Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Породилни приказни

Дискусија во 'Бременост' започната од fairy88, 20 август 2012.

  1. Lili4e

    Lili4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2021
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.555
    Пол:
    Женски
    Честитки, ова сигурно не е Мкд,така?:)
     
  2. sikica7

    sikica7 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2015
    Пораки:
    878
    Допаѓања:
    1.994
    Cestitki da ti e zivo i zdravo i samo radosti da vi nosi i da imate preubavi momenti so bebenceto.Sakav samo da te prasam kade se poragase poradi toa so pises deka i maz ti bil so tebe celo vreme ,pa me intereaira vo koja bolnica e dozvoleno i prisustvo na soprugot?
     
  3. Quincy

    Quincy Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2015
    Пораки:
    468
    Допаѓања:
    8.009
    Фала ви :inlove:
    Не е Мк не, живеам Америка и мене ми беше чудно кога ни кажаа дека може да биде со мене во операциона, не па да снима^_^
    Сепак стварно преубаво искуство.
     
    На Martka, kostovaivana, tina2018 и 4 други им се допаѓа ова.
  4. KittyCat:)

    KittyCat:) Популарен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2018
    Пораки:
    2.080
    Допаѓања:
    14.551
    Пол:
    Женски

    Исто и ние тука-Малта
    Дури чудно дека може да присуствува поубаво искуство немам во животот никогаш нема да му го заборавам изразот на лицето кога се роди беба и не знаеше што да направи ваму бебе вадат надвор за да мерат тој до мене седи оти му рекле ако излези нема да можи да влези. Мрш надвор заминувај бебе види мене остај ме готово е секако па ми ја сликаше го даде телефонот на сестрата да ја видам убаво па потоа ми ја донесоа влезе и тој пак па не сликаа.... Најубавиот момент во живот
     
    На stevemila, Capricorn Taurus, Martka и 11 други им се допаѓа ова.
  5. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.197
    Пол:
    Женски
    Да де да, важно има повеќе методи. Ако не се отвара жената одма не е прв чекор царски рез. Отварањето е процес кој може да трае, ден, два па и три.
     
