Се зависи од прагот на толеранција. Јас до 10 цм сама се отварам, за кратко време и без епидурал. Ама пак затоа не се рекло,ние жените сме поголеми МАЖИ од мажите. Ние сме жени,мајки, лавици.
Со првото ич болки немав при отварање, знам само грбот ме болеше па побарав перница плус да ми биде помеко дур тече индукцијата. Кога ме проверија 8 прсти а јас болки ич, смеејќи се отидов на бокс да се куртулам веќе Ама со второто какви болки имав, уф! И тоа на 4 прсти. Прво одвибивав анестезија, после ги молев не се издржаваа. И фала богу што ја примив. Така да, не е исто секој пат
Јас со прагот за толеранција за болка, сум скарана, не знам како издржав, едвај се качив на бокс, не па друго Иначе докторот беше само присутен во сала, ме пораѓаше акушерка, и уштњ 10 други луѓе околу имаше И грешно сум пишала во приказната, 3.650 гр се роди, му ја погодија тежината. Емил Бајалски се погоди, јас сум од сите и од цел тим задоволна, супер беа сите. Фала ви, и сите да си дочекате вакви убавини.
Како да ја читам мојата породилна приказна, тешка, долга со страшни болки и изнемоштеност. Браво мајка на храброста! Искрено јас после мојот страшен пораѓај не сакам др бебе, освен ако се пораѓам со епидурал. Низ тој пекол пак да минувам не можам
Додека ми спие на гради, да ја споделам и мојата, да ми стои тука за да не заборавам Речиси сите стравови околу породување за кои ве реметев во труднички се остварија - Нема да ги препознаам болките Така и беше. Неколку дена имав стврднувања, но не ме болеше па игнорирав. Вечерта само се потев и бебето беше поактивно од обично, но немаше болки и пак игнорирав. - Ќе ми пукне воденикот на новиот душек. Секако дека и тоа се случи Среќа имав ставено водоотпорни подлоги под постелнина. Си легнав рано, и после 11 часот едно силно ПАУ! Ко балон пукнат со игла, и водата почна силно да тече. Беше кафеава, па веднаш се загрижив. Се јавив во болницата, ми Велат не се грижи има време, не оди пораѓајот туку така. Тргнувај и без грижи. - Ќе патуваме во паника до болница. Нејќам ни да почнам да пишувам за патот. Не знам кој беше повозбуден, јас или човеков мој. Само се сеќавам дека нон-стоп му повторував: не се грижи, конечно ќе го гушкаме душето. За 40 мин бевме таму. По пат ми почнаа силни болки на 4 минути. Сега веќе ги осетив Додека дојдов до болница бев премногу испаничена, бебето не го осеќав. Отворена 5цм, болките стануваат појаки. Цтг свири, таму ме тешат дека е во ред а мене инстинктот Ми вели друго. Процедури со ковид тест и документација, а во меѓувреме докторката собира тим за царски. И така се оствари и последниот страв, дека ќе морам со цезареа. Самата процедура беше ок, освен што паничев за малечкото. Никогаш нема да го заборавам моментот кога го извлекоа. Почна силно на цел глас да плаче, а јас рикав посилно од него. Душето на цел глас најави дека е силно и добро. Ми го доближаа образ на образ, и се смири. Го тргнаа, пак почна да вика. Тој момент луѓе, секој ден ми се враќа и си плачам кога ќе се сетам. Душа на мама. Породувањето беше далеку од тоа што го идеализирав и очекував. Најмногу ми е криво што не успеав да останам смирена и прибрана. Но беше брзо, помалку од 3 часа од пукање на водењакот. За тоа имав среќа.
Експресно породување. Сепак болките се тие на 4 минути. Тоа првото се подготовки на матката за пораѓај кои се појавуваат од 20-22 недела од бременоста. Болките ти започнале после пукање на водењакот и нема шанси да не ги осетиш. Помалку од три часа си имала болки со што се вбројуваш во најбрзите фемински пораѓаи.
