 5 кила ги раѓаат природно. Големината нема врска со тоа дали ќе е природно или царски. Друго може да го измерат 4 кила, а да се роди 3 кила, и обратно нели, не е секогаш точно мерењето. Извини што коментирам навистина само не ми е јасно како може доктор да каже такво нешто.
Уф.. не знам што да кажам... Не можам да кажам дека жалам што не пробав природно пошто за време на операцијата ми открија проблем со тенко црево што мора накнадно да се оперира, а инаку не би се дознало.. И второ, баш цимерката со мене во соба со помало бебе, 12 саати пораѓај, и болки и се, и на крај итен царски пошто бебе се заглави во родилен канал. Нормално дека не мора да значи, ама ете и тоа како знак си го сфатив.. Едноставно така требало да биде.. Фала Богу живо здраво право детенце си имам, не можам да кажам зошто инсистираше на царски, и не ми е криво. Посакувам на сите лесен пораѓај без проблеми, без разлика на природно или царски
Има многу врска големината на плодот со тоа дали ќе е природно или царски. Не зависи од големината туку од соодносот на големината на бебето и на карлицата на мајката. Секој случај е индивидуален, затоа прават докторите проценка. Некои мајки раѓаат и по 5 кила природно, некои други и со 3800 одат на царски.
Колку убава породилна приказна дај боже сите да поминеме вака со лесно како тебе. Гушкајте се со бебка сега и брзо оправување
Ова дирекно во алишта за 3-6 месеци машала @Izzy_0504 ти ја знам приказната дека цело време ти го мереа бебето поголемо ама претпоставив дека заклучиле да мора царски заради тесна карлица или нешто друго... Ти мереа ли карлица со шестарот? Инаку другарка ми природно и брзо вака ко Милки роди бебе од 4.3кг. Сигурно си прават проценки докторите, а и секој доктор си има различна практика за работа. Сигурно да му запнеше дека и покрај големината сакаш да пробаш природно, ќе те оставеше да пробаш. Како и да е пак ќе речам докторот те следел и знаел како е најдобро. А и што е веќе важно, помина
Си знаат да проценат и ние за се завлечкавме до 40та нед или над термин ќе морав царски според докторите веќе многу раснеше. Они му го мереа главчето на последен преглед и знаат дали ќе ја бива или не
Петок сабајле на цтг стигнав , бебе напредно 4 недели пред термин. Контракции регистрира но не се правилни. Закажавме термин за во понеделник бидејќи царски. Стигнав пред болница со отечени очи од плачење што се разделив од син ми. Се поздравив со мм и почнаа подготовките. Анестезија поминав со тресење. Ке лажам ако напишам дека ме болеше. Ме боцкаа 3 пати но безболно беше. Овој пат легната како фетус ме наместија а не седната. Самата атмосфера од многу народ ствара дополнителен стрес а поготово кога знаеш дека минути те делат од плач. Почна да деделува анестезијата,вадењето на бебе го чувствував безболно но тегнење и туркање многу се чувствуваше. Големо бебе 3900гр го гушнав се изнаплакав па го однесоа. Добивав нагони за повраќање но одма кажував и реагираа. На интензивна лежев 3 и пол часа. На рана имав песок. пушти анестезија и во соба на гушкање со мали. Станувањето следниот ден ужасно болно како и за првиот царски го поминав но секое наредно олабавува болката. Се на се поминав исто како и за првото дете.
Да ти е жив и здрав и вториот син хепицо! Па за трето да се спремаме Ве гушкам двајцата. Опушти се заврши бременоста