Да ја раскажам и мојата приказна, ако сум породена пред 6 месеци Беше тој ладен 20ти Ноември. Цела недела пред пораѓај, секој ден одев на цтг но ништо, никакви контракции. Утрото станав да го испратам маже на работа, осетив ми претече нешто но изигнорирав и си легнав да спијам Кога станав веќе кај 12ч обилно течеше, се јавив одма кај матичната рече фаќај патот за Битола. Многу бев опуштена и смирена се додека не стигнавме до болницата. Таму прво корона тест, па преглед со докторката. Немав ич контракции и не бев ич отворена, затоа мораше царски а до последно се надевав да раѓам во када Од таму на анестезиолошки и горе на припрема. Е тогаш ме удари реалноста, испаничив се изнаплакав и дури почнав да повраќам од страв. Од ништо друго, само страв од анестезијата Анестезиологот беше срце од човек, убаво и смирено ми објасна се и навистина анестезијата не ни ја осетив. Инфузијата болеше повеќе. Потоа пуштија музика баш памтам кога ја извадоа ќерка ми пееше No Doubt - Don't speak.. Излезе душата моја во 15:27, заплака па се смееше докторката ја фати за прст и не ја пушташе иначе 3190гр и 49цм (39+6). После еден ден на интензивна, па утрото ме префрлија во соба и се истуширав се средив како човек. Имав тт од млекото, многу ми потекоа градите и ако не цицаше беба другото време бев закачена на пумпица. Мака мачев за цигари, ме носеа само два пати дневно на тераса Битно искуство и доживљај што не се заборава и опишува со зборови П.с. Ми е криво многу што не ја прашав сестрата до мене дали би можело да снима делот кај што ја вадат и ставаат кај мене на гради Ќе памтам здравје за второ.
Жал ми е што не сите успеваат Сепак наше е да се потрудиме да си приуштиме на нас и на бебушите најдобро што можеме
Ајде мамички да ви раскажам и јас како поминав, дури не ми се верува дека пишувам во темава ќе биде на долго и широко, sorry Цела бременост бев упрпана од пораѓањето. Мноооогу ми беше страв, многу. 500 000 пати се мислев и премислував за тоа како да се пораѓам, дали да одам царски директно или да пробам природно. Од царски ми беше помалку страв. За природно многу се плашев да не настане компликација, да не се замота околу папочната врвка, да не се заглави, па јас дали и колку ќе испукам, па од епизиотомија, па од рана, па од тоа како од дундата ќе искача. Цела у мисли и стравови бев и 100 пати се премислив. Во консултација со докторката (Господ здравје да и даде) се договориме кога ќе дојде ред да ме прегледа вагинално ако има убави идеални услови ќе одиме природно и само ако мора царски и дека нема да ме мачат со саати ако тешко оди. И така си проаѓаа деновите, на 04.06 ми се разработија ситр хормони, се ми дојде преку глава, тешко ми беше и имав некое чувство на вознемиреност, а секако сабајлето бев на контрола. Вечерта си имавме секс со либето, вика дојди ајде да те опуштам Сабајлето станувам во 5:30 со притисок 140, со тахикардии, со стравови, со плачки се потрескав и ајде си викам доста е, си пуштив музика, си поиграв и ајт у Ремедика. Ама стравот тука си беше, дури и цигара си запалив дур чекав а цела бременост не пушев. Влегувам кај докторката на преглед, ме пипка вика ти си 4 прста отворена, грлото меко меко, водењакот спремен за пукање. Ај вика едно цтг ама немаше ништо и пошо ме виде каква вев упрпана, вика ај оди си дома, јади, пиј кафе, прошетај се и мислам дека ќе се вратиш до вечер. Ако демек нема ништо у среда додји. И многу ме опушти искрено. Ми вика знам дека ти е страв, нема шо нема страв. Јас вика шо сум геликоког па коа требаше да раѓам со двете деца ми беше страв. Ама опушти се и само слушај ме јас шо ќе ти кажам. Алал да и е значи!!! Си отидов дома и негде околу 3 саат почнаа како ептен слаби менструални болкички и викам ете ја ќе искача, а она клоца ли клоца. Демек се смирувале пред раѓање, само ова моево беснееше . Накај 4:30-5 почнаа и слаби контракции и болки и се јавив на докторката и вика, тоа е тоа, зимај стварите и доаѓај. Отидов 