    На MilaSs12 и ALISA0000 им се допаѓа ова.
  6. Magde20

    Magde20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2011
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    122
    Пол:
    Женски
    Ајде по два месеци и нешто и јас да ја пишам мојата приказна. Бременост нормална се до 33 недела кога почнаа контракции, два дена во болница со инекции за зреење, запирање контракции итн. Останатите недели строго мирување, се до 38 недела кога гинекологот даде зелено светло за раздвижување, јас пресреќна дека стигнавме до безбедна недела и наскоро ќе се запознаеме со синко, арно ама па потоа му се уарни, од 38 недела на цтг секој втор ден, плодова вода се намалува на секој преглед, 38+5 докторот вика дојди за два дена во недела ќе те примам и ќе следиме плодова вода и ако треба со провокација ќе те породиме. Дојде недела, јас спремна со торбата, сопругот и ќеркичката ме однесоа во болница, се изгушкавме, се испративме, ме примија, докторот ме прегледа вика 3 прста отворена, (уфф колку болен и непријатен е вагиналниот преглед) водата уште се намалува, но може уште малку да почекаме да почне природно, на ЦТГ се гледаат контракции, јас слабо ги осеќам, после 4 саати пак ме прегледува докторот 4 прста отворена, по прегледот засилуваат контракции, но по еден час се смируваат, така беше и следниот ден.Понеделникот, има контракции но си останав на 4 прста, вторникот во 5 саат сабајле доаѓа сестрата ми вика стани да ти ставиме клизма и да пуштиме провокација, јас не знам кај се наоѓам, целата збркана шлапнав вода на лице и тргнав по сестрата, ми стави провокација, се вратив во соба. Инфузија со провокација ми пуштија околу 6ипол, ЦТГ постојано вклучено, среќа јас мобилниот го имав со мене, а и Нетфликс, па ми одвлече внимание некое време. Докторот дојде ме виде околу 8ипол, 6 прста отворена, но уште не осеќав јаки болки, кај 9ипол почнаа јаки болки проследени со гадење и нагони за повраќање, ради ЦТГ не можам да станам да се раздвижам па ми се чини се поболно. Кај 10ипол дојде докторот пак, гледа ЦТГ и ме прашува какви се болките и и вика на сестрата да ме спреми за родилна, сестрата таман ме спреми и се враќа докторот и вика да почекаме малку имало гужва во родилна, јас се разочарав ама среќа сестрата вика веќе ја спремив, проблем било за канелата за инфузијата нешто па на крај сепак тргнавме накај родилна. Ме прегледаа вагинално пак и 10 прста, докторот ми вика ти си одма за на бокс, ми го пукна водењакот, се слушна како плисна вода ама многу малку, баш и докторот тоа го искоментира. Ме однесоа на бокс и ми викаат за 10тина мин ќе почне пораѓај, мене болки невидени ме фаќаат, ме сечат, многу посилни од првиот пораѓај, еден момент си реков да станам да поодам малку, не можам веќе. Викам доаѓајте јас не можам веќе, поминаа видоа, викаат има уште време, високо е, мене паника ме фати што ако се качи нагоре па на царски треба да одам, снаа ми така помина со последниот пораѓај, па кога земав да напнувам да се спушти и да почне пораѓај, ова проследено со врискање, дури една сестра дојде и ме искара што сум врискала, јас па со цел памет и кажувам 'па ме боли', мислам аман зошто би врискала при пораѓај. После некоја минута пак ги викам, напнувам на кпнтракции и акушерката пројде, ме ѕирна, оттрча, му се јави на докторот и се врати за 10 секунди, се спреми и почна да ми дава инструкции што како да правам, после 15 секунди и докторот дојде, јас веќе затворив очи и само следев и правев што ми кажуваа, кога да напнувам, кога да дишам, во тој момент веќе беше полесно зошто знаев пред крај сум, болките ќе престанат и ќе го запознаам синко. За минута две беше се готово, го осетив олеснувањето од болките кога го извадија синко, а ми олена и на душата кога го слушнав плачот и ми го ставија веднаш на гради. Го бакнав и галнав по главчето и го зедоа да го средат. Мене ме исчистија од плацентата и ме сошија со 2 конци, овој пат не ме сечеа само малку напукнав. Едно 15 мин се тресев неконтролирано од студ, па дури и едно непријатно што ми стана дури ме шиеа, не можев да запрам со тресење па им се извинував дури што ја отежнував работата со тресење, докторот само се насмеа и ми рече ич не се секирај. После два саати во родилна, покриена со две кебиња ме симнаа во соба, си побарав апартман уште кога ме примија, пусти страв од корона и богами ич не згрешив. После 2 саати ми го донесоа синко на гушкање и галење, го изгушкав прво и одма на цице, па после и неколку фотки за тато и дада направивме.
    Овој пораѓај ми се виде потежок во однос на болките, најверојатно поради провокацијата, ама со помалку страв околу тоа што се случува на пораѓај, а заборавив да пишам дека од напнувањата освен синко извадив и невидени хемороиди, среќа поселе 3 недели се повлекоа, ама богами душа ми извадија дури се повлекоа.
    Интересен момент е што и двете дечиња ми се родија 39+2, во истата родилна сала/бокс и истата акушерка ми се погоди со двете, ќеркичката е родена во 11:15, а синко во 11:00 часот, со 8 дена разлика во датумите.
    Поздрав од мене и ви посакувам лесен и брз пораѓај на сите.
     
    Последна измена: 2 јули 2021
    На Bremena, S.o.F.i, Santaa и 51 други им се допаѓа ова.
  7. Lili90

