Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Породилни приказни

Дискусија во 'Бременост' започната од fairy88, 20 август 2012.

  1. NewMommy

    NewMommy Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2015
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    1.059
    Пол:
    Женски
    Точно е дека на Државна нема да те третираат добро, но и тоа има причина. Научени се на мито. Дај му на докторот 50 евра скришно ( како што направив јас) и ќе те гледа како кралица. И на главната сестра 1000 денари, а останатите само бонбончиња си чекаат. За жал, вака е. Ама подобро 100 евра да дадам, отколку 1000-2000 евра. Ако платам толку за добар третман, некој друг или јас ќе треба да работиме една година за да го платиме третманот. За мене е премногу скапо.
     
    На kikikikirika, Алек***, marija99992 и 6 други им се допаѓа ова.
  2. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Браво! Е многу си снаодлива :bow:
    Кога друга некоја нема да има да даде, а ќе очекуваат ради снаодливите, ќе моли да ја погледнат.
     
    На Fallen.Angel, marija305, Sexybaby86 и 10 други им се допаѓа ова.
  3. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.351
    Допаѓања:
    286.300
    Темава е за породилни приказни. Ве молам држете се до истата.
     
    На Bicka77, Tedyyy, Thallia и 10 други им се допаѓа ова.
  4. Lima87

    Lima87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    280
    Ајде набрзина да споделам како излезе кај мене. Нели во петокот од ГАК ме пратија во Чаир на патолошка да ме примат и нејќев да идам, ама маж ми ме натера. Ајде ме примија и дознав дека нема шанси индуцирано да ме породат пошто нели викенд и само дежурни доктори, јас без болки и без пукнат водењак, ништо само цтг ми праат и толку. Дента го пцујам мм што ме натера да дојдам, дома ќе си чекав. Во саботата околу 5 ипол попладне ме фатија слаби болки природно и накај 8 ми се зголемија, ме прегледаа 2 прста отворена шетај малце, во 10 и нешто 4-5 прста, спремај се за во претпородилна и јас уште после клизмата под туш ќе се породев, ми доаѓаа напони. Во претпородилна ми го пукнаа водењакот и веќе сум била скроз отворена дури главата се гледала, трчав со акушерката на бокс и со три напони се породив. Докторите не можеа да веруваат колку експресно беше и среќа што не трпев болки долго. На сите што не се породени им посакувам ваков пораѓај.
     
    На Martka, Stressed Out, Dust и 66 други им се допаѓа ова.
  5. An4e24

    An4e24 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    513
    Допаѓања:
    1.479
    Пол:
    Женски
    Lele subo i jas sakam vaka :D cestitki da e zivo i zdravo maleckoto i pobrzo oporavuvanje :)
     
    На Lima87 и Prolett им се допаѓа ова.
  6. Prolett

    Prolett Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2019
    Пораки:
    1.291
    Допаѓања:
    2.531
    Пол:
    Женски
    @Lima87 нека е здраво и живо мами, брзо оспорување... Да прашам во чаир сето тоа?
     
    На Lima87 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.350
    Допаѓања:
    113.094
    Пол:
    Женски
    Ако те индуцираа пред клизмата ќе родеше:D
    Браво, нека е здраво живо :l:
     
    На Lima87 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Lima87

    Lima87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    280
    Да, во Чаир.
     
    На Prolett му/ѝ се допаѓа ова.
  9. jarec6

    jarec6 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    2.779
    Допаѓања:
    18.353
    Пол:
    Женски
    Цимерката моја од Чаир :)
     
    На mssuniquee, Mom_3, KittyCat:) и 15 други им се допаѓа ова.
  10. Lima87

    Lima87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    280
    И да, ете не стигнав да пишам Јарче ми се погоди цимерка на патолошка во Чаир и подобра поддршка таму не можев да си замислам. Фала ти и среќна сум што се олесни и ти веќе :*
     
    На Dust, mssuniquee, thelittle17 и 31 други им се допаѓа ова.
  11. NewMommy

    NewMommy Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2015
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    1.059
    Пол:
    Женски
    Ако не знаеше тоа е јавна тајна. За жал.
     
