Само миење со чиста вода. Јас имав повреда Damriss од втор степен, што значи распукување и на мускулатурата на перинеумот. На петиот ден после пораѓај излеговме на прошетка. Брзо зараснува но сеуште го осеќам местото како различно од претходно, ама немам болки.
Јас и после природен не можев да го земам сама многу повеќе (имав компликации, едвај седев, многу искрварев и бев страшно анемична и ми се темнеше, природно го изгураа од мене 4400,56цм, така викам зашто од шок не се сеќавам на пораѓајот како што треба, буткав и јас ваљда ама и буткаа на стомак 3ца). После царски со второто 7ми ден дома, со бебе и 2ипол год детенце, сама ја бањав малата, се движев без некоја голема мака.. болеше ама океј, нормално. Индивидуално си е опоравувањето..
Исто и јас какп тебе само што помало бебе и полесен пораѓај но полесно се породив а се опоравував баш цел месец. Мн крварев и едвај седев а не ептен малце бев шиена... Индивидуално е баш
Честито. Да сте здрави и живи само. Болката и маката ќе поминат додека трепнеш. Битно најубавиот поклон за оваа година го доби. Сакајте се бескрајно ❤️❤️❤️❤️❤️
Честито. Живи, здрави и најсреќни да сте. Дај боже како тебе да поминеме лесно е тоа. Со Господ напред ❤️❤️❤️
Јас ви посакувам на сите лесна бременост и лесен пораѓај како мојот. На 31.12 пукна водењакот, но премногу малце течеше во текот на денот 3 или 4 пати и пишав на докторката веднаш ми вика дојди утре од сабајле штом не е многу и немаш болки. Вчера на 01.01 во 8 ипол станав од спиење и накај болница да ме проверат до каде сум што сум. Додека се спремиме со маж ми во 9 и 40 бевме во болница и ми вика сестрата ајде пресоблечи се и легни. Ме фати малце паника и викам ја дојдов само да ме проверите и ќе си одам. Ме сместија во кревет проверија дека е плодова вода и дојде бабица да провери дали сум отворена и во 10 часот само еден прст. Ми ставија провокација, следно доаѓање околу 14:30 повторно еден прст во 16:12 бабицата вика 4 прста, викам ја сакам епидурал. Ми викаат во ред да го викнеме анестизиологот. После 35 мин пристигнува, за тоа време бабицата пак ме провери и 8 ипол отворена. Почна да ми објаснува за после тоа последици и ми вика на тебе е да одлучиш. Во моментот со тие болки сакав бокс да го мавнам ама му реков не ми ставај. Болките се јаки и тоа многу, секоја жена има различен праг на толеранција за болка, кај мене е доста повисок и затоа ги издржав. Почнаа да се спремаат сите, бабицата, сестрата и докторката со 4-5 напони во 17:58 пристигна бебушка Ања.
@macka91 Аии среќна мамии Уживам во вакви убави породилни приказни, се надевам така лесно и јас ќе поминам. Брзо опоравување
Мојата породилна приказна почна на 26.11 во 23.00. Болките беа нередовни, час појаки час послаби и ме држеа скоро 20 саати. Овде настојуваат да се на 2-3 мин, но бев без сон доста долго и инсистирав да ме примат на преглед. Среќа ги зедов торбиците со мене. На прием цтг покажуваше нерегуларни контракции но вагинално кога ме прегледаа рекоа дека сум 4 прсти отворена и ме примија. Во родилна соба добив морфиум за болките, бабицата ме доотвори до 5 прсти и не остави со маж ми во соба. Кога пројде дејството на морфиумот, добив уште еден преглед со рака, бев 7 прсти и ми го пукнаа водењакот тука. Ме пратија да полежам во када со топла вода. Овде морфиумот престана да делува па болките беа доста јаки. Поседив едвај 20 мин па назад у соба, и викнав да ми стават епидурал. Кога ми ја ставија бев отворена 8 прсти и е најдобрата одлука што сум ја донела. Ми објаснија дека само контракциите нема да ги чувствувам, се што се случува долу ќе осеќам и пак не зажалив. Потоа си добив малку провокација да се доотворам, па ме местеа на креветот за бебе да слезе подолу во канал. Почнав со гурање во 5.05 ќерка ми се роди во 5.15 на 28.11 со 3 напони. Имав мал проблем со плацентата, не излезе ни сама ни со гурање, ми седеше внатре може 20-25минути па некако ја извлекоа на сила. Пораѓајот ми беше релативно лесен, и покрај тоа што си седев дома со болки и проблемот со плацентата што излезе. Маж ми беше со мене од почеток на болките до сам крај, ме држеше за рака цело време и сум бескрајно благодарна за целата поддршка што ми ја пружи.
