Да ви е жива и здрава Муабетот со кафе пресмешен ми падна иако знам тебе ни малку не ти било. Небитно, поминало
И после месец да си кажам и јас како поминав. Понеделник.Редовна контрола,ја 38ма недела. Ми мерат притисок 170/100 докторот ми вика мора да те задржиме бар 24 часа да го следиме притисокот. Среда.Вагинален преглед 2цм отворена,добив венска провокација и ништо осекав контракции а болка не. Петок. Ме качија во пред породилно,јас и понатаму само 2цм отворена. Недела.Сеуште отворена само 2цм.Негде околу 14:15 докоторот ми го пукна водењакот,добив венска провокација и си побарав епидурал.Отварањето ми траеше се до 22часот. Осекав контракции но болки ни една. И конечно почнаа напоните,по неколку напони се роди мојата принцеза.Бидејќи бев сецната повеке ме болеше шиењето него целиот пораѓај,но добро помина се одлично.Во болница останав точно 10 дена од прв ден до искачање со бебе.
Tamu me vodese Marija Joksimovic,no bidejki koga se poragav ne bese na smena,ali dogovori so eden najdobar tim,sestra Kate akuserka,sestra Dance akuserka,doktror stazirant Kostadinka i drugite tri iskreno ne gi zapamtiv,bese dezuren dr.Gorevski i mislam doktorkata ja vikaa Besa,ama ne se pojavija samo ednas bidejki bea vo sala,iskreno kaj mene nemase potreba od doktor
Doktorkata e vrv,tolku bese angazirana za mene i zainteresirana sto ni maticnata ne bese,bevme non stop vo kontakt,duri i koga me fatija kontragcii i naponi pteku telefon mi kazuvase kako da disam i me bodrese,taka da ne se sekiraj vo sigurni race si
Да си напишам и јас додека ми спие пуфчето Ноќта на 21ви баш на ден на термин, откако веќе се помирив дека ќе ја надносам, само што си легнав осеќам вода под мене, ајде си велам валјда не сум пуштила нешто .Дури да станам да одам до вц кивнав, тоа уште повеќе се растече. Аааа добро е пукна водењакот си велам супер е. Лабава скроз си влегов да се капам, се исушив се нашминкав и го разбудив мажот ми. Откако добив потврда дека сум будала што сат и пол се дотерав за на пораѓај тргнавме. Цело ова време имав издржливи болки. На докторот не му се јавив знаев дека е дежурен и отидовме директно на болница. Откако ме прегледа ми вели како сум издржала дома со 5 прсти отворена, јас во шок како можи толку брзо прво раѓање ми е обично по бавен е процесот. Ми направија ковид тест, ме приклучија на цтг по 1 час ме викаат во родилна за епидурал, ја примив на 7 прсти отворена. По 2 часа дојдоа вистинските болки како за во вц и му велам јас готово изгледа ќе се породам, ако не тоа ќе се покакам сигурно. И навистина 10 прсти отворена пораѓајот почна, напони давав како што ми кажуваа, дејство од епидурал почна да се губи, ама бебето почна да ги губи тоновите и ако ја појачавме дозата ќе се одолговлечеше целата постапка. Како и да е и тие болки се издржливи само знам дека ко се пораѓав ги молев да не ме сечат дека многу ми е страв од тоа, навистина не ме сечеа, но сама испукав. И во 7 и пол си ја родив пуфката моја. Како најмил момент во животот ќе го издвојам моментот кога ми ја ставија на стомак, цела топла и валкана . Од тогаш имам нова најголема љубов. После моето искуство навистина сум пресреќна што вака поминав, после сите хорор филмови во претходните 9 месеци што ми се вртеа низ глава, за прво раѓање беше навистина брзо во 1:45 ми пукна водењакот во 7:30 ја родив. На сите идни мајки му посакувам лесен пораѓај.
