Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Породилни приказни

Дискусија во 'Бременост' започната од fairy88, 20 август 2012.

  1. Vetruska

    Vetruska Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    791
    Допаѓања:
    493
    Пол:
    Женски
    Немој веќе да пиеш магнезиум, може да ти го пролонгира породувањето.
     
  2. Keti30

    Keti30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    131
    Пол:
    Женски
    Еве и јас конечно најдов време да ви пишам моите породилни искуства...

    Пред 11 год месец Јули,само што ручавме,пладне некаде 15 мин до 15часот,ја кренав масата и само што застанав на умивалник за да ги мијам садовите,осетив како река да ми потече по нозете...а јас млада,неискусна,прво дете,поправена 32 кила,а имав само 54 пред да останам бремена,постарите демек да сум јадела за двајца,немаше нешто да не пробам јас,само готвеа и купуваа се што ќе видев,за да јадело детето се-ахх да ми е овој памет сега затоа со второто само 12 кила,а сега скоро ич,ама секако со прво неискусно,наивно,атер за другите...да се вратиме на темата одма испаничена влетав во вц се истуширав,мм и свекор ми на раб со колите,среќа кумот во тоа време као порачан се паркира кај нас,па јас набрзинка се истуширав,пешкир меѓу нозе и одма во болница...мислам летавме со колата накај болница,јас ни болки ни ништо и си мислам натака,лелее ќе си се гушкаме денес со бебето хахах наивно мислев така лесно е плукни залепи...отидовме во Чаир,ме прегледаа и ми викаат нема место одете на ГАК...ајде отидовме таму и почна хоророт...ме сместија во соба претходно цтг,само еден прст отворена се во ред ќе чекаме болки...8 жени во соба,времето си тече абер нема од болки и отварање,поминува ден два,три секоја вечер си помислувам еве сега ќе се породам,сабајлето се будам,нема ни болки ни бебе...дури четвртиот ден како капак на се една жена во соба вика имаше една женичка како тебе со пукнат водењак 5 дена и бебето се роди мртво...јас у кома :o кога му ја зинав да плачам,уште таа ми фалеше,па кога и викнаа другите жени у соба пуздер ја направија,ама веќе кажано беше се...им се јавив на моите,иако они беа стално со мене по два пати доаѓаа ми носеа храна,зашто таму не ја јадев и кога им кажав и они веќе загрижени решивме да бараме врски за да заврши сето тоа...вечерта значи накај 23 часот и 30 мин свекрвами му се јави на брат и и они дојдоа во Гак за 5мин мислам....најдоа врска и тоа директорката на Чаир,и се јавија околу 12 часот по полноќ,и она се изненади како можат дури 4 дена а веќе и 5тиот ден поминуваше со пукнат водењак да ме држат и дека она што е до неа би не примиле одма,би ме породиле и се ама бидејќи ние веќе прво бевме таму па они не препратија во Гак и тогаш ако недај Боже ми се деси нешто на мене или бебушот они ќе одговараат цела болница за тоа,што нормално го разбравме толку добро,што и беше во право.

    И јас тогаш ни две ни три на свекрва ми и мм им викам јас одам и се преправам дека имам болки,ќе бидам упорна и така и направив...одам доле на приемно отварам врата,т.е. ја трескам,офкам као од болки,чистачката спие кај цтг то,а сестрата на другиот кревет и испаничени(нели ги будам од сон)рипаат двете и ми викаат леле што е -јас им викам болки имам,се пораѓам :D (сега смешно ми е,ама тогаш...)и они ме легнуваат на цтг,таму ништо не покажува сестрата го вика докторот преку тел,тој трча и влетува како луд вика што е проблемот,сестрата му вика женава има болки вика,а цтг то ништо не покажува...па кога му станав на др му викам јас сум 5тти ден со пукнат водењак(да да баш толку)а тој ми вика како е можно тоа...му викам видете кога ме примивте и во каква состојба,не му се веруваше...му викам не ли ме породите сега,или недај Боже да му биде нешто на бебето,цела болница ќе ја запалам и ке искочам од болницава и ќе ме носите на совест...тој ми вика оди во соба еве јас ти ветувам ке те викнам за 2 саати и те носам на бокс...ајде викам,ќе ве послушам,ама ни 5 мин повеќе...и така одам накај соба влегувам,една од женичките ме прашува дали ме породиле викам ааа да еве го во раце бебето хих и само што седнав на креветот,се отвара вратата од собата,сестрата ми вика ајде те носиме на бокс...и јас па како нели за два саата,а она ми вика досега креваше се во вис за одма а сега...ајде доаѓај со мене....и така додека се качувавме нагоре по лифтот дали од страв или незнам од што почнаа болки а скоро 2 по полноќ беше,ми ставија клизма,само три прста отворена а болки се појаки и појаки,гледам другите тивко си туфкаат а јас неможам да издржам од премногу јаки болки...така се до сабајлето до 15 мин до 7,додека се смени смената па тие малку се сожалија ми ставија провокација и немаше 15 мин со само два напони точно во 7 часот наутро се роди мојата прва радост,моето сонце што не огреа сите,нешто што не се опишува со зборови и верувајте се се заборава само кога ќе ги видите тие очиња,тоа малечко сонце,сета болка изчезнува само тоа грее :inlove:

