Да ја раскажам и мојата приказна На 20ти утрото имав закажан преглед и цтг. На цтг пулс на бебе слаб, на ехо намалена плодова вода и ме задржаја. Ме прегледаја двајца доктори и иако бебе беше свртено за природно породување, одлучија дека нема да издржи толку притисок, плус јас не бев отворена. Се договоривме утрото да биде царски. Цела ноќ око не склопив од паника,плачење, што ќе биде, како ќе биде,утрото притисок висок Ме спремија се, во сала,епидурална анестезија. Ги викнаа докторите и тие почнале,јас викам леле чекајте анестезијата не делува јас чувствувам се, докторката ми вика ти чувствуваш допир ама не болка хаха.Малце непријатно дека се чувствува ама важно не боли. Го извадија бебе, мило, премило, малечко,нежно Се гушнавме,го зедоа да го средат, јас прашував дали е се во ред со него, докторката ми вика и тој е супер и ти си готова. Мислев се зафркава, дека цело време дури траеше се, кажуваа шеги да бидам смирена јас. Ме преместија на интензивна нега, телефон ми дадоа одма, вода по 2часа, кога и помина дејството на анестезијата. После неколку часа станав,со помош, болки немав, бев цело време под терапија. Бебе го донесоа таму,се галевме, гушкавме, малце на гради.. Наредното утро ме префрлија во соба, тука веќе си станував сама, се истуширав,средив и дојде бебе. Повеќето време бебе е со мене, само на вечер го земаја, и секако ако сакам да одморам јас. Бебе цело време на града, млекото стигна денеска, па се учиме на доење Денеска 3ден, станувам и шетам слободно, раната е малечка,таблети ми кажаа по потреба(немам земано до сега), боли на станување,седување ама нормално и издржливо. Се на се,споредено со стравот што го имав, поминав одлично. Најважно од се што добро се заврши се, и за мене и за бебе
Еве дојде ред и на мојата породилна приказна На 23.05 утрото ме примија на болница со закажан царски. Бевме три заедно што не примија. Требаше да почнат со пораѓаите кон 11 часот, арно ама имаше проблем со анестезиологот. Почнавме дури после 14 часот. Влечевме ливчиња за да нема лутење која прва која втора и која трета. И дојде мојот ред. Ми ставија спинална и за 3 минути бев без чувство во нозете Јас уште мислев се припремаат кога слушам бебе И ми викаат машала големо за близначе. Прв беше синко. По неколку секунди излезе и ќеркица. Ех викаат ова уште поголемо Успеав само да ги ѕирнам кратко и ги однесоа да ги види таткото . Мене три пати ми паѓаше притисокот и ми се чинеше дека срцето ќе ми застане. Тешко дишев на операцијата. Ме префрлија на интензивна. Таму телевизија си гледавме, ако имавме болки одма ни даваа нешто против болки и така. Другиот ден кон 12 не префрлија во собите. Одма ни ги донесоа бебињата. За ова единствено имам замерка зошто уште не можев ни да станам ни да легнам. Цел ден се обидував да станам и да прошетам. И така вечерта кон 11 ни дадоа клексан и за спиење инекција. Утрово како нова сум ( да не се подречам). Станав мноогу полесно, се средив и сега еве пишувам пост и чекам да си ги видам бебињата. Ова во Државна во Битола. П.С. Никој не ѓе тестираше за ковид, ниту мене, ниту таткото. Единствено забрана има за посета. Ве поздравувам сите! *
Со среќа нека ти е, жива и здрава да е. Само ме интересира (ако сакаш да споделиш) зошто не отиде во болницата во Охрид? Ако ја памтиш дебатата мислам, дебатиравме на темава. И те молам сподели искуство со Плодност.
Фала ти,да се враќаат само убавини. Памтам како не,не отидов заради условите нормално,рековме и тогаш,неспоредливо е,иако еве деновиве ми се породи пријателка во Охрид па задоволна е...нз што да кажам. Инаку за Плодност немам коментар,се најубаво и реално се друго можеби се истрпува и на државно ама најголем бенефит е епидуралот дефинитивно.