Леле мами ме расплака! Браво за храброста. Супер приказна. Многу ми е мило за тебе, многу! Да сте живи и здрави и да ти даде Господ уште две вака да ги родиш па да имаш ептен полни раце за гушкање
Ајде и јас додека сум на интензивна без бебушот да пишам тука. Ова со водењакот некоја нова мода да не е? Утрово кај 6 без нешто ме разбуди мала болка во стомакот која додека ги отворив очите ја снема, но осетив како нешто малку да ми потече, реков дека е исцедок што ми се случуваше често, но сепак станав да проверам. Почнав да бришам со хартија неможев да добришам само излегуваше и веќе почна да течи пообилно, знаев дека е водењакот. Се јавив во болница и на докторот, ми рече дека имам време да се средам и да одам. Ништо не ми беше спремно за во болница па се правев утрово и конечно по саат и пол бев на болница. Ми направија преглед бев 4 цм отворена, ковид тест , лабораторија, документации и ме качија да ме спремат. Додека течеше инфузија почнав да добивам болки. Болките не мисе видоа воопшто наивни иако беа почетни и кратко ги имав. Ме однесоа во сала за царски бидејќи првото ми е царски и веќе тука почнав да се тресам. Цело време додека траеше операцијата се тресев. Кифлето го извадија за брзо, солзи сами потекоа, си го видов, не сликнаа и се беше во најдобар ред. Ме донесоа на интензивна каде се тресев уште некое време, па после тоа се стабилизирав. Сега пред пола час станав прв пат и многу беше полесно отколку првото станување после првиот царски. Се на се сум презадоволна, се надевам дека вака ќе остани се во ред и натаму. Се надевам и дека ќе ве охрабрам со моето позитивно искуство од вториот царски .
@LivingGlam @SophiaBella браво храбри мајки! Помина тешкото, сега уживајте со малечките лепотани! ❤️ Живи, здрави и благословени да се. Чинам двете во плодност се породивте? Кој ве породи? На Софи и е уште рано штом е во интензивна, Ливинг како си задоволна сѐ на сѐ? Услуга, нега, персонал? Колку дена лежеше? Ти покажаа доење, капење, преслекување?
д-р Марија беше дежурна, дојде и Кристинка. Лежев 3 дена во соба плус вечер на интензивна. Ми покажаа се’, дојдов дома веќе со млекце и бебе навикнато на доење. Го носат да цица од прв ден. Со раната немав никаков проблем освен нормалните болки на почеток. Презадоволна од се’.
Др. Сотир ме породи кај него одев, ми имаше дадено и бројче да ги контактирам ако има нешто, па му се јавив кога ми пукна водењакот. Беше заедно со др.Христијан. Досега сум презадоволна, прекрасни се сите, го донесоа бебето на интензивна ми го ставија на града, па од утре ќе видиме како ќе биди. Ќе споделам пак на крај, досега е се чиста 10ка.
@LivingGlam @SophiaBella ептен ми е мило. Фала ви за споделеното искуство, мноогу ми значи, ме опуштивте да знаете.
@IRBBB да се надоврзам на постот сега кога сум дома. Се беше перфектно, вреди за секој денар даден. Ми покажаа се за бебето капење, што треба да давам, вежби, со доењето ептен ми помагаа, сега еве само на доење си е бебето . Бев вечер на интензивна и 3 во соба. Биди си опуштена, во најдобри раце ќе си ако решиш да се пораѓаш таму . Со лесно
Pozdrav feminki ve molam za mislenje od vcera me boli kicma ili bubrezi ne znan tocno a uste sum 35+3 ispiv paracetamol i magnesium ne ni se smuruva bolkata ako ne mi se smiri uste malce moram da odam a se mislam kade planirav vo cair ama cekav da polnam 36 nedeli za da se dogovaram so doktor izgleda bebceto ne mu se ceka a na 35+3 dali ke bidat spremni vi cair dali ke treba inkubator ili ne kade da odam pomos
Не кажувај непроверени информации. По 37 недела ги водат за термински, пред тоа може да има потреба од инкубатор. @xhon kenedi јави се во Чаир и прашај, ама јас би отишла во гак.
Мојот е 35та роден нити ден не бил во инкубатор нити кислород. Самата мајка знае колку и напредува бебето.