Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Породилни приказни

Дискусија во 'Бременост' започната од fairy88, 20 август 2012.

  1. natasam

    natasam Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2013
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    630
    Ако гледаат, се гледа на ехо.
    Во систина пред 2 недели во 36 недела намерно Др. го гледаше тоа и ми покажа дури на екран кај гледа.
     
    На Bu_bi, thelittle17 и Sofi.ja им се допаѓа ова.
  2. SkarletOHara

    SkarletOHara Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    1.227
    Допаѓања:
    2.886
    Ако на познати прават ехо, свесни се како би требало, која совест и професионалност им дозволува да ризикуваат кај тие што не ги знаат.
     
    На Martka, thelittle17, Bella_Stella и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Fatalnata

    Fatalnata Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јули 2014
    Пораки:
    1.451
    Допаѓања:
    8.673
    Пол:
    Женски
    @Sofi.ja
    Првото ми е родено со папочната околу врат, не бев видена на ехо а искрено имаа време се тоа да го направат, природно се породив. Тогаш само ЦТГ на прием добив и толку. Второто исто го родив природно, ама за второво пораѓање немаше време да ме ставаат на ехо воопшто, отидов 10 цм отвореност и напони веќе осеќав.
     
    На Осе, mariz, flower30 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.572
    Допаѓања:
    201.780
    Пол:
    Женски
    Цел втора бременост моево беше со папочна врвца околу врат и десна рака. Никој не го виде тоа на ехо, се виде кога го извадија. А на секое ехо детето беше со десната рака пред лицето. Така ја држело оти папочната врвка му била под пазувата па околу вратот. Сите велеа се крие, никој не ја спомна врвцата.
    А големиот имаше јазол во папочната врвца, не околу вратот, ама јазол кој оневозможил доволно циркулација, формиран веројатно во последниот месец од бременоста. За среќа без поголеми последици освен што се роди ситен за неделите.

    Мислам дека не се гледа секогаш на ехо дали има или нема папочна врвца обвиткана било каде.
     
    На mal.ecka, thelittle17, Freyja и 14 други им се допаѓа ова.
  5. ☆P!nselsp!tze☆

    ☆P!nselsp!tze☆ Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 декември 2020
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    814
    Пол:
    Женски
    Јас сакав да додадам дека без врски бев па сигурно затоа не ме погледнале, да погледнеа на ехо во било кој момент немаше да имам болки два дена за на крај пак на итен царски да завршам.
     
    На pilence23 и tina2018 им се допаѓа ова.
  6. Leo_29

    Leo_29 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2017
    Пораки:
    1.351
    Допаѓања:
    5.023
    Пол:
    Женски
    Во Чаир, на редовно цтг во 38 гн, на ехо докторот гледа дека папочната се намотала, и и вика на пациентката да остане да ја следат дека и се намалила плодовата вода. Следниот ден ја прави царски. Отпосле и кажа дека папочната била замотана. На сопругот веднаш штом се породи. Таа вика дека добро направил докторот што не и кажал, зашто ќе беше исплашена и избезумена. Вака барем го памти како позитивно искуство пораѓајот.
     
    На Осе, Fatalnata, thelittle17 и 5 други им се допаѓа ова.
  7. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.309
    Допаѓања:
    19.657
    Пол:
    Женски
    Кај мене матичниот гледаше дали е замотана врвцата. И на двете беа, второво дури и видов како му ја одмотуваа не заплака одма, ехо ептен набрзина ми направија колку да видат како е наместено зошто немаше време.
     
  8. LazaLaza

    LazaLaza Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2020
    Пораки:
    1.201
    Допаѓања:
    8.780
    Пол:
    Женски
    Јас сум класичен случај за проблем со папочната врвка. За жал се заврши брзо и до најлошиот можен исход. Во 35 недела бебето отиде. Никогаш не се виде ништо на ехо. Патолошките резултати покажаа крварење во мозокот како резултат на снемување на доток на кислород. Со тројца доктори разговаравме, од Систина, Ремедика, матичниот, друг приватен. Сите стојат на тоа дека тоа е прашање на време и може за десет минути бебе да се изгуби. Ретки се овие случаи ама па како што разговарав многу луѓе се имаат соочено со слично. Има и на форумов други случаи.
    Барајќи причина за случајот по странските портали се посочува предолга папочна врвка (над 50см) која неможе да се измери како и поголема количина на плодова вода. Ќеркичката моја беше целосно замотана и плус имаше јазли на папочната врвка. Докторите стојат на ставот дека втората бременост не би имала таков проблем, ова се било механички.
    Вака изгорена верувам дека во втора бременост и јас би инсистирала на царски најбрзо што може иако со мртвороденчето сум породена спонтано.
    Знам дека е непријатно да се слушаат вакви приказни меѓутоа и тие се случуваат. За жал.
     