Честитки и од мене ами, здрава и жива да е, а тебе брзо заздравување... Гушки до двете лепотици Да е здрава и жива мама, и мене ме расплаче... Браво мамичко, Здраво и живо да е бебето, браво мами... Може ли да ми кажеш кои денови е др. Ливринова, како и е името, и пред да одеш на пораѓај, дали тааа те следеше и во која амбуланта е? Фала мами, гушки до двајцата. Честитки мамс, здраво и живо да е, браво Честитки и тебе мама, здраво и живо да е.. @ivance.. @Tacka36 @martty06 @forumce Мамички здрави и живи да се вашите бебиња, а на вас лесно закрепнување... Гушки до сите, навистина убави и интересни ... Дај боже сите со лесно да си ги дочекаме
Еве ја мојата породилна приказна: Во 4 сабајле добив контракции на секои 10 минути. Во 5.30 стигнавме во болница и ме ставија на цтг. Почнаа да ми протекува помалку плодовата вода и докторката ми го пукна водењакот околу 8 сабајле. Интензивноста на контракциите беше иста и се отварав бавно (за 7 саати само 3см). Решија да ми дадат провокација. Болките станаа пресилни и буквално ги молев за епидурална. Откако ми ја ставија за саат и пол се отворив до 10 см и сите контракции ги осеќав слабо како на самиот почеток (болките се осеќаат како 30% од макималната интензивност ако се земе за 100%). Толку се осеќав посвежо и истовремено се одморив и собрав сили за самиот крај. На самиот крај го намалија дејството на епидуралната и почнав да ги осеќам последните контракции како за "какање" и за неколку туркања успеав да го родам бебчето. Олеснување, возбуда, емоции.. се на куп. Му благодарам на Бога за ова чудо и најубав подарок во животот п.с. Од епидуралната не само што не си го изгубив осетот за нозете и долниот дел на телото, туку и слободно можев да станам сама после 2.5 саати после пораѓај. Ви посакувам на сите лесен пораѓај и полни раце среќа
И јас да си ја раскажам мојата приказна. Вечерта 26.02 ме фатија слаби болки во половината и стомакот си помислив можеби се лажни бидејќи беа на различни интервали. Легнав да спијам и утрото ги имав истите само појаки. Отидовме со мм во болница, ме ставија на цтг, ме проверија само 1 прст. Ме пратија дома да се вратам во болница покасно. Цел ден издржав со болки и вечерта веќе беа многу посилни и повторно отидов во болница. Цтг покажува силни контракции ама јас повторно само еден прст. Ме задржаа ради контракциите, издржав така 3-4 часа, потоа ми наполнија када 1 час бев внатре и веќе бев 5 прсти. Побарав епидурална бидејќи не можев да издржам слабо се отварав. Откако ми ја ставија јас се преродив, осеќав само слаби контракции без болка. Со епидурална бев скоро 8-9 часа, додека се отворив 10 прсти. Дојде време да се пораѓам ама бебе беше заглавено со главата и не можеше да излезе. На бокс бев долго време, ме пораѓаа тројца доктори еден ме пораѓаше, друг го туркаше бебе на стомак третиот ми помагаше мене. Бидејќи не ги осеќав добро контракциите епидуралната ми беше исклучена и во 13:30 на 28.02 се роди мојата принцеза. По раѓањето ми ја ставија веднаш на мене, тоа чувство не се опишува, се се заборава за миг само го гледав и плачев. Секоја мака и болка вредела за да се дојде до него. Ви посакувам на сите ни приближно како мојот пораѓај, многу полесен и побрз и со среќа на сите идни мамички.
Да раскажам и јас, додека бебко спие. Во петокот на 12ти, накај 3 по полноќ, ми пјкна водењакот, ама не цел туку си течеше постепено, и викам ајде ќе си почекам, имам време, му пишав и на докторот, рече дојди до кај 8ч. Само што отидов ме виде и кажа ќе ме задржи, заради пукнат водењак. Ме примија на патолошка со некои слаби болки, и само 1 цм. отворена, ми ставија инфузија антибиотик некој, заради водењакот, почнаа и појаки болки, и ајде за некој саат да ме види докторот, одам вагинално не мрднато, исто отворена... ништи си чекав така, рекоа ќе чекаме 24 часа, и така јас си добивав се појаки болки, а абер немав од отварање, накак 1 часот по полноќ, збудалев веќе, на секои 5 мин имав контракции, пак дојде докторот и ме прегледа, не без мрдната, 1 цм. отворена, 15 саати! Ме фати нервоза, склет, се. Рече ако сабајле не се отворам, идеме со провокација инфузија, и секако не се отворив, сабајлето во 10 ми сравија провокација, и за пола саат почнаа болки на 1 минута, со ЦТГ на мене, со инфузија, со болки, почнав да повраќам, се мрднав, почнав да се дерам како будала таму, како да ќе ме коле некој, и ајде земаа накај 12ч да ме проверат, 7 прсти отворена! И викаат, те носиме во родилна сала сега, спреми се. И ајде и таму вагинален преглед, клизма, ЦТГ, како поминува време така болки и контракции појаки имав, плус повраќав, вриштев, пиштев како будала, буквално! И почнаа да му паѓаат тоновите на бебето, и тука веќе ме фати паника, и мислам уште повеќе болки ме фатија, ајде на бокс, едвај ме качија, ме спремаат со инфузии, инекции, јас вриштам уште повеќе, ајде чекаме болка и напон, и ми кажуваат докторите како, не бе јас изморена не можам напон да земам убаво и бебе се враќа, не спиена 24 часа, не јадена, ништо! 10 пати напнував, и на крај почна главчето да искача, добив некоја сила мислам дека, и со уште два напони излезе мојот Марко 3.450 гр. 52 цм, почна да плаче одма, ми го ставија на стомак, прекрасно чувство, и мислам дека секоја болка помина во истата секунда. Распукав, и си добив 5 конци, тоа шиењето исто ме болеше, ама не се споредува со претходните болки. Генерално сум задоволна од целиот тим во Чаир, и доктори и сестри, и акушерки, и сестри на Патолошка. Се беше супер од тој аспект, ама јас лошо поминав со болко 24 часа, во секој случај вреди се ова и се заборава одма кога ќе си го видите бебчето. Ви посакувам на сите мнооогу полесен пораѓај!
Браво мајка херојски си издржала. Гушкајте се со лепотанот За вакви долги пораѓаи мислам дека треба задолжителна епидурална, за да има жената сила.
Уф ми се плачеше додека ја читав. Јаки болки без епидурал секоја и чест како ги поднеса.. Јас на 5цм и не можев повеќе..