    п.с тоа беше иако не е накратко,имав уште измеѓу да пишувам ама да не бидам ептен досадна за читање,а за втората бременост ќе пишам пак,нека пише прво некоја друга мамичка после јас,да не биде цела страна со моето прво искуство :D секоја бременост своја приказна,не значи дека јас така сум поминала ќе помине и некоја друга...на сите идни мамички ви посакувам со лесно а и каков да биде пораѓајот се се заборава после тоа,кога ќе си се гушнете со бебушот ;)
     
    На girl-miri, Annath, ddevojce и 7 други им се допаѓа ова.
  3. rak11

    rak11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    77
    lele mn si bila popravena bas mnogu,si mozela da imas problemi so pritisokot,a toa sto ti rekla zenata deka moze da ti umre bebeto e tocno previse te drzele so puknat vodenjak a toa ostava posledici vrz bebeto bidejki nema dovolno kislorod doaga do krvarenje vo mozokot se nadevam deka e se vo red
     
  4. Keti30

    Keti30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    131
    Пол:
    Женски
    Фала Богу се е во ред апгар 10/9 имавме значи и бебето и јас бевме во најдобар ред,сега е веќе голема и си се растеме и развиваме најдобро што може,а и во текот на првите месеци доста добро напредувавме,се доевме скоро 1год, секој месец по кило и сто,двеста грама напредувавме,мислам се нај нај,се надевам и понатака ќе биде така :)
     
    На SimonaTino и meU им се допаѓа ова.
  5. Neodlucna

    Neodlucna Популарен член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    854
    Допаѓања:
    1.053
    Господе боже со пукнат водењак 5 дена зошто не си реагирала побрзо ??? И како ти е смешно што си лажела дека имаш болки ? Фала богу што се завршило добро ама ради вакви срања во гак не се оди. На ризик е се. Не ме сваќај погрешно го пишувам ова за сите што ке се пораѓаат во иднина ама јас еднаш на гак се породив и никад бише по никоја цена а мојата приказна не е ни приближно страшна како твојата. Лежев 2 ипол дена одвај со судни мака плачев за дома а ти 5 па плус после пораѓај... Јака ти душа ама приказнава ме уплаши
     
  6. Keti30

    Keti30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    131
    Пол:
    Женски

    Neodlucna мила како што пишав погоре,во заграда е дека сега ми е смешно ама тогаш....немав некој избор!..а и јас тогаш прво дете ,млада,неискусна од кај да знам дека толку ке ме држат со пукнат водењак,а и како што прочитав и ти си се пораѓала таму,па знаеш како е,имаш искуство,никој не те гледа,катастрофа,да ти е страв дете да раѓаш...ама незнам дали прочита и дека Фала му на Бога сепак добро поминавме,живи,здрави двете,иако тешко се заборава сепак се помина во најдобар ред,а тоа е најважно! ;) :*
     
  7. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    3.492
    Допаѓања:
    4.548
    срека се поминало во најдобар ред гускајте се сега со детенцето
     
