Значи додека читав ме потсеќаш на мене со првата бременост значи пораѓајов исто буквално исто имам поминато плус што како се отварав така крварев два дена и никој ништо не ти кажува а доста крв изгубив. Тоа е само најбитно нашите деца се живи и здрави а ние ќе поминеме преку се за да они бидат добри. Мене сега повеќе страв ме фаќа дека можеби исто или слично ме чека кај и да е треба да се породам поисплашена не сум била во животов
Мајки да ја споделам и јас мојата приказна. Цела бременост ја водев во Систина и знаев од сам почеток дека таму ќе се пораѓам. Бремена со близначиња стигнав до 37 недела. Среда 28.10.закажан царски, а во вторник сабајле договорено за зимање брисеви и крв. Меѓутоа не можеа да почекаат еден ден мене ми пука водењак во вторник во 3 часот сабајле. Итно на ургентен ме примија ме ставија на цтг и за среќа мојот доктор се погоди да биде дежурен. Ме однесоја во соба ми земаа крв, брисеви и чекавме неколку саати да имаат резултати. Неколку пати цтг ми правеа, нали болки имав, имав два пати вагинален преглед, клизма ми ставија и во 9 и нешто конечно ме однесоа во сала. Јас преплашена и емоционална. 10 и 23 се роди момчето за 1 мин. подоцна и девојчето. Си бев во шок соба, после ме преместија и си останав 4 дена. По убаво искуство не сум имала. Гинеколози, педијатри секој ден на визита. Сестрите помагаа за што и да е. Бебињата ги зимаа да се одмориш, ги носат кога и да си побараш. Искочив среќна и задоволна. Платив повеќе од што кажуваат ама вреди секој денар. Ве поздравувам.
Ај да ви кажам нешто. За два дена малиот ќе полни еден месец. Иако неопоравена целосно од пораѓајот, веќе почнав да заборавам на се' негативно и на порѓајот гледам како позитивно искуство, препрека на патот која се прерипува за да стигнеш до најголемата љубов на твојот живот. Додека викав "никогаш повеќе", сега почнав да пакувам алиштенца кои не ги употребивме затоа што се мали, затоа што "ќе се најдат за второто". Чудо сме ние жените!
Исто Ние полниме 2 месеци и правев место за поголемки алиштенца. Малецките ги суредив убаво и си помислив, ај и ако е девојче третото ќе се најдат Два царски, 35 години и дијагнози плус.
И јас сакам следното да е девојче, затоа и се надевам дека помалите проеви ќе ги искористиме. Сакам и следната бременост да имам значително помала килажа, сега како буре бев. Со годините тука некаде сме. Со дијагнози или не, ќе издржиме. Се' за нив! Да сте живи и здрави и трето да си дочекаш.
Ајде од кога се освестив малце и дури ми е свежо сеќавањето да раскажам и јас. Каснп вечерта ми пукна водењакот и ми падна чепот. Јас веќе очекував бидејќи бев 2 дена со надминат термин и не испаничив дома веднаш знаев што е. Поседив пола саат си спремив во торбицата уште некои ситни работи и го разбудив мм. Тој рипна од кревет како рис збунет целиот вика одма одиме в болница. По патми рече да бидам смирена дека таму има тим од доктоти што ќе се грижат и да не се правам сезнајка. Како ќе ми речат така. Стигнавме јас цела бременост знаев дека со природно ќе сум оти така беше наместено. Докторката кога ме прегледа вагинално рече дека водењакот е пукнат ама треба да го допукне и после тој процес ми даде таблета за омекнување на матката полесно да можам да се отворам. Таа делуваше 4 саати и требаше да лежам во тој период. Немав болки никакви. Од кога поминаа тие 4 сати почнаа да се јавуваат мали болки јас бев само 2 сантими отворена.Дојде ручек време а немаше многу напредок со отворање. Ми даде систем со провокација,немаше ефект. Во 6 одручекта после сите обиди доктотката рече ќе ти дадеме уште еден систем ако не се отвориш ќе мора царски.Па ајде плачки тука гужва во главата ми се направи од каде сега царски. Бебето горе качено, јас не се отворам почнаа да ја спремаат операциона сала. На мм му се јавив само да кажам дека одам царски ми рече ич не се секирај не плачи само да сме здрави и живи. Во салата пред да ме легнат се стабилизирав со чувства и одлучив мора да се истрпи и ова. Точно знам кои последици ќе ги имам после ама мора да излези бебево од мене. Анестезиологот ми се погоди искусен.Спиналната анестезија одма почна да делува. Ги изгубив сите болки и се чувствував како да лебдам,ептен чудно чувство. Почнаа со операцијата ги следев што зборуваат. Едно време добив нагон на повраќање и повратив сестрата ми даде сад за тоа. Тоа било нормално од анестезијата. Едно време зад мене гледам - бебе. Ги прашувам ова моето е луѓе си добив машко бебе тешко 4150 гр. Здраво и право фала на Бога. Веднаш ми го ставија на гради се погледавме двајцата по малце збунети. После тоа ме шиеја долу ништо не сетив. После 5 саати почна да ми се враќа осетот во нозете се штипкав да проверам се си беше нормално сега 3 дена после операцијава чувствувам главоболка од анестезијата и ми препорачаа повеќе течности да пијам. Искррно очекував дека полеано ќе поминам а за сметка на тоа бев со пукнат водењак 15 саати од кои 8 саати јаки болки да се превиткувам од што ме боли и на крајот царски да завршам. Само тоа е, против господова волја не може никој. Вистина било дека се се заборава кога ќе си го видиш бебето.. има некоја силна врска не можам да опишам. Здравје утре ќе не пуштат од болница со бебето да си одиме кај тато, се е спремно дома.
