Ајде еве ме и мене после 4 и пол месеци се решив да ви ја раскажам и мојата породилна приказна Бев точно 39та недела почнаа да ме фаќа многу јак склет последните неколку денови неможев да спијам како што треба киселини ме убиваа, станував по 10000 пати за во тоалет, ми тежеше стомакот неможев да седам ни да се движам, едноставно кажано едвај чекав да дојде моментот кога ке се породам, не мислев ни на болка веќе, ни како ќе биде ни што ќе биде... Беше вторник 21.05 бев на преглед во државна т.е на ЦТГ и да се видам со докторката што ќе ме пораѓа она се изненади кога почна на ЦТГ-то да ми покажува болки и само ме праша, добро Ана зашто не кажуваш дека имаш болки? И јас цела прашалници и одговарам - Па немам, ништо не осеќам !? Ајде ми вика на бокс седнувај, Оооо па ми вика ти си била 3 прсти отворена и чепчето ти е паднато, кај да е ми вика може да ти пукне водењакот...дојди ми вика утре у 8 сабајле пак па ќе видеме што ќе правиме...На враќање јас цела возбудена почнувам да се тресам не ми се веруваше дека готово се гледаше крајот на бременоста и почетокот на нешто најубаво едноставно не ми се веруваше дека ќе станам мајка, маж ми ми глуми сталожен а во очите му се гледаше дека и тој е возбуден Вечерта едвај заспав само ми се мотаа некој мисли у глава, али си викав дека нема шанса другиот ден да се породам, мислев дека пак ќе ме вратат, ''рано ''ми се гледаше.. Сабајлето со маж ми под рака одиме на болница и право на ЦТГ, па тоа престана да работи почна да титка многу силно си мислев којзнае што е од памет се извадов си седам така два пати по 15 мин болки покажува а јас ништо не осеќав чудно ми беше ептен. Дојде докторката и ми вика ти си спремна за пораѓај ајде иди да кажеш податоци за историјата и да облечеш спавача денес ќе се пораѓаш и јас ДЕНЕС? Вика да да, денес! Јас само го пратив маж ми да ја донеси торбицата од дома, не ја земавме зашто мислев ќе ме вратат и си седнав у чекална таква со спавача и си чекав Уште не бев свесна дека ќе се пораѓам, Дојде маж ми ја донесе торбицата и знам само дека дојде болничар со количка и ми вика ајде седнувај , јас ко ја видов количката од памет се извадив хахха викам зашто ми е не ми треба можам сама да идам Се качивме у претпородилна сала се збогував со маж ми се изнагушкавме и само влагам у таа собата и гледам жени лежат имаа болки , некои шетаат се виткаат...ми го покажаа мојот кревет ме ставија на цтг и си лежев така некое време, ме станаа ми ставија чепче се прочистив, и тогаш изгледа ми ставија провокација и тогаш почнав да осеќам слаби болки, како менструална болка на почеток која станува се посилна и посилна, ме станаа на бокс да проверат изгледа колку прсти сум отворена, и само докторката вика 3-4-5 прсти и тогаш ми го пукнаа водењакот..е тогаш ми се чини господ го видов...значи многу ме болеше тоа почнав да рипам од бокс неможев да издржам и докторката ми вика само Анаа смири се издржи не мрдај...леле викам како да не мрдам па пак ме легнаа...е тогаш сфатив што се тоа породилни болки и ми текна на муабетот претходно што се чудев дека ми покажуваше болки на ЦТГ-то а јас се правев важна дека не ги осеќам јас само лежев и го гледав саатот како поминува времето... У сала ме качија у 10 а веќе беше 13 часот...