    На Keti30 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. macy28102012

    macy28102012 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2012
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    57
    Пол:
    Женски
    Мојата необична породилна приказна, започна во 4 часот едно утро во февруари, со паѓање на мукозниот чеп. Потоа следеше ЦТГ, со слаби безболни контракции и вагинален преглед, отворена 1 прст. Во осум повторен преглед и ЦТГ, 4 прста отворена, никакви болки. Во 10 часот никакви промени и повторно истата ситуација во 12 часот, по што следеше провокација, бидејќи сум повозрасна, прва бременост, почеток на 42 недела. Во 15 часот смена на лекарите, по што требаше во 16 да ме прегледа повторно докторот на смена, но од преглед ништо. На мое инсистирање,бабицата, го повика лекарот околу 19 часот. Сеуште непроменета ситуација, освен што водењакот ми пукна, меѓутоа течноста полека истекуваше, а и бев отворена 5 прсти овојпат. Спазмекс, тродон, појачување на провокација и чекав да започнат болките. Се вратив во собата, слаби болки и си мислам започнува конечно, болките ѓи чекав веќе 15 часа. По 5 минути, почувствував како нешто да ме влече во стомакот надолу, се вратив во предпородилната сала, бабицата ме прегледа и ми вика: "Ајде на бокс, раѓаш", а јас зачудено ја прашав: "А болки?" се насмеавме и двете, се качив на бокс, останав сама за време на овој т.н. период на транзиција и секој напон го издишував, баш како што предходно, дома се подготвував. Бев најприсебна родилка којашто соработуваше со персоналот цело време и во 15 минути до 21 часот, со смеење и шега ја родив мојата "солзичка" Потоа бабицата го повика лекарот, бидејќи имав епизиотомија и шиењето беше непријатно и малку болно. 20 минути после породувањето, сакав да станам и да се вратам во собата, бев комплетно спремна, да ми ја донесат мојата ќеркичка, но ми рекоа дека треба да се одморам, од породувањето, на што слатко ми намигна бабицата, бидејќи апсолутно не бев уморна и изгледав многу свежо. Сакам да знаат сите идни мајки, дишењето, во секоја фаза од породувањето е различно и е доста важно да се применува соодветно. Мене, барем така мислам, тоа ми помогна најмногу, за да имам безболно породување, кое ми е досега моето најубаво животно искуство. :D
     
    На Beautiful-Princess, girl-miri, Annath и 7 други им се допаѓа ова.
  9. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    5.251
    Допаѓања:
    146.684
    Пол:
    Женски
    и јас сакам ваков порогај.искрено ти завидувам! :lol:
     
    На macy28102012 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Atina22

    Atina22 Активен член

    Се зачлени на:
    13 март 2013
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    4
    Мамички еве и јас да си ја раскажам мојата породилна приказна се надевам ќе ве охрабрам. Се започна кога се разбудив околу 11 часот наутро и имав болки како менструални отидов во вц и ми протече густ секрет малце со крв помешан. Си се спремив полека се дотерав се средив и со маж ми тргнавме на болница. Ме ставија на цтг не осеќав силни болки ама покажуваше контракции. Ме прегледа докторот бев 4 цм отворена и ме примија ме сместија во соба ми земаа крв мокрача ими рекоа да одмарам дека нема да ме форсираатполека за да се отварам. После пола саат почнаа болки кои трае 10 секунди и беа непријатни и се повторуваа на секои 3-4 мин. Си го викнав анестезиологот ми ставија епидурал којшто исто така ништо не боли и одма ми помина се опуштив ми пукна водењакот дојде докторот бев 7 цм отворена и од а на бокс ме ставија ми објаснија како да напнувам болки не осеќав само напон. За пола саат веќе веќе бев 9 цм отворена дојде докторот со бабицата двајцата почнаа да ме пораѓаат со 5-6 напони ја родив мојата најубава ќерќа и чувството е навистина неописливо. Ме исекоа меѓутоа ништо ама буквално ништо не осетив на крај шиењето кое трае 3-4 мин последните секунди се непријатни меѓутоа не и неиздржливи. Ви посакувам на сите ваков лесен пораѓај каков што никогаш не ни помислував да имам и најискрено ви ја препорачувам епидуралната анестезија ако треба и да се плати дупло бидејќи навистина ништо не се чувствува кас буквално за 5 мин се породив болки не чувствував никакви само напони како за по голема нужда. Со лесно на сите трудници само храбро и смирено и 100% сконцентрирани што ви кажува докторот и сестрата. :))
     
    На dromka, Annath, ddevojce и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. minne92

    minne92 Активен член

    Се зачлени на:
    17 август 2013
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    8
     
  12. Atina22

    Atina22 Активен член

    Се зачлени на:
    13 март 2013
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    4
    Јас во приватна болница се пораѓав и во самата цена е вклучена анестезијата твое е дали ќе ја искористиш или не.
     
