Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Породилни приказни

Дискусија во 'Бременост' започната од fairy88, 20 август 2012.

  1. minne992

    minne992 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    4.361
    Допаѓања:
    26.262
    Пол:
    Женски
    Леле агонија :|
    Мило ми е што си се породила ми го врати филмот назат :|
    Ако немаш врски во денешно време никој не те гледа :|
     
    На buba4e89, Nefertiti., thelittle17 и 2 други им се допаѓа ова.
  2. abc1234

    abc1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 март 2013
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    1.636
    Пол:
    Женски
    Многу си храбра мајка да ти е жив и здрав синот.

    Те молам за инфо колкав ти е миомот.Јас имам миом со првата бременоат лесно поминав но по ова што прочитав се плашам сега со вторава како ќе биде.

    Поздрав се најдобро
     
    На thelittle17 и Vojdana им се допаѓа ова.
  3. Tsukinory

    Tsukinory Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2019
    Пораки:
    1.103
    Допаѓања:
    5.864
    Пол:
    Женски
    Ме расплака бе душо. Нека ти поминува најбрзо што може. Заборави на се и гушкај си го снежното бебуле.
     
    На DELFINA81, Nefertiti., thelittle17 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. wannababy

    wannababy Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2020
    Пораки:
    379
    Допаѓања:
    2.379
    Пол:
    Женски
    @Vojdana те читам и солзи сами си течат ;( ЛАВИЦА:muscle:!!! :f: да е најјсреќен на свет Војдан :l:
     
    На thelittle17 и Vojdana им се допаѓа ова.
  5. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.268
    Допаѓања:
    18.386
    @Vojdana да е здрав и жив Војдан:party::party:
    А на тебе ти посакувам побрзо оздравување, искрено се наежив и подголтнав читајќи ја приказнава, ти си храбра мајка
    Ме наврати мене година и 17 дена наназад,на истото место со истите дрски акушерки....господ здравје да и даде само на болничарката ,ситна девојка со очила,не и го знам името, а другиве гад до гад
     
    На marija99992, Larahappy, Vojdana и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.440
    Допаѓања:
    8.822
    Пол:
    Женски
    Ај некој нека каже дека ние жените не сме посилен пол...Алал да ти е мајка што си истрпела ваков пораѓај..Лавица..Гушкајте се со синко се вреди за него! :hug:
     
    На Martka, Butterfly1107, Среќичка и 2 други им се допаѓа ова.
  7. K7M10J

    K7M10J Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2014
    Пораки:
    1.305
    Допаѓања:
    3.368
    Пол:
    Женски
    Многу убаво и детално раскажано, ме потсети со тегнењето при напон, со поголемото кога се пораѓав ги видов дека ме тегнат, језиво е, и пак на царски завршив. И со викањето исто :x Ти честитам што си успеала да истераш до крај, секогаш ќе ми биде криво што не го почувствував тој момент на победа :angel: Победи, мајко на Војдан :hug:
     
    На Kitten, Nefertiti., Vojdana и 2 други им се допаѓа ова.
  8. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.176
    Допаѓања:
    15.492
    Ај што не ти дале нешто против болки при пораѓај, не можам да сфатам како може во 21ви век да те шијат без анестезија. :?: Заб кога прават ставаат анестезија, а камо ли за такво чувствително место. Според сето ова што е напишано, како да те пораѓале монструми а не медицински лица. Толку да се немало човечки чувства... се изнервирав искрено, а вооедно ми е мило што ја имав среќата да не се пораѓам во Македонија.
     
    На Martka, Butterfly1107, elena.mak и 5 други им се допаѓа ова.
  9. Vanessa9li

    Vanessa9li Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2019
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    784
    Пол:
    Женски
    Стојне, жено!!! Си се измачила мила, ве гушкам!!
    *случајно те најдов, го видов малиот во Интересни фотографии, не те сталкам, А и да ти кажам мило ми е што те најдов.
    Те сака другото Стојне, :hug:
     
    На PurpleMind му/ѝ се допаѓа ова.
  10. DELFINA81

    DELFINA81 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2019
    Пораки:
    2.500
    Допаѓања:
    9.645
    Пол:
    Женски
    Исто и јас,додека читав се расплакав.Важно поминало,сега гушкајте се,силно,нежно...како сакате,цел свет е ваш сега :l::l::l:
    Дај Боже сите да дочекаме вака светот да е наш:sun:
     