5:15 на цтг, покажа контракции, пак вагинално вика лелее преубаво, 6 накај 7 прста, чекај сегс ќе пукне водењакот и стварно. Нема шанси да не знаеш, тече млаз топла вода како да мочаш. И готово вика ајде нема назад идеме јако сега. Се гушнавме бацивме со маже и горе на прием. Имав болки ама не многу јаки и контракции. Контракциите се баш ти се стега ти се пушта стомакот. Ама јас веќе си реков ајде сега нема страв, сега видеата како се дише. И си почнав така најопуштено да си дишам праввилно без да се стегам. Ми ставија чепчиња за прочистување и ми зимаа податоци. Додека ми земаа податоци, додека се облеков у спавача, ме проверува докторката и вика аууу колки убаво, 9 прста си отворена. Ама тука веќе почнаа баш јаки болки и подолги и се препотив, веќе мачно. Сакаш да пробаш скроз природно за убаво да ги осеќаш напоните? А викам не не, пошо си се знам. Викам ми е страв ќе се згрчам, ќе ја зезнам цела работа до сега, дајте ми нешо од нешто. И ајде правец у сала и лајт спинал. Значи немаше 6 кога се качив у сала влеговме 6:50, е толку брзо. У сала веќе болките беа оф оф и коа ми го ставија лајт спиналот се преродив. Нозете си ги осеќав малце како утринати, доле кај задникот и вагината болка ич, а контракциитр ги осеќав во горниот дел на стомакот под градите. Ја чекавме цуци да се намести, ај на лево, ај на десно. Ја уживам, си се погодивме кучкарки мачкарки си се изнапраивме муабети пробувавме неколку пати туркање, се научив како шо и ајде дојде моментот и ми викаат ајде сега ти си најбитна! Земи воздух туркај најјако и ние ќе помогнеме. И така и беше ја туркам они од горе на стомакот и оп скушам ваааа вааааа. И ајде мајка честитки а ја несвесна шо викам готово се роди ли?? Јас дека болка ич не осеќав не ни осетив дека излезе бебево. До 2-3 напони искочи. Ја свежа немачена, она исто. Одма телефонот кај тато, сите плачеме се смееме. Јас си ја гледам и викам тоа моето ли бебе е абе уста не затворив малку ме сецнаа и дојде др да ме шие ништо не осеќав. Не испосликаа двете и ја земаа. Едно нежно едно топло обравче ммммм. Викам ама вратете ми јаааааа Ја си се преместив сама од бокс на кревет, ме извозеа до соба цела весела насмеана за мерак, ко да не сум раѓала. У соба после со телефонот сите звонат се изнасборев одлична си бев. Викам лелееее фала ти Господе шо не отидов на царски и шо вака поминав. После ја донесоа крофната, се изнагушкавме и ја земаа да сум одмарала. 20:37 се породив, 3130г 50цм. Пред 12 веќе станав, ми помогна сестрата се истуширав и си легнав. Почна да ме боли раната ама ми дадоа бруфен и попушти. Ноќта веќе сама си станав. Еве денес веќе сум бомбона, уштр имам болкички доле ама бруфенче на неколку саати таман. Се учиме да цицаме, беба си е цело време со мене, само за прегледи ја зимаат. Не можеме да се изнагушкаме. Сума сумарум, колку шо ми беше стравот голем толку ми беше лесен пораѓајот. Иначе до крајно клоцкаше у стомак и викам де бре дете со клоцање ќе искочиш Јас си поминав вака, вие да си поминете уште полесно од мене!!!! коа ќе си го гушнете бебето све вреди пошо ти доаѓа душата на место! Боли ама се издржува Јас цела бременост мноогу пешачев и секс имавме, посебно 9ти месец. Дали помага или не знам. Кај мене ваљда имаше врска ве гушкаме сите со Калина, да си поминете најлесно и најубаво на свет!
Приказна најљубовна. ❤️ Баш ми е мило мама, дај Боже сите вака и уште полесно да врват. Гушки до мама и до мекичката Калина.
Прекрасна породилна приказна. И јас мислам дека сексот доста помага за така брз пораѓај т.е омекнување на грлото и отварање. Бар кај мене така беше двата пати. Првиот пат дека прворотка беше доста брзо и лесно. А вториот уште толку. Вечерта имавме односи, сабајлето рано рано ме фатија болки за нецели 3ч се отворив 10цм. Затоа женски удрете на сексот.
Дали на сите што ви помогнал, сексот ви беше со свршување внатре или само секс без свршување внатре? Немате спомнато свршување внатре, туку само секс?
