Да се надоврзам само самата на муабетот, дека ништо посебно не правев за ваков пораѓај Ни секс имав цела бременост,ни нешто претерано движев, ни урми, ананаси јадев. Се е до природата значи верувајте
Честитки Нате, живо и здраво, можело и лесно. Ние само му ја мислиме, а бебушкиве ни помагаат се да биде како што треба. Кај се породи? Како од Пп ми делуваш по муабетов
Браво! Честитки! Да е здраво и живо! Мило ми е за лесниот пораѓај. Мене така некогаш ме фаќа страв што ако не ги сетам доволно болките, да си мислам дека е нормално и да не стигнам на време имав прилично болни менструации, ама вајлда ќе знам кога ќе дојде
Јас мислам уште 15мин дома да почекав, дома ќе се породев Дали јас мислам дека беа слаби болките, дали сум издржлива на болка незнам.. Знаев дека е дојдено време бидејќи беа болките на исти интервали, а не според јачината на болката
Јас во автомобил ќе родев. Ќе ме имаше на интернационални вести. Јас знаев дека е време за раѓање ама чекав да дојдат на 2мин болките,само за да не ме вратат дома. Сега се породив во странство, ама поради лошиот однос во болницата кога се продови во Мк имав аверзија кон продоилното одделение. Затоа сега си имам нај најубаво второ искуство.
Охооо ајде и јас да си ја раскажам мојата породилна приказна после скоро 2 месеци. 1ви Мај јас госпожата оди да си слави празникот со пријателите малку подалеку од местото на живеење, си седам јас си славам празникот и почнуваат некои менструални болки, али дека имав многууу болни менструации оваа болка и некако не ми беше нешто посебно па да помислам дека ќе се породам (термин ми беше 10ти мај). Јас од сабајле болки си истерав прослава до кај 19.00h, си одам дома на мм му велам ај да се истуширам и да одиме на црква, празник со јајца треба да се капеме (луда јас). Мм вика ај да одиме до болница прво да те видат, па после ќе одиме на црква и викам ајде. Одиме во болница јас 6 прсти отворена. Од таму директ за Скопје вечерта касно стигнавме околу 1h цела вечер цтг, инекции доктори доаѓаат си одат, јас се отворив 8 прсти, но завршив на крај со итен царски(тесна карлица) не сакаше докторката да ризикува со природно породување. Во 10.00h на 02.05 ме однесоа во сала и (најстрашното за мене следуваше сега) за време на операцијата почнав да повраќам, знаев дека нешто се случува (цело време бев свесна) ама никој ништо не кажува, за на крај да разберам дека сум изгубила многууууууу крв, но се средило се за брзо. Како и да е во 10.25 ја извадија мојата среќа од стомакот, и цел страв го снема од мене. После 3 дена си ја видов лепотицата и да ви кажам се заборавив. Сега си се гушкаме по цел ден, раната ми заздрави и за брзоо време од кога се вратив дома почнав да си ги средувам домашните обврски. Сега веќе сум супер мама Пс. Јас сум родена на празник, а сега и ќерето моја се роди на најубавиот Велигденски празник
Да пишам и јас дури беба спие Термин ми беше 19.06 ама дека продолжен викенд многу се нервирав и си викав да биде или пред или потоа, да не заглавам во болница баш викендот На последните цтг и ехо имав намалена плодова вода и слаби контракции, докторката рече ќе чекаме до термин ако не бива тогаш царски, а јас сакав природно ама како биде така Цел викенд пред да се породам, гушкање мазење секс со мм Во понеделникот ми течеше доле секрет, мислев плодова вода е, бев на преглед, не беше, нема контракции и ме вратија дома Нешто ми велеше дека ќе биде следниот ден 15.06,датумот ептен ми се свиѓаше Сабајле во вторникот во 6 станав до тоалет и осетив доле како чешма да тече, јасно беше дека е водењакот, го станав сопругот и заминавме во санте, таму се породив Тој цел во паника, јас прибрана Ме прегледа докторот, 2 прсти отворена, ме однесоа во соба, цтг црта планини од контракции Ме проверија уште 3 пати не де отварам, 2 прсти си стои Плачев од болки, ја прашав др Елма дали може царски, рече веднаш ќе те спремаме Ме однесоа во сала, ми ставија спинална анестезија и за 10мин се породив, на свет дојде мојата најубава беба Посветени беа максимално и сестрите и докторите Следниот ден станав на нозе, си ја чував беба кога ја носеа кај мене, најбитно немам никакви болки од раната Да знаев дека вака ќе поминев со царски ќе барав уште веднаш, немаше бар болки да трпам
Зошто не си барала епидурал? Колку што разбрав во Санте си била. Освен епидурал има и други методи за отварање на цервиксот. А докториве наместо да дадат поддршка, веднаш спремаат сала на желба на пациент Живи и здрави да сте, ама вака кога читам, не гледам подобрување во односов на докторите по приватниве.
Не разбрав сеа....сакаш да кажеш дека вистински не им се чекало? Ако е така е навистина жално, мислев се опраиле.
На пример - вагинална провокација? Па ако пак не се отвара уште една - венска провокација? И ако не се отвара ни тогаш, следен чекор кој е?
Јас цела бременост ја поминав прелесно. Немав никакви мачнини, на сите прегледи беше се во најдобар ред и си замислив да одам на природен вагинален пораѓај, читав само за тоа па гледав видеа, се спремав и психички и физички, терминот ми беше 24 јуни, но не е се спрема нашиот замислен план На преглед за 39 недела докторката ми вика да направиме ултра звук бебето мислам дека е свртено настрана, а правев баш во 37 и беше како што треба. И ок навистина беше свртено и веќе докторката ми предложи да размислувам за царски рез и дека немаме многу време бидејќи ќе има компликации ако почекаме и пукне водењакот (пишував во труднички растревожена). Сакав да чекам и да дадам шанса да се сврти но од друга страна не сакав да има никаков ризик и на крај пак да завршам со итен царски. Закажавме термин на 22.06, 39+5 недела. Си тргнавме со маж ми од сабајле на кај болницата ги имав сите можни чувства помешани, но останав смирена. Толку бев уплашена од тој царски и од операциони сали на крај се да се заврши за 10 мин. Ми ставија спинална анестезија, маж ми беше до мене и виде анестезиологот дека ме снима и му го спушти пердето вика снимај сега ќе излезе бебето (го немам гледано видеото и не планирам во блиска иднина) од како заврши операцијата телото ми се тресеше неконтролирано по еден сат ми помина ми ја ставија беба на гради да ја ранам, јас врска немам хаха а таа плачеше ептен. Потоа не однесоа во соба каде останавме 4 дена сите тројца. Станав уште вечерта после операцијата да се раздвижувам. Сестри доаѓаа на секој сат да не надгледуваат, ова беше и досадно и едвај чекав да одам дома. Како и да е не испадна се според очекувањата но мислам дека испадна и уште подобро со оглед на тоа што царскиот го замислував ептен лошо. Сега сме дома се привикнуваме на ситуацијата и закрепнуваме Не се обесхрабрувајте ако не ви оди се спрема планот, можеби ве чека нешто подобро.