Исто Јарче.... само што јас се осмелив да пишам тука На второ не помислуем минимум 5 години, мислам дека, ама ќе видиме и тоа.
Така сите ми викаат дека џабе зборам, а може и се во право, ко за инает секогаш, ако останам и брзо трудна ќе биде смешки.
Ајде набрзина да чкртнам и јас за породувањето. Се породив во Плодност,ме водеше Сотир,четвртокот на 6ти сабајлето добив благи болки,си се спремив и си тргнав за Бт,Сотир не беше тука па ме прими Кристинка,отворена 2 прсти,вика ќе те задржам ако се отвориш сама арно ако не утре сабајле ќе провоцираме,иако сум со ин витро и преферираат царски инсистирав за природно. Ме примија горе,поставија катетар за епидурал,болките ги снема и вечерта накај 11 почнаа по малку и отворена 3 прсти,ја пуштија анестезијата и јас си легнав,за 3 саати помина дејството и побарав пак,наредно се разбудив нешто пред 6 да побарам уште анестезија ама јас отворена скоро 10 прсти,ја викнаа докторката,ме однесоа на бокс,со 4 5 напони за нецел пола саат излезе госпожа,не ме сецнаа,си пукнав поштено до чмар хаха ама ништо страшно,за 5 дена како нова. Во принцип поминав прелесно,на сите посакувам вакво искуство. Вие мами што раѓате без епидурал сте лавици,почекав пред аналгезијата да видам какви се болките,ужасно нешто... Беба се роди 3350гр и 51 цм,шпагета мајкина
Ќе речев Господ да е со вас ама знам дека веќе е. И не го заборавајте тоа. Од срце ви посакувам што поскоро да си се гушнете дома и веќе да нема потреба од болници. Доста истрпело вашето бебенце, верувам дека и ова ќе помине. Ви праќам прегратка, не можам да замислам како ви е во моментов.. но ќе биде добро. Бидете силни
Драги другарки, Утрово јас имав договорен преглед после 1 недела од предходниот, без болки без ништо само цтг и да ме види докторката нели "до кај сум". Дома ништо, болки никакви, јас си се дотеравм си отидов на преглед. Пошто беа зафатени цтг апаратите ми рече докторката прво преглед да направиме. Ми направи вагинален преглед, малку непријатен беше, ми кажа дека 3цм сум отворена и дека бебе е многу ниско, а јас ништо не осеќав до тогаш. На цтг-то по прегледот веќе при крај почнав да осеќам благи менструални болки. Си отидов дома и договоривме друг преглед за 4 дена. Од како излегов болките не престанаа само се почести беа. И пишав на докторката и се вратив назад за 4-5 саати. Ме примија околу 3 часот, отворена 5 прста. Ми дадоа чепчиња, се прочистив. Болките стануваа поинтезивни, ми пукнаа водењак околу 4. Ми се идеше креветот да го изгризам од болките после пукањето Ми ставија епидурална анестезија ама верувајте дека тоа беа моменти само кога беше подобро. После ми пуштија инфузија за контракции на матката тука веќе 8цм се отворив и пак ќе си пукнев од болки, ми рекоа дека со анестезијата "ќе осеќам ама не толку интензивно", ја не знам што е интезивно ако тоа беше "не толку интензивно" и така после некое време почнаа јаки болки почесто како нагон за какање и како да немам анестетик. Ја повикав сестрата, ме однесоа во сала додека да ме наместат беше 18 и 20 скоро, ми дојдоа јаки нагони, ми рекоа ајде можеш и два пати напнав и медењачето се роди 3100 во 18 и 24 без пукање и сечење, само со мали ранички Значи после тоа во истиот момент како излегува болките магично ги снемува Немаше плачки, мама храбро до крај, ама затоа за сѐ што постои само се изнавикав за сите пари хахаха Битно сѐ е супер, јас добра, бебе добро. Млекце имам малку само што пробавме со сестрата да цица, лакомо е мислиш ќе се удави, како хрчаче собира од страните и голта одеднаш И нормално се закашла и поврати малку. Така помина и мојата породилна приказна, на вас ви посакувам многу лесни пораѓаи и брзи опоравувања. П.С. Не викајте ко ја ако се изнервирате, грло ќе ве боли после
Mamicki vie sto se porodivte vo cair kolku vloski so mreza i pampers da spakuvam kolku potrosivte spored vase iskustvo?
Јас си земав мало пакетче памперс иако они таму штом се породиш ти даваат 6 комада. А за влошкиве зависи колку ќе ти тече, земи си 2 3 паковања за секок случај. Со лесно
А дали носите на сам прием цела торба со пешкири, средства за хигиена итн., или делите посебно дел за прием па после пораѓај ви ги носат останатите работи? Прашувам бидејќи конкретно на ГАК на влезна врата има список па дали прават проблем за цела торба или ова е набројано дека е неопходно за почеток ама и за цела торба нема да не вратат хахахах
Јас во Чаир се породив, си носев патна торба хаха, со сите овие рсботи што ги наброја, не ми правеа проблем никаков.