  13. minne92

    minne92 Активен член

    Се зачлени на:
    17 август 2013
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    8
    Vo bitola vo drzavnata bolnica dali stavaat epiduralna anestezija me interesira na sekoj sto ke posaka ili treba so debeli vrski? me interesira zosto tamy kese porajgam se izvinuvam sto pisam ovde nemav kade
     
  14. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    5.251
    Допаѓања:
    146.684
    Пол:
    Женски
    бебуш спие а јас да не останам должна да ја пишам мојата породилна приказна.
    како што ви пишав претходно во саботата бев договорене да се видам со др.от што требаше да ме породи оти беше дежурен.во осум часот, по неколку непроспани ноки,се нацртавме на болница ,ме прегледа ми стави половина вагиналета и ме врати дома .ми рече околу еден часот да се вратам пак.околу единаесет ме фатија болки слични на менструални,ништо страшно.во еден назад на болница болките на 5-6 минути подотворена и ме задржаа.цтг и на мониторинг.во претпородилната сала во болницата во битола а категорија (за разлика од претходно-пред 7 год.)нови кревети ,лцд тв,туш,обновени вц-а.ги дишев болките гледајки мисс универзум :lol: ова го пишам за да ги охрабрам битолчанки дека не е ептен катастрофална состојбата таму,барем не на гинекологија.е околу 14 и 30 почнаа позачестени и појаки болки ама тие не ме мачеа толку колку вагиналните прегледи.ужасно болни ми беа.после едн таков почнав да крварам и ептен испаничив иако др-от ме смируваше дека не е од матката .ми го пукнаа воденјакот околу 15 и 45 е тогаш почнаа контракции со големо K.и неправилни беа да не можеш да ги издишиш -тоа е единствената лоша страна на индуцираното породуванје.во 16 и 15 ми почнаа напони и после три кои ги издишав, оти ме уверуваа дека е рано за реални напони, ме однесоа на бокс. само што ме качија на бокс во еден силеееен напон го родив мојот огнен-3580гр.50см. најубав на свет и слика и прилика на тато и овој пат.
    морам да го пофалам персоналот во болницата не само тимот кој ме породи туку воопшто на гинекологија во бт болница крајно коректни и услужливи.ова не е само мое мисленје туку и на другите родилки кои беа со мене во собата а се породија без договорен термин.
     
    На ilipili, Moira, zazarsko и 10 други им се допаѓа ова.
  15. minne92

    minne92 Активен член

    Се зачлени на:
    17 август 2013
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    8
    Cestitki worried a dali stavaat epidural po svoja volja? jas kaj elizabeta kese porajgam treba da odam denovive dase dogovorime
     
  16. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    559
    јас досега немам слушнато дека во бт во болницата ставваат епидурална воопшто а не пак по своја волја :?:
    а кај која елизабета ке се пораѓаш?
     
  17. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    5.251
    Допаѓања:
    146.684
    Пол:
    Женски
    кај чипуровска ке се порагаш?не знам за епидурал јас ниту побарав ниту прашав оти се си мислам дека нема.види може јас грешам.со лесно.
     
  18. minne92

    minne92 Активен член

    Се зачлени на:
    17 август 2013
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    8
    abe jas se plasam od porodilnite bolki deka mi e prvo i neznam,,taka velam ne deka kese porajgam so epidural strav mi e ,,,da kaj taa doktorka kese porajgam specijalist e i ja falat
     
  19. anicka1anicka

    anicka1anicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2013
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    222
    еве ме и мене де ви раскажам како поминав, покрај тоа што бев испаничена како ќе биде со искуството со првата и хоророт со неа,овој пат се се заврши нереално брзо :D . Во 4 сабјалето на 23-ти во сон ми пукна водењакот,а јас помислив дека сум се подмочала зошто цела вечер осеќав нелагодност и слаби менструални болки и таканервозна станав да се пресоблечам за да сватам дека е водењакот.си легнав пак но болките продолжуваа и зачестуваа почнав да мерам на саат и увидов дека се на 10мин.станав се спремив се поздравив со ќеркичката што ми беше најтешкиот момент од се и отидовме во чаир.Таму бев во 6 сабајле но на сестрата и се спиеше и не не чу дека тропаме и решивме да ја оставиме да дремне уште малку :D , во 6.30 стана ни отвори ме стави на цтг, имаше благи но зачестени контракции,потоа следуваше многу силна и болна контракција каде што и ми истече еден тон вода од водењакот,дојде докторот ме прегледа бев 2-3 прсти отворена,ме ставија на патолошка демек да си го чекам мојот доктор да ме породи,значи околу 7.30 ме качија горе на оделение,потоа болките станаа многу силни дури неиздржливи и осетив еден напон,ја викам сестрата ќе се раѓа бебето она ми се изнасмеа вика чекај мила само што те донесоа рано е,и така трпев но ми се приоде во вц,е тука започнува мојата прикаска, :D отидов да се олеснам но почнаа и страшни напони и многу крв да тече јас свиткана уште да паднам на земја почнав да викам и се крена паника од сите страни ми викаат не туркај диши,ме седнаа на количка и таа рели возеше до сала а госпоѓицата моја решила да искача по секоја цена,5 луѓе ме креваа на бокс,ми ги врзаа нозете ме измија и докторката што ме породи(пошто мојот не ни стигна да дојде) само ми кажа слушај ме бебушко одма ќе излезе,после 3 напони и страшни болки ради пукнатиот водењак,Уна се роди во 9.30 сабајле со 52 см и 3580гр.бебушко со многу коса спремна за кикички убавица моја која што многу личи на сестра и.Така да мили мои ова е мојата прикаска која што траеше дури нецели 2 часа во болница :D :D :D ,инаку бев сечена ми извезија гоблен,но за разлика од првиот пат многу брзо станав на нозе и се сама си правам,дај боже сите вака брзо да поминете како мене,јас за малку ќе се породев во вц вие внимавајте :D :D :D , а да што се однесува до чаир,новиот дел е одличен личи на најсовремена болница, со посебни тоалети во собите, тв храна за болничка одлична,едина маана беше што вода немаше топла постојано и многу бебиња се родија тој ден и имаше недостаток на чаршави,но со оглед дека ништо не ме интересира освен бебушко не ми ни беше гајле, ве бакнувам одам да се гушкам со обавицата моја
     