Почнаа болките да стануваат неподносливи ја замолив сестрата да станам зашто коа лежев некако повеке ја чувствував болката.. Маж ми ми звонеше на 5 минути јас неможев ни да зборувам веќе... Пак ме викнаа на бокс...5,6,7 вика прсти незнам колку пати ме провери колку сум отворена тоа ми чини ми беше најсмрт...И само ми кажа ајде ми вика ти у соба ке се пораѓаш...КОНЕЧНО си викам! Ме ставија и таму на ЦТГ, болките веќе беа на 2 минути некаде, таман ми поминале еве ги пак..не сум мислела дека болката е толку силна, знам само дека на 5 минути ме проверуваа колку прсти сум отворена тоа многу ме измори и истошти ми ставија анестезија, некако ми олесна не ги осеќав толку силно но некако многу брзо ми помина анестезијата незнам зашто и сеуште се прашувам и кога пак почнав да ги осеќам ми кажаа дека сум 9 прсти отворена и ме прашаа дали имам напон, а јас ништо од НАПОН НИ Н немав! Ми рекоја да туркам, али џабе беше се...Веќе беше 17 часот а јас снемав сила, а болките беа неподносливи, си мислев дека никогаш нема да заврши сето кога последен пат ме проверија доле ми се чини рипнав од бокс готово и само докторката ми вика ајдеее вика не си ти за природно немаш напон ајде на царски најдобро е така, незнам од кај ја добив таа сила - сама станав и излегов од вратата цела свитката кога ме виде докторката ми вика лелеее кај си тргнала брзо количка... И така влегов во сала, знам само дека имаше повеќе доктори или што и да беа веќе ми се темнеше пред очите, ми ставија спидална анестезија (или како и да се вика) и осеќав како нозете ми отрпнаа, ништо не осекав веќе ни болка ни ништо во еден момент само ми кажаа еве го бебето доаѓа .... и јас значи од што бев толку замаена викам каде е каде е плаче? И само го слушнав тој бебешки плач, едноставно не ми се веруваше дека тоа е моето бебе, дека конечно дојде тој момент, го видов за прв пат лево од мене каде што го земаа да го средат, ми потекоја солзи си викам конечно дојде златото мое, ми го доближаа до лице, очињата му беа отворени ме гледаше сонце мамино тој поглед никогаш нема да го заборавам. Така се роди Марко Тежок 3320, 50 долг, на 22.05.2013 година во 17:55 часот. Сега сум најсреќна мама на цел свет, болката поминува и се заборава, а првиот поглед со своето најмило НИКОГАШ! П.С Јас ги осетив двата начини на пораѓај и природно и царски тоа е најлошо, за следниот пат ке си знам и тоа и тоа како изгледа али никојпат нема да ги пробувам и двете во никој случај, имаше жени што легнуваа и се пораѓаа во 5 минути, но јас не ја имав таа среќа за жал сега имам уплав од природен пораѓај
minnie така и се осеќам, како хорор да сум доживеала. Но бе се плаши, секој е различен, можеби нема да имаш такви болки, може побрзо ќе помине све кај тебе, можеби јас поминав лошо дека им верував и очекував анестезија а ме изиграа- а не бев спремна на тоа. Не се плаши, на крајот на денот преживеав
Спојлер А не ти кажаа зашто немаш напон? Мене пак ми е страв царски дека овде ставаат само целосна анестезија,и кога се сврте малиот која недела?