    На Kate Rina 93 и Meckicja им се допаѓа ова.
  12. Majra

    Majra Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2016
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    84
    Пол:
    Женски
    Вие си знаете најдобро, јас можам само да изразам сочувство и да ви кажам дека е голема храброст да се сподели такво искуство. Господ нека ве чува. Ви испраќам прегратка
     
    На thelittle17 и LazaLaza им се допаѓа ова.
  13. Marge

    Marge Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    796
    Допаѓања:
    3.038
    Да раскажам :)
    Вчера рано сабајле, после 4 часот го слушнав дека пукна водењакот во спиење и потече нешто, скокнав одма во вц и си реков - тоа е тоа. Разбудив маж, влегов да удрам туш на брзинка, се јавив на линијата за контракции да кажам дека тргнувам, се договоривме со бабицата да се најдеме за пола саат на клиника, проверив по список дали имаме се во торба, нареди маж кеси на седиште (facepalm) и тргнавме. Не замислував дека водењак тече така, ко чешма да те намокри едно 8 пати цел :worried: Кога веќе стигнавме во болница беше 5 часот, јас 4 прсти отворена, сериозни контракции почнати, ама такви што се преживуваат. Цтг стандард ме поврзаа, тонови ок, рекоа чекаме. Накај 5.30 веќе стануваше многу болно и ми кажаа бабиците дека имаат некои работи за опуштање, така да, си побарав таблета и некое чепче ми дадоа...не дека ми смени нешто, ама ајде. Во 6 дојде нова смена бабица, ми поврза пак цтг, не затвори со маж во салата за пораѓај, рече сакаш лежи, сакаш седи, што сакаш прави, да ти биде полесно. На почеток контракциите во одење и нишање додека траат (кореографија бришач) ми беа најиздржливи, после некое време, веќе ништо не помагаше, побарав када (кадата е од многу голема помош, ја препорачувам на секого, ако се има можност) и уште нешто на природна база, ми ставија нешто во рака, ми додаваа по некоја капка на 5 мин, ама реално, освен опуштањето измеѓу контракции, ништо друго не ми смени. Како и да е, веќе бев исцрпена накај 9, си легнав и само сакав да лежам и да спијам (со контракции, ама ај:D). Зема бабицата да ме провери уште еднаш, ми вика, а ти немаш ли напони, тоа не биле ни контракции, него напони, јас сум си се отворила 10 прсти, бебе почнало да бутка, јас контракции дишам :D Ми вика, за 45 мин си готова :party: И така бидна, од стигање во болница, до гушкање на сончко, точно 5 часа.
    Дали беше лесен или тежок порѓајот, не знам, тоа е релативна работа, контракциите се контракции, бегање нема од тоа. Сфатив дека е многу битен тимот што беше до мене, бабица, докторка и една ученичка и неизмерната поддршка од сопругот, што цел пораѓај беше до мене и ми даваше сила, но многу сме битни и ние самите, нашата психичка спремност, нашата физичка спремност и наместо паника и страв, поголема доверба во нас самите, во нашето тело и сила :) Навистина сме посилни од што мислиме и секогаш, кај секого е различно, не треба да се полниме со искуства од други и да си набиваме страв. За мене ова беше во најмала рака едно прекрасно искуство, нешто што нема да го опишам како болно или не, едноставно возвишено.
    Не знам дали помогнаа и чајот од малина, урмите, вежбањето, масажите...сакам да верувам дека беше така и покрај тоа што кај секој е различно, ете, јас верувам дека бев среќлија и се исплатеше сето тоа :)
    Се префрлам во теми доење, грчеви, ИТНО - прашања за бебиња :D
     
    На mKdevojce, Tedyyy, Martka и 58 други им се допаѓа ова.
  14. Lili4e

    Lili4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2021
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.555
    Пол:
    Женски
    Честито мама, убаво раскажано, сега гушкајте се и сакајте се. Инаку каде ова, во која држава? :)
     
    На Marge му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Marge

    Marge Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    796
    Допаѓања:
    3.038
    Германија :)
     
    На Moce19, Bjanka82 и Lili4e им се допаѓа ова.
  16. mamaJana

    mamaJana Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2018
    Пораки:
    1.480
    Допаѓања:
    7.258
    Пол:
    Женски
    Да ви ја раскажам и мојата втора породилна приказна.

