Јас ви посакувам секој како мене да помине, си дојдов на ГАК на контрола на 31.12 сабајлето. На цтг контракции јави , а јас немам болки и ајде вагинален преглед јас 4 прста отворена. Ковид тест , ме облекоа и ајде на одделение. Една провокација ми дадоа пукна водењак, ајде на бокс веке скрос отворена и со две буткања искочи бебе. Ама затоа ми наплатија со шиење 40 мин двајца доктори зошто многу сум испукала и ме сецнале плус, ме болеше повеќе од раѓањето. Од прием до раѓање вкупно 30 мин Битно сме добри, живи, здрави
Многу ми е мило, на секого му посакувам и јас лесен и природен пораѓај. Закрепнувањето после царски рез е многу фрустрирачко, не можеш сама бебето да си го земеш 3 дена ти треба помош 24/7
Ај само утешете ме.. дали шиеново брзо заздравува и некој совет што да правам? Највеке пецкање осеќам скроз позади накај газот. Се мачкавте ли нешто?
Нека ти е живо и здраво малото. Честитки. Масло од кантарион си имам спремано јас здравје за во болница. Знам дека многу помага за рани, а во болницата нз дали дозволуваат да се мачка нешто.
Во болница не мачкав ништо. Само барав инјекција против болка. А дома многу често ја миев раната со млака вода, ептен ми олеснуваше, тапкам со сува крпа и прскам со виоплекс спреј. Штом ми паднаа конците почнав да мачкам кантарионово масло. Со лесно
овој пат и мене на ГАК ме сецнаа малку а сосема на другата страна сум испукала до газот , за разлика од другите епизотомии за недела ми зараснуваа оваа 20 дена чекав конци да паднат и повеќе ме болеше , ништо не ставав само миење после секое идење во тоалет , на почеток малку катарионово масло ставав ама после и тоа го оставив ..... ќе помине
Јас после секое одење во вц се одмивав со сапунче, после тапкав со сува крпа и прскав виоплекс спреј. Од тоа најбрзо заздравува.
@Cholipam честитки,да е живо и здраво бебчето. Јас така за првото многу бев за никаде ,миј со физиолошки,вода и јод можеш,кантарион дури отпосле малку да зарасне.
Мене уште во болница ради оток на шиеното ми рекоа да ми донесат Ациди Борици. И така првите неколку дена после замивање на улошката ставав Ациди, и ти го лади местото и многу помалку осеќаш болка. После неколку дена наизменично се прскав со виоплекс или мачкав кантарион. Потоа откако паднаа сите конци продолжив само со мачкање кантарион, плус малку ставав и на влошката.
Зависи од кожата. Мене одма ми заздраве, а исто бев и сечена и испукав бајачки. Ништо не ставав јас, само не се бришев после тоалет со хартија, се миев. За недела дена веќе седев нормално. П. С живо и здраво да е бебето, сѐ да ви оди лесно натаму исто како пораѓајот
Нека е живо и здраво. Кај тебе со крупно бебе и природно би било релативно тешко. Битно поминало. Мене ми требаа две недели да се вратам во нормала, преморена бев и многу ме болеше. Раната и сега на промена на време ме боли ама се заборава. Мисли позитивно и фокусирај си се на доење.
Браво ,се радувам на ваквите случки,мило ми е за тебе што брзо си се олеснила,бидете живи и здрави со бебуш
Јас бев доста шиена. Докторката ме советуваше миење со млака вода после секое вршење било мала или голема нужда. Сушење со чиста крпа со тапкање и толку. Негде после 7 дена не ми сметаше шиеното