Затоа што не се замара. Она не ни ме праша како ќе се пораѓам, кај неа одев на редовни контроли а поретко кај другава докторка што ме пораѓаше. Сепак брисевите ги праев кај првата,она ми е матична и е таа што треба да дава терапија, јас упорно и праќам резултати она seen ми праи.. ни а ни б. Без разлика каков пораѓај е,ама оставаш трудница со бактерија во неа во последен триместар.. Која недела си? Во 32ра мислам можеш да ги праиш.
20та недела сум. Се надевам дека нема да ти прави проблем бактеријава сега додека доиш да треба да пиеш антибиотик(иако еве кај мене беше скроз асимптоматски, да не останев трудна немаше ни да знам дека имам бактерија, ама па може и кај матичната да ја имам фатено, некако ич не ми е педантна и се сомневам дека е од вагиналното ехо). Или за некој месец можеш да го пробаш оној природниот лек со рен што го имаше тука по групите. Јас сум во план да пробам со тој лек ако не е излечена.
Барај врски за пораѓај и царски Не дека царски не боли или е полесно ама после таков пораѓај како што опиша второ само со царски би го родила
Многу лош совет, посебно на жена пред раѓање. Царски што е подобро го царски те молам просветли ме? Има второродки што раѓаат за 20 мин, ги читате ли воопшто во темава? Царски е операција, не е така розево како што замислувате.
Па пишав не е дека не боли или е полесно царски од природно. Тешко е и едно и друго но јас така би направила ако ми е страв тоа е мој совет не мора да прифати. Може со матичниот да си разговара и да ја советува.ама јавно на форум кога бараш си кажуваме мислења. Јас искрено се исплашив од тоа што го пишала. А фер е на преплашени жени да им го пишеш тоа јавно колку се намачила па вечерва ниедна да не заспие?
Особено Ливринова така без ништо не би седела со гаранција. Сигурно нее без врски, од искуство ти кажувам.
@Chanell* цицо ти си завршила работа. Ај нека е здрава и жива малата, ќе имаме уште една цицо приказна по ова што кажуваш
На страна нека стои се, сите бебиња да се здрави и живи, и мајките со нив. Ама зошто во оваа проклета држава мора да имаш врски за да те породат нормално и човечки? Што е тоа толку тешко да се посвети внимание, па нели си доктор! Не разбирам веќе, и многу се нервирам зошто се е вака кај нас, па дури и пораѓај! Цел живот плаќаме здравствено осигурување за на крај да одиме приватно да се лечиме, или пораѓаме, или да даваме пари на доктор во државна установа. Да не бидам погрешно сфатена, ама секоја бремена жена заслужува еднакво добар третман за пораѓај!
Takva ni e drzavata dzabe se nervirate za toa nema da se smeni kaj nas. So vrski zavrsuvast skolo,so vrski gi vrabotuvaat so vrski se. Drugarka vo stranstvo si se porodi normalno i toa samo babica poraga tamu doktor za.komplikacii doaga pa nikomu nisto. Boli da i forsiraa prirodno i bez epidural ama toa e toa. Se pominuv se zaborava beba koga ke ti dadat sto vristi
Јас се породив природно, во странство, со бебе над 4кг, гест. дијабет и прилично поголема килажа. Ми се погоди млада бабица, сестра да ми беше немаше толку внимание да ми посвети. Побарав епидурал, без никакви прашања, убедувања и нагодувања добив со еден збор. Цело време бев третирана со крајно човечки однос, никој не ме праша која сум и од каде сум, за врски па да не правиме муабет. Докторката исто. Ми дојде утредента на контрола, се соблеков и влошката што ја имав, ја свиткав и ставив до кревет, викам после ќе ја фрлам. Кога заврши додека јас да станам, таа на заминување ја зема влошката и ја однесе во вц да ја фрли. До толку ми стана непријатно, но ете, за нив можеби е нормално тоа. За пораѓајот, деновите што лежев во болница, за се што беше потребно за мене и бебето од потрошен материјал не платив ниту еден цент. Тука и да се плаќа здравство, барем добиваш се' а не како во мк да плаќаш илјадници евра за приватни болници само за малку почовечки однос. Тоа е една од поголемите причини поради кои не се каам што сум ја напуштила државата каде што сум пораснала.
Накратко и јас.. Ме фатија болки на 21 утрото ама беа издржливи и беа на 2 часа интервал. На доктор викаат рано е абер нема. До вечерта се зголемуваа, а веќе во 4 утрото на 22 беа неиздржливи. Стигнав во боллница со 3 прсти отворена ме чекаа до 8часот се отворив 6. Болките беа големи.. но поради лошото свртување на бебето, мојот притисок и алергија и долго време пукнат водењак сепак завршив царски. Во мемонетот не бев ни свесна што се случува, со целосна анестезија се разбудив откако ја извадиле беба. Најголем жал ми е што не го видов веднаш туку по неколку часа. Ама сум пресреќна што се заврши добро и на свет ја донесов мојата најголема љубов.