    На dromka, Moira, zazarsko и 18 други им се допаѓа ова.
  20. Vetruska

    Vetruska Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    791
    Допаѓања:
    493
    Пол:
    Женски
    Ајде еве и јас најдов 5 минутки за да седнам на компјутер и да ви ја раскажам мојата приказна - колку што можам да се сетам. Пред полноќ ми пукна водењакот, а немав никакви болки. Од моментот на пукнување на водењакот додека стигнавме во болница поминаа 10 минути (бидејќи се ми беше спакувано претходно). Ме примија, прст и пол отворена, ме ставија да преспијам на патолошка. Делев соба со девојка која имаше закажано царски рез заради тоа што не може природно да роди поради колкот кој и бил повреден во сообраќајка. Ја мачеа цела вечер, ја држеа со болки, дури и докторот на смена дојде да ја провери колку прсти е отворена. Не ми беше јасно кога знаат дека ќе оди царски зошто ја малтретираат. Подоле во ходникот од некоја соба се слушаше викање од една девојка која имаше големи болки. А од другата страна на ходникот се слушаше сестрата на дежурство како и се дере: Доста викаш! Ајде смири се! Престани да напнуваш!!!! И едно време све се стиша (некој ја зема девојката горе), а после половина час се симна некој од тие вработените и и рече на сестрата: Гледаш добро си напнувала жената (значи да ја оставеа кутрата сама ќе се породеше).

    Неспиена цела вечер, со прегледи, вагинални, ЦТГ и сл и ептен измалтретирана од околината, следниот ден сеуште немав болки па ми дадоа провокација. Прво го пратија маж ми да ја купи од аптека, ама немаше, па најдоа од негде и ми ставија. Провокацијата ја добив накај 11, а првите болки ми почнаа попладнето. Вечерта накај 19 ме качија на 1 кат во предродилна сала. Имав врски, ама џабе. Сите ме лажеа еве иде анестезиолог. Дури една смрдла од докторка дојде и ми кажа дека сега го викнале анестезиологот и еве иде да ми даде епидурална и ми покажуваше како да се наместам. Не знам како не и беше греота и жал во таков момент да ми дава таква лажна надеж. На секое отварање на вратата дигав глава за спас за да видам анестезиолог. Со саати ама буквално саати се мачев, ми се приповраќа, знаев дека не треба да викам ама не можев да издржам мислам дека гласот сам ми искачаше од мене. Баш приметив дека кога одеа контракциите до 80 издржував, ама од 80 до 100 и нешто, беше пеколно. И никој не може да ја опише таа болка додека не се почувствува. Имаше само една многу фина сестра која од време на време беше со мене и имаше многу трпение. Она ме породи после полноќ. На моментот на породувањето не се сеќавам многу јасно, мислам дека бев во агонија од болките претходно. Самиот чин на породување не боли на бокс. Навистина е повеќе како нагон за голема нужда, ама контракциите.....

    Сонцето мое кое го сакам најмногу на целиот свет се роди 3300, 50цм и го обожавам.

    Но, ако се решам некогаш после ова лошо искуство да имам второ дете, никогаш и под ниеден услов нема да одам во ГАК. Се она што го кажуваат на предавањата таму е чиста лага. Го повлекувам секој лош збор што сум го изговорила за приватните пракси!
     
    На Moira, gwen, zalosna и 8 други им се допаѓа ова.