Не бев активна низ темиве за бременост од пуст страв да не го заречам бебуш, затоа што де хематом, де втор хематом, де отворена во 6 месец.. Битно синко се роди жив и здрав и тоа одеше вака. Предупредување: брутално е искрено пишаново, кој мисли дека ќе има трауми, нека не чита. Ден пред породување во 00:30 добив прва болка, како грч од десна страна, па сакајќи да проверам дали се Брекстон хикс се вртам на лево - бетер боли, па за кратко попушти. Станувам до вц во 03:30 и гледам нешто кафеаво, лигаво на бришење-паднал чепот. Си се истуширав и прегледав торбица, но немаше никакви други знаци. Истиот ден при напон за голема нужда во 20:30 пак падна дел од чепот, овој пат проѕирно-жолтеникава боја. Вечерта во 02:40 бледо розово, мало парченце. Во 04:55 две парчиња кафено и бело и сукрвица на бришење. Бев спремна. Во 05:18 добив болки во кичмата, воопшто немав менструални до крај. Беа на секои 6мин. Прекинаа. Во 10:30 имав закажано преглед кај матичниот. 1,5-2cm си отворена, ми рече, не е лошо да се направи ЦТГ. Му јавив на докторот кој ме породуваше и вели дежурен сум, дојди на ЦТГ од 15h. Во 14:38 само што тргнав во болница почнаа пак болките, сега на 10мин. Само што дојдов правев анкета за ковидов, па ме примија на ЦТГ. Прв пат во цела бременост легнав на грб, инаку од почеток до крај на лево и нешто малку на десна страна. Лежам така 10мин. и кога одеднаш нешто врело истече од мене, голема количина течност. Веднаш викнав сестра, велам: Искрварев ли?? Таа па ќути и не ми кажува. Се опипувам, јер не гледам ништо од мешето, гледам ми пукнал водењак. Се облеков во спаваќа и ајде пак некои анкети, па ехо, па ковид тест, па да отворат историја... Чекам на шалтер и од мене истекува плодова вода, веќе крв да не речам. Почнаа болките. Се виткам, не можам да одам. Моите застанати пред главна врата на ГАК, ме гледаат како трпам болки, додека чекам ковид резултат им пренесувам што се случува и цела чекална ја правам лом со плодова кај и да застанам, кај и да се потпрам. А сето ова време торбицата сегде ја м'кнам сама, како и ќесата со вода/чај. Конечно се комплетира се и побарав со количка да ме однесат, на пулмо им била. Ми помогнаа тука со торбицата и се гледаат едни со други и викаат ајде, ништо, со лифт ќе ја носиме. Ко демек да не требаше по скали да одам?? Оди, седни, пак оди. Енивејз, горе во предродилна пак ми заведуваат историја, пак ЦТГ, болките се поголеми секоја минута. Ме сместија на кревет, нефункционален, не се подига, па си се потпирам на рацеве. Цело време сум со маска, инаку, па и на породувањето. Се виткам од болки, премалев. Ајде, ми вели една сестра, ти сега се жалиш, што ќе биде кога ќе дојдат родилните болки. Жено, а ова според тебе шо е?! А ич не сум цвикатор, имам голем праг на толеранција. Ме ѕирнаа, 6cm. И јавив на кутра моја мајка и си плачам и офкам. Помина кратко, викам по сестрите, се прават дека не слушаат, ме прегледаа со рака и велат 8cm. Тука му вртам на докторов и му велам, докторе, дајте епидурал или нешто затоа што ова не се издржува. Ми вели нема потреба, рано е САМО 8 си отворена и спушта. Леле кога ги подбрав, веќе немав сили во мене, велам или земете ме сега, дали природно или царски или како сакате, веќе не остана енергија во мене. Ме зедоа на преглед и докторот вели, природно ќе се пораѓа. Па на ехо само коментираа.. крупно бебе, долги екстремитети, види види што и прави стомакот. А синко едни џумки, турка, мислиш низ папок ќе излага. Конечно ќе се породувам-ме ставаат на бокс свртена на десно, е тука веќе Господ го повикував. Па на лево ме вртат со двете нозе, вриштам од болка веќе, па ме свртеа на право и почувствував дека доаѓа, со 2-3 напони синче излезе и ми го ставија на менеНе плачеше бебо, овие сестриве го чкрапнаа да пратат слика на моите и дете тогаш писна од блицот, душле. Го измерија, го повија и јас гледам де во него, де во раната како ми ја шијат. Па ме успаа да ме дошијат, ме префрлија на интензивна каде што примав крв, плазма, инфузии и клексани, чуда, пак со нефункционален кревет па дури трет ден ме префрлија кај родилки, со кревет кој се подигаше (најпосле! ) и каде конечно ми го донесоа жолтото дете мое, сончано на лампа, душичка моја. Дефинитивно беше најтешкото нешто кое сум го доживеала, но бев храбра и покрај хаосот што ми се случуваше приватно, се помина релативно добро и среќа, брзо се породив за прворотка. Важно сме здрави и живи и еве, речиси 3 месеци се гушкаме.