Спојлер Не ми кажаа зашто а јас се мачев доволно долго и бев и преуморна за да прашам се што сакав беше да си го видам бебето што побрзо, видов деа неможев и тоа е тоа, а инаку во државна не ставаат целосна анестезија, јас бев свесна за време на операцијата како што кажав од половина надоле ништо не осеќав, а бебето беше надоле уште почеток на 9ти месец
da stavaat jas se poragav bitola i koga me prasaa kako sakam da se porodam dali prirodni ili so carski mi napomenaa i deka imaat epidural .Imaku ja zapoznav i cepurovska dodeka cekav na bolnica no za kaj nea napolni si go dzepceto od doma poike.Jas bev so pominat termin i so bolki me drzese 12 saati na bolnica i me pusti da si odam doma.zatoa sto ne i dadov nosto.fino lepo preziveavnekako i naredniot den koga se smenija doktorite si otidov i si se porodiv.inaku sekako ke im dades da se pocastat otkako ke se porodis no na nea treba da i dades vedans stom ke vlezes na bolnica pa potoa otkako ke se porodis toa si e baska.Inaku kaj kogo i da se poragas ti posakuvam sreka i so lesno pozzz
da stavaat jas se poragav bitola i koga me prasaa kako sakam da se porodam dali prirodni ili so carski mi napomenaa i deka imaat epidual .Imaku ja zapoznav i cepurovska dodeka cekav na bolnica no za kaj nea napolni si go dzepceto od doma poike.Jas bev so pominat termin i so bolki me drzese 12 saati na bolnica i me pusti da si odam doma.zatoa sto ne i dadov nosto.fino lepo preziveavnekako i naredniot den koga se smenija doktorite si otidov i si se porodiv.inaku sekako ke im dades da se pocastat otkako ke se porodis no na nea treba da i dades vedans stom ke vlezes na bolnica pa potoa otkako ke se porodis toa si e baska.Inaku kaj kogo i da se poragas ti posakuvam sreka i so lesno pozzz[/quote] znam deka saka,,edna moja poznanicka posle porojgajot i dade 50evra i rekla da znaev ne se kandisvev da te porodam za tolku pari taa saka 100ka,,,alal neka i se parite ako me gleda kako sto treba ,,,strav mi e -
Мојата втора породилна приказна Бев во 38 недела кога појдов прв пат кај докторот кој сакав да ме породи др.Талевски.Се запознавме му кажав дека сакам тој да ме породи,ми го виде цтг се беше во ред и ми вика" на 30 ти сум пак дежурен дојди тогаш и ако нема болки на цтг ќе направиме царски,а јас силната му викам ама докторе ова сакам природно да го родам е добро ми вика колку години поминале",му кажав дека од првиот пораѓај има поминато 7год и ми вика "добро оди качи се на бокс" за да ме прегледа вагинално.И се качувам јас на бокс и кога ми збрца тоа прстите не дека човекот беше многу груб ама мене прегледот ми е многу болен и ми вика "е како ќе раѓаш ти природно? .Добро е ми вика грлото е меко ако сакаш ќе почекаме и за природно" и ме испрати така од болница и по една недела пак да се видиме. Е сега мене веќе ме фаќаат нервози и некако си го зацртав тоа дека на 30 ќе се породам дали природно или со царски битно повеќе од 30 да не чекам повеќе. И одиме пак на 30 на болница јас со се ташнето се средена од предходната вечер во секоја смисла на зборот и решена да раѓам.И тргнувам да си го земам ташнето и мажот ми ми вика "а бре чекај да видиме не ја сили работата.Јас му викам јас денес од болница не излегувам ќе раѓам за да не слегуваш пак земиси ја торбицава од сега оти нема да се премислам" . Се качивме на оделение докторот уште не беше дојден од Битола(јас се пораѓам во болницата во Прилеп,ама пошто немаме доктори на гинеколошкото одееление ни идат и доктори битолчани) и го почекавме за тоа време ново цтг и кога дојде тој јас одам кај него за да го види и ми вика "пак нема болки сега шо праиме е па му викам докторе јас сум решена денеска да раѓам сега одиме на царски,е па добро ми вика ајде уште посабајле со тоа да завршиме",ми ги даде документите да ги однесам за да ми ја отворат историјата и си се качив на одееление за да се спремам за царскиот. Е сега тој дел е многу долг и како и за првото така и за ова додека те подготват ќе пукнеш и треснеш од досада па еден систем, уште еден, па преглед,па не дошол на време анестезиологот итн. И иди анестезиологот и ми вика "сега почнуваме ќе ти ставам спинална и раѓај,(а јас решена за целосна анестезија пошто за првото дете имав проблем после пороѓајот со половината и не сакав пак боцкање долу во половината).