Да да, не бев сигурна затоа и прашав што како, оти на пример ако одам таму да не е тоа обавезно ама ок штом така
Кај мене беше на пораѓајот присутна, ама Шурлани ме породи не она. Уствари поише доктори се присутни, и сестри и се,ама реално бабицата те породува. Ама тука се сите од тој дел сум задоволна. Заради нејзе седев цела недела во болница демек сум немала вода,после тоа 10 доктори ме гледаа имав вода. Џабе само на психа ми отиде се, да лежам на патолошка толку денови, да се изнагледам се и свашта. И сите ја критикуваат, само дека ги пика жените у болница без врска.
А мене знаеш како ме стресна? Протоците не биле ок, не стигало доволно кислород и храна до бебето. За некој ден ме прегледа Др. Младен ми рече нњ знам што видела докторката ама со бебето си е во ред. Протоците нормални. Страшно.
За порано не знам ама сега кога се породив на гак пред еден месец никој не смееше да влезе , јас не видов посети никакви.
Да почнам со најубавата приказна во мојот живот. Од саботата омекнато грло, чеп почна да паѓа, 1 прст отворена. Недела, 3 прста отворена, без болки, исто и понеделникот, цтг секое сабајле и рачен преглед и дома праќање да се движам и да се сексам. Само се движев, до секс не ни беше ич. Во понеделникот се договоривме за прием во вторник, ме прашаа дали сакам царски или природно, реков природно. За жал, за моја несреќа, докторката ми се погоди во Кавадарци, анестезија тука нема шанса а мораше веќе да се почне пораѓајот. 37+6 недела. Ме примија, ми направија цтг, добро беше, рачен преглед, 4 прста отворена без болки. Следно беше тест за корона да ми направат. Ме фати паника да не сум позитивна ама среќа негативен беше и ајде на бокс ела одма ми вика, да ми ставе балонче некое со црево, за омекнување и доотварање на грлото, 4 часа тоа стоеше. Ме однесија одма во родилна, пред салата има два кревети и цтг, со мене девојче, се иста провокација, и двете во исто време примени, неа второ дете, мене прво, ми беше супер и од голема утеха и помош, сама да бев ќе ме фанеа паники некои, со неа муабет се, за тие 4 саата додека имавме балони, брзо мина се и безболно. Дојде после 4 часа докторката ја викна неа прво за преглед ја качи на бокс у родилна, се гледам јас, на 4 метра тоа од мене, врати отворени, ајде сега јас на ред, ооооо маци 7 прста вика, а болки минимални. Си дишев, си зборев, си шетав, се издржуваа скрос. Не ми се веруваше кога рече 7 прста, при крај сум викам... Ајде вика ќе пукнам водењак за побрзо да оде, и провокација нешто како инфузија рече да ми уклучат. Пукањето на водењак беше најнеболното нешто, не ни осетив кога го пукна само осетив топла водичка како ми тече меѓу нозе. Стани и шетајте сега и двете рече, движете се. Тука почнаа веќе оние јаки болки, почнаа да се подолги, паузата меѓу болки беше прекратка, а болките беа се појаки, и лошото беше што нагони добивав а имаше уште до пораѓај. Почнав да одам, не можам, боле се виткам, ама глас не пуштив, дишам демек бабицата ми вика диши ги контракциите ама како бре и викам, до сега ги дишев, веќе 8 прста бев отворена и не очекував наеднаш такви болки и напони и фанав да а молам бабицата да а вика Адела дека ќе раѓам, многу ми се какаше, мислев ќе ми експлодира газот жими се. Дојде Адела, 8 прста си ми вика, движи се ми вика побрзо да биде, јас и викам не можам веќе, какви се овие болки, не се издржува, па мора ми вика вакви болки за да родиш, ајде ајде, јас се грчам и почнав да викам, прв пат да врескам така во животот, кажа Адела уште нешто да ми стават инфузија ама од кога тоа ми го приклучија почнаа најпеколните болки што може да ги замислете. Врескав како луда, канелата 3 пати ја