Јас мојата породилна приказна ја раскажав на 3 пати во друга тема ама еве и овде. Породена сум во Систина, со царски рез бидејќи бебето беше поставено карлично. Понеделникот вечерта отидов на контрола кај Др Дракулевски како последен пациент за денот. ЦТГ-то не покажа ништо, ехо се беше ОК, се договоривме да дојдам на следна контрола за 7 дена. 20:45 излегов од болница, си купив кока кола од бензинската и си викнав такси. Колата стигна во 21:00 тргнав да влезам, кога осетив нешто мокро. Стојам и го гледам возачот, ме гледа и он мене. Ми вика девојче, изгледа ти е време. Му викам, да, изгледа ми е, се враќам у болница. Се вратив, гинеколошките амбуланти затворени, светло исклучено. Отидов на ургентно. Им викам или ми пукна водењак или се помочав, ако може некој да ме прегледа да ми каже. Дежурна беше др Корнелија, ме прегледа, установи дека е водењакот. Следно ми направија антиген тест за да можат да ме задржат ноќта, за пцр веќе немаше кој да ми направи накај 21:30. Ме примија, ме однесоа во соба, ме спастрија во спаваќа и ме уклучија на цтг. Корнелија се слушна со Дракулевски и се договорија дека нема потреба да се брза со царски уште вечерта. Во текот на ноќта уште неколку пати ме приклучија на ЦТГ, мирно беше. Вторник наутро, нешто после 8 ми земаа брисеви за пцр тест. Кога стигна негативниот резултат накај 11 многу ми олесна. Накај 12 веќе ми ставија клизма, се испразнив, се истуширав и ми пуштија инфузија. Ми рекоа има 3 царски пред мене, треба да чекам, кога бидне, тогаш. По 15 минути влегува сестрата и вика ајде, не бараат у сала. Тука почна да ме фаќа страв. Ме однесоа у сала, ми ставија епидурал, ме легнаа. Операцијата почна и за брзо време се роди ќерка ми, во 13:30. Ја подзабришаа на брзина и ми ја донесоа да ја видам. Успеав да и шепнам неколку збора, ја погалив со моите образи, ја бацив и ја однесоа на топло а јас почнав да си липам од среќа. Мене ме зашија и ме однесоа во соба за опоравување. Ми дадоа телефон да се јавам на мм да го известам. Ми требаше 2 часа да можам да ги свиткам нозете во колената. После 16:00 ме вратија во соба. Грабнав телефонот да се чујам со мм уште еднаш. Он за брзо дојде, ни го донесоа бебенцето во соба и си се мазевме сите тројца доста време Кога се роди сите во салата почнаа да ми честитаат ама јас бев како падната од Марс, само накај ќерка ми гледав, не им обрнував внимание Во собата за опоравување си го враќав филмот како изгледаше бебето, пак не обрнував внимание на честитките Кога ќе излеземе од болница, ќе пишам во темата Приватни околу чарџање, однос на персонал и сл
Конечно најдов време и јас да ја раскажам мојата породилна приказна. На 27.12.2020 во 4 и 20 наутро се разбудив со силни менструални болки, иако вечерта си легнав накај 2 и немав никакви болки или било какви други симптоми за пораѓај. Почнав да мерам и да запишувам на колку време ми се повторуваат болките беа на 10 минути, прво со послаб интензитет, а како поминуваше времето стануваа се посилни. Во 6 часот веќе сфатив дека тоа е тоа и брзо со мм отидовме во болница. Одма ме ставија на цтг контракциите беа многу високи, ми направија преглед со рака бев 4 прста отворена. Веднаш ги повикаа докторките бидејќи беше недела и имаше само бабица дежурна. Болките беа се појаки, на пократок временски интервал. Во меѓувреме ми земаа крв за корона, ми ставија клизма и повторно бев приклучена на цтг. Водењакот не ми пукна во меѓувреме, па кога ме провери докторката веќе бев 8-9 прста отворена и таа ми го повлече водењакот, болките станаа уште појаки, направив неколку пати чучњеви и се качив на бокс со неколку туркања бебе излезе во 9:20 и веднаш по него и постелката. Потоа следеше шиење што искрено ме болеше повеќе од самиот пораѓај... Бебе ми го ставија на гради, чувство кое не се опишува и посакувам на сите да го осетат. Веќе една недела сме дома и не можам да му се нарадувам колку е мило и меко и преслатко.