Добро жено како памтиш од пред 3 месеци што како во колку саат било Ние месец дена имаме пола забораив веќе, а реков да средам импресии ќе пишам во породилни... А вака кога те читам ме потсеќаш на мене со торбата и плодовата вода, па и начинот на кој раскажуваш
Да заборавам на детали како раѓав, пази Боже. А за точен саат си запишував најмногу поради чепот и водењакот, поШо овој мој срцка матичен гинеколог ми викаше "ќе те прашаат" Нит ме прашаа, ни бутур. Во нареден живот кога ќе раѓам пак ќе си знам да си платам во приватна болница и таму за паричка се ќе ме прашаат и ќе имам третман некаков, а не вака, да крварам по чекални. Единствено што ако бев на приватно сигурно немаше да ми се замараат и ќе ме бапнеа со царски да си родам.
Дојде време и јас да ја раскажам мојата породилна приказна Утрината отидов за да закажам термин за царски рез, претходно имав направено ковид тест, а дента сите испитувања вклучени во пакетот за породување, трето цтг и ехо. Се беше супер, цтг мирно, освен ехото коее покажа дека мојот мал принц сака да излезе на свет, да се гушка со мама, односно доплерите беа високи и докторите сметаа дека не му е пријатно веќе во меше. Ме примија уште истиот ден во 18 часот и цела вечер на секои 3 часа ми правеа цтг. Тука се појавија и лажни и вистински контракции, а јас чувствував само мали болки. Цела ноќ не заспав од страв и вознемиреност. Утредента ми дадоа чепчиња за прочистување, ми ставија канела и ме подготвија за во операциона сала. По ставањето на спиналната анестезија, ми дадоа кислород и маска и почна интервенцијата. Немаше болка, само почувствував кога го извадија малиот, ама не беше непријатно чувство, затоа што тоа се случува и при природен пораѓај, мора да го извлечат. Кога го видов, солзите сами ми капеа и сега дур го пишувам ова, ми солзат повторно очите. Ми го дадоа да се гушнеме и ме сошија, а потоа ме префрлија на интензивна нега, ми ставија песок на раната и таму бев додека не престана на делува анестезијата, а тоа траеше 3-4 часа, па ме префрлија во соба. Дента и утредента бев под постојана терапија против болки. Вечерта после последната инфузија не можев да заспијам, што од болки, што од што ми беа згрчени мускулите на нозете, а веќе немаше што друго да ми се даде, па замолив да ми донесат нешто за смирување. Ми донесе сестрата дијазепам, се напив и заспав. Утредента веќе изразив желба да станам, смогнав сили и со помош на сестрата се кренав од креветот, болеше, ама си дадов кураж. Вечерта повторно станав уште еднаш и замолив да ми го извадат катетарот и од тогаш поминаа два дена, јас не седнав. Докторката ме искара што наместо да одмарам, се рашетувам низ соба. На крајот, се поминува, најбитно е да бидеме силни и стабилни мајки. Со лесно на сите идни мамички.
