еден господ знае зошто не ми ставија анестезија битно маме ми ебаа на моменти мислам дека лебдев и од таванот се гледав себе си доле мислам дека секунди фалеа да умрам од болка
Gi znam i onie so kiretazata, demek mi stavija lokalna anestezija, no bolkite bea nepodnoslivi mi se gadese od bolka nesto slicno kako najjakiot napad na jajnici ako nekoj od vas e doziveal od krevet da ne moze da stane i da lazi po zemja od bolka [mod-kirilica:20nufwex][/mod-kirilica:20nufwex]
е коа знаеш какви се со анестезија тогаш замисли какви се без анестезија ај важно помина ,него зборот ми е кога одите да раѓате е подруго се мачите да трпите болки ама знаете дека сето се исплати коа ке си го видите бебушот нели?
Јас одамна требаше да си напишам овде ама ајде.. не е касно. Се породив со царски рез во приватна болница иако сакав и се надевавме дека ќе се породам природно. Кога влегов во деветти месец се беше во ред плодот свртен надолу чекавме уште болки да добијам. После две недели откако влегов во 9ти бев на контрола и плодовата вода ми беше значително намалена.. после една недела немав плодова вода.. плодот беше многу горе, јас не бев отворена и мораше да ме породат царски. Бидејќи знаете плодот не смее да седи без плодова вода.. Е сега.. дојде денот да се пораѓам... милиони мисли ми поминаа низ главата. Како што ми ги правеа анализите и ме спремаа за операција бев се понервозна и понервозна.. и дојде моментот. Ме однесоа во операциона сала.. ми сравија спинална која ми ја ставаа едно десет пати бидејќи сум имала мала карлица па анестезиологот не можеше никако да погоди во кој предел од `рбетот треба. Требало помеѓу 3 и 4 пршел а кај мене дојде помеѓу 1 и 2.. нејсе... ми ја ставија и после 30 минути ете го бебушот. Кога сум рекла плачам леле мори мајко... Се роди 3.700кг и 52см долга. Со црно косиче.. милина! Ми кажаа дека сама зела воздух дека е се во ред итн. Седев еден ден на интензивна. После 3 саати од операцијата почнаа болките ама фала му на бога сестрите беа постојано околу мене па ми ставаа лекови против болка на секое.. и поминаа 18 саати и ми викаат ајде да станиме.. МОЛИМ!?!?!?! Првиот пат беше неуспешен... изгубив надеж почнав да плачам и мислев дека никогаш нема да можам да станам.. а таа сестрата магарица смрдена уште ми вика.. не плачи ќе станиш.. само што сите оперирани од царски досега станале не знам што е проблемот со тебе, јас уште толку почнав да плачам.. за после 3 саати да дојде друга сестра подебелка .. ме фати под раце и буквално ме крена од кревет целата. Ми дојде душа дека сум на нозе.. и самата со одење си заминав в соба иако тие сакаа да ме стават во количка. Вечерта бев како нова.. цело време шетав низ болницата одев кај бебушот.. па така се погоди само ние две бевме во цело одделение.. битно се заврши супер. Презадоволна сум од тимот и од операцијата.. не ми се познава ништо.. мала линија како обична стрија. Во кратки црти тоа е се...