    На tina2018, thelittle17, Freyja и 7 други им се допаѓа ова.
  9. Autumn_

    Autumn_ Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    2.504
    Пол:
    Женски
    90% од бебињата се раѓаат со папочна околу врат, искусна акушерка ми го има кажано ова, ама не значи дека е тоа проблем кај секое.
    Јас пошто 100 паники имав пред пораѓај, и тоа го прашав докторот, ми рече не е важно што ќе покаже ехото пред пораѓај, туку на самиот пораѓај се гледа дали е замотано и дали прави проблем, мислам дека цтг на пораѓај им е најважно, дотокот на кислорот кај бебето преку тоа го гледаат, ако е добро и бебето успешно се спушта значи не е многу замотано или не е стегнато со неа. Инаку папочната е дизајнирана од природата за да не може да го повреди бебето, сепак има случаи каде нешто ќе тргне на лошо
     
    На mariz, martty06, Kitten и 6 други им се допаѓа ова.
  10. Autumn_

    Autumn_ Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    2.504
    Пол:
    Женски
    Многу ми е жал за загубата, нема зборови за утеха знам, иако некоја недела порано и различна причина, истото го поминав со прва бременост. Барајќи одговори тогаш, некои од најдобрите гинеколози ми рекоа "така требало да биде" тогаш бев многу лута на вакви коментари, со време сфатив дека едноставно некогаш ништо не може да помогне, тоа што требало ќе се случи. Тука сум за поддршка
     
    На tina2018, thelittle17, martty06 и 2 други им се допаѓа ова.
  11. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.681
    Допаѓања:
    18.335
    Пол:
    Женски
    Веројатно да. Ама зависи од донторот пред се. Мене и докторката без врски што ме прими (дежурна) ме погледна на ехо и кажа тешко ова да оди природно. Потоа дојде докторката со која бев договорена и така и излезе - царски. Да не ме гледаа на ехо моежби ке пробале природно затоа што убаво се отварав.
     
  12. лукајана

    лукајана Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2015
    Пораки:
    260
    Допаѓања:
    506
    Пол:
    Женски
    @Sofi.ja јас и ти раѓавме во два три дена размак на Гак ама мене ме гледаа на ехо еднаш на патолошка пред да ме качат во предродилна и еднаш горе пред да ме носат на бокс. Е сега кај мене бебето беше високо па може затоа ме гледаа или навистина е како ке ти се погоди
     
    На Sofi.ja му/ѝ се допаѓа ова.
  13. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    15.375
    Допаѓања:
    171.440
    Мене ми направија ехо на прием доле им дојдов отвотена комплет и со пукнат водењак и ми направија ехо горе на боксот бидејки Адела при вагинален преглед вика чепкам газе др што ме прими и вика главично е она не газе е и го донесија ехото
    ова беше 2003 година
     