Преубав пораѓај секоја чест на силата и куражот. Ваква и јас се замислувам дај боже кога ќе дојде редот. Брзо опоравување да си имаш и оваа среќа и еуфорија прва уште долго долго да те држи додека си уживате со бебчето.
Фала ти најмногу и да знаеш дека ќе бидеш, само позитивните мисли нека ти бидат водилка. Ставот и желбата се најважни, а мајчинството само по себе ќе ти даде сила.
Решив да пишам. Избегнувам да мислам или да зборувам за пораѓајот, ама некои медицински лица сметаат дека ќе ми делува како терапија. Не сакам да исплашам никој, сакам да мотивирам, затоа што нашите тела се чудо на природата, а мајчинскиот инстинкт е нешто неверојатно. Од друга страна немаше ништо да направам без стручниот медицински тим. Да почнам, поминав три дена во болница земајќи таблети за да го омекнат грлото на матката. Третиот ден ставивме нешто што го викаат „балон“, така се вика провокацијата. Вметнуваат цевче во цервиксот преку кое полнат балон со вода, не знам како се вика на македонски. По неколку часа отидов во вц, балонот падна. Мислев направив глупост и го потегнав балонот, затоа што се растече многу вода. Ми рекоа, со среќа тргаме во породилна сала. Ова се случи во 8 навечер. Почнаа со провокации за да добијам болки, кога почнаат да се зголемуваат болките, побарав епидурална. Не бев спиена солидно ниту еден ден во болницава, па реков да пробам да спијам пред пораѓај. Одморив два часа, побарав да одам до вц, наместо катетар ме однесоа до вц-то, односно отидов сама и кога се вратив, анестезијата попушти на едната страна, а овие ми ги појачаа провокациите со болките. Молев за појачување на епидуралот, додека дојде доктор, се намачив. Имав болки над 12 часа. Бев измалтретирана, изморена и неспособна да се пораѓам, ама не, ме форсираат за природен пораѓај. Напони имав 4-5 часа. Со напоните и напињањето успеав да се отворам 10 прсти, ама кога бебето дојде со главата кај отворот, јас немав сила да бутнам. За волја на вистината, малиот се роди 4,5 кила. Почнав да молам за вакум(не знам како се вика поинаку), а бев многу против тоа поради последиците, дојде докторката и ми рече дека правам правилен избор. Почнавме... Немав сила да буткам, а буткав колку што можев, давав сѐ од себе. Докторката ме предупреди дека нема да успее без мене и ќе мора под итно на царски ако не успеам. Во себе си реков: матер му ебам, зошто се изнамачив толку саати за на крај да завршам на царски? Собата мене ми беше темна, немаше светлина, околу мене 10 души, а јас слушав само гласови... Сѐ ме иритираше, мразев што навиваа. Докторката ме пресече, напнав пак иако немав напон и на крај го извадивме некако. Кога го ставија на мене топол и крвав и го слушнав како плаче. веќе ништо не ми беше битно. Го гушнав и се изгубив. Наеднаш главната докторка списка „таткото да го земе детето“, му го дале бебето, го бутнале настрана и рипнаа врз мене. Околу мене се насобраа еден куп медицински лица, јас не знаев што се случува, не ми ни беше битно. Лежев и немо гледав во маж ми како го држи бебето. Сум почнала да крварам и сум искраварела литар крв. Спречија крварење, ме сошија, ме напукаа со триста инфузии и инекции, а јас не чувствував апсолутно ништо, само гледав во фамилијата. Помина сѐ, докторите ми се поклонија, сите ми кажаа колку сум била храбра и неверојатно силна затоа што сум извела чудо, за мене се расчу низ цела болница, кога ме изнесоа, луѓе ме поздравуваа низ ходникот. Уште не можам да разберам зошто гледаа толкаво херојство, дури и маж ми беше импресиониран... Мене ништо од ова не ми беше битно. Ме болеше фактот што барав вакум(избегнував да ги гледам лузните на главата на син ми) и кренав раце, се откажав, мислев дека еден од нас ќе умре, или двајцата... Ми требаше некое време за да почнам да зборувам за ова со било кој. Истиот ден пробаа да ме однесат во вц, не можев да одам, ќе се онесвестев, мораа да стават катетар, мораа да ми даваат инфузии со крв и железо и сега веќе ништо не е битно, си го имам малиот жив и здрав до мене.
