Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Породилни приказни

Дискусија во 'Бременост' започната од fairy88, 20 август 2012.

  1. Tsukinory

    Tsukinory Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2019
    Пораки:
    1.103
    Допаѓања:
    5.864
    Пол:
    Женски
    Aјде и од мене во кратки црти додека се досаѓам сама во соба. Вчера 12.11 ме примија утрото ми отворија историја на патолошка во ГАК и примив индукција во форма на вагиналета. Докторка рече најприродно без тешки провокации ќе пробаме ако не ја биде да не ризикуваме со плацентата одиме во корист на бебето одиме царски. Болки не ме фатија. Се договоривме за царски утре изутрина. Вечерта од возбуда ме фатија контракции и тоа доста јаки и близу. Реков детево се премисли ама и се исплашив дека беше високо качено да не тргне постелката да го ставиме во опасност и мене и него. Испив 500 мг магнезиум и 2мг диазепам добив незаборавна проверка со рака од која дури и на контракциите заборавив од болка. Втора невиност ми земаа. Си поплакав што од мака што од болка и заспав. Следниот ден нова спремна без контракции. Ме качија во операциона сала сите фини коректни. Малку спиналната ја пребоцкуваа ама стиснав заби издржав. Го видов моето момче и пол. Не ми дадоа да го бакнам. Не ми дадоа кожа на кожа. Незнам до кај сум со мајчинскиот инстинкт ама си прснав да плачам од среќа кога ми испратија слики. Одвај чекам утре да го допрам. Остатокот е историја.
     
    На Nefertiti., Freyja, BeloMache и 61 други им се допаѓа ова.
  2. Izzy_0504

    Izzy_0504 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2020
    Пораки:
    1.362
    Допаѓања:
    3.939
    Пол:
    Женски
    Честитки мајка! Да е жива и здрава, среќна и весела цел живот :inlove:
    Пробај да се смириш, да мислиш позитивно и мисли на средбата која ќе биде за кратко. Секој пораѓај е различен, а никој не е онака како што сме си замислувале.
    Тоа што е важно е дека бебето е живо и здраво, ти си жива и здрава.
    Мајчински инстинкт допрва ќе доаѓа. Допрва ќе се поврзуваш со бебето и ќе градите врска.
    Последно нешто на ум да ти е таа глупост дека ‘ти си крива’! Ти си силна, јака и храбра МАЈКА што на свет донесе здраво бебе на кое си му потребна! Одмори се, смири се, мисли позитивно. За час ќе се гушкате со бебуш :hug::hug::hug:
     
    На Freyja, K7M10J, Lovebug01 и 6 други им се допаѓа ова.
  3. Izzy_0504

    Izzy_0504 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2020
    Пораки:
    1.362
    Допаѓања:
    3.939
    Пол:
    Женски
    Честитки мајка! После сите компликации и стравови во бременоста, бебуш дојде и те награди! Те награди за цело трпение, упорност, солзи, страв, возбуда.. е од сега ти посакувам да имаш љубов, радост и насмевки! :inlove:
    Да е жив и здрав синко, да биде силен како мама :muscle: тебе ти посакувам брзо опоравување
     
    На K7M10J, ivance.., Tsukinory и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.224
    Допаѓања:
    18.972
    Бидна конечно и тебе во породилни дс те прочитаме
    Многу ми е мило што на крајот сепак се се заврши добро
    Уживај сега бебе е тука наскоро ќе се видите :inlove:
     
    На K7M10J, Brpbrp, ivance.. и 3 други им се допаѓа ова.
  5. _Vera_

    _Vera_ Популарен член

    Се зачлени на:
    2 април 2020
    Пораки:
    2.661
    Допаѓања:
    34.717
    Пол:
    Женски
    Залутав во темава како падобранец, ама те прочитав и многу ме погоди твоето мислење. Сакам само да ти изразам поддршка и да ти потврдам, иако во себе длабоко сигурно знаеш дека ти не си и не можеш да бидеш виновна за нешто над кое никој жив нема контрола, над процес кој зависи од мал милион работи, а пак најмалку си крива што си сретнала "професионалци" кои се без осет и етички компас па ти наметнуваат чувство на вина во моменти кога си најранлива. Тоа ме лути и го осудувам, зошто на човек, жена, во своите најкревки моменти му треба поддршка и потврда, а не осуда.
    Се надевам до сега веќе и си се ослободила од ова чувство на вина, и дека си мислиш на убавините кои следат.
    Верувај, се ќе биде во ред
    Силно те :hug::hug::hug:
    Само да се дополнам, чувствата се тука, се поместиле да помине шокот :)
    Не се секирај, мајка си :l::l::l: е неизбежна.
     
