Реченицава ја имам чуено мал милион пати од блиски што ми раскажувале што се пораѓале државно Бог да чува
ме расплака се најдов во приказната со првото само кај мене не излагаше исто немаше напон 4190 бебе на крај со вакум беше прашање на живот и смрт со враќање на живот на бебето среќа се заврши супер имам дечко здрав прав јунак 7 години, затоа со второто царски иако беше па мало бебе 2500. Среќата на крај не се споредува со ниту една болка
Да се надоврзам за напонот Јас на гак се пораѓав, се погодив во трета смена, една докторка и специјализант. Докторката отиде на царски, доаѓаа од време на време акушерките и кога во појаките болки побарав преглед од доктор ми вика акушерката јас ќе те прегледам. Ме прегледува,ја изврте раката како стрелки на саат да врти и ајде на бокс. Пред бокс дремев,правев чучњеви и ми вика ти се кака ли? Од после тука прочитав дека чуство на какање е уствари напон. Викам не,јас осеќам дека ми се моча Нема шанси ми вика, треба да ти се кака Не ,ми се моча Добро мочај ми вика Мочав...си фрли после едно крпче Јас уште мислам дека прерано ме качија на бокс Кога се пораѓав никој не кажа како треба да туркам, дека всушност се турка како да какаш... па ми рипнаа врз стомак го буткаа бебето,ми направија модрици А дури во еден момент бабицата се развика сега ќе земам вакум,буткај!!! Е,тоа е на државно и без врски...
Пошто со душа чекав да напише тука некој за своето искуство еве го и моето. 41 недела добив болки сабајлето кај 5 цел ден на 4 5 3 2 мин буквално без ред но сепак издржливи. На секоја болка правев ко чучњеви некако ми помагаше за да боли помалку. Вечерта кај 6 појдов во чаир ајде цтг контракции многу слаби, вагинален преглед отворена 3 прста но при проверка докторот ме отвори на 5. Ми рекоа ќе ме примат на патолошка иако болките не се тоа тоа. Додека средат документи болките станаа многу посилни ме качија на патолошка пак на цтг болки до 80. Пак вагинален отворена 7 прста ме однесоа во родилна, за нецел саат од когс ме примија. Е тука почна патештествието ми го пукнаа водењакот и за 1 саат отворена 9 прста контракции над 100ка а бебе нема абер да се спушти. Полошо нешто од тоа да лежиш на цтг со болки немаше ми ставаа некои инфузии да се спушти ама 2 саати си немаше абер, плус поголемко па и докторот се мислеше дали ќе успеам природно да го родам. Мислам егзорцизам ми правеа колку болеше штом почнав да молам за царски а претходно бев убедена дека природно ќе родам.Ај ме качија на бокс ме извртеа напони да давам и бебе се спушти за цела среќа. Со неколку напони и малку сецнатс излезе за некои 5 саати од кога ме примија се заврши. Ме пораѓаше доктор Илиевски иако не ме водеше он можам да кажам дека сум презадоволна. Од Чаир генерално патолошка и родилна се супер но на одделение барем сега со гужвиве е хаос. Ни бањање ни ништо да не ти покажат, за цицање молев еднаш ми го ставија и тоа неправилно јас млеко немам тие ми викаат да не правам компресии и тн... Но се е полесно кога ќе си го гушнеш бебето, со лесно на ситеinlove:
Јас од мое искуство во Чаир можам да кажам баш на бокс беа сите супер ми кажуваат од глава до раце до нозе како да држам како да дишам кога да запнам дали да викам или не, кога меѓу напоните воздух да земам и некако тоа ми беше најлесниот дел но и бабицата и докторот сите беа префини и прекрасни, изгледа како ќе се погоди
По ова што ве читам, јас иако тежок пораѓај, сепак многу биле со мене професионални. Знам дека на секој напон анестезиологот ми ја држеше раката, и со цела сила му ја стискав. Гинекологот ме галеше по образи и ме бодреше, дека можам, дека добро сум дишела, дека добро било се-а не беше, знам. Многу значи нивниот однос. Одкога се породив дознав дека до 190/120 ми се качил притисокот, тие околу мене кружеа и никој не спомна за бројкава, само велеа дека е висок. Ако ми кажеа уште толку ќе испаничев. Кога буткаше докторот врз стомак, ми се извини но ми објасни дека мора да притисне и тој и јас да напнам зошто 95% веќе било при крај раѓањето.
