Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Породилни приказни

Дискусија во 'Бременост' започната од fairy88, 20 август 2012.

  1. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.670
    Пол:
    Женски
    Па да не те пратат дома барем, нека те породат со итен царски да речеме, а не дома да си одиш, па дојди утре, или ако осетиш намалување на движењата дојди утре, не разбирам..
     
  2. ☆P!nselsp!tze☆

    ☆P!nselsp!tze☆ Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 декември 2020
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    814
    Пол:
    Женски
    Ама тогаш можеби 90% би требало да се породат со итен царски.
     
    На Fatalnata, forumce и thelittle17 им се допаѓа ова.
  3. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    39.756
    Пол:
    Женски
    A имаш ли некаде прочитано дека е некоја породена царски поради замотана папочна врвца? Некогаш тоа не се ни примете, приметуваат на цтг кога почнат да паѓаат тоновите
     
    На mariz и thelittle17 им се допаѓа ова.
  4. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.478
    Допаѓања:
    13.551
    Пол:
    Женски
    Ќерка ми е родена со папочна врвца околу врат 4 пати без никаков проблем. Ниту ми кажаа дека била замотана врвцата, ниту имаше мака бебето. Податокот го прочитав на испусната листа. Јас колку што читав повеќето се рагаат со врвцата уплеткана некаде и најчесто не е тоа никаква компликација. Проблемот е ако лошо се постави и се затегне, што не може никој да предвиди додека не почне да губи тонови бебето.
     
    На Мариаа., Ava.84, azelea и 4 други им се допаѓа ова.
  5. water-lily

    water-lily Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2013
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    114
    Здраво девојки, ајде и јас да ја раскажам мојата приказна дур е уште свежо.
    Втора бременост. Бидејќи бебе веќе не растеше во мене, докторката се одлучи за индуцирано породување, па така закажавме за 20.01. пораѓај со провокации, 38+1 недела. Си се средив сабајлето, ме примија на ГАК, тестови, процедури, ехо преглед и горе во родилна. Ми ставија провокација во форма на простагландин вагиналета и плус ми ставија балонче преку цревце во вагината кое го наполнија со некаква течност, да прави механички притисок на цервиксот.(ништо од ова не беше болно). И чекавме да видиме дали ќе биде успешна провокацијата. Да напоменам ме примија отворена 2 прста. По некое време почнаа болки, слаби и нерегуларни, требаше да чекам да ми падне балончето само, што и се случи по два часа, што значеше и дека сум веќе 4 прста отворена. По ова, ми ставија преку вена некој медикамент за матката(не сфатив точно што и како) но од него веќе почнаа посилни и порегуларни болки. Кога бев 6 прста отворена ми го пукнаа и водењакот( и тоа не болеше), по понатаму веќе си станаа така троа јаки болките, почна и ЦТГ да дава силни и редовни контракции, ама сепак се поднесуваа. Ми ставија и спазмкс, па накај 18 часот почнаа многу јаки болки, и за пола саат се констатираше дека сум за на бокс. На бокс ме вртеше док странично за да се намести бебето во канал ко што треба, што се случи за неочекувано брзо време...првите два напона ми се видоа страшно измачувачки, ама кога го видов главчето на бебето ми дојде сила за уште сто напони, и така со третиот напон ми излезе беби, цели 2410 грама, долг 47 цм. :inlove:Јако беше што бев во некаква позиција и го гледав целиот момент на излегување на бебето и одма ми го ставија на мене да се гушнеме. Потоа нели си следеше вадеше на постелка и за мене мн среќни вести: нема шиење зашто не сум распукала нити ме сецнале. :D Се на се, вкупно пораѓајот овој пат ми траеше од 10 ч(кога ми ставија провокација) до 19 ч (времето на пораѓај). И стварно со второто е побрзо и полесно, бар кај мене.
    Како и да е, одушевена сум од целиот тим на ГАК што беше на пораѓајот, јас имам прекрасно искуство и со првата бременост, а оваа посебно...особено д-р. Ливринова, професионалец и душа од човек, и покрај тоа што и заврши смената, остана со мене и ме бодреше до крај.
    Честитки до сите новопородени мајки, и со лесно на оние кои треба да раѓаат. :inlove::l:
     
    Последна измена: 28 јануари 2021
    На Martka, Prolett, Freyja и 46 други им се допаѓа ова.
  6. Trpkovska

    Trpkovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2019
    Пораки:
    908
    Допаѓања:
    1.578
    Пол:
    Женски
    Честитки мајка да сте живи и здрави.. Вака ме охрабруваш со глед на тоа дека ми е втора бременост, со првото се измачив со мн јаки болки.
     
    На Prolett и water-lily им се допаѓа ова.
  7. minne992

    minne992 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    4.362
    Допаѓања:
    26.270
    Пол:
    Женски
    Вториот пороѓај е многу полесен од првиот од искуство ти кажувам , а ако имаш прилика да си фатиш врски е подобро за тебе за да не се мачиш многу
     
    На Prolett, mssuniquee, Ava.84 и 2 други им се допаѓа ова.
  8. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Колку љубов :inlove: честитки мајче!
     
    На Prolett, Sexybaby86, Leo_29 и 2 други им се допаѓа ова.
  9. natasam

    natasam Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2013
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    630
    Јас вчера бев на ехо, цтг... и една од причините поради која ќе завршам на царски е замотана папочна врвца 2 пати, ама тоа е само една причина од вкупно четири. Инаку додека нема контракции ми рече Др. не е страшно, треба претпазливост кога ќе почнат.
     
