Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Породилни приказни

Дискусија во 'Бременост' започната од fairy88, 20 август 2012.

  1. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.440
    Допаѓања:
    8.822
    Пол:
    Женски
    Кај се породи мила? Колкав е малиот сега?
    Јас се надевам дека ќе биде се во ред, така и педијатрите во Ремедика ми велеа, не очекуваат да има нешто но сите такви случаи како мојот ги советуваат за кај детски невролог на 2 месеци.
    Не ми кажаа зошто и дале дијазепам, сега се филмам да не направила конвулзии, па недај Боже да има некои последици.. :worried: Иако такво нешто не пишува на отпусното писмо, се надевам ќе пишеле или ќе ми кажеле да имало... Знам тогаш спомнаа тахикардија јака дека имала, но не го пишува ни тоа, а и се што ми објаснуваа вечерта ми е како во магла. Памтам само сабајлето кога дојде педијатар на визита ми кажа дека ја ставиле во инкубатор "за да се одмори од траумата, да не се вознемирува да биде спокојна". Со овие зборови баш. А дали и нешто друго се случило, се надевам ќе ми кажеле.
     
    На K7M10J, Ffrina и mssuniquee им се допаѓа ова.
  2. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.440
    Допаѓања:
    8.822
    Пол:
    Женски
    Инстинктот е тука:D Кога од човек што аларм не го будеше, станав човек што се буди ноќе пред бебе да заплаче, значи добро е :D Секоја лоша мисла исчезнува кога ќе ме погледне со малите очиња :inlove:
     
    На ma4e1311, BeloMache, K7M10J и 7 други им се допаѓа ова.
  3. mssuniquee

    mssuniquee Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 февруари 2015
    Пораки:
    3.778
    Допаѓања:
    53.169
    Пол:
    Женски
    @Lovebug01 Породена сум во Чаир со првото пред скоро 3 години.
    Тогаш прво бебе, неискусна многу паничев исто. Ми кажаа ЦРП то му било 35, па затоа примал антибиотик.
    Една сестра едно утро доаѓа и ми вика
    "Добар е малиот не е на апарати"
    Срцето ми застана тогаш :).
    Као, инфекцијата ја добил од мене, а мене сите брисеви се ми беше чисто. Нејсе, помина..
    Денес е 3 годишно момче каде само летоска му проверивме крвна слика супер беше, и така година дена немаме посетено педијатар. Само ете кога спомна ехо на мозоче, знам ние не го направивме..
    Да имало и нешто друго сигурно ќе ти кажале..Мада според мене се е супер, гушкај бебе:inlove:
     
    На K7M10J, Bjanka82, Snowflake97 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. BeloMache

    BeloMache Активен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2020
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    201
    Честитки. Живи и здрави да сте и двете. Имајте прекрасни мигови заедно. На нас бремените ни останува да се молиме за вакво пораѓање. Гушки и уживајте ❤️❤️❤️

     
    На K7M10J, Snowflake97, Klara91 и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Leo_29

    Leo_29 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2017
    Пораки:
    1.351
    Допаѓања:
    5.023
    Пол:
    Женски
    Иста приказна имав со второто. Црп 21. Уште 5 дена останавме во Чаир. Ништо не ми рекоа за ехо на мозок. Ама видов на картончето дека му правеле таму. За првото дете немаше ништо на тоа поле, празно беше. Па фино лепо си закажав во Систина. Бебе беше скоро 3 месеци. Таму ми рекоа дека е се ок, ама дека требало да ми кажат да направиме контрола по 1 месец. Среќа се е ок.
     
