Ве читам и си плачам, си плачам повремено и на јутуб видеа со пораѓај де. Нека ви се живи и здрави бебињата. Ми текнува како се мачев, колку бев истрауматизирана, колку ми беше тешко... И решив да се навратам назад да видам што сум пишала, чисто ради себе, да направам една ретроспектива. Мочко мој вчера наполни седум месеци. Да знаев дека ќе си ја родам најголемата љубов и дека овака ќе се чувствувам, и кога би знаела дека ќе минев низ ова, повторно би го направила! Сега кога се навраќам на пораѓајот, само убави спомени ми се вртат во глава, „т“ нема од траума! Дури и размислувам за второ... Не велам дека мојот случај важи и за секој, сите различно ги доживуваме работите и некои жени навистина остануваат истрауматизирани, дури ни време не ги лечи. Се надевам само дека некој ќе се охрабри од мојата приказна. Извинете што ја искористив темава како личен дневник/note to myself, ми требаше, психички...
Леле и јас исто како тебе низ се исто би поминала, и покрај тоа што ми се случи што се онесвестив во еден момент, имам само убави спомени.
Фала мајче. Дај Боже ти уште полесен пораѓај да си имаш, најубаво и најљубовно искуство. Во спојлер ќе ставам слика од чепот, не е баш пријатен за око. Спојлер: Мукозен чеп
Касно ми е за да едитирам било кој пост. Обавезно носете си вода, ептен ќе ви е потребно. Јас имав и мастика в уста (ептен ми е од помош за да не ми се суши устата), ама не им кажав да не ме натераат да ја фрлам. Анестезиологот не сакаше да пијам вода, а гинекологот бараше да бидам хидрирана цело време. 3 инфузии од 500мл ми истекоа во 2ч, претходно испив 1л вода дури се шетав низ родилна и пак бев жедна.
Не напињај за порано, најубаво да тргне природно за да излезе без проблеми. Си знае природата кога му е време на бебето. Нестрпливоста на крај е голема, посебно што не се издржува со толкав стомак. Издржи уште малце.
Честитки милаДа ти е живо и здраво синчето.Ептен ми е мило што се добро поминало.Да си се чувате и радувате заедно. Сакав да ти пишам приватна порака, ама гледам дека нема можност за пораки.
Спојлер Lady_Bug И јас се породив пред време 33+6 It's a girl. Не се знаеш кога зато не пишав во термини. За брзо ќе пишам во породилни приказни. Ќе се надоврзам на горното бидејќи таа сум истата со нов профил само и бидеќи ветив приказна сега ќе ви ја раскажам. Поминаа два месеци се надевав дека ќе заврши ова мое патување за да ви пишам со позитивни вести, но за жал сеуште трае и ме држи во неизвесност...епа вака: Сите што ме пратевте низ форумот како Lady_Bug знаете дека бременоста ја водев уредно со сите прегледи како што треба но ете. Се враќаме сега два месеци и некој ден наназат дента на 04.03.2021 имав закажано преглед кај матичниот лекар, не прегледа и виде скратен цервикс од уредни 4 на 2 cm во 33 недела од бременоста (незнам коку се сеќавате, но ми беше дијагностицирана од повеќе плодова вода Polihidramnion, и ден денес не се константира која е причината, инаку имам и срцевидна матка, па и ова ја сложи ситуацијата). Ми рече да одам на болница во сабота да ме види докторката од таму. Па така на 06.03.2021 јас бев нацртана на болница. Таму ме виде докторката иста големина беше цервикс-от 2cm и ми рече строго мирување и да ме види во вторник сабајле 09.03.2021 ако нема промени тераме со бременоста ако е намален пак цервиксот царски. Тие денови буквално не станав од кревет само до вц и назат. Дојде и вторникот сабајле јас спремна пак се нацртав на болница. Цервексот скратен на 1.24 cm почнаа да ме спремаат за царски. Се покажа и дека цело време сум имала и породилни болки, а јас не ги осеќав беа само стврднувања на стомакот. И така ме носат во операциона сала јас целата со стравој од породување, се мислам како ќе преживеам сакав природен пораѓај испадна вака, да сме здрави и живи на