Здраво. Извинете ако прашањето не е за овде ама маката го прави своето. Може некој да ми објасни како почнуваат породилните болки?? Јас имам ужасни болки во стомакот доле, болка во препони одвај се движам, при лежење одвај на друга страна се вртам кичмата со бубрези боли..сепак не се на исти интервали ама кога ќе дојдат Не можам воздух да поземам неколку секунди. Да напоменам бебето е доста активно, на доктор викаат слаби контракции покажува цтг. Вагинално не сум отворена дури ми рекоја бебе е уште високо горе. Инаку сум 41+2 денес, дали ова значи дека процесот ќе започне или се лажни или ме боли нешто сосем трето...?
Кај мене вакви болки имаше два три дена пред да почнат вистинските на интервали. Значи лажни се ама припрема за вистинските. Чепот ти падна ли? За вистинските нема утка, сега како те боли, кога почнат вистинските ке се поболни и на правилни интервали.
зашто гледав неколку цтг иња од тебе според тоа таму што пишува немаш вистински болки , зависи од кострукција на тело и поставеност на бебе , се шири карлица и може во даден момент да те боли се , вистински болки - контракции кога ќе почнат нема од нив пауза ( временски ) , ако почнал процесот и болките се на 10 мин интервали ќе ги чуствуваш на СЕКОИ 10 мин со што интензитетот ќе се зголемува на болката а времето од болка до болка се намалува како се отвараш се повеќе и повеќе па би траело одреден период 3 часа и повеќе ( ако збориме отварање од 1 прст до 10 прсти ) .... може да се лажни контракции почесто и да тие се појаки...
Јас никогаш не мерев интервали и сега да ме прашаш нњ ги разбирам. Ме фатија болки се зголемуваше интезитет и не прекинуваа како и да легнев после почнаа колена да ме болат и во болница не покажа цтг контракции не бев отворена таман дома да ме пратат ми пукна водењак и се породив за 6 7 саати
Да пишам и јас како иде редот Вчера ме примија со 3 прста отворена болки како менструални Вечерта ми дадоа коктел инекција за болки и боца антибиотик дека се пожалив од страв да не ми фати и ова бебе инфекција поред сите чисти брисеви.. Наутро во 7 се прочистувам, во 7:30 почнува провокација и ми пукаат водењак.. Си тече она и тука веќе почнуваат болки но издржливи. Полека полека почнуваат појаки се грчам гризам, прашуваат за епидурал одбивам оти нели ќе издржам.. Во 8:40 часот веќе ги викам и молам за епидурал Од како ја примив беше супер. Ме оставија да стојам околу 15 минути да се спушти, оно ме притиска ептен, а јаките болки баш ги осеќав но нели изджливо. Акушерката дојде вика те притиска ли, викам и тоа многу. Ме проверува јас скроз отворена, се јавува бара количка и спремен бокс. На бокс др Елма ме чека, одма проверка и гледам нешто не е баш во ред. И уште не разбрав што се десило со папочната врвца. Она почна да бара педијатар, а мене ми дојде напон кој реално ич не болеше сигурно од анестезијата, она стиска стомак и за 1 напон се роди мојата кукла 3.480 53 цм Не плачеше прво, ја однесоа мене ми ја извадија само постелката. Нит шиена ни сечена. Ми ја донесоа не сликаа, и ја однесоа. Докторката рече дека имавме многу среќа оти веќе тргнала да искача иначе би завршиле на итен царски. Се на се од влегување во лифт за на бокс до сликање со бебуш беа 8 минути Маж ми ме чекаше исто ја украсил собата он цел пресреќен. Земав се средив се нашминкав и веќе спреми за сликање Сите рекоа волку брз пораѓај бил вистинска среќа. Одма станав на нозе и еве до сега 2 пати се истуширав. Ми дадоа инекција за болки, и еве цел ден како да немам родено. Фала му на Господ па на др Елма бидејки ни не сонував дека вака можело да се роди дете.. Бебушка моја цело време е на цице си дои, прво мислев немам млеко, празни ги осеќав но бајаги имало полна и беше устата Многу е медена, викаат цела на мама. Ако е се во ред уште утре може да не пуштат ако сакаме. Ми фали синчето, затоа
Мило ми е за тебе што толку лесно си родила нека е живо и здраво бебчето Туку ми го врати филмот назат кој ли ке оди пак на раѓање ти таму пукање водењак и напони
Браво за мт,навистина убаво украсил Прекрасна породилна приказна и брзу завршена што е најбитноГушкајте се и уживајте
@mssuniquee Да ви е жива и здрава ќеркичката, да му е мерак на човек да го чита текстот, браво! Многу охрабрувачки, значи да се тешиме дека со второто ќе ни биде полесно и побрзо, битно првиов пораѓај да го издржиме.
Преубава приказна. Камо сите вака лесно да поминат. Да е жива и здрава бебушка, голема да расне. А со првото беше ли сечена? Мене ноќна мора ми е сечењето, да не беше тоа гајле немам за родилните болки, ама раната цел месец ме болеше после...