Докторке и викам јас несакам спинална како ми вика така види шо си уба слаба,висока измислена за спинална,ама и викам не сакам" и почнавме да се расправаме таа не дава целосна јас не сакам спинална,па ми вика "знаеш колку е подобра и за тебе и за бебето спиналната" и ред др работи,и на крајот ми пукна филмот и и викам "а бе знам докторке дека е подобра ама првиот пат 40 миниту ми ја ставаја спиналната девет пати ме дупнаа и затоа не сакам пак низ тоа да поминувам",и тогаш ја замислив малку и ми вика "ај да се договориме ако не те погодам од прва ќе те успијам можи?" и така падна договор Влеговме в сала а со нас и едни чупиња што беа на пракса од медицинско да го гледале мојот пораѓај и тоа благодарение на анестезиологов,демек да научеле нешто (а единствено што можат да го научат е да имаат фобија од пораѓај ) ме седна на тоа масата ај ми вика сега да си се опуштиш јас само ќе си мерам овде,и ми ја стави анестезијата од прв пат и тоа дури си мереше И од кога легнав на маса е сега и викам "докторке да ви се ИЗВИНАМ ама стварно од што бев исплашена затоа се карав со вас" и така се смиривме малку . И после тоа почна царскиот малку поразличен од првиот затоа што на првиот ништо не чуствував и бев многу релаксирана си кажувавме вицеви со анестезиолозите,а сега за овај царски чуствував докториве се што работат само што ја немаше болката,и од тоа ме фати малку паника мислев дека ќе почнам да чустувам и болки ама се помина како што треба,ја извадоја Калина тоа беше најважното и после тоа другото не беше толку битно.Докторов најубаво што можи си ја заврши работата и многу сум задоволна и цело време додека ме спремаа за царскиот тој беше тука некаде во близина и само ме задираше демек да не мислам на операција да бидам релаксирана значи имам само пофални зборови само за др.Талевски. Е па тоа е тоа мојата втора породилна приказна
Спојлер нека ти се здрави и живи и двете чеда само радости да ти носат.. а мене ме интересира за спиналната анестезија... само од половината на долу си отрпната така.. и колку време трреба да помине за пак да се вратиш у нормала??
Ddevojce за првата анестезија ми требаше повеќе време да се вратам во нормала,ама ми беше појака дозата и подолго време не си ги чуствував нозете,а со вторава анестезија ми беше потребно кратко време за да бидам коко што си бев како пред анестезија,значи според мене се е во дозирањето,ако е послаба дозата на анестезија сите викаат (и сестри и доктори) дека било подобро. На пр. за првото после 10дена бев пак како порано,а со второво после 4 ден бев како нова
ајде еве ја и мојата породилна голгота седнав и ке ви ја раскажам. понеделнички сабаје јас на цтг имам мали болки а цтг то не дава никакви знаци. ми викаат за 2 саати дојди. цтг то пак ништо ајде почнавме со расипано цтг а јас контракции, и го поминав тоа чудо значи од старт малер. со резултатите од цтг то кај докторката на преглед и ми го пукаат водењакот при плеглед. Ајде веднаш спавака а јас жива срекна дека ке се видам со бебушот. се смејам и уживам. и оп се најдов на патолошка. од 12 попладне до 1 вечерта. во 1 ме качија горе. и таму шетај во пред породилно бебето високо. контракции имам но болки не. сите се виткаат а мене ми се приспива, не осеќам болки.