искорнав, држачот за инфузија го трескав од земја, бабицата ме смирува, аман чувај сила пробај диши, мочај бишиката ослободи ја, дојдија и сестри, сите ми викаат не викај смири се, педијатарот исто дојде ме слушнала како врескам мислеча готово ќе се породам кај и да е, ама не, не можев да прекинам да врескам зашто болките беа страшни, напон давав саат и пол ништо нема ни трага од бебето, заглавено. Веќе збеснав скрос и се качив по 2 пат на бокс и на бабицата и викав земи шири ме нешто прави за да се породам, полудувам помогнете ми што ви е на вас сите, жими се цела се ежам кога ќе ми текне, цел живот ќе ме прогонуваат последните 2 часа од пораѓајот... Сестрите си зборат нешто, бабицата дојде до едно остро како што го пукаат водењакот фана бишиката да ми ја празне да не имало нешто, и со рака ме чепкаше, и само и реков викај а докторката, јас ќе умрам тука на боксот сфаќаш ли, и и се јави и и рече ајде да пробаме да видиме, на крајот е. Дојде докторката, тонови на бебето рече да ми слушнат, ми рече само не врескај толку ќе се измориш, ама џабе збореа, јас бев полудена веќе иако свесна за се, и само и реков јас напињам од преѓеска, притиска скрос на газот, доле е, отварајте ме и вадите го, и почнав да напињам, 3 4 5 6 пати, паузи, па пак напони, и после 10 минути ми викаат сега ќе биде веќе, тука е, ја гледаме, мене толку ми требаше, кога слушнав тука е, кога напнав не попуштам, и ми вика докторката добро прекини чекај. Ајде сега рече напни ама како последно да ти е, веќе незнам кое напнување беше ова, грлото ми беше суво не можев да голтам, лом од врескање, сила при крај се тресев цела, и само знам главата наназад ја пуштив за да земам воздух длабоко и ми спискаа напред глава сега и чекаме напон, и дојде напонот, реков ајде дојде почнувам, ја свиткав главата и без да пуштам глас земав воздух и напнував мислам пола минута, осетив раци како ме шират, ме сецнаа од десната страна, врз стомак една сестра скокна, и само осетив нешто како искача од мене со се врвца, знаев дека е она, и само ја спуштив главата и почна да плаче Изабела. Солзи ми течеа а она плачеше и само прашав како е, педијатарот одма честита сите ми чеституваат а јас бев најсреќна и само си викав во себе, успеа и си ја роди ќерката, конечно се се исплати, мајка си сега свесна ли си, не можам да кажам и опишам со зборови како ми беше, ќе почувствувате сите, се мислев нема да осетам одма тек отпосле ама поубаво чувство во животот никогаш пак нема да осетам. Бев буквално пресреќна, се чувствував како преродена, пробав да прекинам да плачам и им реков дајте ми ја на кожа, не ја носите, и ми рекоа почекај, незнам дали одма и пресекоа папочна, ја расоблеков спаваќата, ми ја ставија на гради ја гушкав, мирисав, бакнував и за неколку секунди ми ја земаа, педијатарот ми рече дека е супер, да ја средат ќе ти ја донесиме, 3200 кг дека е, 50 см долга, идеално рече. Ми уклучија нешто у рака и една машина ми рекоа да не мрдам постелката да ми ја изваделе, лежев и се тресев, ама бев спокојна, ме чистеше доле бабицата после и докторката дојде да ме шие, тогаш ми ја донесија бебка и ја легнаа на метро од мене да си ја гледам. Шиењето беше преболно исто, анестезија ми буцна ама искрено не ја осетив ич како да немав, дали требаше да почека малце за да делува којзнае, баш и реков и ова боле ногу, ама јас ја гледав Изабела и солзи ми течеа и само тоа што ја гледав ми даваше сила да го истрпам и тоа покрај се. Лежев 2 часа на бокс, потоа ме префрлија во соба. И сега се гушкаме, цицаме, си лежиме за жал уште сме во болница, баш кога требаше да си одиме фана жолтичка, па ја сончаат сега, се надевам утре ќе си одиме.