@Klara91 I @Bicka77 chestitki uste ednash. Zivi, zdravi i najnajsrekjen I da ste. Uzivajte zaedno so vashitr bebcinja najmili ❤️❤️❤️ I sekako najsrekjni praznici
Хахахахха што сум пишувала боже мили Епа еве да ја пишам мојата породилна приказна и да кажам дека не било толку страшно како што сум се плашела Се породив 39 недела и 3 дена, се почна со паѓање на мукозниот чеп 4 дена пред пораѓај, чепот ми падна во среда, во четвртокот осетив јака болка како нешто да ме пресече и толку беше, и како слаби менструални болки. Во петокот немав знаци никакви освен замор и болки во кичма од што беше бебето ниско веќе. Во петокот славевме 1 мај, бевме кај пријатели и неможев да доседам ми беше мака , баш се смеевме дека ќе се породам на 2 мај и така испадна хахаха. Си дојдов дома се средив се истушитав вечерта и си легнав, ноќта се разбудив во 03 , како нешто да ме разбуди, свежа пушка и го земав телефонот нешто чкрапам, и си мислам шо правам бе јас чкрапам на телефон наместо да спијам, ако ме фанат болки треба да раѓам да сум одморена И легнувам го гасам тел. Само што затворив очи како нешто да осетив да пукна, ми пукна водењакот. И знаев дека е тоа тоа. Го разбудив мажми му викам ми пукна водењакот, и ми вика ме лажеш, мислеше го лажам оти еднаш го излажав мала шала Викам сериозно види креветов е жиива вода, и стана одма, јас се туширам пресреќна конечно ќе ја видам цуца, и се средивме и тргнавме чаир, по пат насмеана ама и збунета исто и сопругот, и стасавме чаир, во 04 30 ме примија сопругот ме остави и замина, јака му душа изгубен беше. Ме примија на патолошка, таму бев многу кратко, после ме преместија горе, ме сместија во соба и почнаа болките, водењакот тече цело време, сестра идеше повремено да ме става на цтг, и ќе дојде ќе ме праша како си имаш болки? Јас ќе речам имам да , вика ама не се јаки , викам да , а мене ме боли ми се плаче хахах, како др наближуваше времето за пораѓај болките беа се појаки, ме однесоа да ме види др.ка и вика немаш болки рано е, и бебето е високо може ќе треба царски. и и викам како немам ме боли многу и ми вика не се тие болки мн појаки биле, си викам како бе појаки овие не се издржуваат веќе. Се разочарав кога ми кажа за царски бидејќи сакав природен пораѓај, ама си реков што сака нека биде само да сме добри двете. Ме вратија во соба, измеѓу 16 и 17 часот веќе почнаа напони да ми идат јас мислев у вц ми се оди , и одам на школката и напнувам лелеле душа ми испадна си викам шо е работава оти неможам у вц да одам, лелеее испаѓам од вц одам у соба и викам по сестрата веќе не се издржува да дојде др.ката, дојде ме прегледа рече 8 прста сум носете ја, ставете и клизма прво, и одиме ја одам нз кај одам ем среќна ем збунета изгубена . Одам и како одам ми идат напони клекнувам и напнувам, сестрата ми вика ама нр тука да напнуваш , и и викам ама така ми иде хахаха Арно ама тие сестрите не ми ставија клизма и малце пуштив на пораѓајот, дрката рече па ја им реков да и стават клизма тие не ставиле. И стасав на бокс, и бабицата ми вика какај какај цело време тоа ништо неми објаснуваше кога