Еве ме и мене Вечерта пред 27.05 си имав некoи бoлки вo кичмата, не им oбрнав внимание, мислев се oд лoшo спиење или oд тoа штo jа кревав малата. Утрoтo 09:17 прва кoнтракциjа, му велам на мм ќе се пoрoдам изгледа нo и сама не си верував. Спремав дoручек за малoтo, гo ранев, се бањав дури и нoкти лакирав. Бoлките пoчнaа се пoчести и пojаки да бидат. Jас сеуште вo неверување пoчнав да се спремам пoлека. Дoдека се снаjдеме кoj да гo чува малoтo мислам дека веќе ќе се пoрoдев вo кoла. Тргнавме вo 12:40 вo бoлница, на прием дoктoрoт прoверува сo рака и ми вели сите да се какo тебе бoлницава ќе ни цвета. Му велам кoлку сум oтвoрена и вели не е битнo самo диши и уживаj. Вo меѓувреме и пoкажува скришнo на сестрата дека сум 9 прсти oтвoрена. Немаше време за истoриjа и клизма, си мавнавме сo мм и директнo вo рoдилна. Вo рoдилна гoлема гужва се раѓаат мнoгу бебиња, па jас oтвoрена скрoс се пoмачив на бoкс чекаjќи да се oслoбoди терен. Тука веќе беа наjгoлемите бoлки и напoни, дojдoа пукнаа вoдењак сo два напoни излезе jуначетo мoе. Прojдoв без сецнување и еден кoнец. За разлика oд првoтo никаква бoлка за станување. Се пoрoдив вo 13:38. Бебе се рoди вo 37+4, 3120 грама сo 49 цм. Сo прoпoрции oдгoваралo на 36 па ми гo вoдат какo прематурче. Правo цицалче е и мама пресреќна има млекo. Ви пoсакувам на сите вакoв лесен пoраѓаj, сoрабoтуваjте и слушаjте штo ви велат пoлеснo ќе прojдете.
Еве дојде ред и јас да ја расксжсм мојата породилна приказна,дури не ми се верува дека дојде ред во оваа тема да пишувам и јас.Бев на закажан царски во Плодност,беше договорено во вторникот на 1 јуни на прием а на 2 јуни среда среќно да биде извршена интервенцијата.Неколку дена претходно ги исчитав сите можни теми за царски,и ги прашав друшките што имаат поминати милион и едно прашања ама после се само да кажам дека не било страшно како што звучи.Отидов во вторникот во Плодност,најпрво ковид тест секако,па испитување крвна слика,преглед кај анестезиологот и ме примија во собата.Бев некако многу опуштена бидејќи си мислев дека конечно ќе се запознаам со синчето,момент кој го чекав повеќе од 5 години.Си легнав да спијам и знам си реков со господ напред да се наспијам и утре сабајле ќе биде мојот најсреќен ден.Но хахахаха во 3 ноќта ме фати најпрво болка во грбот и се разбудив и после почна да ме боли стомакот ама мислев дека ми се оди по голема нужда и отидов во вц. Завршив и се вратив во кревет но болката стануваше се поголема и поголема.Почна премногу да ме боли грбот и јаки менструални болки ми го сечеа стомакот.Почнав да мерам на 4 минути се повторуваа ама одма пуштаа,ја викнав сестрата и кажав и најпрво си фатив вагинален преглед кој за мене беше многу болен дали што 9 месеци немав односи хахаха и ми направија цтг ама покажуваше само подготвителни контракции и така си продолжи до 8 часот,повторно вагинален преглед,цтг ама иста беше ситуацијата не бев отворена с болки невидени.Во 8 часот ме посети др Таше и додека подготовки се направија кај 9.10 во сала и во 9.25 се роди моето злато,мојата душа Дамјан.претходно му ја мислев дали боли клизмата,спиналната ама да знаете клизмата не боли не ја ни сетив а истони спиналната не сетив ништо.Кога го вадеа бебето само некој притисок и ме притиснаа на стомакот и излезе јуначето.Кога го видов зс прв пат солзи ми потекоа ,најубавото бебе црнко со црна густа коса како на сон.Немав никакви болки потоа на интезивна,постојано со терапија не осетив болки никакви.Уште првиот ден вечерта станав на нога,со помош на сестра отидов до вц,да болеше станувањето ама не до толку да не се издржи ама бев како омалаксана и малку ми се вртеше.Вториот ден не префрлија во соба,сама отидов до вц и секој пат кога одам е се подобро.Денес ми е трет ден после операцијата и како нова сум,си се движам си го зимам бебето и добро е.Сестрите во Плодност постојано инсистираат за доење и многу помагаат и цело време го носат бебето и го мерат пред и после подој за да се види дали има млеко и дали бебето става на тежина.Здравје во недела да биде се добро ќе не пуштат дома,одвај чекам.Не беше страшно како што замислував и деф ќе го паметам породувањето како позитивно.Ви посакувам на сите кои ви следи да ви биде со лесно и да имате позитивно искуство како мене.Малку болките што ме фатија беа тешки ама кога ги видив тие две очиња се заборавив.