    На K7M10J, Lovebug01, Klara91 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Mila_Skopje

    Mila_Skopje Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2019
    Пораки:
    1.409
    Допаѓања:
    2.641
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки :) После 2 месеци еве реков и јас да ја споделам мојата породилна приказна и да ви пренесам само позитивни и убави мисли. Моето породување беше многу лесно и посакувам сите мајки да го доживеат исто како мене. Се на се траеше околу 3 часа ама се чека за корона тест бар во државна болница 1.5час. Јас го чекав во чекална со мн минимални болки да не речам менсруалните ми беа појаки и пострашни. Околу 12часот по добивање на негативен тест ме качија во родилна сала и ме поставија на цтг. Искрено повторно само менструални болки, ништо страшно си се смеев со сестрите и ми се чудеа како на тоа цтг немам болки. Бидејќи не се отварав, останав на 2 прсти, докторот ме испрати во тоалет да се измочам и ајт на пукање водењак што мислев дека ќе биде страшно но и тоа не ме болеше :D. Во 12 и 40 дојде анестезиолог, стави епидурал и до 14 и 40 јас се смеев, уживав. Во 14 и 40 докторот ми рече да станам да се раздвижам и почнаа појаки болки ама пак ништо страшно и неизджливо ама си побарав пак доза анестезија и истата не ја добив, затоа што додека докторот ми беше на царски, акушерката ме прегледа и рече 8 прсти сум била отворена (со провокација бев). Е тогаш се јавија силни напони за тоалет, болка не, мислев ќе им се искакам на бокс :o Но, тоа траеше 5 минути, напнав 2 пати и беба излезе и ми ја дадоа на гради. Најубаво чувство некогаѓ доживеано. Се во моментот застанува, болки, и ве облева најголемата можна љубов, буквално на прв поглед. После тоа иде епизиотомија, што мене реално ме болеше, затоа што малце локална анестезија ми дадоа а долго шиеше докторката, а епидуралот го имав извлечено (делот за инекции). Така да мајки само позитивна мисла, се се завршува и се се заборава, а тек убавините почнуваат. :l:
     
    На thelittle17, Mom_3, BeloMache и 43 други им се допаѓа ова.
  7. Cakicka

    Cakicka Активен член

    Се зачлени на:
    17 март 2020
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    50
    Здраво
    Се извинувам ако ми е утната темата ама знам тука сите сте со искуство
    Ме интересира дали некоја имала проблем со дијастаза симфиза пред или после пораѓај?
    Кај мене се појави во втора бременост и мора да одлучам за пораѓај иако првиот ми беше природно
     
    На Lady_Bug му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Fatalnata

    Fatalnata Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јули 2014
    Пораки:
    1.451
    Допаѓања:
    8.673
    Пол:
    Женски
    Дали сакате една породилна приказна која е доста кратка и невообичаено брза, а крајот прекрасен? :$
    Епа вака, мислам дека нема која не знае на форумов дека го надминав терминот и едвај чекав да се породам.:worried: Ноември помина ( тогаш и ми беше терминот 28.11) ама бебче сакало декември да има роденден. :D 30 ноември бев на цтг, болки немав а тоа покажуваше контракции 80-100ка. 8)Вагинален преглед немав, а и никогаш немав, за да се стимулира пораѓајот. Овдека такви методи не се применуваат. Се враќам дома и тоа е тоа од денот|(. Рано утрото на 1.12 кун 2-3 часот од сон ме будат слаби менструални болки.:!:
    Се обидував да заспијам,па и заспав се до кун 5ч кога почнаа болките да стануваат се почести и по интензивни ама интервалот им беше на 20 мин. Во 7:30 болките почнаа на 7 минути и беа доста јаки, ама добро ги поднесував. Во 9ч кога болките почнав да ги осеќам на 5 мин па следната на 2 мин ( онака во тој ритам одеа),отидов во вц и ми падна чепот, (изгледа баш како сите што го опишувавте). Се спремав и трк во болница, ама во кола веќе почнував да чуствувам напони, како да турка нешто долу. Стигнав во болница, ми дава да пополнам ковид анкета, од анкетата само името си го напишав и им велам дајте внесете ме проверете ме оти јас на столов ќе родам. Ме поверуваа оти гледаа дека неможам да седнам дури, а и се грчев од болки. Пенкалото во раце ми играше. На преглед во тријажа, цели 10 цм отворена. Брис ми земаа за Ковид.Приемот беше во 9:43. Одма ме носат горе во соба, оти(овде во соба раѓаме) ме чекаа 2 бабици и една сестра. Мм го спремаат а и тој дојде со мене на пораѓај. Легнав на кревет им кажав имам напони, супер велат само слушај што ти збориме и одма ќе биде. Водењакот тогаш ми го рушија. Прв напон излезе главчето, ми велат дали сакаш да го погалиш,ја ставив раката во моето меѓуножје,леле луѓе си фатив главче со косе.:inlove: Ми дадоа кораж за сл напон подолго да туркам. Сл. Напон туркав како што кажаа, излезе цело бебе. Прекраснотии:inlove:. Заплаче душичка. Мажот ми ја пресече папочната врвца и тоа беше тоа. Се роди во 9:51мин (прати го времево на прием и кога се роди бебето:sweat:). Не ме ни сечеа, оти штом легнав на кревет, една од бабиците почна со масажа на перинеумот да ме отвара рачно на вагината со 4 прста, да не сум испукала,иако имав епизиотомија од пред 5 год. И таа дури не испука. За анестезии,епидурали и морфиум време немав да си побарам.:D
    Го претркав и ковид резултатот тој во 10 ч беше готов а јас породена. Хехехе.
    Ете така бидна. :^)
    На сите ви посакувам вака брз и лесен пораѓај. ;)
    А јас после ова искуство сигурно би родила и трето дете, без сомневање:$
     
