ете ти ја мојата породилна приказна како прворотка од вчера. длабоко правилно дишење, притисокот на напнување да ти биде како за запек, слушање на докторот/акушерката и да настапиш без страв затоа што телото ќе ти биде порелаксирано наместо во грч.
Секогаш ние што прв пат раѓаме одиме со страв, а не знаеме од што, повеќе мислиме на она што може да тргне наопаку отколку да веруваме дека се ќе биде во ред. Кога сега се сеќавам на својата породилна приказна, искрено, насмевка имам на лицето, појдов на преглед со 5цм отворена, дома си дојдов да се спремам дури и ручек направив од кога ме примија дури се породив поминаа 2 часа... И јас како @Kate Rina 93 би родила 10 да е секој пат вака Без паника, смирено и опуштено, верувајте му на своето тело, слушајте што ви кажуваат и соработувајте. И да не ја трошете енергијата на викање, ќе ви треба силата кога ќе дојдат напоните.
Мене сите доктори и бабици МИ ВЕТИЈА дека вторпат полесно ќе било. Една жена со четири деца ми рече: секој пораѓај е се' полесен, на крај само ги" сереш". Патем, честитки на сите нови мајки.
Сите велат дека за второ е полесно. Зборам за природно. Знам жена која третото го родила со два напона, без сец, без ништо.
Не е фер, оти да е толку болно?! Можеше ли сите најболни работи жената да ги мине, ќерко моја неродена те жалам уште од сега! Јас сум паничар тежок и си имам секакви сценарија направено, настрана тоа ајде, него има ли шанса да се онесвестам од болка, незнам зошто тоа во главата ми е завртено... Без анестезија болките толку ли се страшни? Такви ли сме како на филмовите, препотени и се вреска без контрола? Ами еве ако се онесвестам на сред буткање или ме фане паничен напад? Ај да си легнам, баталите ме, 7 месеци бремена, нема ден да не помислам на пораѓајот, уплав имам. Се надевам само со тек на време ќе ми се намале стравот.
Ако гледаме реално, се може да се случи. И комета може да не удри утре. Да е толку болно, нема куп жени да раѓаат. Боли, не дека не, ама гледај жени по 2 3 4 деца имаат. Можам да гарантирам дека ако некоја останала на едно дете, не е поради болките при пораѓај. Се заборава, едвај ги паметам болките, царски бев. Баш од причина што се може да се случи, се оди во болница. Си има доктори, акушерки, сестри, соработувај и ке помине секоја болка. Откако ке родиш, ке бидеш толку окупирана со бебе, што ке немаш време да мислиш на болки.
од три пати ќе кажам секој пораѓај е различен , додека лежев на бокс со третово за време на болките си викав леле минатиот пат помалку ме болеше .... реално помалку се мачев тогаш зашто повеќе шетав и побрзо се спушти ама си викав и малку си плачев , а сега лежев цело време и јаки болки имав многу пократко, а глас не пуштив , правилно ги дишев болките и многу полесно поминав .... еве ти совет имаш на ју туб еден куп видеа , гледај ги и вежбај да можеш да ги дишеш болките правилно па полесно ќе ги поднесеш без разлика колку се интензивни
@Nefertiti. Другарка моја по линија паника Ама јас не го мислам многу пораѓајот, јас поише сега се стресувам Ајде може ние полесно да поминеме што вака се потресуваме, кој знае.
Јас сум таков пример. Второ бебе со 2 напони излезе, без епизиотомија, без ништо. За првото бев сечена, ама сега дури и сеченото не испука. На болница отидов 10 цм отворена, од време на прием до раѓањето на бебе беа неколку минути во прашање. Прием 9:43- бебе се роди 9:51. Абе јајце не се вари за толку кратко време си велам јас, ама ете бебе се раѓало. На заминување од болница сестрите ме зафркава, да си дојдиш пак ти штом си вака умна и тивка,одма ќе си се породиш.
Изгледај го видеово и мн. други слични https://www.babycenter.com/pregnancy/your-body/inside-pregnancy-labor-and-birth_3658872 Секоја болка, секој грч си има причина. Добро, сега имам контракција значи уште малку се отворам, уште малку се спушта. Да, ќе боли, ама има зошто. Некако се осеќам спремна, скроз. На крај можеби ќе паничам, ама во моментов едвај чекам да дојде тој момент. Само да останеме свесни за време на процесот, да не се фокусираме на болката туку на тоа што се случува со бебето, спремно да му влезе на светот со клизачки. И после го имаш на гради, а болката била привремена, веднаш ќе се заборави.
Еден од моите најголеми стравови беше пораѓај, а повеќе од деценија мачам мака со анксиозност и панични напади. Слушај ме сега, ако свртиш поназад, ќе прочиташ дека имав прилично тежок пораѓај, јас те уверувам дека нема да имаш паничен напад, нема кога. Веројатно поради тоа што е најприроден процес и нашето тело е спремно за овој чин и психички не' прави спремни и појаки, па и мајчинскиот инстинкт игра улога... Ти едноставно мислиш како да се олесниш во тој момент, ништо друго, немаш кога да overthink и да се доведеш во состојба на паника.
Во тој момент само ќе сакаш да се породиш и што побрзо да излезе меѓу напони има одмор самото тело ти дава оддишка слободна. Најди ја и мојата приказна и ја бев голем паничар е во 36та кога влегов само си викав нека фатат болки
Јас бев царски. Мене доењето ме болеше најмногу од се. @Nefertiti. За природен не можам да кажам. Ама едно знам а ќе потврдат членките што се породени природно дека апсолутно нема врска со филмовите Може и да се онесвестиш, а може и не. Најверојатно не. Не мора да значи дека толку ќе теболи, има куп приказни тука што отишле со 5cm oтворени и тоа случајно откриени при прегледот без болки. Едноставно нема правила. Затоа се докторите таму концентрирај се на она што ти велат тие и соработувај. Со секоја болка си се поблиску до бебето имај го ова на ум. Со лесно
И јас се осеќам како тебе спремна некако за пораѓајот, ама имам време уште сепак ќе си почекам, си викам како што можат сите така и јас, па што сум јас помалку од другите, и така си се тешам, следниот месец кога ќе ми дојде време ќе видам тогаш Секоја жена индвидуално прифаќа болка тоа што за мене е болно можеби за друга не е, и може многу повеќе да истрпи, мислам дека единствено пораѓајот не е по книга, и не можеш да предвидиш што и како ќе се случи, кај сите жени си е различно, сите жени и деца се своја приказна, ама ете сакаме да слушнеме совети, и да се консултираме барем.