ајде од групата што бев таму последна ме земаа кај боксовите и ми дадоа за задача да кружам околу бокс, високо го носев малото јбг. и ете доаѓа докторката и вика ајде спремајте ја за порагај. и напнувам не излага, напнувам не излага.... еден доктор ми скока врс стомак луѓе скока притиска мислев ребра ке ми пукне не бе не излага. кога сите наеднаш ги снема... они да се консултираат... се врака екипа од 3 доктори и 10 луѓе плус ми викаат ке напнеш но ако не излага одиме со вакум. јас уште толу давам сила.. ми пукаат капилари од нос се правам крв цела и викааат стој може не дај боже да направат поголема глупост. од таму др. доктор вика да ја носимње на царски, но д-р. адела вика не јас ке ја порагам со вакум. влечеа и го извадија малку го реанимираа затоа што имаше доживеано фетал дистрес заглавено во канал. мене м ираспука матка шиена сум (но фала богу добро сум ). во болница останавме 7 дена детето со уреоплазма а незнаеа што му е мислеа дека е повредено од вакумот, а јас 100 пати каѓав дека имав уреоплазма, конечно ме послушаа и го најдовме лекот. малото беше на уинфузија и го водеа како тежок случај. но борец е и се избори. јас примав крв затоа што доста иизгубив и имав слаб хемоглобин. но ете се на се се е добро кога добро ке се заврши сега сме срекни и весели и јас пак би се порагала природно затоа што нем,а поубаво и попрекрасно чуство од тоа да си мајка
Еве ме и мене, конечно можам да седам и да пишам . Се породив пред една недела, со царски рез. Болки имав три дена, но никако не ми ги регистрираше ЦТГ-то. Ми се идеше да му мавнам една . Така два дена и третиот ден, односно ноќта почнав да крварам. Не буквално, туку некоја розеникава течност, која на моменти беше и црвена. Чепот падна . Следниот ден ме проверија дали сум отворена и ништо, а јас неможев ни да седам ни да лежам. Имав болки во препоните и кичмата. Вечерта заминав да ме прегледа лекарот кој требаше да ме пораѓа. И пак на ЦТГ нема болки, а јас отворена само еден и пол прст. Болките најверојатно доаѓаа од здравствениот проблем кој го имам, па констатиравме дека природно неможам да се пораѓам. Од самиот старт на бременоста се знаеше дека единствена опција е царски, ама сакав да пробам, но ете кога е во прашање здравје, се прифаќа најсигурниот метод. Закажавме царски за неколку часа, за тоа време ме спремаа, цела вечер ме ставаа на ЦТГ за да го следат срцето на бебето затоа што беше тахикардично од болките кои најверојатно почнуваа да се јавуваат. Сабајлето пред царскиот опет бркање на прсти и само два прста отворена. Тој дел во следната бременост ќе се обидам да го скокнам . И така, се роди моето мало бебче, кое тежи 3 кг . Јас симнав 5, ми останаа уште 5 кг. Послабо јадам, едвај се опоравив од анестезијата и операцијата. Сепак е операција. Плус боли резот кога се будеш, а јас сум и шиена. Станувањето првите два дена е хорор, боли, еве искрена сум, ама како што минуваат деновите раната се помалку се осеќа. Во болница останав пет дена, поминав одлично, од доктор до сестри. Докторот кој ме породи е најдобрит лекар кај кого сум била. Зборувам за државна болница, во внатрешноста. Не можам да се пожалам на пораѓајот, освен стандарнтата болка и мака која следи со царскиот, останатото беше супер. Барем кај мене така се погоди. Среќна сум што се помина супер и без некои компликации . За следната бременост знам што ме чека, пак царски :geek: .
Ајде и мојата втора породилна приказна,зашто уште малку ќе дојде и третата на ред На 4 дена пред да се породам иако термин ми беше после две недели ми падна нештто како кафеаво,лигаво(тоа со првото не ми се случи)и јас неискусна тогаш одма пишав на еден форум,кој што ми беше како втор доктор,втор дом,каде што добивав мноогу информации и сите женички таму несебично делеа совети се разбира од искуство...одма ми кажаа дека е чепот паднат и во скоро време ќе си се гушкаме со бебушот...бев среќна и истовремено исплашена,бидејќи ви пишав веќе како поминав со првото...