Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Породилни приказни

Дискусија во 'Бременост' започната од fairy88, 20 август 2012.

  1. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.279
    Допаѓања:
    9.105
    Пол:
    Женски
    Има видеа на YouTube и вежби за правилно дишење.

    Вежбајте ги секој ден, за во тој момент да не заборавите на ова бидејќи исто така многу помага и е важно.
     
    Последна измена: 16 декември 2020
    На BeloMache, azelea, Ava.84 и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.224
    Допаѓања:
    18.972
    Значи вака мој совет пошто се породив за 15м со 3 напони.
    Ќе слушаш доктор или бабица тој што че ти кажува, нема контрирање или плачење паника. Мора се од себе во тој момент да си смирена. Може ти звучи ова излишно ама ќе видиш дека МОЖЕШ.
    Мене ми кажаа за првите напони да фи дишам, ти доаѓа да туркаш телото турка ама ти си дишеше нормално. Тој напон трае неколку секунди после тоа телото одмара одмараш и ти на бокс.
    После докторката ми кажа Сега на следниот напон зимаш најдлабоко воздух, го задржуваш и со брадата да го допреш градниот кош и да стискаш најсилно како за какање.
    Ќе видиш дека имаш сила и дека можеш тоа да го направиш.
    И вака ја правев 3 пати и толку.
    После тоа напнуваш уште еднаш излегува плацентата тоа е ништо не се ни осеќа бидејќи излегло бебе.
    Мене ме плашеше и плацентата ама не осеќаш ништо.
    Тоа е во глобала а дури ми трае болките кога се спушташе немав посебно дишење не ми ни кажаа што како да правам. Доаѓа болката трае неколку секунди па пушта одмараш.
    Овие болки не беа изразени бев со епидурал на бокс епидуралот го гасат за да осеќаш се и напони и болки
    Ја болки на бокс немав
     
    На Martka, tamarce.j, edna_malecka и 24 други им се допаѓа ова.
  3. Fatalnata

    Fatalnata Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јули 2014
    Пораки:
    1.451
    Допаѓања:
    8.673
    Пол:
    Женски
    Прекрасно објаснето. Истите совети ги добив и јас од бабиците и ги слушав затоа се бидна во 3 напони.
    Јас бидејќи бев без епидурал,контракциите ги осеќав јако, а напоните како болка за одење во вц ама доста интензивна, кога поминува напонот одмараш, па собираш сила и воздух За следен напон иии СЛУШАШ што ти велат бабиците.
     
    На Martka, tina2018, lia22 и 10 други им се допаѓа ова.
  4. Kate Rina 93

    Kate Rina 93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 декември 2018
    Пораки:
    3.585
    Допаѓања:
    52.693
    Пол:
    Женски
    Мене ми викаа самото тело ќе ти покаже кога да напнеш.
    Кога ќе осетиш болка и потреба за какање напни.
    Така јас напнував за време на болката, и не осеќав дека боли којзнае колку. Одмарав помеѓу контракции. И толку. Не беше страшно. Само мора да се слуша што зборуваат за да биде се добро.
    На крај ме пофалија дека не сум паничела,сум слушала ,ко за прворотка лесно сум се породила:D
    А јас овде читав пред да се породам дека треба да напнувам ко за какање. Инаку којзнае, ќе напнував со стомак можда(facepalm)
     
    На Martka, edna_malecka, Alishan30 и 14 други им се допаѓа ова.
  5. azelea

    azelea Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    3.588
    Допаѓања:
    15.640
    https://www.ana.rs/forum/index.php?topic=161057.0
    Женски еве ви се за текот на породувањето од болки , дишење до напнување.Ќе ви бидат од корист ,ако треба нека се преместат во соодветна тема.
     
    На thelittle17, Klara91, BeloMache и 3 други им се допаѓа ова.
  6. no name5

    no name5 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2018
    Пораки:
    878
    Допаѓања:
    1.086
    Пол:
    Женски