    На 6ти конечно ми закажаа термин за царски рез за 12ти април.
    Бев на цтг кај матичниот па заминав кај мајка ми, се изнаигра ме со ќерка ми во двор па вечерта се прибравме дома, со мм си направивме салата, си каснав па испланира како викендот ќе прошетаме со малата, па понеделник одам да го земам бато од болница.
    Си легнавме, раскажавме приказна и крај 11 заспав. Околу 2ч ќере се префрли од креветче, го прескокна мм и се стутули до мене, а јас идиот ја вратив в креветче..
    Од тогаш почнаа слаби контракции, менструални болки плус болка во грбот. Пробував да заспијам ама болката се засилуваше.
    Крај 3 и пол го разбудив мм, ги викна неговите да останат со ќере а ние тргнавме во болница.
    Ме прегледаа, цтг, ехо, рака и докторот ме препрати во болницата каде што ми беше планиран пораѓај.
    По пат со болки ама смирена, со првиот пораѓај паниката ме уби, сега си ветив дека нема да е така.
    Стигнавме, ме примија на одделение, мојата Докторка не беше тука, се јавив и веднаш дојде.
    Во меѓувреме ми зедоа брис за ковид, си добив уште еден преглед со рака, отворена 4 см.
    Она што го замислував најнепријатно, поставувањето клизма и катетер ги поминав смирено.
    Во меѓувреме болките се зачестуваа и засилуваа, дојде мојата Докторка и веднаш ме однесоа во сала.
    Легнав, па ми кажаа дека ќе бидам со целосна а не со спинал како што побарав предходно. Покасно дознав дека тоа било заради руптура на матката која морала итно да се санира.

    Се разбудив во бунило, мм ме бакна и ми кажа дека бебе е мајкин син, 50 цм, 3150 г.
    Ме однесоа на интензивна а бебе го видов дури после неколку часа.
    Кога го видов душата ми се стопи, мамин син навистина, со кожичка мека најмека на цел свет :l:

    Првото станување болно, но не како првиот пат кога се онесвестував од кашлање.
    Денес трет ден во болница, трет пат туширана, средена, начешлана :lol: одвај чекам да ме пуштат дома кај ќерче :hug:
    Ми фали премногу, душата ме боли ама ќе издржиме уште два дена..
    Бебе заради инфекција во урина во последните недели од бременоста се роди со инфекција на кожата, па сега прима антибиотик :(
     
    На Alishan30, Martka, Turna и 46 други им се допаѓа ова.
  17. Milaаа991

    Milaаа991 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2018
    Пораки:
    2.915
    Допаѓања:
    11.385
    Пол:
    Женски
    Аии мајче честитки!
    Ме расплака.
    Си замислувам колку ќе ми фали зверка за некој месец. :hug:
     
    На mamaJana му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Bicka77

    Bicka77 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2020
    Пораки:
    1.694
    Допаѓања:
    5.031
    Пол:
    Женски
    "кореографија бришач" :D:D:D

    Честитки мајки!:hug:
     
    На LivingGlam, thelittle17 и IRBBB им се допаѓа ова.
  19. merina.93

    merina.93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2013
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    322
    Колку време имаш поминато од првиот царски и ко што разбрав си се породила пред закажаниот ден за царски? Честитки за синчето
     
  20. Magde20

    Magde20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2011
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    122
    Пол:
    Женски
    Честитки, да е жив и здрав синко!