    Lili90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2020
    Пораки:
    649
    Допаѓања:
    984
    Пол:
    Женски
    Ајде и јас да ја раскажам мојата најубава животна приказна.
    Бременост нормална, без некои посебни мачнини и тегоби. Киселини, проблем со столица, осип на градите али се помина лесно и без проблем. Краен термин 21 јуни...
    Си одам јас на цтг така фино сабајлечки и ми јавува контракции. Докторот ми вика дојди вечер пак чисто да провериме. Болки никакви. Идам вечерта, цтг мирно. Аааааа викам ова веќе нема смисла. Се враќам дома, правам генералка, шетам пешки низ маало и си легнувам нервозна ифрит дека ме вратија. И како што си лежам пред заспивање, како некое кофче да ми се крцна доле. Си викам "ова е тоа" ... станувам, вода по нозе тече. Пукнал водењак во 23.45 часот.
    Си се истуширав, средив и трк накај болница. Ме проверија, отворена 3 ипол прста. Болки има, ама издржливи. И така ме сместија. Болките си се зголемија и дојде време за епидурал. Кога ме однесоа за епидурал веќе бев скоро 5 прсти. Значи дефинитивно за мене, најгадниот ден е ставањето епидурал. Толку се измачи докторката да ми го стави, а со тоа и мене, што мислам дека сега да треба да раѓам, нема да го ставам. Како и да е, ми ја ставија на крај, и во 5 часот ме качија на бокс. Прилично брзо се отворив за прво дете. Во 5.45 си го родив бебулето со најубавите очиња на свет. Сега си се топиме еден поред друг и му се заблагодарувам на Бога што се испадна супер и што лесно поминав. Ви посакувам на сите што си чекате лесна бременост и уште полесен пораѓај ♡
     
    На Bremena, S.o.F.i, Santaa и 52 други им се допаѓа ова.
  8. BabyGirl10

    BabyGirl10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2021
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    220
    Пол:
    Женски
    Мамички ајде еден совет. Кога ќе станам чувствувам доле во вагината како притисок, дали тоа значи дека за брзо ќе се породам или е само бебето? 39+2 сум, а досега ги имам само тие лажните болки.
     
    На S.o.F.i, saki13 и NewMama им се допаѓа ова.
  9. kostovaivana

    kostovaivana Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    2.589
    Допаѓања:
    14.373
    Пол:
    Женски
    Можно е за брзо да се породиш ама и не мора да значи. Тој притисок е затоа што беба се спуштила надоле и притиска. Мене уште во 36та ми се спушти и цело време осеќав притисок доле а се породив 39+0.
     
    На Marijana88 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. BabyGirl10

    BabyGirl10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2021
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    220
    Пол:
    Женски
    Е она веќе си е спуштена со недели па нема абер да искочи. Сепак фала ти.
     
    На kostovaivana му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Umm affan

    Umm affan Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2021
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    206
    Пол:
    Женски
    Kade se poragjase vo koja bolnica, kako pomina so epiduralot od koga ti stavija epidural ne osekjase li veke bolki, naponite dali gi osekjase
     