Жив и здрав да е синко, од Бога благословен! ❤️ Побрзо опоравување мајка да си имаш. Уживајте сега со очињата што ти трепкаат само тебе.
Да пишам и јас тука...со многу измешани емоции...Пишувам и ми се плаче. Сама сум во соба, бебе ми е во инкубатор... Вчера сабајле нели пишував дека имам некои менструални болки ама издржливи. Од 4 до 7 сабајле бев будна и некако заспав. Во 11 се разбудив и исто имав такви болки но повеќе беа како од запек. Мислев дека ми е од што јадев малку посува храна деновиве па си сварив чај од нане со лимон, се напив и јогурт. Бев по голема нужда, не ми олесна. Ајде си реков ќе и пишам на докторката. Ме викна на цтг. Отидов скроз неподготвена дека ќе останувам пошо на прегледот во средата бев одвај 1 цм отворена. Цтг покажуваше контракции ама ништо особено. Кога на преглед со рака- 4 и пол прсти отворена. Ми направија прием и дојде Др ми го пукна водењакот. Ми ставија и провокација во инфузија. Болките убаво ги поднесував и во рок од 2 часа се отворив 7цм. Потоа дојде анестезиолог и ми ставија епидурал. Со епидуралот одеше малку побавно отварањето но доста се опуштив. Ми дадоа појака провокација и тогаш малку ми се качи пулсот, но брзо се стабилизира. Кога стигнав до 9цм ме внесоа во сала. Ме вртеа прво лево па десно, свесна бев, соработував, иако анестезијата на едната страна не ми фати добро, па напоните ми беа доста болни. Веќе на последниот напон со кој требаше да излезе бебе наеднаш почнав да се губам, се онесвестив. Како низ магла ми е дека сите тука во паника беа, ми даваа кислород и алкохол да мирисам, и само се свестив кога си ја видов бебка меѓу нозе..Во меѓувреме ми направиле епизиотомија, но јас ништо не осетив...Одма ја земаа бебка, но не дишеше. Тоа траеше кратко но за мене цела вечност. Ја реанимираа, почна силно да плаче... На некои места беше и помодрена и имала и јака тахикардија. Јас како без чувства само немо гледав што се случува и барав да ми ја дадат, но само ја кренаа и ми ја покажаа, па ја однесоа. Мене ме успија за да ја извадат постелката зошто никако не излегуваше. После тоа ме внесоа во соба и ми дадоа да јадам. Дојде педијатарката и ми наби чувство на вина за тоа што се случи. Цела ноќ не заспав...Во 6 сабајле ме однесоа да ја видам на кревет греач беше...Јас никаков мајчински инстинкт, никакви мајчински чувства. Само ја гледав и малку ја галев...Целата замисла што ја имав дека веднаш ќе ми ја дадат да ја гушнам, ми се сруши... Утрово ја ставиле во инкубатор да ја мониторираат иако е стабилна, ќе поседи уште некој ден. Одам, ја гледам, иако поголем дел од денот спие, и уште не ми се верува дека е моја... Толку ми е криво, толку си се обвинувам дека можев да издржам, а не издржав... Си велам, сега до мене ќе беше, ќе се гушкавме... Но и не е важно на крај, само нека биде добро.
Леле значи ме расплаче. Глупости те молам мајчински инстикт не си набивај вина! Ја бебе не знаев да го земам од креветче во раце не знаев да го држам ги викав сестрите се осеќав ко најголем идиот не па мајчински инстикт. Тоа кај мене дојде посче 2нед. Нит со доење нит со држење туку така дома кога ќе заплаче кога гледаш што му е ќе видиш! А која педијатарка ти набила вина..зошто? Не се секирај не било до тебе издржувањето толку е силата. Мило ми е што е бебка добро вп добри раце сте таму не се секирај ќе си ја гушнеш наскоро
Се кладам дека Александра ти била педијатар... Мајка се ке биде во најдобар ред. Да знаеш. Опушти се. Емоции на мајчинство допрва ке добиваш. Јас со првото имав иста ситуација. И тоа царски рез бев. Никакво чувство на вина да немаш. Ти си мајка. И ке бидете добро. Ке си ја гушнеш и ке заборавиш се
@Lovebug01 Ај отвори во труднички и читај каде разглабавме за овој мајчински инсинкт,ќе видиш дека кај повеќето од нас било исто и нема за што да се обвинуваш! Ќе си дојде сам по себе, не се обвинувај за ништо, се ќе се среди. Верувам емоциите ти се измешани и повеќе ради тоа што го гледаш во инкубатор малечкото а не до тебе,но ќе помине се за брзо и ќе се гушкате по цели денови!
