Majka ubava prikazana mnogu,jas sakam da e vaka so tretoto zdravje ako bi imala,i ke se vika isto Kalina. Da ti e ziva i zdrava
После 4 месеци дојде ред и јас да ја раскажам мојата приказна, 2 по полноќ, роденден на мм, ме фатија болките и тоа на 5 мин, почекавме до 6 сабајлето одиме во болница 1цм отворена ме вратија дома да пијам парацетамол да сум издржела додека не бидат контракциите на 1 мин, јас болки ненормални, секој различно толерира болка, дома шетам низ соба, прво дете, преплашена,само го гледам часот, го терам мм пак да одиме болница си мислев тоа е се раѓа за 5 часа одиме болница пак ме враќаат 3цм отворена, идам дома не се траи се враќаме после 2 часа 4 цм, ме задржуваат таму, барав инјекција за смирување на болките колку толку, ми дадоа повеќе бев зашеметена побарав епидурална (од искуства на мои познанички, одиш со епидурална на 4 цм отворена, тебе ништо не те боли ти кажуваат кога да туркаш и бебе е тука), пресреќна дека ќе ми стават епидурална, нема да имам такви болки се израдував, ме спремаат едвај се свив да ме намести анестезиологот, мм до мене ме држи, болки ненормално а не смеам да мрдам, анестезиологот ми стави боцките и ми прска спреј јас се осеќам, болки исто, вели ќе се вратам за половина час ќе провериме пак, мене исто како да не ми ставија ништо, врзана за кревет а болки до 150 се качуваат, доаѓа повторно да провери вели не ти фатила анестезијата, да пробаме повторно, пак ми вади иглите па повторно става ( на се си помислуваш во тој момент на сите можни несакани ефекти, ама нели веруваш доктори се знаат како треба ) и јас исто повторно осеќам спрејот кога ме прснува, ми вели нез зошто но не ти делуваат ок е реков ќе продолжиме така, доаѓаат доктори кој не ме претна внатре, качив температура, 10 цм отворена, мокрача не излегува, ме поставија за 2 часа шуткање бебе да излези, за на крај после цело мачење од 40 часа, каде мм до мене седеше и ме ладеше и му течеа солзи (најголема подршка, да не беше тој незнам како ќе останев толку смирена) да ми речат дека бебе се свртело нагоре и главчето неможе да излезе низ канал, алооо луѓе ме изнамачивте, фала богу бабицата се погоди искусна и и рече на главната докторка, преморена е неможе повеќе, има инфекција, ме прашаа да го извадат бебето со вакум, се согласив, ме спремија во сала, мм до мене ме држи за рака, ми ставија нез колку пати анестезија додека не ма отрпнаа цела, неможев да дишам, барам перница да ми биде подигната главата но не добив, си ја држев со раце , анестезиологот над мене ме тешеше дека ќе биде брзо да не се плашам. Ми рекоа шуткај, пробаа 3 пати бебе не излегува, рекоа неможе на друг начин мора царски. Бебето го извадија за 3 мин, да знаев на толку маки дека е се толку бргу од прв ден ќе си прашав за царски. Да може 2 недели треба за закрепнување, не си способен за ништо, па и со бебенце како моето што е прилепено од првиот ден до мене е мн тешко, се се заборава, благодарна сум дека и двете сме живи и здрави и си се гушкаме секој ден. И покрај сите маки, желбата за повеќе деца ми се зголемува секојдневно. Таа е мое се, со нејзината насмевка секој ден прави да заборавам на траумата која ја преживеав.Да се надевам дека за наредно дете ќе си поминам полесно луда глава пак си размислувам за природен пораѓај
Каде ова, не ми личи да е Мкд? Многу сте се измачиле, браво на храброста да ти е живо и здраво бебето!
Во право си не сме МК, Англија. Пробуваат до последно се да е природно(незнам како е кај нас но тука последно ехо за како е наместено бебе е 38 недела, кога добиваш болки се очекува бебе да се сврти иако предходно не било во идеалната позиција, во мој случај беше свртена на десната страна со главчето надолу) , ама некогаш не бидува. Фала мајка, да сте ми и вие живи и здрави.