  12. H&J

    H&J Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    1.337
    Пол:
    Женски
    Драги еве ме и мене, додека чекам бебуш да го донесат ќе ви напишам како поминав :inlove: Најголема паничарка и плашливка:D
    Термин на 4 јули.Во петокот 2 јули ми падна чепот, и пратив слика на докторката веднаш рече дека е чепот па рече ако немаш болки се гледаме во понеделник.Тој ден петокот ништо.Дојдоа мајка ми и сестра ми на гости, па синчето изрази желба да оди со нив, да спие таму.Ајде викам нека оди може па ќе ме фатат болки да не го мислам и него.Отиде а таа вечер со маж ми си седевме до 00ч надвор во двор, се разладувавме, јас вежбав( инаку пред да ми падне чепот имавме секс со маже два три дена редовно со свршување, и сигурна сум дека поради тоа и се случи пораѓајот, си го убрзав инаку со провокација сакаа да ме пораѓаат кога не беше сеуште време) Си легнавме и утрето станав прва јас, си се рашетав во двор, направив кафе се напивме со маж ми јас ништо не осеќам 08ч.Ми рече ќе одел до град да зима.нешто, ајде викаж и ја ке дојдам да пазаруваме за дома нешто од маркет, ја не од маркет, све накупив и што треба и што не треба:D кога мене таму ме фати болка која прво се јави на 20мин.Не обрнав внимание си пазарував, кога си одевме накај дома оп пак болкичка, ке фати, па ке опушти.Стигнав дома му реков на маж ми распакувај се јас одам да се туширам, се јавив на докторката рече ајде тргнувај.Се средивме и тргнавме, а болките на 10мин веќе.Во кола музика на цел глас,:D пеевме со маж ми некои народњачки песни (facepalm):Dдо додека не стигнавме, дури и снимав да си имам спомен:D Веќе пред болницата почнаа почести болките на 7мин и траеа многу подолго. Стигнавме во Санте, и прво нешто што ми рече маж ми беше ЦЕЛА БРРМЕНОСТ МИСЛЕШ КАКО ЌЕ СТИГНЕШ ВО БОЛНИЦАТА,ЕВЕ СЕГА СИ ТУКА:D:D:devil: Ме примија во 13 часот и прегледаа 3цм отворена.Ме задржаа и веднаш во соба на цтг.Ми пукнаа водењакот и почнаа активно болките со мала доза на провокација. Ме прашаа за епидирална и кажав дека сакам.Дојде докторот ми ја уклучи ( малце ме болеше тоа језиво ми беше) и болките се смирија некако, брзо се отварав, ми рекоа ќе осеќаш болки на крајот пак мораше така за да не забави процесот на отварање кој сто одеше брзо, кога почнав да осеќам болки накај 17ч јас веќе сум била 9цм:yawn: не ми се веруваше како брзо, дојде др рече за 15мин во сала.Таму отидов и никако ама никако неможеш од количка да станам на бокс фа се качам.Нозите не ги осекам од епидуралната:( едвај едвај ме качија :( Осекав мали напони за да туркам ама незнаев како :(:( пробував ама тие ми викаа не така не е правилно.Кога Др ме прегледа на ехо, ми рече за 10мин ако не се потрудиш да туркаш ќе морам да те носам на царски:(:( зошто главичката на бебето не е наместена во канал, и бебе губи тонови не му е убаво веќе внатре:( и тогаш соберав сила, таа ми се качи на стомакот со раците ме притисна двапати, ја во исто време напнав, на првиот пат не, вториот појако и излезе мојот принц :inlove::inlove::inlove::inlove: Мислам со него се родив и јас :inlove: Епизиотомијата не ја осеќав ради епидуралната ме средија, и во соба ме однесоа.Бебуш фатил некоја инфекција од мене па прима и терапија сега ама супер се, добри сме , мама малце ја боли раната али тоа се слатки болки за се што следува :inlove::inlove: Денес чекаме преглед и дали ќе не пуштат домче.Едвај чекаме :inlove::inlove::inlove: Сите беа супер, доктори, сестри :inlove: сите даваат подршка дека се ќе е во најдобар ред:inlove:, ме гушкаа додека имав болки, па и на бокс со сестрата се држевме за рака:) после порагајот исто сите фини, пријатни се е на место како што треба да биде:inlove: Ви благодарам и на вас за советите, подршката, овој пат беше полесно, побрзо и поубаво искуство :inlove: Ви посаакувам на сите лесен пород и брзо закрепнување:inlove:
     
    На Bremena, S.o.F.i, Snowflake92 и 52 други им се допаѓа ова.
  13. kostovaivana

    kostovaivana Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    2.589
    Допаѓања:
    14.373
    Пол:
    Женски
    Браво мама! Секоја паника вредеше. И за колку се мислеше и тресеше супер си поминала. :inlove: уживајте сега:l:
     