    На K7M10J, Thallia, dromka и 10 други им се допаѓа ова.
  6. flower30

    flower30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 април 2014
    Пораки:
    7.734
    Допаѓања:
    140.088
    @Lovebug01 прво честитки , живо и здраво да ти е бебчето. И јас со првото дете се изгубив за момент, се онесвестив и никој не ми рече крива си.
    Со второто, од преголем страв мислам дека се губев па ми ставија анестезија, па на сред пораѓај ми дадоа маска со кислород, па брзо викаа доктор, се роди синчето со 3 пати замотана папочна врвца околу мене. Се друго што се дешаваше после, си викав јас сум виновна што не издржав. Но, сестрата таму ми рече, се е тоа нормално и да не се секирам. Фала му на Господ, еве ги живи и здрави дечиња, трчаат и викаат по дома:)
    Ти пишале и другите мајки, пораѓајот не може никој да го контролира. Така да, одмарај, собирај сили за кога ќе си одите дома бебче да си има среќна мама што донела на свет таква среќа. За мајчинскиот инстинкт, ќе дојде кога ќе се гушнете, кога ќе си дома, кога ќе доиш. Кај повеќето, а и кај мене, се јави малку подоцна.
    Ти посакувам брзо оздравување, бебче да е добро и за брзо да си одите дома:hug:
     
    На K7M10J, 24.07, Milobebence и 10 други им се допаѓа ова.
  7. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.440
    Допаѓања:
    8.822
    Пол:
    Женски
    Девојки, многу ви благодарам.Секој ваш коментар се повеќе ме охрабрува. Иако не е сеедно да поминувам покрај соби и да гледам како сите бебиња си се со мајките, додека јас мора да одам кај неа и не можам ни да ја допрам. Но фала му на Бога што е се во ред. Со секое гледање се повеќе се заљубувам во неа :inlove:
     
    На BeloMache, thelittle17, Klara91 и 19 други им се допаѓа ова.
  8. PurpleMind

    PurpleMind Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    661
    Допаѓања:
    3.605
    Нека ви се живи и здрави бебињата, а вас брзо опоравување. Се читаме во бебе подфорумот. :) :hug:
     
    На Martka, K7M10J, mamaJana и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. ..barbie..

    ..barbie.. Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2018
    Пораки:
    673
    Допаѓања:
    657
    Пол:
    Женски
    Прво и мене на неа ми текна :puke:
     
    На K7M10J му/ѝ се допаѓа ова.
  10. ..barbie..

    ..barbie.. Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2018
    Пораки:
    673
    Допаѓања:
    657
    Пол:
    Женски
    Ти си ја родила, твоето тело ја издржало бременоста сиве овие месеци и не, не те изневерило, напротив. Бебенцето ќе биде во ред и за некој ден ќе си се гушкате. :inlove: Само храбро, сега си мајка. :D
     
    На PurpleMind, BeloMache, Klara91 и 6 други им се допаѓа ова.
  11. BeloMache

    BeloMache Активен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2020
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    201
    Па ја како што ме дал Господ ќе ги пцујам бре, крај нема да има. У воздух болницата ќе ја кренам. Зошто таков однос за најблагородната и најтешката работа на свет, не разбирам. Ако не се спремни да се сносат, што не менуваат друг оддел.... Живот....
     
