Честиткиии, да е живо и здраво! Што побрзо да закрепнеш и лесно да се адаптирате со бебуле. Цел живот да ве радува!
Само што сакав истото да го пишам..Како може големината на бебето да биде пресудно за царски.Родив природно две големки цуциња ама пресудни фактори беа 10 см отворена, меко грло на матка и широка карлица. Не се измачив туку напротив лесно поминав а за тоа допринесоа и сестрите и докторката кои нон стоп ме бодреа.Не сум доктор ама само големината да е пресудна за царски не можам да го сфатам.
Па не беше само големината, кажав погоре. Како и да е, секоја трудница треба да има доктор во кој има доверба и за кој верува дека ќе донесе правилна одлука во право време. Има многу случаи каде се раѓа природно дете од 4,5-5 кг, а царски бебе од 3 кг.. не е само до килажата. Мило ми е што имате добро искуство со природен пораѓај на големи деца, ама голем дел немаат..
Не сум прочитала,sorry.Во право си, потребна е доверба во докторот како што и јас ја имав.Во секој случај, да е живо и здраво бебулето и цел живот да ве радува.
Komplicirana bremenost, rodiv bebe 4.5kg, celo vreme go merea pogolemo, nikoj ne mi ni ponudi carski, osven ako dojdeshe do komplikacii za vreme na poragjaj. I sitna sum za tolku golemo bebe. Jas mislam poveke zavisi od doktorite, odkolku shto zavisi od majkata i bebeto. Pozz
Ама тоа ситна, крупна нема врска, не е всушност важно дали е жената ситна или крупна, не се гледа така, реално 100 процентна проценка не може да се направи се додека не почне пораѓајот. Да, некои може пошле на царски, а можеле природно, ама докторите не сакале да розикуваат затоа што па постојат други што се пораѓале природно и бебето заглавило па се случила родилна траума и на мајката и на бебето. Најмногу од се зависи од мајката и бебето, инаку секој доктор би форсирал природно доколку се може. Секој случај е индивидуален и кога проценува докторот царски, сигурно има добра причина.
Тоа изгледа само во Македонија докторите го прават. Моето беше 4050 на последниот преглед, во 41ва недела па ниту еднаш не ми ја спомнаа опцијата за царски рез поради таа причина. Па за среќа, се се заврши во ред, се роди бебето природно 4020гр. и 55см.
Мене ниту еден доктор не ми кажа царски само заради килажа, а се знаеше дека е крупен плодот. Нема гаранција дека и жена со мал плод нема да се измачи. Само кај нас може да предложат царски како полесен начин за пород.
@Izzy_0504 Не сакам да испадне да се чувствуваш виновна заради царскиот. Мене само докторот ме изнервира кој не е единствен. И јас со царски бев после два дена пеколно мачење завршив на итен царски. Ајде на второ здравје ќе одиме на природно.
Се мислев дали да пишам или не. Бидејќи сум човек што не "витка во целофан" или обложува со фондан, па ќе бидам брутално искрена. Дента имав некое претчуство и му викам на маж ми, спреми се вечер ќе се пораѓам. Се насмеавме демек на шала. Се истуширав, се средив и под туш приметив малку крв, си викам ајде сигурно е од некој хемороид, бидејќи немав никакви болки...Во 2.30 вечерта ми пукна водењак ама малку, може истече околу 100-200мл. За 5 минути уште некои 200 мл, почна да ми тече плодова вода по нозе. Си реков тоа е тоа. Го разбудив маж ми, тргнавме накај Чаир. Бев јадена, ама за секој случај изедов банана и уште нешто што имав при рака. Во кола мавнав и еден кроасан. Ок си викам без паника смири се може ќе те вратат зашто немав големи болки и не беа во ист интервал...На прием 0 прсти отворена, сеуште ми течеше плодова вода, лом направив во амбуланта. При вагиналниот преглед го видов Господ у пижами. Тоа прсти буткање мислиш се копа внатре...е после тоа почна журката. Ме примија, почнав да крварам,, ми падна чепот. Не само чепот, мислам 1 литар крв...имав болки, но не беа страшни. Се држев под контрола, дишев правилно, пробав и да дремнам на паузите меѓу секое ЦТГ. Ама кај ќе деемнеш, една офка, друга дрнда на телефон у 4 сабајле ко навиена и со труба, се трескаат врати, ЦТГ пишти на сите страни. Си ставив слушалки и пробав да кулирам. Сабајле преглед, во 7ч отворена само 2 прста..да не должам многу, вкупниот мој пораѓај траеше 32ч, на крај завршив со провокации. Болките беа големи при крај, после некои 8 прсти кога ме однесоа во родилна. Е таму беше интересното..болките беа неиздржливи и веќе немав сила, се исповратив и се виткав. Нормално, никој не те гледа, сите се прават дека не те приметуваат, снаоѓај се како знаеш. Е тогаш ми пукна филмот. Почнав да викам абе јас овде сама ли ќе се пораѓам, па не дојдов у штала мајка му, носете ме на бокс, имам напони...и така конечно ме однесоа, со 2-3 напони се роди нашата убавица...чувството кога ќе ја допреш на гради е неописливо, најубавиот допир во мојот живот. Се чудеа докторите како прворотка толку бргу сум се породила. Еве сега си се гушкаме и се душкаме. И да болките се забораваат, ама "третманот" не се заборава...за следен пат ќе знам. Тоа беше моето слатко-горко искуство во Чаир. Бев сведок дека некои се породуваа за неколку саати, некои се мачеа со часови На сите ви посакувам полесен пораѓај од мојот, не се плашете, само дишете длабоко
Mnogu brzo, vecherta imav slabi bolki, sabajleto vo 9 me primija na bolnica, vo 9 i pol me proverija do kade e grloto na matkata, samo shto stavi prst vodenjakot prsna, za 5 minuti dobiv silni bolki, po 30min napon i vo narednite 25 minuti moeto bebe izleze. Se na se imav 1 chas poragjaj, bebeto 4450gr jas nemav ni konec
И мене тоа ми беше многу чудно. На золва ми со бебе тешко 4000гр д-р Младен од чаир и рече јас со волкаво големо бебе не те пораѓам природно. И ѝ закажа термин за царски.
Јас по тоа што сфатив, царски пораѓаат кога тежината на бебето не е пропорционална со конструкцијата на телото на мајката. Односно, доколку се работи за поголемо бебе, а мајката е ситна, тоа би било измачување и за бебето и за мајката и затоа докторите се одлучуваат за царски. Мене повеќе ме буни разликата во мерките од ехо и родилната килажа на бебето, што не е само честа појава да се измери помало или поголемо, отколку што ќе се роди кај нас, туку истото се случува и во странство.
Може зависи од тоа како доктор ќе измери и од ехо апаратот. Еве кај мене 3500 го измерија толку и се роди.
Јас Младен кога го прашав дали ако е поголемо ќе мора царски ми рече дека не зависи само од бебето туки и од ширината на карлицата на мајката и дека тоа се мери при прием за да знаат дали мора царски така да претпоставувам дека е индивидуално