И јас дојдов на ред да ја споделам мојата приказна после 2.5 месеци Болките ми почнаа уште рано наутро. Претходно цел деветти месец ги имав тие менструални болки, но тој ден беа некако поинакви. Мм пред да отиде на работа сакаше да ме носи во болница, но јас сеуште можев да ги поднесам, а и не беа толку чести,па го испратив да оди без мене. Околу 12 часот шетајќи низ дома, по нозете ми се слеваше топла водичка, како да се помочав. Пукна водењакот. Му ѕвонев на мм да се врати по мене, а во меѓувреме се истуширав и подготвив за одење во болница. Таму ме ставија на цтг, а контракциите ги нема никаде. Болките се појаки и појаки. Отворена само 2 прста. Ме вратија во соба, а јас веќе полудена од болки. За 3 часа сестрата пак ме стави на цтг, минимални контракции, а отворена пак 2 прста. Пак назад. Ми викаат одмарај, ќе ти треба сила. Какво одмарање. Мислев цела болница ми тежи над глава, а тие одмарај. И пак. Во 7 часот, веќе преморена, контракциите почнаа на 7-8 мин, отворена 2 прста цел ден. Конечно се одлучија на провокација. Ми ставија провокација, течеше само 15 мин, контракциите на 2 мин, јас почнав веќе да се губам од болки, само слушам гласови:ајде уште еднаш, ајде пак, уште еднаш кога ќе ти кажеме и ќе биде готово, ајде сега и одеднаш добив такво олеснување, како да се симнала една планина од мене. Ги отварам очите гледам околу мене насмеани лица, слушам еден плач што срцето ми го исполни. Во 10 мин до 8 часот добив ќерка најубава на свет. Ми ја дадоа да ја видам. И сите тие болки, сите тие маки поминаа во таа секунда. Го имав целиот свет во мојата прегратка. Веќе ништо друго не беше важно, само тие мали очиња. Болката се заборава, а чувството на исполнетост ме обзема секогаш кога ќе погледнам во тие мали бисери.
Mе расплака дали од страв од болките што и мене ме чекаат или ид милост за бисерчинава незнам ни јас нека ви е жива и здрава принцезата
И мене ме расплака, многу убаво раскажано, нека ти е жива и здрава убавицата и само убави моменти да си имате
честитки,,да е здрава и жива ќеркичката...блазе тебе,си помина на редот....мене сега тоа ме чека во текот на оваа недела...којзнае како ќе поминам
Здраво еве ја и мојата породилна приказна. На 3-ти декември заминав во Болница со јаки болки во 2 часот по полноќ. Меѓутоа ми рекоја на Цтг нема ништо,лажни ти се болкиве и само си отворена 1 прст. Се вратив дома. Ама од спиење ни С,болките ми беа на 10 мин значи секогаш на 10 мин не се зачестуваа, а беа некои од нив неподносливи, немав јадено бидејки од болки не ми ни текна, ама само шетав цело време, после од кај 9 утрото легнував меѓу тие 10 мин за да одморам душа и нозе. Болките стануваа се појаки ама сеуште на 10 имн,а мене лекарот ми рече не доаѓај додека не се на 3-4 мин. Ама сепак кај 12 часот заминав за да видам што е работата бидејќи бев сигурна дека болките не се лаажни. Ме ставија на Цтг,и ми вика одлично ти е, ме проверија долу и ми вели ти си 5-6 прста отворена спремна си да раѓаш иди на прием. И јас ваква Ми вели лекаот за даат и пол максимум ке те породам. Ми ставија провокација и чекам ред во родилна сала. Доаѓа лекарот ми вели колку често имаш болки и му викам на 2-3 мин, и тој наголеми провокација сестро да роди оваа да се ослободи боксот хахаха мене ми се врти д болки и гледа добивам нап (заборавив да пишам дека водењакот ми го прснаа во болница). Лекарот со цел памет бута рака внатре да го фати, чекаше друга трудница по мене. Јас пискам бидејки тоа беше поболно од контракција.На крај ме остави сама да раѓам. Иако сум со прво не ме сечеа,не сум ни шиена и сум си ок , после 3 напнувања излезе моето синче ... и точно е дека секоја болка исчезнува после тоа. Никогаш нема да ги заборавам тие очиња и тој поглед Ви посакувам на Вас идни мамички да имате лесно породување како моето не земајќи ги во предвид болките пред тоа Поздрав.