    На naturallmess, Klara91, Milkiway и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Ani297

    Ani297 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2020
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    254
    Пол:
    Женски
    Ајде и мојата втора приказна дс си ја кажам. Сабота сабајле станувам идам до вц мала нужда се облакам и одеднаш почнува да тече нешто се мислев дали е водењакот или повторно сум се измочала. Ама гледам и нешто млечно густо. Тогаш се подзамислив и отидов у болница ама не одма после 2, 3 саати. Ме ставија на цтг мирно болки немам отворена 3 прста ама ради водењакот ме задржуваат во 3 саат примена на патолошка лежам докај 4ипол 5 и ми се јавуваат спремај се горе ќе идеш што ќе седиш на патолошка може ич болки да не те фатат. И ја пресреќна ме качија горе 4 прста отворена ми ставија провокација слабо се отварав дојде доктор ми го допукна водењакот ме фатија поголеми болки и за три саати се породив и тоа цуца моја несакаше ни докторот да го почека да дојде у родилна почнав да напнувам и со два напона искочи ќе искочеше и со еден ама ме прекинаа,, докторот да дошол'' али се добро заврши ни шиена ни ништо како што се плашев и бев паничарка одлично поминав
     
    На sunshinebabe, duffi, piksooki и 58 други им се допаѓа ова.
  13. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.279
    Допаѓања:
    9.105
    Пол:
    Женски
    Денес со бебе правиме точно еден месец, а мене дури сега ми текна да ја споделам и јас мојата приказна.

    Од кога влегов во 9ти месец со душа чекав да се породам бидејќи ми беше многу мачно на крајот, и докторката на вагинален преглед проба да го убрза процесот, ама освен чепот што падна друго не се случи, секој ден бев во исчекување ама терав цели две недели така.
    На 28ми октомври утрото во 4:30 ми пукна водењакот во спиење, ме фати мала паника ама пробав да се смирам, се облековме со мм и правец во болница, е сега тие што ме имаат читано знаат дека докторот во болница кај што одев на цтг и требаше да ме пораѓа не се нафати со изговор дека сум бил ризична иако имав најнормална и уредна бременост и ме прати да одам во Скопје, разговарав со една сестра таму и ми рече не губи време и тргни си за Скопје, по пат нема да се породиш не се плаши. Се вративме дома собравме торби и се што ми беше спремно и тргнавме.

    На ГАК одма ме примија, цтг мирно, отворена 2 прста и ме сместија на патолошка, таму цело време имав болки ама не кажував бидејќи не беа јаки и си чекав, ме ставаа на цтг цело време ама контракции само до 50 одеа.
    Цела вечер имав болки на интервали баш ги мерев, се виткав од болки и шетав низ соба цело време.

    Утрото на визита пак цтг мирно, на ехо бебето скроз доле со главчето, отворена 7 прста, јас болки немам никакви сите се чудат, а ме носат на пораѓај, додека се качивме горе се отворив 9 прста и одма ме ставија на бокс а без болки, ми пуштија провокација и болките почнаа одма и напони, јас наместо да напнам се стегнав и бебето се врати нагоре а веќе му се гледаше главчето. После тоа ме симнаа од бокс и ме тераа да правам чучњеви да се спушти пак доле, болките беа огромни од провокацијата, се гризав, се кубев за коса само да не се дерам од болка, спуштањето одеше по тешко па почнаа да ме спремаат за царски, среќа дојде докторот и рече нема да оди на царски ќе чекаме, по 2 часа се спушти бебе се собраа сите сестри, доктори може 20 души имаше во салата сите ме бодреа, имаше една докторка ме држеше за рака и ми викаше сега само од тебе зависи, ми ставаше газа со вода на устата дека веќе бев дехидрирана и немав сила. Со 3 напнувања испадна синко, ама последниот напон стварно ми беше со последната сила. Кога испадна одма почна да плаче го видов како низ магла и го погалив по главчето.
     
    На thelittle17, sunshinebabe, emiliana и 46 други им се допаѓа ова.
  14. ivance..

    ivance.. Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2020
    Пораки:
    2.660
    Допаѓања:
    7.122
    Пол:
    Женски
    Што убав лесен пораѓај дај боже сите вака лесно да поминеме
     
    На Klara91, BeloMache, Ani297 и 6 други им се допаѓа ова.
  15. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.224
    Допаѓања:
    18.972
    Офф леле колку ди се намачила а зошто си се стегала наместо да напнеш нели ти кажуваа кога да напнуваш?
     