    На Prolett и thelittle17 им се допаѓа ова.
  10. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.670
    Пол:
    Женски
    Која недела си ти? Не можат одма да те породат дека и онака ќе си царски, мислам ако си влезена во 9ти, или што ти викаат др? Многу ми е страв од ова и од предвремено породување. :doh::doh:
     
    На Prolett му/ѝ се допаѓа ова.
  11. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.399
    Допаѓања:
    126.738
    Здрава и жива да е малата:inlove:
    Ме врати 1 год.наназад,слични емоции и приказна.
     
    На Prolett, Sexybaby86, kankus и 2 други им се допаѓа ова.
  12. natasam

    natasam Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2013
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    630
    38 недела, ама немам индикации дека ќе биде брзо и затоа ќе чекаме уште. Инаку сега за сега тоа замотаното не прави проблем ми кажаа, беше еднаш замотана пред 2 недели сега е 2 пати, затоа што се вртеше со главчето. Плус имав вагинален преглед со рака и мерење карлица со нешто како шестар и тешко да излезе бебето природно според проценките. Верувам да беше само до измотаната врвца ќе пробаа природно ама со претпазливост.
     
    На Prolett и thelittle17 им се допаѓа ова.
  13. KittyCat:)

    KittyCat:) Популарен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2018
    Пораки:
    2.080
    Допаѓања:
    14.551
    Пол:
    Женски

    Ептен гледам во голем број има што се измотани со врвцата... од тоа најмногу ме фаќа страв а тек 27 недела ох тешко мене со мојава психа....
    Господ нека ги чува бебината и нас со лесно на сите
     
    На Prolett, Trpkovska и thelittle17 им се допаѓа ова.
  14. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.670
    Пол:
    Женски
    Леле уфф, не знам што да кажам, и што е паметно, ваљда знаат докториве како е најдобро, не знам, не сакам на лошо да мислам, ама а прочитам нешто вака на некоја тема одма ме фаќа страв и паника.
     
    На Prolett, Nefertiti. и KittyCat:) им се допаѓа ова.
  15. natasam

    natasam Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2013
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    630
    Многу членки еве кажаа искуства дека не е страшно толку тоа, само добро е др пред време да направи прегледи. Не се плаши, нема место за паника барем за папочната, да имаше и мене немаше да ми речат дојди другата недела. Немој беспотребно да си правиш стресови. Со добар др се ќе биде во ред. Со среќа :)
     
    На Prolett, KittyCat:) и thelittle17 им се допаѓа ова.
  16. lady.N

    lady.N Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2011
    Пораки:
    711
    Допаѓања:
    1.132
    Ох колку убава приказна. Да расне голема принцезата, скоро ќе си се гушкате сите. Искрено малку ме подзамисли за уреаплазмата зашто и јас ја имав на првите брисеви и не знам дали е исчистена, а на вторите ако покаже пак не знам дали ќе има време да се среди. Опасна ли е за бебето при природен пораѓај?
     
    На Prolett, Chanell* и thelittle17 им се допаѓа ова.
  17. natasam

    natasam Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2013
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    630
    Ама, ве молам немојте да си правите стресови толку за тоа, мене др одма смирено ми рече дека нема место за паника додека нема контракции. Кога ќе почнат нормално сите одат во болница, еве повеќето доктори прво тоа го гледаат и знаат како да постапат. Кај мене повеќе ќе е царски поголемо бебе, а тесна карлица, а не толку за папочната.
    Со среќа и само со мисли дека се ќе биде добро.
     
    На Prolett, LivingGlam, KittyCat:) и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Chanell*

    Chanell* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    4.393
    Допаѓања:
    32.817
    Пол:
    Женски
    Еве што пишува
    56F278B5-B8F6-49CF-B9B8-D93B031BEC4C.png


    Штом докторката одлучно ми кажа НЕ за природно пошо не е излечена,значи е опасна.
    Вторите брисеви ти се во 34та недела, имаш време и те како да ја лечиш до пораѓај.
     
    На Prolett, buba4e89, lady.N и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. water-lily

    water-lily Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2013
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    114
    Фала ти мила, ти посакувам исто вака убаво искуство да си имаш :):l: со првото ми беа мн поголеми болките и доолго време траеше, повеќе од 24 часа....сега за 9 часа се заврши :D стискам палци :sun::l:
     
    На Prolett и Trpkovska им се допаѓа ова.
  20. lady.N

    lady.N Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2011
    Пораки:
    711
    Допаѓања:
    1.132
    Да, ова го имам читано и се надевам дека сум ја излекувала со една доза антибиотик и дека нема да се случи ништо од наведеното во текстов. Вчера откако пишав овде баш читнав и на нет за тоа што може да се случи со бебето ако ја има при пораѓај и пишува дека може да закачи инфекција на дишните патишта.
    Не ми е јасно зошто твојата докторка не ти дала пак терапија штом не била излечена. Знам дека тешко се лечи, ама кога си сакала природно вредело да се проба. Јас баш на следнава контрола ќе ја прашам матичната дали може порано да направам брис, многу ме интересира дали ја имам уште.
     
    На Prolett и thelittle17 им се допаѓа ова.