Додека малото спие, ајде и јас да ја раскажам мојата приказна На 29ти ми беше терминот. Се разбудив со ептен слаби болки. На болница ми кажаа да сме појделе утредента сабајле па ќе видиме што ќе било И така додека си седев дома, само наеднаш станав да земам нешто благо, и осетив топла вода по нозете. Ми пукна водењакот Му се јавив на мм, се пресоблеков и ја спремав торбицата додека. И дојде мм насмеан од 6ка до 6ка, ме однесе на болница. Таму одма ме ставија на цтг, бев отворена 3 прста. Беше веќе 20 часот. Болките беа минимални, и лежев така се до 22 часот кога болките беа прејаки и не се трпеа. Тогаш бев отворена 6ипол прста. Врискав како некоја ненормална, се виткав се додека не ми ставија епидурална, после тоа убавини После неколку неуспешни напнувања, докторот со цел памет почна да го турка бебето (односно моето стомаче) со рака. И така после неколку минути „мачење“, се роди моето синче тешко 3020 грама и високо 52 цм Заборавив да пишам дека не ме сецнаа, си се породив лесно природно
мене сам ми пукна ама едно девојче што беше со мене кога и го пукнаа мислам дека повеќе од тоа викаше отколку од болките пред пораѓај
^^^ Јас навистина неможам да ја сфатам поентата на тоа викање,стварно. Да боли,боли,(самиот пороѓај)ама па со викање не се олеснуваат болките...само се губи енергија и концентрација.Се знае,во моментот на болка-даваш нап...(кога ќе почне самиот пороѓај)...напот треба да биде како за ,ај сега така морам да кажам-како за по голема нужда,а не со дување на образите.На една така и попуцаа капиларите на лице од напнување,докторите и викаа не со уста,ама она додека сфати како треба...и посинеа образите. И...не е страшно...со самиот пороѓај почнува мајчинството...борба со самата себе за побргу да си ја земеш рожбата в прегратки.
Не треба некое посебно сфаќање за тоа викање - тоа си иде само по себе неможеш да го контролираш бар јас така мислам и извини ама јас на пример немав напон што дека давав не е така едноставно кај сите, со еден два напони оп излегло бебето сето тоа е индивидуално
2 деца родив не писнав збор не изустив ама на спонтаниот абортус на живо без анестезија во 17 гн само издишував уф уф уф е од тоа поболно нешто нема во животото посакувам никој да не осети како е тоа
Секој со своето искуство Мене бабицата која ме породи и кај која сега и со првата бременост одам на подготвителна гиманстика не советуваше ... На која и се вика нека вика! дозволено е Се мене не ми е глупо и не превртувам очи Јас бев скоро два дена со ненормални болки што и на крајот немав сила ни да писнам. Ето
јас кога цекав за преглед..пред да примам инфузија..една родилка извика на двапати.. мислам дека тоа спонтано доага од внатрее...ако ти дојде и ке рикас ..
Да ви ја раскажам и јас мојата породилна приказна која и не ми беше баш некое пријатно искуство На 23 ноември ми почнаа болките на 5мин не беа многу јаки но викам ај ќе одам во ГАК. Отидов вечерта касно ме ставија на цтг и таман дојде редот за да ме прегледаат ми пукна водењакот. Затоа што бев само 2 прста отворена решија да ме задржат на паталошка. Ме задржаа и си одлежав два ипол дена. Секој ден ме прегледиуваа и се обидоа со вагиналета да ме испровоцираат и пак ништо тек на 26ти ноември се отворив 5 цм и решиа да ме качат горе во предродилна сала и со провокации да се обидат. Во предпородилна сала ме качија во 11ч, провокациите многу лошо ги поднесов Спојлер почнав и да повраќам , накај 13ч одприлика ме однесоа на бокс и се мачев до 16 и 25ч да ја родам цуцата. На бокс ме качија со едвај 7-7ипол цм и затоа два пати ме сечеа. Единствена добра работа во сето ова беше тоа што не го осетив шиењето Еве сега после 13 дена можам и да седам а и болката ја заборав кога ја видов мојата принцеза И само да додадам дека воопшто не сум задоволна од персоналот на гак, ако се одлучам за второ дефинитивно нема да раѓам во ГАК.
znac spored tebe bolkite od sontaniot se pojaki od porodilnite jas imav spontan i znam kako boli, cisto te prasuvam za da znam sto me ceka na poragjaj
За жал да , затоа и се измачив толку многу. Не ми беше цел водењак истечен пред пораѓај ми го допукаа.
не болките од спонтаниот, тиа болки се исти како породилните, сепак се исто контракци, него мене зборот ми беше за болките кога е самиот чин на киретажата зошто кај мене беше 17 гн и без анестезија ама треше добри 30-40 минути