  14. A.n.g.e.l.a.V

    A.n.g.e.l.a.V Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    2.402
    Пол:
    Женски
    Вчера отидов на ЦТГ кај матичната, ме стави, болки немав, контракции ништо не покажа. Ми вика ај за секој случај да те видам и на ехо. Виде скроз намалена плодова вода, ми даде упат да дојдам во Штип за секој случај. Пред да појдеме со сопругот приметив дека чепот ми паднал пивеќе исцедок и розова крв. Тука на ЦТГ прво пак без болки, на ехо ме гледаше сигурно 40 мин, нема доволно плодова вода. Вика ај вагинално 4цм отворена. Ме однесоа пак на ЦТГ, не регистрира болки, притисок 150/90, го симнаа на 120/80, се отворив 7 цм, со ептен слаби болки, главата на бебчето скроз ниско, се фаќа при вагинален преглед. Контракции немам, ми ставија клизма, шетав, се отворив 9цм, болки силни, контракции не чита на Цтг, ми пукна водењакот, 2 спазмек за да се истенчи грлото на матката. Значи лежам отворена, со болки а без напони, провокација си тече. Цел саат напнував, нема напони. На крај сите кој бутка на стомак, кој ми држи нози, едвај излезе бебе зошто немам напони. Притисок 140/90. Ме пресекоа и сум пукнала плус, а бебушка мала, 2850кг и 48цм долга, косичка црнка за прцки има. Во 22:30.Ми ја дадоа ја погалив. Дел од плацентата остана внатре. Почнав да крварам, одма викнаа анестезолози, ме успаа, се разбудив 23:50. Останав на бокс до 02:30. Притисокот 60/40. 2 инфузии, инекција. И сеа пак сум со инекции, ама добра сум, едвај станав од кревет, седнам и ќе паднам свес ми се врти. Ама добро е се стабилизирав 110/70, 120/80 притисокот, а бебето не е со мене чекаме резултати од корона тестот од утрово, па да ни ги дадат. Ама ја видов, лепотица, глетка, сонце мамино, се изнамачи и оно цел саат во родниот канал.
     
    На Martka, Majra, Prolett и 57 други им се допаѓа ова.
  15. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.175
    Допаѓања:
    20.329
    Пол:
    Женски
    Мамичке си се изнамачила ама се вреди за тој поглед нели? :inlove: Честитки, да ви е жива и здрава малата, а на тебе побрзо опоравување па да си се гушкате до бескрај. :l:
     
    На Majra, Prolett, thelittle17 и 4 други им се допаѓа ова.
  16. ivance..

    ivance.. Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2020
    Пораки:
    2.660
    Допаѓања:
    7.122
    Пол:
    Женски
    Си се измачила мами ама најубавото нешто го донесе на свет ќе помине другото нека е жива и здрава прцлата а тебе брзо опоравување :l::hug:
     
    На Prolett, Ema.Sk, A.n.g.e.l.a.V и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Bicka77

    Bicka77 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2020
    Пораки:
    1.694
    Допаѓања:
    5.031
    Пол:
    Женски
    Ти посакувам брзо опоравување, спрегни маж за се да ти помага, си се измачила и плус ќерка си му родила :!:
    Се надевам до сега веќе ти го донеле чупето на гушкање :inlove:
     
    На Prolett, Ema.Sk, Bjanka82 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. A.n.g.e.l.a.V

    A.n.g.e.l.a.V Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    2.402
    Пол:
    Женски
    @Bicka77 @ivance.. @Bella_Stella секако дека вреди, она нека е добро, мајките мора да се жртвуваат :inlove:. Па сеуште не ни ги дадоа. Уште ги нема тие резултати. Ама ја видов, сонценце, глетка, разгледува. Душичка мамина е :inlove:.
     
    На Prolett, IRBBB, mariz и 17 други им се допаѓа ова.
  19. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.281
    Допаѓања:
    76.377
    Пол:
    Женски
    Мене со првото ми правеа ехо и видоа дека е околу врат (но не ми кажаа одма), природно се породив. Бев цело време на цтг, дури и на бокс и не ми даваа ни да станам и шетам. Кога излезе главчето ми викаа да не буткам, ја одмотуваа па продолжи пораѓајот.. Може зависи колку и како е замотана. Бебуш добар беше, само од голем напон (може дека и голем он беше), белката во очите му беше скроз црвена и по 10 дена скроз му се исчистија очињата.
     
    На abc1234 и Autumn_ им се допаѓа ова.
  20. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    2.507
    Допаѓања:
    7.382
    Пол:
    Женски
    Мојот 2 пати замотан се роди. Ништо не ми кажаа, последно на ехо ме гледаа ден пред да ме примат на патолошка, 3 дена пред да се породам. Викаат дека од провокациите се мотале пред пораѓај, ама немам поима искрено како е, мене не ми спомнаа ништо во врска со тоа. Сигурно не се гледа секогаш тоа. А и секоја втора во темава кажува за замотани деца со папочна врвца, не ќе да е толку ретка појава.
     
    На mariz, abc1234 и LazaLaza им се допаѓа ова.