Породилни приказни...Како релативно нов член ве исчитав од почеток,напати ме расплакавте па ме разнеживте а и ми измамивте насмевка.Затоа решив да ја споделам и мојата породилна приказна иако е од поодамна .Јас поучена од пријателка дека пороѓајот како пороѓај треба да боли,психички подготвена а и прочитано детално како се одвива од една малечка книга од 1970 и некоја незнам од кај ми се најде, со на 5минути болки се упатив на болница.Мојот пораѓај како првородка траеше вкупно од прием 9 часа од кои првите 4 часа болките кои не беа мали ги чувствував на 3минути додека останатите 5 часа мислам дека беа премногу болни и не чувствував никаква пауза.Одлучив да не викам си реков што фајде докторите ваљда знааат кога е време и само така тивко си плачев ,а болки огромни.Во 9часа бев скроз сама,дојдоа само 3 пати,еднаш да ми стават цтг и ми рекоа мали ти се болките,треба повеќе да боли а не знам колку требаше повеќе зошто беа не подносливи и никогаш не добив поголеми.Вториот пат ме прегледаа,а третиот пат на крај дојде една бабица и ми рече сакаш сега веднаш да те породиме и ми го пукна водењакот,приклучи инфузија.По 5 минути добив такви силни напони а болката едноставно исчезна .Е тогаш си реков е сега овде раѓам секако сум на болница.Сепак дојдоа брзо ме однесоа на бокс и со 3 напони го родив мојот бебуш.Во втората бременост од прием со воопшто не силни болки освен на бокс ,тогаш добив баш силни но траеа 5 минути,во рок од 3 часа ,со повторно 3 напнувања го родив вториот мој бебуш.На сите млади и идни мајки само ќе ви кажам онака како и мене што ми рече пријателката боли но се издржува, како инаку би се броело човештвото со милјарди.Тој ден кога ќе родите ќе добиете признаница дека сте станале мајка.Од тој ден борете се секој ден ,дарувајте многу љубов многу гушки,читајте им разговарајте со нив за еден ден да го положите најважниот животен испит а тоа е дека сте израснале психофизички здрави индивидуи, за потоа да ги пуштите слободно да летнат во пространството што се нарекува живот.
@Nefertiti. Ми се насолзија очите Мене многу поболни ми беа напоните од контракциите. Дури кога добив напони почнав да викам, едвај се качив на бокс. Контракциите некако ги издржав, али напоните кога почнаа не знаев кај сум, р'жев, викав, мислев ќе поулавеам
Vo cetvrtokot, se pakuvam utre da si odime. Da se podsredam malce so vpecatocive pa ke pisam sto kako
Не сум се изразила убаво изгледа, исто женче. Контракциите ги ќутев и ги трпев, ама последните 2 часа напоните и на боксот напоните беа пеколно болните, мислев ќе ми експлодира задникот кај и да е, тогаш врескав и јас, ја вадев канелата од рака и со тоа држачот трескав како лудача. Единствено не беа болни последните напони кога ќе слушниш дека е тука, дека се гледа главчето, тогаш се прекинува да боле, и сечењето не се осеќа, и раце бркање и врз стомак ако има некој, имаш сила да бутниш како последно да е оти знаеш дека те делат секунди од средба со животот што растел во тебе 9 месеци, и да немаш сила има кој да помогне тука, а за таа средба, да даде Господ сите да дочекате и да ја искусите бидејќи нема поубаво, почисто и поисполнително чувство, едноставно се преродуваш и ти самата со бебчето. Нов живот започнува од тогаш, ти како мајка со бебче до себе, кое ќе ти е помило од се до сега. Конечно животот ќе добие смисла. Болката е неизбежна, природно или царски, ама чувството отпосле е незаменливо и бескрајно прекрасно. Изабела мене ме направи преемотивна, не можам да се препознаам, ај чао пред да се расплачам пак, бебка бара да цица.
@mamaJana @Nefertiti. @Pacient srna и на останатите им честитам што се породиле.Нека Ви е, со лесно. Гушкајте се со вашите срценца, и брзо закрепнување.