Во странство и да, шеќер без инсулин. Ме тераат да мерам, а заборавам со малиов насабајле, заборавам и кога сум јадела...
Тоа размислував, дали доколку се примаше инсулин како терапија би бил помал плодот и полесен пораѓајот. Јас бев нели со инсулин, и не дозволија над 4кг да стигнам на контролите Може и до карлица е, шознам. Чисто, онака, гласно размислував, не ме сваќај лошо. Гушкајте се со синко и битно е да сте здрави и живи
Јас се обвинувам затоа што последните недели не се пазев и знаев често да го спајкнам шеќерот. Од друга страна фамилијата на мојов ме убедува дека е генетски, свекрва ми емногу ситна жена, а сите три деца ги родила над 4 кила. Не змам кое е точно, битно беби за малку не го пратив во градинка. Можеби требаше и порано да го почнеме процесот на раѓање, а јас дремев и чекав до 41ва недела. Како си со притисокот? Мене ми дале таблета на пораѓај, се качил, сега уште ми е околу 140 со 90.
Немам, не бев активна на форумов тогаш, јас и сегашната ја немам напишано... Како зомби сум периодов и ништо не ми текнува, за на нервно ќе бидам уште малце
висок ми е притисокот, пијам метилдопа од 250мг 3пати дневно. За 2 недели ќе консултирам кардиолог, ќе носам холтер за притисок, за да го средиме потоа со терапија. На пораѓај ми се качи и од тогаш се ми е 140-150/90-100
@PurpleMind а во цел тој хаос ги праша зошто не сакаа да ти ја појачаат епидуралната? Мислев дека странство го има надминато тој момент на природно породување без анестезија?
Ти посакувам да си дојдеш на себе што побрзо. И мене на пораѓај ми се покачил толку и сега ми се движи како тебе, само не примам терапија. Не сакаа многу да ми дадат за да можам да напнувам. Edit: сега видов што сум напишала во постот, па да се дообјаснам, првиот пат ми пуштија епидурал пак, само што долго чекав да дојде анестезиолог. Сабајлето епидуралот попушти пак и не ми даваа пак за да можам да напнувам. Наместо тоа добив некаков гас што ме издрогира, ама не помогна којзнае колку за болката.
Сфатија бар на крај дека контра ефект имаше тоа? Дека можеа да ти ја исклучат непосредно пред да раѓаш или??
Долго се мислев дали да пишам ама ве читам и викам ајде и јас. Вечерта имав лажни болки кои не ги ни препознав бидејќи пеглав и мислев ме боли бидејќи стојам долго вреѓе. 37 гн.во 38 требаше да влезам тој ден. Утрината ме разбудија јаки менструални болки кои траеа отприлика пола час ,па околу 13h ми падна чепот,си продолжив јас да си средувам по дома за бебуш... Цел ден на шоља за мокрење бев ,скоро секои две минути во wc (Да напоменам ми рекоа за цтг после 38 недела да одам заради ковид) околу 16 h почнаа болките на 20 тина минути по 30 секунди... Отидовме да земеме упат,успат застанавме и во Бриколаж си купив корнезСе мислев дали да одам или уште е рано ,па зборував со золва ми она вика треба да те боли и половината и да биде јако да не можеш да се движиш ако не е сеуште така тогаш движи се за да се отвораш,и ја послушав вртев низ двор ,околу 21 h почна е посилно да боли (ама издржливо) само јајниците и надоле ,и на 10 минути по 1 минута траеше. Оттука престанав да мерам ,знам дека се зачестија па 22:30 тргнавме накај Чаир ,ми ставија цтг ,вика имаш малку контракции оди наваму да те прегледа доктор ,Др. Мујович беше ,виде ехо вика супер ,ајде преглед со рака ,става вика болки имаш ,викам имам ама издржливо ,вика не е можно така ,7 прсти си отворена мора да имаш. Викам може па тие се ама мојата претстава колкави треба да се е дека се појаки ,се посмеавме. Ајде во родилна ноќва ќе се породиш ,и јас се јавувам кај мм да му кажам ( надвор мораше да е нели заради ковид) а вика телефон не , уствари се што имаш дај му на мм некое носи дома ,ко ќе се породиш ќе ти донесат. Ама докторе се ми е таму , улошки ,пелени. Одговор беше дека се имаат тие... Ок си послушав вратив се и се качувам во родилна , контракциите зачестија ме ставија на цтг ,ми ставија канела ,пак молев за во wc, госпоѓата бабица си зборуваше на телефон ме извади од цтг откако веќе не можев да издржам па измокрев на кревет зборувајќи на тел.,бев во wc и гледам крварам ме фати паника , прашував зошто крварам ми врати само ако и продолжи да збори. Контракциите веќе беа скоро постојани ,паниката се поголема заради крварењето ,хигеничарката ми даде крпа за да ставам меѓу нозе да не крварам по земја. Оваа уште си збори ,докторот го нема ,клизма не ми ставија,тука почнав да викам да ми помогне некој ,да го барам докторот кој што го немаше нигде ,за кога последно викнав што треба човек да направи за да го види доктор овде се појави. Ме прегледа во кревет вика ајде на бокс станувај ,јас не можам да станам баш тогаш имав контракции. Вика можеш можеш ,собрав сила станав ,он анкета почна да ми прави. Пак се развикав,за ова ли ми викаше да станам. Ајде стигнав до бокс некако ,се качив и вика ајде напни ,напни,напнувајќи останав без воздух , почнав да дишам забрзано ,ми викаат не диши така, викам а како ,никој не објаснува... наместо тоа ја праќаат сестра та да ми донесе друга маска таа некако сум ја извалкала. И слушам само требаше клизма.. ајде поткрени се да го смениме ова. Викам не можам бебето е долу. -можеш можеш ,ништо не му е. Сакала нејкела се кренав некако ,сменија тоа и пак напни напни без објаснување како да дишам па викање по мене зошто сум ги дишела контракциите,пак прашувам како треба пак не добив одговор. Па се качи докторот врз стомак да ја бутка . Цтг веќе не ја регистрира, повторно паника кај мене. Конечно ја слушнав како заплака. Наместо црвена имаше бела како крема ,ми дадоа да ја бакнам и ја земаа. Па постелката не излезе цела и ми правеа ревизија. Така, болките може ќе ги заборавам ама тој однос никогаш. Особено бидејќи бебето имаше проблем со дишењето и ешерихија коли ,се мислам дека на пораѓај се случи нешто лошо .
Ова ваљда дека навечер на дежурен па нема доволно персонал па таков однос. И Скепаровска кога ме пораѓаше со поголемото нервозна ми стана, може дека више касно навечер фати. Ми идеше да и залепам една Кој е докторов, прв пат слушам, млад некој? Ај битно на крај добро сте
Душо тоа им е работа ,човечки животи зависат од нив + матичниот гинеколог претходно работел таму вика 100 € плус земаат за дежурство. По изглед не е баш млад ама нигде не го најдов освен тука една членка во 2016 пишала дека ја пораѓал царски. Доктор бил по принцип мама доктор јас доктор...
Аха...е не знаев дека и во Чаир има такви "доктори", среќа сега ми се погоди Илиевски, подобар не можеше да биде...
Ми се плаче кога доктор што го сметаш за образован, испаѓа простак најголем Ама тоа е, сите факултети на светов да ги поминеш, простотилукот не може да ти го земат
Каква професионалност, ова не е ни најосновна култура, ние за професионалност збориме, далеку е тој од тоа