    На Vojdana му/ѝ се допаѓа ова.
  11. MissBreezy

    MissBreezy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2011
    Пораки:
    689
    Допаѓања:
    2.053
    Пол:
    Женски
    @Vojdana Добредојде Војдан! :) После сите нервози кои ги помина во бременоста, си видела големи потешкотии, ама најважно е дека си го имаш малиот до себе жив и здрав.
    Ме чуди што не те ставиле малку на интензивна барем еден ден, да те припазат при толку мака видено... ама тоа е, жена се ќе издржи, дефинитивно сме посилниот пол!
    Гушкајте се и уживај во неговиот сладок мирис. :l:
     
    На Vojdana и ivance.. им се допаѓа ова.
  12. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.528
    Нека се живи и здрави бебушите, и мајките со нив заедно. ❤️
    Ваквиот ѕверски однос никогаш нема да го разберам, не Филипче, не Пендаровски, до Стразбур има да стигнам. На што личи во овој век да шијат без анестезија?! Епидурал само за свои, ало?! Мизерни сме, дупка над дупките сме.
     
    На Martka, Vojdana, flower30 и 6 други им се допаѓа ова.
  13. merina.93

    merina.93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2013
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    322
    Се породила ли некоја природно со кралица 18???кои ви беа мерките на карлицата
     
  14. Kom.pot

    Kom.pot Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    466
    Допаѓања:
    1.815
    Две деца родив природно , од кои првото 4450 со 55 цм и ниеднаш не ми мереле карлица. Јас сум ситна 160 сум висока , но тоа не беше никаков проблем при пораѓај. Второто 3700 го родив исто природно, преубаво поминав. Сега сум 37 недела трудна, пак ќе пдам на природен пораѓај, дури се мислам да пробам во вода( во Плодност има) .
    Немој да се преоптоварувате со медки или да ве лажат не сте можеле природно големо било.
    Се знае како е најубаво, телото се прилагодува на чинот и чуда се случуваат. Само храбро
     
    На An angel, Kaetana, PurpleMind и 12 други им се допаѓа ова.
  15. Elle15

    Elle15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2017
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    Пред да ја почнам да пишувам мојата породилна приказна, сакам да кажам дека повторно би го поминала истото, за тие мили очиња уплашени кои кога ги видов заборавив на секоја болка како и повеќето од нас.
    Во саботата отидов на болница бидејќи не го осеќав бебето, на цтг излезе се добро, но ехото покажа дека бебето е мало и не добро се храни па решија да ме породат со провокација во вторник 38 недела. ОК реков барем сега знам дека за брзо ќе си се гушкаме, но во понеделникот ме фатија болки кои во тој момент тогаш мислев се јаки прво бебе па незнам што да очекувам, отидовме на болница таму ми рекоја дека се уште не сум отворена и да седам дома до утрото вторникот ако се отворам ќе чекаме ОК ако не ќе ми ја дат провокацијата. Отидов во вторникот цела ноќ бев со болка ама ништо не сум ни цм отворена, па ја ставија провокацијата, нешто како гел внатре во цервиксот непријатно чуство но се трпеше и сега почнавме да чекаме да се отворам ако не се отворив ќе требаше уште една провокација, но мене почнаја да ме фаќа ненормална болка со ништо не се смируваше провокацијата што ми ја дадоа почнуваше да прави голем број на контракции шо срцето на бебето почнуваше да паѓа, решија да ја извадат провокацијата, кога видов јас дека срцето на бебето паѓа почнав да викам дека сакам царски рез тие ме убедуваја дека не треба тоа дека почнав да се отворам 4цм веќе сум била. Решија да ме качат на бокс тука ми пукна водењакот, почнаја уште поголеми болки побарав епидурална уфф какво олеснување аа бебето за многу брзо време излезе турнав 3 4 пати и излезе ах тоа чуство никогаш нема да го заборавам. Дојде доктор да ми кажи дека во пораѓајот сум се скинала и тоа од вагината до газот ми бил фатен и дел од мускулот за голема потреба шо го користиме, морало да се се шие ама не обично шиење цела операција да се изврши. Не ми беше гајле шо се случува со мене само го гледав тоа мало човече што излезе од мене, веднаш ме зедоја , а сеуште незнаев шо ќе речат докторите за бебето дали се е ок, цело време додека ме шиеа плачев зошто не сум со бебето. Кога заврши шиењето ми ја донесоја бев пресреќна. И така сега сме си дома мама е се подобра и подобра малце тешко е седнувањето станувањето но ништо шо неможи да се издржи. Мене ми е најважнo таа да ми е здрава и жива
     
    На Minnka, edna_malecka, Bella_Stella и 44 други им се допаѓа ова.
  16. ..barbie..