Мајки, жени, кралици, ајде и јас да пишам за мојот значаен момент. Се решив после 5 год на второ дете, потсвесно викав може природно овој пат (првото ми е царски), но сепак и ова мораше царски. Посакував девојче, бидејќи првото ми е момче. Уживав во бременоста, немав многу мачнини, се нормално, освен стресови што доживував, но гледав да сум смирена. Прво со приската ме исплашија. Јас знам се е ок, видов low risk и си терам нормално. И замислете околу 20та недела отидов на преглед (не кај матичниот) за да ми каже дека резултатите не му се допаѓале. Јас цела ?? викам како, матичнава ништо не кажа (не се замараат), и ме советуваше да правам Нифти. Пред да направам, ме прати кај друг доктор, и тој вика не гледам ништо на ехо, но сепак за мирна глава и јас те советувам за тестот. Ок реков, пукнав од плачење, мм обеле во коса додека стигнаа резултати. Знаев дека е се ок, но ајде. Стигнаа по 10 дена - се супер. Ајде да се опуштиме да уживаме во бременоста, јас дома бев по цел ден - но ете малку настинав, пиев ладна вода, и ме држеше кашлица 2-3 дена. И мм вика тест да правиш. Викам абе ајде од дома седење не ме зезај, настината сум. Правам тест - оп позитивен:/ Како што и од каде - појма немам. Помина. Се ближат неделиве јас не знам каде за пораѓај, го побудалев мм ваму таму, се до 36та недела. Одбрав болница, одам на прв преглед, докторката ми рече царски ќе е, дека првото, и да не ризикуваме, викам ок. На тој преглед ми вика мало е за неделите, терапија со инекции 2-3 недели. До тогаш никој не ми кажал мало, цело време убаво напредуваше. Одам следна контрола, јас денови пред пораѓај вика заостанува во меше, ќе тераме до крај за да порасне. Откако одбрав каде ќе се пораѓам мисли во глава секој ден, мм исплашен дали се ќе биде ок, секоја вечер разговаравме, се тешевме, јас во мене пак некој страв чувствував - како да не сум во сигурни раце. Вечерта пред чинот, се средив се, мислиш на одмор ќе одам, маски/креми/пилинзи/маникири Одам на закажан царски на 07.06. (Тогаш бев 39+0). Ме остави мм, се изгушкавме, вика одма да ми се јавиш чим има нешто. Ме спремија, се во соба наместена, и чекам да ме земат. Најгрдо нешто катетер ставање, се стегав, едвај издржав, сестрата несигурна дали го стави успешно, ме остави 5 мин сум се помочала и оп неуспешно. Леле викам пак ли? Ајде ок бидна. 09:50 му пишувам на мм одам јас, чекајме со добри вести за брзо! Ме носат во сала, низ лавиринти,јас цела возбудена, едвај чекам да си ја видам мојата принцеза. 10:00 Прво спинална ми ставија, воопшто не боли, и за 5 мин почнаа. Музика во позадина Simply the best докториве си играат, јас насмеана, само измрзнав. Кај клима уклучено, кај гола, кај анестезијава- па и од самиот чин - мислам креветот скокаше. Ме гали анестезилогот, овие муабет си прават, и едниот прашува: го гледаш? Другиов не, се крие бебево. И си слушам муабет, кога рече матна водава, во прав момент сме реагирале, еве ја, многу е малечка, си ги слушав и заплака бебе 10:20 Одма ми ја дадоа, се стопив. Таков момент не да се памти, не да е најдрагоцен не знам, вреди за се. Ме сликаа, кога ги видов сликите викам ова не сум јас - ова е некој филм, што сакам да се повтори. Пресреќна бев, одма во соба ме вратија, на мм одма порака одма, човекот радости, не одеше на работа тие 4 дена. Само со нас на камера. Ми ја донесоа- се топев, минијатура. Еве дома втор ден се галиме, само си ја гушкам, галам, ептен ми е срценце. И моментот кога синко и мм не зедоа ми е многу драгоцен. Гледајќи ги сликите, си викам зарем има од ова поубаво,носиш нов живот на Планетава! Мајки: Радувајте се, бидете силни и свесни кога доаѓаат на свет и вашите најмали! Вреди се. Јас поминав толку во овие 9 месеци, не ми е битно ништо-освен овие очи кои ме греат наутро, и нормално мојата прва љубов - синко мој! постов го пишувам едно 80 мин
Ме расплака бе мами! Баш ми е мило што се поминало во најдобар ред! Вистина нема поубаво чувство од тоа коа ќе си го видиш бебето! Јас коа се роди мојава викав тоа моето бебе ли е? И плачев и се смеев и зборев цело време. А коа ми ја донесоа, коа ми ја допреа до образот, едно вруќо бебе, едно меко меко како памук. Радувајте се мајки, нема поубаво! Уживајте мами во прегратките!
Мајки еве сум јас, утрово се породив, си дојдов на себе и додека чекам сега да ми ја донесат душичката да ви го кажам и моето искуство Во петокот на последно цтг бев, мирно беше, јас затворена, ми вика докторкава ќе тераме до термин изгледа, а термин 23ти јуни ми беше. И ок јас во ред. Викендов болки никакви, само кичмата ме болеше и стврднувања на стомаков што имав, но ништо претерано. Е ноќеска се разбудив кон 2ч за во вц и повторно си легнав. Болки нема. Кон 3и30ч повторно станав за во вц, но кога легнав осетив некои минимални болки, ај реков ќе помине. Но почнаа да бидат веќе на 5мин, но слаби болки сепак. Си влегов се искапив, се нашминкав и му викам на мм ај да појдиме до болница имам болки, не се јаки ама многу набрзо се. И ајде стана тој додека се спремивме, излеговме веќе 5и30ч дојде. На цтг покажа болки, ме гледа докторкава вагинално и вика 9cm си отворена, дирек на бокс Ај мм ја зеде торбицата, си се облеков и тогаш почнаа малку појаки болки. Само што легнав на бокс беше 6ч, ми го пукнаа водењакот и мислам дури со еден напон дека бебе излезе. 6и15 веќе породена бев. Заплачи мојата лепотица, беше толку топла, мила. 3200гр. Искрено ваков пораѓај не очекував, и без никакви анестезии. Фала му на Бога Сега чекам да ми ја донесат, да се гушкамеее со мојата Хана Ви посакувам на сите ваков ПРЕЛЕСЕН пораѓај. Ве гушкам
Честитки мама да е здрава и жива Хана голема да расти само радост да ви носи ептен лесен и брз пораѓај браво сега гушкајте се
Да и јас тоа реков А дома па додека го чекав мм, шетам низ куќа да ме фатат поголеми болки, си велев ќе одам џабе и ќе ме вратат дома пак хахах
Честитки мајка да е жива и здрава Ова кога го читам исто како јас да сум го пишувала,моето второ породување беше исто вака а се надевам сега со третото уште полесно и брзо ке биде Гушкајте се сега со Хана