Ајде и јас конечно да се средам и да ви го споделам доаѓањето на свет на моето вервериче. Терминот ми беше на 05.12, ама синко немаше абер за надвор. На 06 отидовме со маж ми на контрола и докторката што ме прегледуваше рече дека уште ќе си тераме внатре. И јас веќе очајна решив да го пробаме со маж ми лекот на butterfly.mk Спојлер секс де - и тоа не еднаш дури два пати .Ноќта имав слаби болки и си викам ај не е ништо сериозно. Сабајлето маж ми отиде кај моите и после неколку минути јас осетив многу јака болка и веднаш после тоа топла вода потече по мене. Му се јавив и му викам ајде татичко синчето доаѓа.Отидовме во ГАК околу 9 часот, а дотогаш болките веќе беа доста зачестени. Ме качија горе во предпородилна јас викам од болки. Таа акушерката што ме пораѓаше почна да ми се дере и да ми вика дека нема шанси да имам нон стоп болки, јас па нели уште погласна и викам епа има шанси. Ме ставија на ЦТГ, кое не траеше ни 5 мин зошто стварно покажуваше нонстоп болки и ме качија на бокс.Пораѓајот беше патешествие затоа што немав сила да соработувам. И викам на докторката што ме пораѓаше(голема благодарност до неа и до нејзината смиреност) ставете ми епидурална, таа ми вика каква епидурална ти си скроз отворена, јас викам епа тогаш носете ме на царски, докторката вика каков царски еве главчето се гледа, има црна косичка. И така после речиси 2 часа мачење и за мене и за персоналот во 11:55 на свет дојде моето душиче тешко 3580 грама и долго 51 цм.(Маж ми и денес се чуди како е можно во толку мал стомак толку големо бебе )Болките беа огромни да, но навистина вреди.Тоа го сватив кога ми го донесоа вечерта и за прв пат се гушнавме.
Додека спие Кирил јас да ви раскажам за мојата породилна приказна. На 13 во 3 саат ноќта ме фатија болки, инаку цел ден имав не толку силни, од 3 до 7 ме држеа болките и на маж ми му реков да одиме на лекар. Ја земавме торбицата, отидовме, и веднаш ме ставија на преглед 9 прста отворена, од таму рекоа сестрите за на цтг, ама јас почнав веќе да напнувам се посилно и посилно. Докторот дојде рече да се исклучи цтг-то веднаш на ехо, пошто карлично нели, кога видоа детенцето со газето свртено, веднаш на бокс. МИ го пукнаа водењакот и веднаш му излезе газенцето Со уште два напони на третиот последен малце ме сецнаа, и малиот излезе. Срце на мајка, со светло кафеава косичка, сини очички. Ме правеа ревизија отпосле но тоа веќе не беше ништо важно. Цело време си го гледав синчето. Машала да не си го урочам, многу мирничко, не плаче. Лесно си тераме оваа недела. Здравје за натаму како дал Бог. Ова ми е најголемиот дар од Бога! Господ на сите нека дава!
Еве ја и мојата породилна приказна На 14ти дек бев на редовна контрола(последно ехо и прво цтг). На цтг-то немаше никакви контракции само видовме дека бебето е слезено надолу.Ме прегледа после докторката на еха потоа и вагинално..и што ќе видиме 4 прсти отворена Наредниот ден директ на болница и на прегледот веќе бев 8 цм отворена без болки без ништо..и потоа следеше подготовка за пораѓајот..во 15 час влегов во породилна ми го пукнаја водењакот.ме фатија мали болки но не доволни за напон и ми пуштија провокација и како што поминуваше времето ме фаќаа се поголеми и поголеми болки.Се беше океј но на крајот кога требаше максимално да бидам силна и да туркам јас,веќе бев преистоштена од многу набрзите болки а и бебето веќе подолг период беше заглавено меѓу коски..па не преостана ништо др освен вакум..и излезее лепотицата во 17и30.и одтогаш до денес сме на болница..се опоравуваме затоа што бебето било премногу измачено без воздух итн па здравје боже утре другиден ќе сме домаа..бебето беше родено 2930гр и 49цм. Ете така си поминав ..лесно а сепак тешко Позз од мене и од Инес