Заборавив како се викаше, не беше ни Марина ни Јадранка, но изглеа и она беше ептен уплашена пошо едно добри 2-3 минути се дешаваше драма во сала додека се врати бебе во живот. Може и со право ми се подизразвика. Сега ми е мака додека ги гледам сите бебиња како ги носат во соби, јас си седам сама..Не ми поминува времето а не сакам да одам насекое да ја гледам таму да им досадувам. Секако само си спие и не можам ни да ја допрам. Сабајлето дојде Јадранка убаво и смирено ми објасни дека пораѓајот бил тежок за бебка, и дека сега е добро но сакаат да ја следат зошто сепак претпела голема траума.
Мислам третата е александра други не знам, како год не смеела да си дозволи да ти се подразвикуе. Не си ти крива за ништо ја сум слушала и читала бетер приказни твојава е супер еве и на @Alishan30 ќерќичето исто веднаш не заплака како што и ја памтам породилната. Лежи собирај си сила за тоа што следува убавини те чекаат бебка ќе се опорави не се секирај
@Lovebug01 како може тебе да те обвинатЗарем ти глумеше дека се онесвестиМесто да те тешат види ги што ти збореле Тоа што му се случило на бебето никако не е твоја вина, провокацијата носи таков ризик. Јас кога се пораѓав цтг не покажуваше болки , а јас имав и се лутев дека не покажува, а мене болките на 1 минута.Докторката ме фати за рака и ме галеше и ми велеше дека таа го гледа стомакот и ми верува дека имам болки.Не ми рече лажеш трај таму нем да си писнала За инстинктот ќе ти дојде постепено.Ви посакувам побрзу да се гушкате
Она е,само таа може така да драми и да направи да се чувствуваш виновно за ништо. Само што јас после вторава бременост ја запознав дека е дрска и безобразна. Затоа ми беше муабетот @Lovebug01 да не ја мава од ремен многу. Слушај ги Марина и Јадранка. Ајде ке ти донесат и бебе знам дека е тешко,најтешко на цел свет. Го знам тоа осовено на цимерката кога ке и го донесеа а мојот никаде го немаше,па ссга поврајќал,па прима терапија и се мислев дека ме лажат само. Ајде одмори зошто за некој ден ке те пречекам во грчеви за бебе. Таму сум уште
Да ти е жива и здрава ќеркичката Искрено пораѓајот никогаш не е како што ние си замислуваме, ниту првиот момент кога ќе видиш бебе.. Дури некогаш си викам каква драма прават кога ќе речат го виделе бебе и им заборавиле на цел пораѓај.. Јас отсекогаш сум сакала деца и сум се потресувала околу други трудници, сум пуштала солза кога ќе ми кажат дека се родило ново човече, е арно ама за мене не беше така.. Немав сила за никаква емоција во првите неколку часа, си се прашував зошто не го сакам бебето, но таман ме пушти анестезија кога рикна да плаче моја беба а никој не ми ја даваше да ја видам па кога рикнав да се дерам за 3 мин ми донесоа дете. Ноќта пак исто, плаче се грчи дете, сестрите спијат не слушаат, ја кренав цела болница Сеуште ја немав свртено главата настрана ама смогнав сила и ја кренав од креветчето и ја гушнав до мене. Мајчинскиот инстинкт не доаѓа веднаш, како поминува време со бебе ќе растеш заедно со ќерка ти Ќе биде се во ред, одмори и дај си време, преголем шок е целиот чин и фактот дека веќе не си само жена, сега ја имаш највисоката титула, сега си мајка
@Lovebug01 и мојата не заплака првата минута, добивме и послаби оценки на апгар заради тоа, модра беше и брадикардична. Не ја реанимираа, дишеше бавно но не плачеше, спонтано заплака но таа минута две беше штама во салата. Јас почнав да се дигам од бокс , по неа да станувам, повеќе мене ми викаа отколку галама за детето. Затоа добро те разбирам. Претрпеле траума при тешкиот пораѓај, но се' поминува. Знам и твојата душа беше мирна во стомак како мојата. Да не те плашам ама сега е живец невиден, и нонстоп прета и е активна и често плаче. Затоа се ми се наплати за мирната бременост. Се ќе биде во ред и кај вас, нека ја следат и за кратко ќе се гушкате
@Lovebug01 иста ситуација имав и јас на првото породување,и ќерка ми ја извадија истрауматизирана бидејќи на крај немав сила, беше високо,не заплака веднаш и не ми ја ставија да ја видам само педијатарот ја зема и ј однесе да ја средат. После се беше во ред,не се секирај ќе биде супер бебушка