Па затоа и јас се чудам. Што ли им прават по приватните болници па персоналот се однесува кон пациентот како со човек? Толку ли повисока плата земаат? Навистина во приватна како да не си во мк. Мое искуство
Исто размислувам. Да, моето искуство е со приватна болница. Не е никој должен да ме гали, ама ете сега се сеќавам дека некој ме галеше и иако и јас грешев и сигурно не дишев најправилно, никој не ми се раздра и никој не ме погледна "на криво"
Не мора да значи. Јас се породив во Чаир па имав прекрасен однос и породување. Докторот до последно ме бодреше и коа се изгубив и сите викнаа итен царски он со лакт и секако ме притискаше за да искочи бебе, зошто немав сила да дадам напон. Откако ми го дадоа целиот крвав, само дојде и ме гушна додека лежев со бебе до мене. Сеуште ми е како слика пред мене кога ми рече 'браво храбра мамо, и ме стисна за рака'. И тогаш поштено се изнаплакав Имам претходно пишувано на темава. Не е до тоа каква плата каде зима, до самиот доктор и човечност е.
Нели...па уште и ти се дерат што мислеше додека го правеше пази прават незгодно да им е што почнал процесот а они дежурни во 3 сабајле,како кај најде баш сега. Навистина ги разбирам може револтирани се може не се платени,но ја работат една од поубавите работи,раѓање на нов живот. А они се однесуваат толку безобразно и дрско да не посака човек не дете него секс да не посака да има уште еднаш. Срам да им е
И јас на државно бев. Докторот го почастивме ,тој беше супер, сестрите што присуствуваа не ме знаеа ама сепак ме држеа за рака кога напнував, ваљда им се допаднав вака на прв поглед Кога ме шиеа дојде една хигиеничарка од мое село, ме позна, и ме држеше за рака цело време, пошто мене највеќе шиењето ме болеше. Јас ко на филм се осеќав
Катастрофа се значи, те разбирам потполно. Јас уште имам трауми, не ми се верува...Битно сте здрави со бебушот, гушкајте се и уживај
Ама стварно има исклучоци на државно,и баш како што пиша некој погоре не е до палатата до докторот е,како ќе ти се погоди,така да не може се да ставаме во ист кош. Сум пишала и претходно на темава,јас во Чаир супер поминав првиот пат ,и болки имав и напони ,а бебе високо не се спушта,еден Др ме притискаше од горе ,скоро ми се качи за да го спушти оти почнував да се губам,ме масираше,друг ми ја топеше устата со газа дека ми се сушеше,се осеќав ко на приватно за цел престој,имав само од после проблем со раната ама помина и тоа.Е сега ќе видиме како ќе биде овој пат,ме плаши само да не е многу гужва оти има многу карантински бебиња.Блиска пријателка минатата недела ја породи Др Илиевски во Чаир,она многу задоволна,вика ептен и опстојал. Така да се е среќа кој ќе ти се погоди да те пораѓа.Е некогаш и ние сакаме одма да се породиме,ама си има процедура и се знае до кај може да се иде,и да се издржи,ако не царски ,тоа е.