Не мора да лежи нема потреба, моето лежеше т.е. го сончаа дека имаше фатена јака жолтица, па бевме 6 дена во болница инаку за 2 дена ќе не пуштеа
зависи колку ќе му биде тежината, мислам дека треба да има барем 2 кг за да не го стават во инкубатор, иако е родено во 36 недела ако ја има потребната тежина нема да го стават во инкубатор. Поздрав
Ај на кратко и јас да ви ја кажам мојата приказна Контракции вистински почнав да имам уште во понеделникот (ако не и порано) ама не беа јаки па си чекав. Во вторникот вечер цела ноќ будна ја поминав. Контракции чести, и многу ми се одеше по голема нужда (може едно 7пати бев). Одвај дочекав да дојде сабајле и со мм во болница. Тој ден имав и за ЦТГ контрола така да и онака требаше да одам. Им кажав дека имам контракции како за пораѓај ме пратија во приемна амбуланта. Се изначекав. Чекав саат и пол да ме стават на ЦТГ да видат дека имам јаки контакции па да дојде докторка да го види ЦТГ уште толку. Дојде, ме прегледа. 8прста отворена. Ми кажа дека кога сум одела во ВЦ јас уствари тогаш сум се отварала. Ме качија горе одма на бокс. Затоа што бев доста отворена мислеа дека ќе се доотворам брзо ама поминаа 2 саати и немаше ништо па ми ставија инфузија. На почеток не беше тешко. Дури и дремев додека почнаа силните контракции. Во меѓувреме дојде втора смена и вика бебето не е центрирано на влезот и е погоре малце па ми рекоа да стојам па да лежам на десна страна. Ама така ич не удобно. За време на контракции ептен ме болеше и се превтрував на грб. 2 Пати ми дадоа спазмекс. На крајот, последнитот саат болките беа многу болни, ептен, ептен. Ми викаа да не буткам. А мене не ми беше јасно како да не буткам кога нагонот ми е толку голем неможе да се контролира. Кога ми кажуваа да давам напон губев сила за брзо време. Исцрпена бев, 2 вечери не спиена, болки големи...се потрошив. Една докторка ми рече, напињај како да ти се оди по голема нужда ама место да се опиштатш и почнуваш од почеток да напнуваш само земи воздув и напни посилно. Ова ми беше од голема помош. Секоја наредна контракција буткав баш како што ми кажа, иако они ми рекоа да не буткам, викам тоа беше нагон што не се контролира. За многу брзо време дојде една сестра и ми викаа Оооо па ти си спремна. Викна што требаше да дојдат, дојдоа. Со два напона се роди малата. На вториот напон ме сецнаа. Е тогаш викнав силно. Затоа што не го отчекував и болеше многу. Брзо беше, 4-5 саата. Ми ја ставија малата на гради па јас ставија под сијалица. Ми ја извадија постелката која излезе многу лесно. После неколку саати ме однесоа во соба, а после уште неколку саати ми ја донесоа и бебушка. Наредниот ден ја земаа на обзервација затоа што поврати кога ја хранеа (мене ми беше логично тоа што поврати затоа што сестрата и го бутна шприцот во уста и буквално и ја набута храната во уста) и вечерта ми ја вратија. Толку многу ми недостигаше, абе мислам ќе пукнев. Наредниот ден не пуштија од дома и тоа беше тоа.
ее сто убаво абе солзи ми потекоа ептен незнам дали е од бременоста или онака вазно ме погоди бас инаку и јас бев вчера на контрола си ја видов мојаѕа лепотица масала усте у 34 недела се свртела надолу и докторката ми даде упат за порагај па здравје од 3 јануари па натаки ке си ја цекам лепотицава моја поздравце
Прекрасна приказна, ме расплака да ти кажам право.... Се се тоа слатки маки!Кога ќе си го земеме во раце милото се се заборава.
^Искрено и мене почнаа да ме расплакуваат приказниве. Тоа е најверојатно затоа што веќе сум го доживеала тоа и им посакувам на сите да го почувствуваат истото што сме го почувствувале ние.