верувајте многу е полесно кога имаш со кого да споделиш и да ти даде некој подршка макар и виртуелно,како што тоа го добив на тој форум,до последно беа со мене(повеќето ќе сватат на кој мислам,ама не е тоа важно сега)...отидов одма во болница,навистина беше чепот,цтг уредно,се во ред,па ми рекоа да одам следниот ден пак на цтг,па ќе видиме што понатаму...и ме задржаа и чекавме болки да добијам,иако бев само два прста отворена.Прв ден,втор,веќе и трет поминува,почна сафра да ме фака,ни болки,ни пак се отварав...а трет ден откако ми падна чепот.И вечерта и викам на сестрата јас сакам да си одам дома,неможам повеќе тука,а она ми вика "ааа неможе вечерва тоа освен утре да го прашаш докторот и дали ќе те пушти"...јас и викам решена сум и ако треба сама ќе потпишам ама утре си одам.Таа ми вика "ок ќе видиме утре,што ќе каже др".Сабајлето доаѓа во 6 да ме уклучи на цтг и јас и викам нема потреба и така ќе си одам,а она ааа морам,тоа ми е работа и викам ајде ок и уште недовршено цтг то викам по неа,да ми го исклучи ми се оди у вц,и она ме послуша,и таман да станам кога оппп ми пукна водењакот и ко реча почна да тече и сестрата со смеење ми вика,"а сега кај ќе одиш,а,нема бегање"...итака двете се изнасмеавме и ми вика "е супер денес е недела,Кировски е на смена,и одма ќе те породи со провокации"...и така беше дојде др ме виде,ми рече кај 11 ч ќе ме стави на систем и ќе почнеме со пораѓајот.Јас пресреќна му се јавив на сопругот(мислеејќи како со првото одма после провокација ќе се отворам за 10 мин)му викам срце,сега ми ставија провокација(кај 11ч и 30 мин беше)за пола саат јас ќе се породам ..ах да беше така,ама не! Почнаа болки малку по малку,па се поголеми и поголеми,а само 4 прста отворена,болките неиздржливи,ама пак јас многу исплашана и почнав да викам дури...доаѓа сестра ми вика немој да викаш,диши правилно ќе ти треба сила за напони,две женички што беа со болки од страв како викам ги вратиле пак на патолошка,и они сироти од страв им ги снемало болките...абе лудница беше...др даваше се од себе,ми ставаше двапати спазмекс инекции,ама отварањето слабо одеше...така се до 16ч кога веќе добив напон,и викнав по докторот и одма ме качија на бокс и со помош на докторот и бабицата успеав со два напона да го родам моето второ сонце,среќа не ме сецнаа иако сестрата се фати за ножиците,ама јас во сета болка викнав немојте ве молам,и докторот насмеан и рече остај нема потреба,и така мислам во секунда откако го видов моето анѓелче се помина,ни болка ни ништо...одма сестрата го завитка бебушот и трна да го носи надвор од боксот,ама јас викнав по неа и ми го врати да го гушнам малку,а тоа како што плачеше кога ме допре и ми го слушна гласот одма престана да плаче,душичка одма ме позна,тоа е нешто највозвишено чуство,нешто што не се опишува со зборови,тоа секоја мајка го знае... ..после два часа јас бев како нова,си станав одма и без мака И искрено кога ќе размислам до сега и со двете породувања јас фактички имав само по неколку часа болка,отприлика по 5,6 саати што верувајте како така ќе се издржи,се за нашите најмили,ама проблемот кај мене беше што прерано ме задржуваа во болница и со првото бев 5 дена,а со второво три дена без болки а само во исчекување,ее тоа навистина психички исцрпува и затоа совет од мене,како и јас што ќе го применам со третово,не одете во болница додека не ви се болките на кратки интервали,или пак ако не пукне водењакот или прокрварите...така да уште еднаш ќе речам,кај секого различно може да биде,не е исто и никогаш не се знае која како ќе помине,затоа бидете позитивни,дишете правилно и мислете само на тоа дека се правиме за новиот живот,кој кога ќе го гушнеме,забораваме на се,само тоа постои и ништо друго... п.с се надевам дека за брзо ќе ви пишувам и за третата бременост,ама со многу полесно и поубаво искуство,а исто така и на сите вас ви посакувам во иднина само убави приказни да пишувате тука и со лесно на сите..