Илиевски е врв, јас бев пријатно изненадена. Мислам дека еден лош збор немам слушнато и прочитано за човекот. Секоја чест, се надевам така ќе продолжи
Тоа е најпрв и најкористен метод за провокации во Македонија уште од времето. Што разбираат тие што измислиле апчиња, вагиналети и сл. Си знаат они, се' е до психата
Др. Мујовиќ е тазе специјалист, од пред некоја година. Иначе и мајка му е гинеколог, но мислам таа има приватна ординација. Иначе не беше сељак порано, барем не како специјализант (тоа време го запознав). И да, постар е него што замислуваме специјализанти, обично на 25-26 почнуваат 6 годишна специјализација, он накај 30 почна
И така во моментов додека сеуште сум во болница (ден 4), решив да ја споделам мојата приказна. Сакам на почеток да кажам дека големиот миом што го имам си го направи своето и затоа да не ви се создаваат лоши мисли од моето пеколно породување... Ако се сеќавате, неколку дена пред породувањето имав грчеви во стомак и кафеав секрет со по некое парченце ... Петокот вечер грчевите станаа доста болни и се повторуваа на 5-6 минути. Маж ми ме однесе во Чаир, а дента празник. Беа дежурни помала екипа доктори со тоа што патолошка била фул, а еден анестезиолог. Докторката не можев да ја добијам на телефон, бидејќи таа за неколку дена ме имаше закажано кај неа...Тие во Чаир кога ја видоа историјата со миом рекоа да одам под итно во Државна бидејќи таму има трансфузиологија... И така јас во 22 часот тргнав накај Државна и цел живот ќе се прашувам дали ќе поминев исто ако тргнев накај приватна клиника во тој момент...Тоа прашање цел живот ќе ми се врти во глава... Во државна одма цтг и преглед вагинален со рака и ехо...Бев отворена само 2 см, а цтг не покажуваше големи контракции...Ме вратија дома со совет ако ноќта болките станат неиздржливи или ако ми пукне водењак да се вратам повторно... Само што отидовме дома почнаа посилни болки на точно 5 минути да се повтараат...Седевме така 1 саат, ја земав торбицата спремна и назад во Државна...Прво ми правеја ковид тест доле на приемно и се виткав во чекалната дури чекав резултат...После еден саат ми донесоа спаваќа, се поздравив со маж ми и ме качија во предродилна сала... Таму пак цтг, на секои два саати, болките исти...Ми ставија чепче, мо земаа крв, измерија карлица... И така до 6 сабајле кога една докторка ме прегледа вагинално и ми го пукна водењакот...Претчуствував дека ќе поминам тешко и ги молев на царски да ме носат, ама џабе...Веќе бев 8 прста отворена... Ми рекоа да шетам низ собата за да се наместело бебето подоле...Болките стануваа уште појаки и на 3 минути...Се виткав до земја, викав ама никој не го здоболе за мене...Дојде една акушерка и рече дека тоа не се родилни болки и кога ќе ме фатат родилни болки ќе ме носат на бокс...Ми вика- јас не можам да ти ги смалам болките, тие се тие болки и си замина... И така некаде околу 10 ипол саат почнаа други болки, со огромен нагон за по голема нужда, но паралелно и со болки во матката...Тогаш клекнав на земја и почнав да викам по сестрите дека ме фатија родилни болки... Дојдоа и ме однесоа на бокс...Слушнав коментар дека ради големиот миом ќе ме боли повеќе... Почнаа родилни контракции...При секоја од нив се губев целата, вриштејќи како да ме колат...Немав разум како викам и што правам...На едната нога сум си брцала нокти во бутот и сум направила рани со крв...Исто и на челото...Викав помош, се кубев, вриштев....До мене специјализантка и акушерка, а докторката доаѓаше на 10-15 мин да види дали е наместено бебето и дали ќе искача...Ја преколнував да ми помогне и да ми ги скрати маките...Ми рече- ајде за 15 мин ќе раѓаш...Тие 15 мин станаа 2 саати... Во тој момент го повикував Господ да ми ја земе душата... Последните 10 мин се собраа сите околу мене и рекоа да напнувам што посилно...Последниот напон траеше подолго и дури вриштев ја видов докторката дека ме тегне доле на отворот. Во таа секунда излезе целото моето бебе и осетив олеснување во стомакот... Ми го ставија на гради, а не бев уште свесна скрос, што се случува... Го однесоа, го измија и го ставија во едно кебенце на 2 метра од мене...Ми рекоа- си роди синче бело како снег... После тоа ја раѓав плацентата... Како ни тоа да не беше доволно кога почнав да крварам. Бев на неколку места распукана многу длабоко...Дојде докторката со уште еден и ме шиеја со 15 конци без анестезија...Викав на сиот глас... После ова рекоа ќе лежам 2 саати на бокс... Го донесоа мојот Војдан завиткан во тетра пелена и го легнаа на мене...Цел саат го галев по малите обравчиња и плачев... На фиксен телефон во родилната сала се јавил маж ми и акушерката ми го донесе телефонот...Се јавив и му реков дека се роди нашиот убавец...Плачевме двајцата на телефон... Малиот го земаа, а мене ме однесоа во соба... Еве 4 дена сме тука. Секој ден ми го носат уште од сабајле и си го чувам. Мојот Војдан е пресладок, со очи како бадеми, округли обравчиња, дупче на брадата и полно горно усниче... Цели денови го гледам и гушкам и се заљубувам во него... За прв осетив чувство како е да сакаш некој повеќе од себе и да си спремен секој момент и животот да го дадеш за тоа мало суштество... Од овој момент јас живеам за Војдан...