    Ти благодарам драга на убавото објаснување,се надевам ке ни помогне
     
    На Klara91, BeloMache и Milkiway им се допаѓа ова.
  7. idnes

    idnes Активен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2020
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    57
    Пол:
    Женски
    Еве и јас да ја споделам мојата приказна.
    Ден на термин,утрото се разбудив со болки незнаејќи дека се прави контракции си седев дома и си ги мерев контракциите мислев дека се лажни бидејќи првата беше на 20 минути ,па на 10 минути па на 5 мин и тогаш се слушнав со мајка ми и ми кажа тоа е тоа земи торбица и правец болница.додека стасав во болница дојде 12:30 на шалтер се пријавив а имав контракции на секој 3 минути.
    Дојде бабица ме приклучи на цтг и се шетав во собата додека траеја болките. Дојде 14 часот јас сеуште не бев сигурна дека дојде време за породување си мислев сигурно се лажни болки... Дојде бабицата го зеде цтг и ми вели дај да те проверам колку си отворена и ми вели ти си 7 ипол прсти отворена ќе раѓаш викни го сопругот и право на бокс.. Дојде маж ми ми ја донесе торбицата и со една докторка отидовме на одел каде се боксовите ми приклучи инфузија да ми тече и тогаш кажав дека сакам епидурална.Во меѓувреме дојде бабицата која беше задолжена за мене ме облече и ме праша дали сакам да одам во вц бидејќи после епидурал не смеам да станувам од кревет.Отидов во вц и тогаш ми падна чепот и дојде анестезиолог ми зеде брис за ковид и ми ја стави епидуралната и тогаш ми олесна се чекаше само да ми пукне водењакот и точно кога веќе бев 10 прсти отворена ми пукна водењакот.бабицата беше цело време со мене и сопругот и ми даваше инструкции како и што треба да правам и тогаш се сетив да ја прашам а зошто не ми ставивте клизма и вели овде во Германија не ставаме клизма.
    Почнав да добивам напони и со тоа дојде до непријатната ситуација вршење голема нужда на бокс тоа ми беше многу непријатно бабицата се насмеја и ми рече твое е да напнуваш и да вршиш нужда и да родиш а мое е да бришам :D ми се случи неколку пати да се испразнам при напнување а Бабицата ниту во еден момент не покажа гадење и сл,вели тоа е сосем природна работа ти само напнувај.
    Сопругот ми даваше вода да пијам бев многу жедна и повраќав од епидуралната дојде Докторка ме следеше и ми вели ќе ја намалиме епидуралната да можеш да добиваш подолги напони и ми приклучија инфузија со медикамент за продолжување на напоните.Тогаш болките беа страшни и притисокот ми се покачи повраќав на секој напон.тогаш со еден кабел од главчето на бебетото сеуште во стомакот му зеде крв да проверат колкава му е сатурацијата и беше се во ред и срцевите тонови беа добри ме фати за рака и ми вели ајде собери сила и неколку мин те делат од бебето... така при секоја контракција напнував и во еден момент бабицата ми вели сакаш да ја допреш главичката ми ја стави раката доле кога ја допрев косичката добив таква сила на следниот напон му излезе главчето а јас имав страшни напони само рече не напнувај сега да го извртам во позицијата која треба и во следниот напон излезе и телото кое олеснување во тој момент кога заплача нашиот син (3540g)со отворени очиња ми го ставија на градите и во тој момент ме погледна во очи и заспа...среќа која не се опишува станав Мајка ...
    Таткото како што е редот ја пресече врвцата и одма се јавивме на нашите родители.овде бебето останува цело време кај мајката на гради да се оствари врска меѓу нас.
    Со мал напон одма излезе плацентата и тогаш докторката ми кажа дека сум распукала и мора да ме сошие.Ние се галевме со бебето додека таа си ја вршеше работата ништо не осетив :)
    Малку опширно ви ја раскажав породилната приказна и на сите ви посакувам среќа и со лесно да поминувате со полни раце да си одите дома :)
     
    На Martka, ma4e1311, Slonce91 и 51 други им се допаѓа ова.
  8. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.804
    Допаѓања:
    33.747
    Пол:
    Женски
    Живо и здраво да ви бибде синчето:inlove: Ме интересира дали се пораѓаше со маска?
     