Конечно и ние да ја раскажеме нашата породилна приказна. Се почна во 28 недела, кога ми протече водењакот. Само што стасав на работа, не помина си еден час почна да ми тече вода, и тоа убаво. Можете да ја замислите паниката, ама бргу се смирив и реков ајде да го спасиме детето а да не паничиме за џабе. Се јавив на мм, ме пречека долу пред зграда, и отидовме во болница. Се се заврши добро, мене ме ставија на строго мирување, и почна очекување за пороѓај. Прво беше ај само 30 недели да поминат, па 32, па ај да влезам барем во 9-ти, кога влегов се пукаше шампањ дома, ама во ниеден момент не помислив дека скоро и терминот ќе го дочекам! Си дојде петок 13, мене термин на 18, си викам кога истерав до тука јас не се пораѓам пред термин, тешка бев како слон одвај одев. Иако не се поправив воопшто, сега сум -13 кг од пред да останам бремена, мене ми пријаше... На почетокот на 9-ти месец ми се јави стар проблем со колкот, се активираа болките од дисплазијата која ја лечев како дете и тоа доведе до неможност да се породам природно, иако молев кај одев. Џабе моето молење, кога неможев да ги раширам нозете за на бокс да се качам... Нејсе, дојде како што реков петок 13, и од сабајлето пиеме кафе со мм и му викам како што сум светски малер, замисли баш денес да се породам. Се пукнавме од смеење, вика мм 100 пати те вратија, нема ваљда баш денес, стварно. Отиде он на работа, и не помина повеќе од пола саат, како да ме пресече нешто кај половината, си викам пак се испремести буцка, некој нов нерв ќе ме фати да ме боли. И како го кажав тоа, ме здоболе и стомакот, и јасно ми беше. Си седнав, си пуштив филмче, сакав жими се да си поуживам во болките! Знаев дека само тие ќе ми бидат единствена допирна точка со природно раѓање. Почнаа да ми доаѓаат на 15 минути, па набрзо и на 10, сватив дека си играм мајтап се истуширав и ја викнав тетка ми да ме однесе да раѓам. Среќа моја, мојот доктор дежурен 24 саати, милина. Ај вика да видиме колку сме отворени, и што да види, 4 прста... Аман бе, трк брзо во претпородилна да те спремат, како си тргнала да се отвараш, ќе родиш додека да те спремиме! КОлку и да ми беше желба, тоа беше невозможно, кој ќе ми го гледа детето ако се осакатам јас... Ме качија горе, почнаа да ме спремаат. Трае тоа едно саат време, и доаѓа пак докторот, вика дај да видиме до каде сме, и само што ме провери почна да вика -Итно во сала бре, бебето тргна!!! Јас 6 прсти отворена, и без проблем си одам понатаму. За 4 саати, 6 прсти. Ме спремија, од прва ми ја ставија спиналната и кошмарот почна. Не проверија до каде сум со анестезијата и ме пресекоа, осетив ама баш се! Си вриснав, па ме успаа. Се разбудив од анестезијата точно кога ја вадеа буцка, па си вриснав пак, па пак ме успаа, за на крај да се разбудам уште еднаш кога ме лепеа, петок 13 кај мене беше таков... Ама барем го слушнав првиот плач, несакајќи за докторите, прекрасно за мене. Буцка беше совршена, малечка, розевка, 50 цм долга, 3390 тешка. Совршенство спакувано во бебе. Се разбудив во шок соба после тоа, дојде анестезиологот цел блед, вика ај што не ти фати спиналната, некако да разберам, ама 3 дози тотална?! Викам не си ти крив, денот е таков! Го оперираше најголемиот малер на малерозен ден! Ми ја донесоа буцка да ја видам, се изнаплакав и му заблагодарив на Господ за најубавиот дар кој можев да го добијам, се слушнав со мм, и го дадовме името Ангела одобрено од кумот, и одмарав после. Четири дена бевме во болница, сега сме дома и го обожавам секој миг поминат со неа! Моето мало совршенство наречено Ангела, спие моментално до мене и јас сум целосна. Ова се мене ми беше прекрасно искуство без разлика на се, утре да можам пак да раѓам, ќе родам!
^Ме наежи Елена, толкава храброст собрана во една жена, ти симнувам капа. Нека продолжи оваа приказна по овој тек, среќа да ве прати сите цел живот.