Честитки, да е живо и здраво малото, а тебе побрзо опоравување. За каква алергија станува збор и зошто тоа ти пречеше за природен пораѓај?
Ми дојде и мене редот јас да си пишам Вчера, во саботата во термин, 40 недела на редовна контрола. Дежурна докторка Кузеска, строго професионална ама ми се допадна. Ме расчепка уште толку и ми рече ништо само еден прст си, врати се назад ако има нешто ако не, се имаш договорено породување на 02.02 со Петровска. Си отидов дома и пак иста песна, бебе мрда, јас имам болки и контракции како од четвртокот. Си размислувам зошто да чекам до 02.02 и да трпам, од толку неспиење и болки ќе немам енергија за природно пораѓање а истото ќе ме чека... Истата вечер отидов пак во Систина на ургентен, Кузеска пак ме прегледа и јас почнав да плачам и ми вика ама зошто плачеш вака нема да се пораѓаш со плачење, ако сакаш ќе те задржиме вечер и јас се согласив. Се гушнав и бацив со мажот и ме качија во соба. Таму на цтг до 12 сабајле утре дента, дежурен доктор се смени. Јорданчо Иванов ми се погоди. Како ми доаѓаат така ми викаат ама немаш ти болки, тебе ти е страв, имаш ниска толеранција на болка, плачка си ти цтг не покажува а јас се виткам на секои 5- 10 имам ненормални болки. Плачка си добив прекар, нонстоп си плачев. Ме проверуваа доле само 1-2 прста отворена. Се слушнале со Петровска, ќе ме качувале во родилна сала, клизма си ставија и ме ставија горе. Таму акушерка Андријана цело време до мене беше. Ми стави провокација, спазмекс и диазепам. Набрзо и епидурал ми стаи анестезиологот. Кога дојде ми искоментира ајде иде спасот, нема веќе плачење. Нема ништо да осетиш, џабе си читала на фемина, знам вие жените што праите Ми фати пола страна само епидуралот, само десната страна. Како ми доаѓаат болки така ништо не осеќам освен левата нога. Како цела болка таму да е. Ми викаат ама ти ќе раѓаш или нов колк ќе сакаш од нас викав само леле ногата леле ногата, подобро сечете ја Дојде Јорданчо да ме провери, вика охоо плачке има напредок, 5-6 прста, поомекнато грло, ќе ти пукнеме водењак, ај молим те издржи природно, да не те оперираме. И му викам не плачам веќе, имам епидурал се ќе издржам сега. Акушерката си збори со Петровска на телефон и си викаат нема шанси, на итен царски на крај ќе завршиш. И јас викам нема шанси царски до крај идеме на природно. Ми ставаа прсти, нешто за омекнување на грло, ми пукнаа водењак. Ништо не осеќав доле, мене ногата ме болеше, само за тоа се жалев. Се отворив 8-9 прста, дојде Петровска во меѓувреме ми доаѓаше нагони за какање и ме ставија на бокс за пораѓање, и ми викааат ако бидеш мирна и не слушаш сега ќе се породиш за брзо време. Само диши најсилно кога ќе ти дојде нагон и не издишувај туку го користиш тоа да напнеш за какање како да не си какала 10 дена со сета сила. Се држев со двете нозе под колено, ги влечев накај себе и главата свиткана на гради. Со три напони такви, ајде мајка, браво мајка, бутни уште еднаш и готово. Ме сецна малку Гордана, јас бутнав и бебе слушнав како плаче. Заборавив и на нога и на сечење, ми беше гајле. Ми честитаа и ми ја дадоа кожа на кожа додека Јорданчо ме шиеше доле. Си истера природно браво бе мајка, ептен ми е мерак за тоа.Ме вратија во соба и еве ме препородена сега, немам уште болки Се породив тек во 17:47, 31.01.2021, 3250 грама, долга 50
Накратко и јас да ја раскажам мојата породилна приказна во саботата на контрола ме примија бидејќи бебето ми беше такихардично и цтгето покажуваше контракции ме следаа во текот на денот во предродилна сала и од кога ме примија дали ќе се смираат такихардиите кај бебка откако се смирија ме префрлија на патолошка.Во неделата сабајлето околу 6:20 сабајлето ми пукна водењакот и почнав да добивам контракции на 10 на 5 па на 3 минути јаки ама издржливи траеа по минута и пушта меѓутоа како што поминуваше времето стануваа се појаки и појаки.Во 8 часот кога дојде докторот на визита ме прегледа и виде дека сум 6 прсти отворена ми дадоа клизма да се прочистам и ме качија во родилна во 8:30 ме ставија на цтг меѓуто тогаш почнаа оние најаките контракции и на секоја контракција што ја добив осеќав и напони ме качија на бокс малце ми беше тешко пошто имав нездржли болки но со 4 напони успеа да се роди мојата лепотица во 10:25 за неполни два часа како прворотка мислам дека релативно брзо поминав.