Што убаво мила Преска си шеткам и си викам зарем е можно да се отвори човек 7-8прста без болки? Си правев филмови .Еве можело Гушни момите од тетка Ава и уживајте
Јас отидов да раѓам второ со пукнат водењак дома. Откако ми пукна водењакот до проверка од доктор имаше мах 1ч, ми вика 8 прсти си отворена. Не очекував. Ни б од болки немав. А претходниот ден на мм му реков се осеќам ко промаја да ми дува. Се породив за 3 ч од прием. За првото Господ во пижами го видов од болки.
За второ полесно и побрзо е отварањето. Ете и безболно може да е кај некои жени. Ти посакувам и ти бидеш една од тие среќливки.
Преска така си мислам леле како се осеќам како да ми фура долу и си викам рано ми е да се пораѓам ама еве ако се отворам без да осетам и ме фатат напони дома ќе си се пораѓам Ме насмеа за промајата @Fatalnata фала ти мила @minne992 знам сум слушала дека лесно минат.Замисли па за трето Туку ти природно се имаш пораѓано или царски?
Можно е ете,и јас се чудев кога ми кажувале,ама стварно за второ било побрзо,ајде и кај тебе да биде така. Инаку да од пукање на водењак на осум прсти најјаките болки беа еден саат.
Јас прво раѓав со 7 прсти отворена отидов ,и болки малку појаки од менструални(дури уште ќе чекав дома пошто ми кажаа дека треба појако да боли, ама почнаа да бидат на одредени временски интервали и мм запна ај да одиме)....само на бокс што болеше.
и јас дојдов на ред да ја споделам мојата прва породилна приказна. околу 4 сабајле ме разбудија слаби менструални болки, станав да мочам и при бришење забележав дека мукозниот чеп паднал. имам читано искуства дека не мора да значи дека породувањето стартува истиот ден кога паѓа чепот такашто си се вратив во кревет. но, поради зачестени менструални болки на интервал од 10-15 минути решив да си го допакувам ранецот и да тргнеме накај болница. на вагиналниот преглед (околу 7 сабајле) веќе бев 4цм отворена и веднаш ме примија. во соба продолжив да си имам болки, на интервал од 5-10 минути, но сосема издржливи. кога станаа поинтензивни и болни при лежење на кревет, продолжив да ги издржувам стоечки/одејќи низ соба. секоја контракција ја вдишував/издишував длабоко и тоа доста ми олеснуваше. околу 10 сабајле повторно ме проверија вагинално и бев 6цм отворена. ми дадоа клизма и бев качена во породилна сала за еден час од тогаш. повторно вагинален преглед, веќе 8цм отворена и немаше време за епидурална. во тој момент почнаа тешките болки (контракции на интервал од 3-5 минути) кои се случуваа околу 40 минути додека се отворам до 10цм, ми го пукнаа воденикот и почнав да напнувам како да имам запек. за 20 минути напнување и еден рез излезе моето девојче. уште сум во шок и неверување колку брзо сѐ се случи. најинтензивен/најболен момент ми беше издржувањето на последните 2цм отворање, тука и психички паднав кога сфатив дека ќе мора да се породам без епидурална, но ете можело и така. од моментална гледна точка, добро е што не ја примив, затоа што покрај болкиве долу што ги осеќам сега, многу веројатно ќе имав и болки во кичма. сега си ја гушкам и не можам да престанам да плачам што донесов живот на овој свет после неколку неуспешни обиди за бременост и еден спонтан абортус. на секоја ѝ посакувам ваква среќа и ваков лесен пораѓај. срцево ми е полно радост и благодарност.
Исто и јас прв пораѓај отидов 10 см отворена со некои мин болки измеѓу дома ми пукна и водењакот срека шо не добив напон дома ке родев на болница ми ставија нешто за напон и за 10 мин бебе беше надвор ,а вториот имам пишувано од прва контракција до бебе надвор 4 саати
Читајте ја мојата породилна приказна и во труднички дента кога се пораѓав пишував. 10 деца би родила ако поминувам исто ко првиов пат Ти посакувам лесен пораѓај ко мојот
Исто и јас имав многу брз и релативно лесен пораѓај од 04:20 наутро ми почнаа контракциите, а бебуш се роди во 09:20 истото утро Мислам дека има влијание физичката активност, пешачење, лесни вежби за трудници и сл.
@Ava.84 јас со 6 прсти отворена отидов на преглед. Не ни беа така јаки болките дури сум се отварала дома, си спиев цела вечер Значи можно е и кај прворотки, а не пак по втор пат, ќе бидеш супер
Има и охрабрувачки први пораѓаји. Јас се породив 12-13 часа откако ми пукна водењакот, а немав многу јаки болки. Со 2 напони се породив. Битно да слушаш и соработуваш со гинекологот и акушерката