    На thelittle17 и Klara91 им се допаѓа ова.
  9. Skyfall

    Skyfall Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    2.160
    Да ја раскажам и јас мојата приказна. На прегледот во 38ма недела, докторката ми рече да закажеме за провокација за следната недела, во 39та. Второ бебе, немало потреба да чекаме до крај според неа. Плус празник идеше (Thanksgiving) сигурно не и се идеше на празник да ме пораѓа ако ме фатеа болки тогаш :D
    Закажавме за вторник, 24ти Ноември. Во понеделник бев на преглед. Ме провери веќе бев отворена 4 прста. Вечерта имав контракции ама не беа редовни. Сабајлето во вторник, отидовме во болница. Ме сместија во соба, ми пуштија провокација преку инфузија. Околу 1 попладне ми ставија епидурал, почнав да имам посилни болки. Околу 3 часот дојде сестра да ме провери колку сум отворена и требаше да ми го пукнат водењакот. Почна да ми станува лошо и се тресев целата. Се насобраа сестри и докторки околу мене. Ме свртеа на страна, ми го пукнаа водењакот. Сум имала многу чести контракции, по 3 во една минута, и на бебето срцето почнало да ослабнува поради тоа. Ми ставија некоја инекција во рака, ми го масираа стомакот. Тој период бев некако во бунило. Ми кажаа дека ако повторно се случи тоа, ќе ме прават царски. Ок, помина тоа. Се тресев целата, не ми беше ладно, ама неможев да се смирам.
    Околу 5 часот почнав да добивам напони. Ја викнав сестрата и кажав. Бидејќи мојата докторка уште не беше дојдена во болницата, ме праша дали можам да ја чекам или ќе викнат друг доктор. Неможев да чекам, реков нека дојде било кој, само да се олеснам :D
    И почна процесот на раѓање. Во меѓувреме стаса и мојата докторка. Се смеевме дека дојде во вистинскот момент, кога бебе почна да испаѓа :D
    И во 5:27 се роди мојата втора крофна. Околу 3900 грама тешка :) ми ја ставија на гради да се погушкаме. Тата ја пресече папочната врвца. Потоа ја земаа да ја ичистат и измерат. Бутнав уште еднаш и испадна плацентата. Подолго време траеше шиењето, отколу што се пораѓав.
    И тука не ставаат клизма.
    Пораѓањето ми беше полесно овој пат, за разлика од првиот кога подолго време ми требаше да буткам. Некако бев поспремна и поискусна што и како треба да правам. :)
     
    На Martka, edna_malecka, tina2018 и 29 други им се допаѓа ова.
  10. idnes

    idnes Активен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2020
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    57
    Пол:
    Женски
    Ги прашав дали може без маска бидејќи е тешко да се дише ми дозволија,персоналот и сопругот беа цело време со маска јас бев поштедена секако со претходно негативен тест :)
     
    На Klara91, fana и Ava.84 им се допаѓа ова.
  11. sun995

    sun995 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2017
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    1.140
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите мамички
    Беба спава па ќе ви пишам на кратко
    Саботата почна да ме боли стомак повремено и прекинува дури едно време беа силни болки и ми беше страв и сепак се решив да појдам на лекар ми направија цтг ама беше Мирно ми рекоа да јадам и да се вратам за еден час а во меѓувреме ми кажаа 2цм отворена дека сум откако се вратив добро беше цтг со тоа што немаше контракции и ми рече да повторам во недела или понеделник ако можам.1,30 после полноќ мене почнува многу да ме боли меше ја го галам и сум заспала во 5.30 го будам мм за да иде на работа ама ја уште сум со болките и ми вика да звонам н а татко ми да дојде бидејќи ние немаме кола па татко ми дојде ајде пак таму цтг мирно со минимално контракции и ме праша дали да останам или не викам ја подобро да останам бидејќи мм раб 12 саати и да не сум сама до после ќе ви допишам се разбуди
     
    На Martka, edna_malecka, tina2018 и 17 други им се допаѓа ова.
  12. sun995

    sun995 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2017
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    1.140
    Пол:
    Женски
    Eve me nazad od kako ostanav vo bolnica so bolki bev celo vreme i malku setav vo hodnik od bolki posle odredeno vreme bea prejaki I morav da legnam posle neceli 15mins mi pukna vodenjak I od koa pukna posle odredeno vreme me sredi ja so klizma i celata dur se tresev I dur bev u bolki nekako uspea da me vidi doktor I bev vise 6/7 prsti otvorena i me odnesoa na boks I od koa zavrsiv na boks vo rok od 40mins se rodi mojata princeza Nika teska 3310 i 49cm
     
    На Martka, idnes, edna_malecka и 31 други им се допаѓа ова.
  13. Klara91

    Klara91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2020
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    1.206
    Пол:
    Женски
    Браво, лесно и убаво ми се чини си поминала, да сте живи и здрави и уживајте ❤️
     
    На BeloMache и sun995 им се допаѓа ова.
  14. sun995

    sun995 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2017
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    1.140
    Пол:
    Женски
    Falaaaa
     
    На BeloMache му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Cakicka

    Cakicka Активен член

    Се зачлени на:
    17 март 2020
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    50
    Извинете ако прашањето не за во оваа тема.
    Имал ли некој проблем со раната после царски рез? Дали е нормално едната срана да има оток и да е поболна од другата
     
  16. LadyLollypop

    LadyLollypop Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2019
    Пораки:
    1.126
    Допаѓања:
    5.415
    Пол:
    Женски
    Сонцеее честиткиии!!! Жива и здрава да е малата. Гушки до двете :hug: :hug: :* :*
     