    ..barbie.. Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2018
    Пораки:
    673
    Допаѓања:
    657
    Пол:
    Женски
    Ми се насолзија очите :hug: Мајка :l: Да сте живи и здрави, голема да расте малата, а тебе побрзо опоравување :inlove:
     
    На Elle15 и Tinka1234 им се допаѓа ова.
  17. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.293
    Допаѓања:
    33.596
    Пол:
    Женски
    Мајка-борец! ❤️
    Жива и здрава да е принцезата, од Бога благословена да е. :inlove:
     
    На Elle15 и Tinka1234 им се допаѓа ова.
  18. Ana_K

    Ana_K Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2020
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    57
    Пол:
    Женски
    Дојде време и јас да ја раскажам мојата породилна приказна. Се одлучив за пораѓај на клиника, затоа што бев договорена со докторка која ми ја следеше бременоста 5 месеци. Иако секогаш викав дека ќе се пораѓам на приватно, сепак се одлучив за државно бидејќи сум со генски мутации и цела бременост со клексани и имав позитивно мислење за докторката што ме водеше. Ама за жал тоа беше најлошата одлука што сум ја донесла. Во вторник бев договорена со докторката да ме задржи и со провокации да ме породи. Ама не оди се по планот, па мене во сабота вечер ми пука водењакот. И пишувам на докторката дали да одам на приватно или на клиника, и ми вика слободно оди на клиника се ќе организирам. Беше продолжен викенд и тек во вторник беше докторката на работа. Се упатувам на клиника, и ме задржаа на патолошка. Во текот на ноќта почнаа и болки, ама не се отворав толку брзо. Со тие страшни болки си седев 24 часа, се дури не ме качија во предродилна ( 5 прсти отворена). Ги молев да ме направат царски, бидејќи не се издржуваше. Дури и барав да се префрлам во систина, меѓутоа законски не било дозволено. И така со болки и стресови си го дочекав вторник и мојата докторка. Да напоменам 35 часа бев само со едно шишенце вода. Најверојатно не сакаше друг доктор да ме породи, и не само тоа, јас барав доктор за да ме прегледа колку сум отворена. Само го гледав часовникот и се молев што побрзо да дојде 9 часот. Кога дојде мојата докторка, отворена бев веќе 9 прсти и ме однесоа на бокс. Таму уште 2 часа вежби за бебето да се спушти. И после 35 часа болки со пукнат водењак дојде на свет мојата принцеза. И да има компликации до сам крај, остана плацента, па ми дадоа анестезија и длабоко ме сошиле. По будењето од анестезијата ми го ставија бебето на гради и тоа беше најубавото чувство. Коментарот на педијатарот каде што ја носам малечката беше сите ги прават царски без потреба, а ти со инфекција те породиле природно. И да бебушот доби инфекција што ја имав на брисевите (иако во 9ти месец примав сумамед за тоа) сепак се пренела на неа. Тоа беше мојата приказна и се надевам дека нема некој друг вакво слично искуство да доживее.
     
    Последна измена: 3 ноември 2020
    На edna_malecka, Осе, Martka и 27 други им се допаѓа ова.
  19. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    2.507
    Допаѓања:
    7.382
    Пол:
    Женски
    Не ми измерија, висока сум 170, сум им изгледала крупна демек, а дете од 3 кила едвај родив. Нема правило никакво тоа..
     
    На merina.93 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. K7M10J

    K7M10J Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2014
    Пораки:
    1.305
    Допаѓања:
    3.368
    Пол:
    Женски
    Се надевам сега сте добро, излечени и се гушкате :l:
     
    На Ana_K му/ѝ се допаѓа ова.