    На Martka, piksooki, buba4e89 и 96 други им се допаѓа ова.
  9. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    Ова ни на сон го нема блазеси ти :D:D да си почекала уште малце на прием ќе си им го родела :rofl:
     
    На Martka, buba4e89, Lisicko и 10 други им се допаѓа ова.
  10. Fatalnata

    Fatalnata Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јули 2014
    Пораки:
    1.451
    Допаѓања:
    8.673
    Пол:
    Женски
    А можда и во кола, мм на паркинг ќе ме породеше. :D ама дека немаше искуство ај на болница носи ме. Ама пошто сега беше со мене на пораѓај, ваљда нешто научи за третото он бабица нека биде хахахаха.:o
     
    На Martka, Butterfly1107, BeloMache и 15 други им се допаѓа ова.
  11. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    Хахахахахахаха добро е кога нема страв али сепак најубав е ваквиот пораѓај без форсирање без ништо :D браво и за персоналот што те пораѓал таму:D
     
    На BeloMache, K7M10J, mssuniquee и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.803
    Допаѓања:
    33.747
    Пол:
    Женски
    Сон пораѓај, се исплати што чекаше плус:inlove:
     
    На Martka, BeloMache, thelittle17 и 7 други им се допаѓа ова.
  13. DELFINA81

    DELFINA81 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2019
    Пораки:
    2.501
    Допаѓања:
    9.646
    Пол:
    Женски
    Мами секоја минутка што си чекала во ноември,во декември се исплати.
    Најдирлив момент ми е галењето на главчето на бебче..:inlove:
    Баш убаво што си и имала ваков лесен пораѓај
    Дај Боже сите да имаме сличен на твојот.(fingers)(fingers)(fingers)
    Уживајте сега сите во заедничките моменти :hug:
     
    На Martka, BeloMache, K7M10J и 4 други им се допаѓа ова.
  14. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.440
    Допаѓања:
    8.822
    Пол:
    Женски
    Леле ваков пораѓај сите да имаме, ќе раѓаме деца едно по едно :D Браво:muscle::l:
     
    На BeloMache, thelittle17, Mom_3 и 7 други им се допаѓа ова.
  15. PurpleMind

    PurpleMind Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    661
    Допаѓања:
    3.605
    Жени, се сетив на една случка од пораѓајот, па дојдов да споделам тука и да размениме мислења.
    Кога ги слушав онлајн курсевите, бабицата објасни дека кога ќе добијам напони не треба да буткам, туку да се воздржам, да зачувам енергија и да чекам додека да дојде вистинскиот момент и тогаш да буткам.
    На пораѓај кога добив напони ми рекоа "слушај си го телото" и јас почнав да буткам. Од една страна тоа буткање ми помогна побрзо да се отворам, од друга страна па буткав цели факинг 6 часа и кога дојде ред да буткам за да го извадам бебето, јас немав сила.
    Какво е вашето искуство во врска со ова?
     