еве ја и мојата... беше 14 мај 2013 година, бев 37 недела, имав договорено царски и отидив во болницата, со многу позитивна мисла и распеана, и пресреќна дека веќе ќе се дружиме со малото... имав договорено во 8, ме средија, мерија, напишаа податоци и ми ставила катетар и отидивме во породилната сала, без никаков страв, освен стравот од боцка легнав на креветот и ми ја ставија инфузијата и после тоа не се сеќавам на ништо, се породив во 25 до 9... се разбудив во ливтот и се сеќавам дека ме удираа шлаканици се сеќавам дека беа до мене сите, и мм и татко ми, на татко ми го прашував после прашањето како е малото, дали има клемпави ушиња, дека имам јас, и не си ги сакам воопшто, па прашував за него ама среќа нема се свестив дури накај 4 часот, тогаш ми го донесоа и малото, е тој момент кога за прв пат ќе го видиш малото не може да се опише, тоа само може да се почуствува лежев во болница 4 дена, од кои што 3 дена не смеев да јадам, само на инфузии бев, па качив и температура 3 ден, па ајде уште инфузии и така... првото станување е тешко, но ќе помине се и се ќе се заборави... условите ги знаеме дека не се којзнае што, но моментот кога ќе ти кажат дека си одиш дома е исто така многу возбудлив, јас како што ми беше тешко станувањето, дури рипнав од креветот кога ми кажа докторот дека си одам и за крај до сите мамички, бидете позитивни, без никаков страв и породувањето ќе ви биде едно многу убаво искуство, како што ми беше на мене
ajde i jas da ja pisam mojata porodilna prikazna,,,,uste od rano nautro pojdovme nabolnica posto doktotkata mi rece dojdi kete porodime so provokacija,,,taka i bese ,,,mi ja ukluci infuzijata popoleka da tece i veke pocnaa psolabite bolki,,,tie se trpea midlev deka taka ke trae ,,no po malku vreme ja pusti na poveke infuzijata i veke pocnaa bolki na sekoja pola min 2 sati celi,,,ustata mi se isusi dehidrirav skapnav veke nemav sila za nisto,,mislev deka ne ke izdrzam na box,,,,dojde doktorkata mi go pukna vodenjakot i uste eden,sat celav duri me zedoja na box,,,,konecno mi rece ajdd otvorena si 6-7 prsti i odime,,,jas odam iplacam no nemam solzi bolkite ne mozev da gi pidnesam,,lrgnuvam na box mi stavi infuzija za pobrzo da dobijam napon,,jas neiskusna taa mi vrli daj apon vo najjakata bolka jas davam napon so usta nne kako za po golema nuzda,,ohh pa toa bese uzas,,pocna da mi go stega dtomakot zada izlrzi pobrzo jas umiram od bolki no nikako nemam sila za napon,,,podle me ostavi malku sama jas za da si dadam samata napon i vrke pocnav,,dva yri silni naponi i veke glavceto mu izleze i gotovo ja fati i celata izleze naednas,,ohh tolku mi olesna bolkite prestanaa a bev vo golema agonija mislev deka nikogas nema da izleze od mene,,mnogu se macev i molev za carski,,,no veke krajot besr,,,gotobo mislev zavrsi no papocnata vrska i se skina i posteljata ostana vnatre,,ohh,,,povtorno me stegase vo dtomakot drugata rakata vnatre za da ja istavi celata,,,dobro i toa pomina posle za sienjeto mi stavi anestexija i osetiv samo nekoj 2-3 konci,,,i vistina bea bolni,,bev i malku secena i poradi toa imam i bolki malku no se pomina,,huh,,se nadevam deka ke go zaboravam i ova,,mojata buvka se rodi 4i300 no veke e 4i100,,kako i da e se e vo red i so nea i so mene
Леле Мине кај ти го прочитав постов кај го запустив. Сега уште повеќе ми е страв. Прашање до администраторите... Можам ли темава на Black list да ја ставам дури да се породам Уфф ќе заборавев. Честитки Мине за бебчето нека е живо, здраво и гушкано
честитки мине за керкичката не си поминала лошо елизабета ли те порајѓаше ме интересира како се условите на болница бидејки и јас таму ќе се порајѓам па ме интересира како е бидејки се двоумев помегу плодност и на болница ама се решив да одам на болница поздравче
мене ме интересира како се пука водењакот ако не ти пукне сам?со што го пукаат,каква е таа процедура?...дали боли,,и што следува после тоа???
Ништо страшно..... Мене со првото ми го пукнаа водењакот,а пред тоа на една женичка пред мои очи и го пукнаа.... Со еден инструмент налик на пинцета само подолга...инаку самото пукање не се чувствува т.е. не боли.