Наjбитнo oд се мене така ми велеа и леснo пoминав, кoга ќе дojде кoнтракциjата не напнувам oдма туку чекам баш наjака кoга е. Сo 2,3 напoни jа рoдив.
Јас напињав за да го извадам од мене. Никој не ми рече да напнувам како за какање. Да си знам за второто ако дојде ред.
ајде украдов 10 мин да Ви ја пишам мојата приказна , отидов на контрола , Цтг слаби болки , бебе спуштено отворена 4 см на преглед пукна малку водењакот и чепот падна скроз , докторката вика ајде ковид , до 13 и 30 завршивме со прием и тест и во 15 ч веќе ме седнаа на стол да ми наместа фоли балонче , болеше малку ( ова прв пат го примам малку нелагодно како индукција ) и ми стави чепче питоцин за да се отворам , вика околу 4 до 5 саата ќе чекаме да падне балончето , ме ставија на ЦТГ ама сестрава вика болките рипнале нагло , додека ме вратија во соба на патолошка фолито си падна за неполн саат , директно ме качија горе во предродилна. Тука уште едно ЦТГ болки слаби , ме ставија на стол да го дотечат водењакот и вика докторката 8 см директно на бокс ми приклучија и индукција веќе 18 ч почна јаки болки , вика бабицата ќе раѓаш 10 см ама мора напони да се потспушти бебе од 19 ч напнував на 10 мин дури во 20 часот една болка јак напон излезе малата принцезичка , ме уморија малку искрено , мала епизотомија и плус испукав малку шиење со анестезија одма за 15 мин .... ме оставија саат ипол на бокс , па во соба полежав и веќе во 12 вечерта станав да се туширам ..... поминав во кратки црти ОДЛИЧНО
Зимаш воздух и при напнување со брадата према граден кош одиш и напнуваш како за какање Ова нели ти го кажаа да го правиш? Тие па ептен се таму природно требале да ти кажат може многу полесно ќе си поминела Второто за 5м
Стварно треба вакви раб. да кажуваат, другарка моја на ГАК се пораѓаше, се убив од напнување на стомак вика и цела распука и задникот дури позади,еден вика да ми кажеше како за во вц да напнувам, а не на стомак.Сега за второ ќе знае, ама зошто кога може барем некои вакви работи во тие болки да се тргнат многу лесно.
Греота ја малце распукав па соата болеше опоравувањето можам да замислам нејзе како и било Пробај најди ја мојата приказна мислам пишав за тоа ама најбитно е да ти кажат кога да напнеш иначе акп напнуваш погрешно џабе Терајте докторите да ви кажат или акушерката Проблемот е што многу од болки не слушаат и не соработуваат ама не смеат така доктори се мора да ти помогне
Честито мајка. Да сте живи и здрави и најсреќни и двете ❤️❤️❤️ Ако не читаш да ми кажеш кај кој доктор се породи и како се договори за епидурална? Фала на одговор и уште еднаш честитки и нааајмногу среќа и љубов. Уживајте ❤️
Проф Тофовски ме породи؛ Бев договорена со него ама и тие што не беа ги праша дали сакаат؛ искрено и за 2 би со епидурал, одмараш до крај кога ќе почне процесот и трае се на се 30мин؛
За епидурал како оди,се договараш пред време,се наплаќа???Немам поим тој дел како оди,убаво ке биде ако сака некоја да ми објасни. Тнх .
Zdravo, dali nekoja od vas devojki se razbira vo citanje na ctg??? Deneska na pregled maticnata izgleda ne sakase da me isplasi, deka sum panicar, ama izgleda mi se blizi poroduvanjeto.. osekam i meseto mi e cudno mi rece da otidam pak vo sreda ako do togas ne dobijam jaki bolki, inaku sum 39 nedela
Овде има контракции до 100, кај мене на раѓање беа од 80 до 100. Ти рекле да одиш во среда за да те следат,а и 39та недела ти е таман Јас се породив 39+1 И јас на гак се пораѓав,исто еден да кажеше дека треба напон како за какање,а не со стомак да напнувам па ќе знаев како треба. Наместо тоа,ми се качија тројца на стомак и ми го буткаа бебето. Викав од болка,ама и ги слушав кога кажуваа сега земи воздух,сега ова прај она...освен најбитното што не ми го кажале
Нз како е рандом ако отидеш؛ Овој ме праша а и другите ги праша, притоа ни пари ни ништо؛ А мн е битно да слушаш што ти зборат, како да напнеш и кога؛
Да многу е битно да слушате,не се турка на секој напон,а исто и правилното дишење е многу важно,има повеќе фази на дишење и е различно.Ова го читав пред првото породување ,ги имам испринтано од еден српски сајт,ако ги најдам ќе ви ги пуштам да ги видите. И немојте да викате,си ја трошите силата,стискате заби во себе и концентрирајте се.
На сите ама баш на сите жени на светов им посакувам да имаат ваков пораѓај. И јас би 3 деца да имам, се надевам дека во иднина желбата ќе ми се исполни.
Јас сум одамна породена Додека се отвараш тоа се тие болки во стомак и кичма а кога веке ке бидеш отворена за раѓање се истите болки само многу поболни и плус осекаш дека имаш напони Мене никој ме ми објасна шо како а две родив самото тело кога ке дојде време си турка и самото бебе а ние со напнувањето само му помагаме да излезе побрзо Знам едниот напон ми рекоа да го дишам а да не напнувам оти на вратот било тогаш се ма се 5-6пати напнав за некои 20 мин и бебе бр 2 беше надвор а за првиот пораѓај на 3 напон испадна така да слушајте си го само телото
Дали може некој да ни објасни техника на правилно дишење .. да знаеме како тие што доправа треба да минеме низ тоа ..