    На sun995 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. sun995

    sun995 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2017
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    1.140
    Пол:
    Женски
    Falaaaaa :*
     
  18. BabyD0ll

    BabyD0ll Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2011
    Пораки:
    2.372
    Допаѓања:
    8.328
    Пол:
    Женски
    Ајде да пишам додека ми спие златото мое :l:

    Со надминат термин од 5 дена едвај чекав да се породам.
    На петтиот ден после изминатиот термин сабајлето 28ми Декември во 6 сатот почнаа слаби болки на далечни интервали од 10минути.
    Така цело време ги следев и не знаев дали се тие болките или се брекстон хикс.
    Се решив во болница да одам кај 9 сатот сабајлето, отидов таму видоа цтг одеше до 100 ама на далечни интервали, ми рекоа да се вратам дома да се опуштам во када и дека ова е почетокот од пораѓајот и дека може ќе ме фатат јаки болки, ако не ме фатат до следниот ден јаки болки ќе мораме со провокација да се пораѓаме.
    Заминав дома и така цел ден со слаби болки на далечни интервали следев и почнаа да се појачуваат навечерта.
    Легнав да спијам и почнаа појаки болки ама сеуште на далечни интервали на 8минути.
    Му викам на маж ми јас вака не можам да спијам одма да одиме во болница до утре ако сум вака ќе се пораѓам без енергија и тоа со провокација, нека ми ја стават бар вечерва провокацијата.
    И ете ме примија во болница 29ти 00:15 да речеме.
    И ме ставија на цтг вагинален преглед 1цм отворена. Така ме следеа доо 9 сабајле едвај се отворив 3 цм.
    После пробавме сѐ значи од када со топла вода, до пешачење, па некои слаби аналгези да ми ја ублажат болката и стигнавме до 5цм кај 5сатот после ручек.
    После тие 5цм не се отварав повеќе и мораше провокација да ми стават.
    Имаше една предобра бабица што никогаш нема да ја заборавам.
    Ме виде дека се напатив и почна да вика “на ова јас ќе му ставам крај сега!!”
    Организира да ми стават епидурал пред време 40минути од мене се чекаше само да се согласам.
    Ме убеди за епидурал ми ставија и провокација и чекавме да се отворам до 10цм.
    Се отворив 10цм кај 22:30.
    Бебе турка со главата туркаа значи сака да излезе, водењакот пукна некаде кај 7цм отворена.
    Ајде вагинален преглед вика 10цм си отворена ама бебе е со главата сеуште горе не може да се спушти никако, сигурно имаш големо бебе.
    Замина да се консултира и се врати да ме извести дека ќе мора царски оти сум била карлично тесна а бебе големо. ;(
    Паника почна да ме фаќа, прашвев дали ќе умрам на операцијата.
    Таа уште дојде да објаснува кои се ризиците на операцијата.
    Слушам нешто крварење и готово значи реков тука ми бил крајот.
    Ајде ме спремија кај 23:15 за царски.
    Мене почна температура да ме фаќа и да ми се спие, бебе почна пулсот да му оди до 170.
    Ајде ми дадода нешто за да не паничам се напив и тргнавме за царски, кога слушаме има хитен случај и треба да чекаме т.е да се вратиме во породилната сала.
    Ајде реков готово значи и царски не може сега, се нешто препреки значи бебе никако да излезе.
    Ајде 15минути чекавме и тргнавме после и така јас од тоа што ми дадоа да се напијам додека траеше операцијата итрескав глупости.
    Анестезиологот на англиски ми збореше нешто и ете бебе конечно излезе во 00:10мунти 30 Декември :D
    Да кажам дека и свадбата со маж ми ни беше на 30ти Декември. :l:
    Значи и природно и со царски си родив.
    Ама ме премачија.
    Тоа е што е, сега закрепнуваме еве денес одма сум на нозе до вц можам да одам, ама под доста медикаменти сум и понекогаш ми е мака и си плачам.
     
    На Martka, elcezelce, kostovaivana и 58 други им се допаѓа ова.
  19. minne992

    minne992 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    4.362
    Допаѓања:
    26.265
    Пол:
    Женски
    Леле си се изнамачила:|
    Мило ми е нека е здраво и живо бебчето :inlove:
     
    На thelittle17, BabyD0ll и Ava.84 им се допаѓа ова.
  20. Mom_3

    Mom_3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2020
    Пораки:
    441
    Допаѓања:
    936
    Пол:
    Женски
    Си се намачила душа ама си се олеснила,ке заборавиш на болките поминати , бидете живи и здрави:inlove:
     
    На thelittle17 и BabyD0ll им се допаѓа ова.