крајо само и дури се свестив јас бев породена. Среќа навреме водата само што почнала да зеленее. Во 33+5 се роди моето девојче, моето прво дете . Ја видов на брзина ми ја покажаа и ја зедоја мене ме средија и ме однесеја во шок соба. Таму нема кој да ти кажи како е бебето. Дојде една од сестрите од кај бебињата како е бебето: Арно е засега. Јас цела прашалници. Другиот ден ме префрлуваат кај родилките одма станав на нозе уште другиот ден читајќи ве тука дека така е поубаво и навистина така беше секој пат се полесно и полесно. Неа ја видов наредниот ден сабајле беше во инкубатор стабилна. За другио ден да ми речат баш со овие зборови груби за штотуку станата мајка "Слушај ваму бебето е лошо крена температура, падна сатурацијата треба да оди скопје да потпишиш". Добро, јас целата скршена, дојде сопругот потпишавме и бебето беше испратено скопје на детска. Од тој момент почнаја да идат сестри, чистачки море цела болница да ме прашува како е бебето и кога јас ќе им речам добро е таму е стигна (оти ризик беше и патот за неа) да коментираат од типот незнам, незнам дај боже - до џабе плачиш ако сакаш акни се од земја ништо неможиш да смениш. Тој ден до другиот ми беше пекол среќа беше трет ден другиот ден ме пуштија дома. Од тогаш врска со детето тие што поминале низ тој пат знаат, две јавувања дневно и толку. Јас дома почнав да се молзам, бев упорна пробав се за жал млеко имав се помалце и помалце. Состојбата и беше секој ден се подобра и подобра. И така еден кога се јавивме ни велат да дојди мајката да седи со детето. Ја префрлиле на одел кај поздравите бебиња. Јас цела возбудена се спремив и ојдов. Бевме тами заедно скоро месец пред тоа беше еден месец сама. Апарати и тргнаја по од прилика една недела имавме потешкотии да фатимее цуцле кој ме читаше знае секакви цуцли пробавме. И на крајот најодвме моето девојче почна да пие само тргнавме и сонда празнеше цело шишенце. Дојде велигден ни рекоја за празникот дома јас пресреќна си дојдовме дома конечно мислевме дека се заврши среќно и тогаш...Четвртокот стигнавме петок, сабота, недела бевме дома понеделник сабајле кога се раневме во рацете ми смалакса како да престана да диши и влегло од млекцето во дишните патишта и пак на болница, пак истата слика со инкубатор со комбе пак скопје. Моето дете дома беше нецели четири дена сега пак е таму пак одново истат битка овај пат потешка неизвесна... Како што гледате нема крај приказната се надевам крајот ќе и е среќен пак ќе си дојди дома. Се извинувам за долгиот пост.
Се надеваме на најдобар исход и ти праќаме барем виртуелна поддршка, борец мал е тоа срце, не губи надеж
Лајкот е за подршка. Само Госпид да ви помогне побрзу за се гушкате дома и никогаш веќе болница да не видете.
Бебчето толку се борело и било силно, ќе се избори и сега. Се ќе биде во ред бидете силни и само позиривна мисла, господ е голем
Силна е бебка а ти уште посилна покрај неа. Ти преќак виртуелна прегратка, побрзо да се среди се и како шо пиша членката погоре, никогаш веќе болница да не видите.
Борец јак е малата принцеза а исто и ти заедно сте и двете посилни господ е голем и ќе ви помогне да го препородите овој период и за брзо време да се гушкате тука сме сите да ви пратиме сила и подршка те гушкаме силно
Пред два дена неколку пати во денот осетив силна болка ептен ниско во цервикс. Си реков бебето е. Карлично е едното поставено па си реков клоца ептен ниско. Вчера повеќе пати така ми се случи. И еве сега како менструални болки ми почнуваат по малку. Царски имам закажан за на 23.05 ама некако не мислам дека ќе се турка до тогаш. Некоја друга вакво искуство да има? Дали е почеток на пораѓај или си працам филм не знам. За првото цел ден знаев дека вечерта или другиот ден ќе почнат болки и така беше. А сега се двоумам што се случува.