Како на филм, а ти главна хероина Ме потсети на мојот пораѓај со поголемото, само кај мене без епидурал, и со царски на крај, причина зошто сега ми беше страв од спонтано породување. Тие црни мисли дека ќе умре некој уште ги памтам. Господ бил со вас, сега радувајте се на животот
Ме расплака... браво и секоја чест за издржливоста. Браво што го напиша - пва ќе биде инспирација за многу идни мајки, а за тебе дефинитивно терапија Смеј се, радувај се што сте живи и здрави и гушкајте се
@PurpleMind Те гушкам Жал ми е што така испаднало, на крајот двајцата сте здрави и живи и заедно што е најбитно. Браво за тебе, силна мама си ти
Сега веќе ништо не е битно, но си пример, надеж и мотивација за нас сите идни мајки што не чека пораѓај! Не се знае што и како ќе биде кај никоја од нас, но затоа доколку се најдеме во слична ситуација секако дека ќе ми текне на твојата приказна, дека не сум само јас, за да се издрже полесно и да се покаже колку навистина една жена може да помине низ пеколот и назад за да донеде на свет ново битие. Лесно опоравување, многу гушкање со бебушот и за тебе мила.
И јас поминав слично, само што на крај јас се онесвестував, а бебе губеше тонови, па завршив на царски.. Квалитетно го јадев стапот, болки и од природно и од царски.. Велат се заборава, ама не, искрено никогаш нема да заборавам што се случуваше, премногу стресно, огромна ментална штета ми нанесе.. После неколку месеци мм ми рече дека откако ме видел како ме симнуваат од интензивна одлучил дека не сака да имаме повеќе деца, еве ме сега, после 22 м бремена со второ, а да не зборам дека пекав за второ повеќе од 6м. Ништо нема да го избрише тој хаос од емоции, ама ништо друго на светот нема да ти предизвика лавина од љубов во душата како твоето дете
Истиот муабет и од мојов веднаш по пораѓајот, сега некако и двајцата почнавме да спомнуваме второ. Имам периоди кога сѐ ме боли, лошо ми е, плачам и го молам да имаме само едно, рече „ќе зборуваме за ова другпат“. Едно ми ветија сите до еден во салата, дека вториот пат ќе биде подобро. Мислам дека треба да се зборува повеќе за овакви тешки пораѓаи, да се тешиме заедно, да се потсетуваме себеси за крајниот резултат, бебето и неизмерната среќа. Јас не знам дали во постот опфатив сѐ, не го препорчитав, едноставно пишував и плачев, баш како терапија. Се гледам себеси на сликите веднаш по пораѓајот, истоштена како никогаш досега, отечена, бледа, ама најсреќна на свет. Една од бабиците таму има 4 деца, таа ми беше утеха, исто и напредната медицина и стручните лица, работи на кои треба да сме благодарни.
Мене до денес ми се плаче кога ќе помислам на се, се обвинував себе дека не успеав да завршам природно до крај, ме издаде телото.. Немав сила за ништо.. Па ќе се најде некој да ми објаснува како тие што родиле со царски лесно минувале и слично, а јас 2 дена неможев да ја мрднам ни главата не пак да станам.. Мене се чини дека не ми помогна ништо друго освен поддршка од мм. Иако неколку пати ми има кажано дека неможел да не се изнаплаче кога ќе ме видел колку бев изгубена после пораѓајот. Тажна, уништена.. Рано ти е уште, ама верувај во себе, сакајте се, разгалувајте се, не правете ништо за никого освен за вас тројца. Ништо не е поважно од семејството, никој нема да ти помогне ако не си помогнеш сама.
@PurpleMind ти во странство се пораѓаше така? И потсети ме, и ти имаше проблем со шеќер само без инсулин нели? Може грешка сум затоа те препрашувам