воздух да земам ништо. И вика какај какај, така браво, јас напнувам почнав убаво ама веќе снемав сила, и напоните ги изгубив, болки немав а глас не испуштив, а бебето на пола ни ваму ни таму, таа почна да ме кара , вика ајде биди силна ќе го угушиш, и кога ми го кажа тоа се исплашив многу, собравв сили ама не беше доволно, хи се насобраа повеќе сестри, и ми вика таа една абр ти имаш напони болки? Викам не ништо,рекоја дека ќе ми стават провокавија и ќе осетам јака контракција болка и напон и тогаш да напнам, само што ми ја ставија ми дојде напонот и сила напнав еднап бебето беше скоро излезено и бабицата вика добро одмори додека рече така јас наместо да одморам мене уште еднаш ми дојде напон и ми вика стој не напнуј ама додека го кажа тоа бебуш изпадна, врвката и беше трипати намотана идали од што била у канал подолго или од напонот кога излета ја стиснала незнам имаше оток на главчето хематом,. одма и ја одмотаа врвката и одма заплака, кога ја слушнав како плаче душава ми се исполни . Само не ми ја дадоа да ја видам одма ја однесоа не ја видов ни секунда, после следеше раѓање на плацентата, бев сецната 4 конци, па ме успаа ме шиеја, и ме станаа после 2 саати полека станав па во количка и се онесвестив неколку минути , па со алкохол ме освестуваа, ми кажаа дека бебето е супер тешко 3140, долго 50цм.. ме внесоа во соба кај 21 и рекоа дека ќе ми ја донесат, погледот на врата ми остана, ми ја донесоа во 23 дури, ама кога ја видов се стопив од убавина одма заплакав од среќа, лиценце топче, муциња најубави, не се опишува тоа, и не заборава никогаш. Мирис најубав Се на се лесно поминав, само во 03 ноќта ми пукна водењакот во 17 и 38 се роди , многу долго време беше додека се роди и веќе за пораѓајот бев умотна измалтретирана да кажам,, можеа да го забрзаат процесот на отварање, а болките лично за мене не беа страшни се трпеа, секоја болка беше чекор поблиску до бебуш. И секоја болка вредеше,убави болки беа уште 10 би родила хахахах нема поубаво од тоа да родиш свое бебе.
Честитки, нека е живо и здраво! и јас посакувам како тебе да се породам Инаку за раната со првото и јас бев шиена и ме болеше две недели сигурно, ама ми помогна спреј ВИОПЛЕКС Т, или гледам и оксикорт спреј го препорачуваат членките. Гледај после секое вршење нужда да се измиваш(купи си шише вода со цуцла и со тоа измивај се) и убаво да ја сушиш раната, битно е да е сува. Евентуално ти викам и со спрејот да се прскаш, само види колку пати дневно треба не ми текнува тоа... др не би ти препорачала да ставаш масла и чуда, зошто ќе го држи влажно местото, наместо да е суво.
Да прашам дали некоја од вас знае да ми одговори... Бремена сум со близнаци двојајчани. Тоа е првата работа. Другата работа е што имам хернија над папокот или народски кажано кила. Не е големо ама се гледа. Само што влегов во 5ти месец. Ме интересира дали е можно природно да се породам со ова. Плус ризик фактор е што е близначка бременост. А ова ми е втор пораѓај. Првото го родив природно без проблеми големи. Уште немам прашано доктор за ова, а во план ми е на следна контрола.