Па џоа свршувањето внатре помага за контракции ама изгледа за кого како. На втората имавме таков секс и на крај бебе имаше инфекција дали од мене или од спермата и 3 дена беше во инкубатор . А инаку лесен пороѓај имав
Јас искрено цела бременост си го терав сексот со свршување внатре. Првите 3 месеци немавме воопшто. После внатре и после средина на 7ми и 8ми месец секој втор трет пат свршуваше внатре, малце као пазевме. А 9тиот месец веќе цело време внатре. Имало во составот на спермата некои супстанции што го опуштале и омекнувале грлото на матката. Симонида Котларова Инаку ви благодарам од срце на сите за честитките и ви посакувам уште поубаво од мене да поминете
Pretpostavuvav deka e ona ppsto i jas sakam da se poragam tokmu kaj nea , sto znaci nwma da zazalam ako me poraga ona pp prikaznata sto ja napisa ti dosta profesionalna i smirena doktorka mi deluva deka e.
Со свршување се подразбира. Точно тоа што сите го избегнуваат. Спермата е таа што помага во полесно отварање. Иста песна бев и јас со прво дете како и повеќето- незгоден ми бил сексот, неможам да фатам поза, бла бла, лигавење, цел девети месец немавме секс и на крај 18 саати се отварав. Со второто од прва болка до раѓање дете поминаа само 3 саати. Со волкав зголемен процент на царски резови, да сум прворотка без размислување би удрила на секс секој ден
Воопшто нема да зажалиш. Топло ти ја препорачувам. Жената е царица, смирена, премногу посветена и многу стручна!
Браво мами баш ми е мило што си поминала супер.Преубава породилна приказна Јас бев исто ко тебе само што згрешив што не ја послушав Котларова за лајт спиналот а инсистирав за епидурал. На 7 прсти ми ставија епидурал и ептен се успори отварањето, ми се качи притисокот, па мораше и провокации да ми дадат, на крај на бокс више мислев дека умирам од страшни болки , немав напони, па бебе заглави у канал. Се само зашто се правев мн паметна и од пусти страв. А за сексот со две раце потпишувам, ние цела бременост немавме и дента пред да се породам му вика докторката на мм, ајде сега фрлете се на работа за да почне процесот, пошо не бев отворена а бебе ептен ниско доле и вечерта си поработавме онака убаво и утредента ме примија 4 прста отворена Валда има врска ете што знам. А цел 9ти пешачев по 15км и то брзо одење ко на трки, и ништо на секој преглед беше исто,ама после сексот ете бидна работата Гушкајте се сега со Калина, инаку имењачка на ќерка ми
Кај мене врска немаше ни секс, ни чај, ни скали качувања, ни урми, ни чучњеви, ма ништо бре, на Монт Еверест уште не пробав да се качам! Не се отварав повеќе од 1см. и си чекав и си дремев со пукнат водењак, така да по тоа сфатив дека нема правила, и за второ ќе си правам се и ќе си јадам се, цела бременост, уште од сега знам! П.С. со среќа на сите мамички, да ви се живи и здрави бебушките!
Јас мами да ти кажам и не ни знам баш шо е разликата за епидурална и спиналов. Знам дека епидуралната може да се достава. Симонида вика ај да пробаш природно сакаш? Викам а не не, дајте бар нешто и шо ми рече она тоа, ај вика најслабото лајт спинал. И тоа на 9 прста отворена ми го ставија. И јас не осеќав напони, 2 саати у сала се вртевме си чекавме и Калина да се намести ама битно ја болка ич. Симонида после ми вика да не ја примеше анестезијата еден саат порано ќе се породеше. Ама за чоек шо не трпи болка правилно мислам си постапив. И шо викаш за докторката уште 10 деца да раѓам само кај неа! Дури од шо е таква и да не планираш уште едно би направил само за уживањето еве гледам трудници се тресат на преглед кога треба да одат. А ја денови броев одвај чекав да отидам. Жената е царица!!!! Поздрав мами до имењачката
Хаха исто баш. И јас секој преглед со душа го чекав и уште 10 деца да родам кај неа ќе одам. Јас прв пат слушнав за лајт спинал од неа. Ама тогаш не се ни заинтересирав им реков јас без епидурал не раѓам. Лајт спиналот е поблаг анестетик делува само неколку часа. И плус убаво ги поднесував болките и без. Епидуралот не ми ни фати на едната страна, а и мислам дека заради тоа ми се качи притисокот. Исто ми рече дека 2 саата порано ќе се породев да немав епидурал, зошто ептен школски идеше се. Следен пат ќе ја слушам Ај викаат секое наредно полесно па со тоа се тешам