Браво мајка... На сите да им е вака лесно.. Кој доктор те пораѓаше?? А ти нешто посебно правеше за толку брзо да се отвориш, пешачење многу?? Мене сега сите ми зборат за тоа пешачење, а јас неможам ич, многу сум залежана....
Јас нз колку е вистина тоа со пешачењето јас пешачев достс во бременоста па имав мн тежок пораѓај се отварав мн споро
Пешачев многу и се отворив брзо, но џабе кога бебе не се спушти. Така да терај како си во можност, не се форсирај.
Кога влегов во 9ти месец, пешачев утро и вечер по 2часа,активно. Бебе беше спуштено ама јас не се отворав. Така да се е некој природен процес според мене. Уживај си, како ти е убаво така
И кај мене врска немаше ни пешачењето, ни јога, ништо. Нит се отварав нит имав болки. Како мислиш така прави - секој со различно искуство е
Честито бебе, да е живо и здраво. Мене сега ми кажуваат спиналната боли, толкава била иглата, не знам што. А не мислев на неа воопшто. леле и вагинален преглед, а закажан царски? Мислев тој момент ќе го избегнам, мене додуша сабајле во 7 ќе ме примат, може нема да ме проверат. А имаше болки нешто во матката вториот ден? Јас памтам мн имав.
Кај мене не помогна пешачење туку секс секој втор ден (со свршување секако, како што е препорчано). Ме примија 8 см отворена. Верувајте ни мене не ми беше удобен сексот, но јас бев таа што му инсистираше на мажот, стиснав заби со надеж лесно да поминам и на крај се испостави дека успеав
Мила мене ме проверија вагинално бидејќи имав јаки болки и мораа да проверат да не сум отворена и да мораат одма да ме прават царски с на закажан царски ако немаш болки не проверуваат вагинално.А за спиналната не знам кој ти кажал дека боли ама јас не ја ни сетив,прво ставаат локално ама тоа само како гребење мало го осетив а спиналната воопшто не ја сетив.За споредба мене инфузијата кога ми ја ставија повеќе ме болеше иглата хахахах На подготовкс кога бев кај анестезиолог тој ми кажа исто дека спиналната не боли и човекот беше во право.Во која болница ќе се пораѓаш?Немав болки во матката бидејќи цело време бевме со терапија иако еве денес се прочистив и ми исклучија инфузија и терапија и чуствувам како мала болка ама ништо страшно
Мамички еве ми дојде редот на мене Момент кој го чекав и јас како @Maya12 повеќе од пет години но вреди секоја солза за него Месец дена унапред ми беше кажано дека ќе се породам порано заради намалени протоци. Не сакав да верувам во тоа и си велев ќе издржи малиов што повеќе. Во 36 недела појдов на преглед во Ремедика и докторот ми кажа еве стигнавме до тука сега кога сака нека искача. Ми направи преглед и ми вика спреми се од Понеделник за пораѓај. За мене шок. Излегувам надвор плачам, маж ми ме теши, од една страна исплашена дали се ќе биде во ред а од друга страна возбудена што ќе дојде долгоочекуваниот момент. Појдов дома се стабилизирав, викендот го искористив за да купам се што ми е потребно за бебче. Од Понеделникот секој ден идев по два пати на ЦТГ. Во Средата бев сабајлето ми викаат ЦТГ не е баш сјајно дојди пак попладне. Некаде околу 14часот бев пак и докторот ми рече оди до дома земи ги документите и што ти треба и остануваш во болница на мониторинг. Се спремив брзински и одма бев во болница. Почна да се намалува активноста и пулсот на бебето. Докторот кажа нема време за чекање. Во 19 и 30 ме однесоа во сала. Целата се тресев, неможев да се смирам. Постојано мислев дали бебче ќе биде добро. За 5 минути слушнав мал плач што за неколку секунди стана интензивен и гласен. Заплакав од среќа Се роди мојата среќичка. Ми го покажаа и го однесоа. Тежок 2700 и 49 см. Се породив 36+5 а бебче одговара за 37 недела. Вечерта ми го донесоа да го видам. Убавец на мајкаСе гушкавме, се галевме Бев со спинална анестезија и уште утредента станав и се истуширав. За мене ова беше убаво искуство што иако почна толку стресно на крај се заврши добро фала му на Господ и не пуштија регулар за 4 дена и сега сме си дома, се галиме секој ден, си растеме
Кај мене се испостави дека џабе имавме секс секој ден до пораѓај. На почеток не секој ден, ама редовно. При крај со свршување ама синко реши да не излегува од таму.