Активно ја следев групава и едвај чекав некој да го сподели своето искуство. Сега на ред дојде и моето . Цела бременост мислев дека ќе се породам природно и покрај советите од мојот гинеколог дека плодот е голем и подобро ќе е царски инсистирав да е природно. Но не испадна како што сакав. Точно на полноќ ми пукна водењакот и со мм во кола буквално со пеење тргнавме накај болница. Ме примија на патолошка и дури наредниот ден се отворив и ме однесоа во сала. Покрај сите напори на докторите да ме породат природно, бебето беше високо качено. После пет часа јаки контракции завршив на царски. Бебето беше со лицето свртено и папочната околу врат. Сè уште не можам да се помирам со фактот што не се породив природно, но против природата не се може. Благодарна сум на целиот тим во Чаир што ми даде огромна поддршка во целиот процес. Никогаш нема да го заборавам првиот плач на моето колаче и кога ми го ставија на гради да го бакнам. Опоравувањето од царски беше бавно кај мене но имав голема поддршка. Покрај сите предизвици годинава си го добив најубавиот поклон за роденден. На сите ви посакувам лесен пораѓај
Ај да ја раскажам и мојата релативно брза породилна приказна. Во понеделникот бев договорена со докторот да отидам на преглед и цтг 39+2 ,а во меѓувреме немав болки ,онака понекогаш слабо менструални. Кога отидов малку си почекав за цтг, имаше гужва ми се чини последна останав веќе 14 часот минеше и иде мојот доктор ми вика уште ли чекаш за цтг,ако не во меѓувреме ај прво ехо па после ќе направиме цтг. И така на ехо ме гледа ,се е во ред,има вода,постелка ок ,ај ми вика да те прегледам вагинално дека второротка и 39 та недела минува.И тука следеше шокот и од двајцата кога ми рече "абе ти си отворена седум прсти",нели осеќаш болки,јас викам не, ништо.Мислам само бешиката ме стискаше,ми се одеше во тоалет,ама тоа не знам дали беше болка.Ми рече мора да те задржиме,ти ќе се породиш,а јас некако не бев спремна дека ќе раѓам тој ден ,му викам ама јас не сум спремна да си отидам до дома,ми се јаде,и се смеам како зелена,а он ми вика,какво дома ,не смеам вака да те пуштам,денес сум дежурен па ќе те породам до вечер,ајде не се плаши. И така ,никој немаше веќе во чекална ,почна да се стемнува,па додека чекав прием да ми отворат му кажав на мм кој ме чекаше во кола да оди дома ми стави работи во торбицата и да ми ја донесе. Прво отидов на патолошка кај 17 часот ама кратко се задржав таму ме ставија на цтг па Др дојде до ме провери уште еднаш и тогаш бев веќе осум прсти отворена,рече клизма и доаѓај во родилна те чекам. Во родилна уште еднаш ме проверија и ми го пукнаа водењакот,тоа беше кај 18 часот и од тука се засилија контракциите на пет минути ,ми се идеше да ги скинам каиишите од цтг-то,ги викнав да станам малку така на нога да ги трпам болките. Накај 19 часот веќе почнав да ги чувствувам напоните и свикав да дојде некој, бидејќи пораѓаа друга на бокс.Ме качија на бокс докторот и акушерката и ми рекоа да не се плашам,само да ги слушам и со неколку напони во 19:13 часот се роди мојата малечка 3280 гр и 50 см. Ми ја ставија на гради веднаш и ме сликаа на бокс, ептен убав спомен,а со првото го немав тоа задоволство. Докторот ме зафркаваше дека сакав да си одам,да бегам ,ми вика ќе те фатеше гужвата на Бит пазар.Леле кога ќе ми текне од пусти страв глупости трескав,да си одам бе со седум прсти отворена. После ме правеа ревизија ради постелката нешто не им беше сигурно дали е добро извадена. Сега имам болки од епизиотомијата ама ќе помине . Ви посакувам брзо породување како моето. Од тимот што ме пораѓаше сум многу задоволна,ме пофалија дека сум била културна на бокс и сум соработувала.Ова дека скоро сите боксови беа со родилки и некои многу викаа и се караа