    На buba4e89, edna_malecka, ALISA0000 и 5 други им се допаѓа ова.
  16. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.224
    Допаѓања:
    18.972
    Кога почнаа напоните ја викнав акушерката ми рече чекај не буткај сега се спушта бебето ќе ти кажеме кога да буткаш.
    На бокс имав 2 такви и докторката исто ми вика чекај и тоа се дешаваше некои 15мин вакви напони имав 2-3 и после ми кажа сега на следниот ќе земеш воздух и ќе туркаш. И се на се 3 напони беа такви траеше некои 15 мин раѓањето
     
    На edna_malecka, BeloMache, azelea и 13 други им се допаѓа ова.
  17. kanella

    kanella Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    10.194
    Пол:
    Женски
    Тоа слушај си го телото ми го рекоа и мене. Откако ми ја ставија епидуралната почнав да осеќам напони како за во вц и и приплакав на бабицата ќе ви се покакам на кревет, морам во вц. Таа душава се смее ме држи за рака и само рече нема да ни се покакаш не се секирај, ако осеќаш напон-напни, слушај си го телото, рано е сеуште за раѓање. После кога дојде време да раѓам, бабицата ми кажуваше ајде сега напињај па чекај, па пак напињај, тоа траеше околу 10мин и бебето излезе со 3 напони.
    Јас имав мачни болки/контракции пред раѓањето, ме држеа може 24 часа, жива ненаспана бев :sweat: па и проблеми со постелката после тоа...
    Ама релативно брзо ми беше раѓањето, со помош од бабицата и маж ми.
     
    На buba4e89, edna_malecka, BeloMache и 9 други им се допаѓа ова.
  18. BabyD0ll

    BabyD0ll Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2011
    Пораки:
    2.372
    Допаѓања:
    8.328
    Пол:
    Женски
    Е оваа информација доста помага за нас што треба да се пораѓаме.
    Фала ви :hug::d:
     
    На edna_malecka, thelittle17, BeloMache и 10 други им се допаѓа ова.
  19. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.279
    Допаѓања:
    9.105
    Пол:
    Женски
    Јас дека мораше да клекнувам на секој напон морав да буткам да се спушти бебето, после ме легнаа странично на боксот со едната нога горе на тоа за нозе што е, и како ми идеа напони јас така буткав ама без да се напрегам, туку буткав минимално како за какање запек коа имаш, е после кога почна вистинскиот процес, одма ме завртија во нормална положба и ми кажуваа како да буткам, со 3 напнувања испадна бебето.

    Најважно за сите што ќе се пораѓате, слушајте што ви кажуваат и така правете за да поминете полесно, целиот процес зависи само од вас, доколку вриштите и се дерете ништо нема да постигнете, само на крај ќе немате сила кога ќе дојде вистинскиот момент да буткате.
     
    На azelea, Ani297, K7M10J и 14 други им се допаѓа ова.
  20. mssuniquee

    mssuniquee Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 февруари 2015
    Пораки:
    3.778
    Допаѓања:
    53.169
    Пол:
    Женски
    Даа,и мене докторот ми викаше напни како да идеш да какаш :D И тоа кога ќе дојдеа најголемите болки. Без вриштење, јас од мака ја гризев спаваќата ама не вриштев. Чував сила за јаките напони. Кај мене дека беше големо бебе само тешко излезе кај рамениците и тука малце ме сецнаа. :)
    Тоа обавезно да го знаете:inlove:
     
    На buba4e89, edna_malecka, azelea и 4 други им се допаѓа ова.