    На thelittle17, ALISA0000 и Klara91 им се допаѓа ова.
  16. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.584
    Пол:
    Женски
    Мила во слична ситуација бевме...
    Исто педијатарката во Чаир се испонаша како јас да сум виновна... И тоа чувство на вина ме држеше се додека не си дојде дома (јас дури и дома си отидов без бебе не знам кај тебе како е ) и мислев дека немам мајчински инстинкт се додека не ја оставив дома со баба и за да одам на преглед кај гинеколог. Е тогаш телото ми беше таму умот и срцето дома ,тој ми збори за пораѓајот јас му викам ајде ако гледаш гледај дома ме чека бебето ( она заспана ја оставив заспана ја најдов ) еве веќе три месеци јас два пати сум ја оставила ,тогаш и вчера :) кога плаче срце ми се кине. Како сте сега ,како е малата ?
     
    На 24.07, BeloMache, Lovebug01 и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.279
    Допаѓања:
    9.105
    Пол:
    Женски
    Ми кажуваше докторот, јас еднаш напнав и него му се виде главчето ама најверојатно од болка и од страв у моментот се стегнав и он се врати. Битно колку што се плашев пак релативно лесно поминав, можев и полесно и побрзо ама ете моја грешка беше никој не ми е крив. Се на се 3 часа траеше.
     
    На thelittle17, Klara91, BeloMache и 7 други им се допаѓа ова.
  18. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.440
    Допаѓања:
    8.822
    Пол:
    Женски
    Tи благодарам :hug: Што се случи кај тебе?
    Беба моја е добра и убаво напредува, фала му на Бога. Останавме Ремедика вкупно 5 дена наместо 3, она беше 2 дена во инкубатор, ама беше добра, самостојно си дишеше, не примаше никаква терапија освен после раѓање што и дале дијазепам и фуросемид. И правеа ехо на главчез уредно.
    Советувано ми е на 2 месеци контрола пак за ехо на главче ама кај детски невролог. Не очекувале нешто да има, но за секој случај, да сме мирни, а и заради реакции од вакцините што ќе ги прима.
    Јас уште си плачам кога ќе се сетам, си се обвинувам дека можев да издржам, а не издржав, толку лесен пораѓај имав се до последните 2 минути. Гушнав бебе после 3 дена, а толку сакав и го чекав тој момент, да бидам свесна и да ми ја дадат веднаш. Се ми е собрано, цела бременост во страв, што од бременоста, што од корона, изолирана од сите, со некои блиски особи цела година не сум се видела...Дури сега сето ова во пакет заедно со хормоните ме дрма..Ми треба време малку емоционално да закрепнам, ама ќе биде, само нека е ќерче добра :hug::inlove:
    П.С Ние сме сите мајки-лавици што бевме/сме бремени за време на пандемија. Не е мал товар да се пазиш со никој да не се гледаш. Да разбереш дека си се видел со некој што излегол позитивен, па броиш денови да поминат. Да се тресеш да не испаднеш позитивна пред пораѓај и да не можеш да се пораѓаш таму кај што сакаш. Да не си гушнеш родители и најблиски. Сопруг да не може да дојде на прегледи и на пораѓај. Да не може да си го допре детето додека е на болница. Да се пораѓаш на бокс со маска. И ред други работи.

    Забегав ја, не ми замерајте:x:hai:
     
    На Сара Лав, K7M10J, flower30 и 28 други им се допаѓа ова.
  19. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.584
    Пол:
    Женски
    Поназад го имам напишано пораѓајот да не повторувам пак ,јас дојдов дома малата беше во детска клиника 14 дена поради недоволно објаснување за како да дишам и како да напнувам + подигнувањето на сред пораѓај голтнала плодова вода и фатила ешерихија коли на плуќата. Фала богу сега сме супер. Расте се развива и си цица :)
    @Lovebug01 не те прашав и сега како си со инстинктот ? :):inlove:
     
    Последна измена: 30 ноември 2020
    На K7M10J, flower30, Bjanka82 и 3 други им се допаѓа ова.
  20. mssuniquee

    mssuniquee Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 февруари 2015
    Пораки:
    3.778
    Допаѓања:
    53.169
    Пол:
    Женски
    @Lovebug01 Слично бевме и ние, само што малиот беше 5 дена на антибиотик во болница, па дома продолживме.
    Ни кажаа и на нас ехо на главче но неговиот педијатар рече нема потреба.
    Дали згрешив што не го однесов тогаш?
    Иначе малиот сега ми е за машала со здравјето..
     
    На K7M10J, BeloMache и Lovebug01 им се допаѓа ова.