    На Marijana88 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.585
    Допаѓања:
    40.013
    Пол:
    Женски
    Ај да си пишам тука.
    Бебушка е сега 15 дена. Нека ми е жив и здрав, го обожавам ама....доста тешко поминав.
    "Планот" беше да се породам природно, се беше ок, беба правилно наместена.
    Царски не сакав, иако ми рекоа дека може ќе треба, тоа оставав во краен случај ама бев убедена дека нема да биде царски. Не дека имам против царски, туку имав други можни компликации до кои можеше да дојде при царски.
    Бременоста ми беше добра и лесна, без компликации и проблеми.
    Ме примија последен ден од 41 недела, а ме породија прв ден од 42ра недела.
    Ме примија без болки, само ради цтг што неколку пати не испаѓаше баш најдобро.
    Сабајлето ми ставија провокација. На почетокот си мислев ова не делува. Потоа почнаа...страшни болки, мислев дека креветот ќе го размонтирам. Бев 7 цм отворена и као ајде спремна си. Ме однесоа пеш до бокс. Ми го пукнаа водењакот.
    Една од тимот вика напни, докторот вика не, џабе е, детето е високо и е свртено.
    И така пробуваа, ме чекаа, па пробуваа, па чекаа...
    Сестрата ме прашува за податоци, иако претходно 3 пати ми земаа, јас не знам која сум ни кај сум, а не податоци за мене и маж ми. Имав контракции на мали интервали.
    Цела болница ечеше од мое вриштење. Пробував да не врискам, као да дишам за да биде полесно но немаше шанса, болките беа страшни, чести, болни. Се распаѓав. Губев воздух, па не им текнуваше кислород да ми дадат додека докторот не им кажа. Искрварев, не знаеа зошто, а осетив како истече. Мислев дека бебето ми отиде, дека нешто не е во ред.
    Детето се заглавило. Нема шанса природно. Се беше за џабе.
    Ајде, итен царски. Ме симнаа од бокс, јас цела се распаѓам, не можам ни да седам, цело тело се тресе и стега, сестрава ми бута документи, вели потпиши. Само зашкрабав.
    Ме ставија на маса ама не можеа да ми стават анестезија од што бев стегната. Сите околу мене брзаат, ме брзаат мене, а мене контракции едни по други ми доаѓаат. Таман ќе боцнат, мене контракција. Не знам колку пати ме боцнаа. Една жена ме држеше, ме смируваше ама јас се изгубив. Не одговарав, не бев реактивна, не разбирав ништо после ме држеа една напред и еден или двајца од страните, не сум сигурна. Дојде друг, постар анестезиолог, па тој некако успеа да ми стави анестезија.
    Ме легнаа, а во моментот ме фатија последни 3 контракции. Ме успаа.
    После знам дека ми рекоа дека имам син и да ме сликаат со него.
    Тие слики ми се многу тешки за гледање, јас не сум ни свесна дека тоа е син ми до мене. На сликите плачам ама не од среќа, туку од болка. Погледнав надоле и имаше еден куп крвави гази и инструменти. Ми рекоа да се свртам, да не гледам ама ми остана сликата.
    Во шок соба нормално тресење, ладно ама и огромни болки во цело тело. Ми рекоа дека ми е од стегнатост кога пробувавме природно.
    Сестрите во шок соба одвратнотии, како и оние на одделение.
    Заради гужва бебушки беа цело време кај нас, дури и навечер, само по малку ни ги земаа.
    Моево постојано, постојано плачеше. Мислев што ќе правам јас дома со него, ќе полудам.
    Беа какани по цел ден. А и често гладни.
    За болничари, храна, сестри, акушери и третман нема да коментирам, нула.
    Имав млеко, но не доволно, а постојано ми викаа држи го со саати на гради.
    По 2-3 саати доење на празно, он пак беше гладен, а јас цела со рани. Пак плачење. Бебињата на другите жени исто плачат не можеш да се наспиеш ич.
    После педијатарот таму ми рече дека џабе е држење со саати, на бебето мора да му се даде дохрана. Не ми беше сеедно ама ако мораше, мораше.
    Дента кога искачав од болница добив млеко. Со душа чекав да си одам.

    Дома се се смени. Бебуш ми е златен.
    Јас закрепнав како со магија.
    И така.
     
    На Bremena, S.o.F.i, Плавуша123 и 50 други им се допаѓа ова.
  15. KittyCat:)

    KittyCat:) Популарен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2018
    Пораки:
    2.080
    Допаѓања:
    14.551
    Пол:
    Женски


    Најважното го имаш до тебе ... Не си поминала лесно ама вреди се за тоа мало човече гушки мама:l:
     
    На Bjanka82, IRBBB, Marijana88 и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Lili90

    Lili90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2020
    Пораки:
    649
    Допаѓања:
    984
    Пол:
    Женски
    Уфффф тешко... ама вреди!!! Се се заборава со гушкање! ♡
     
    На Bjanka82, IRBBB, Marijana88 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.982
    Допаѓања:
    59.650
    Пол:
    Женски
    Исто поминав и јас и малиот скроз истата приказна.
    Ќе бидам реална дека не поминува, бидејки е голем шок и стрес.
    Јас сум пред пород со второ и толку паничам од тој пораѓај што мислам повеќе беља си направив.
    И не ми кажувајте дека Чаир е подобар од Гак дефинитивно нее, сегде е исто.
     
    На Marijana88, Andrejaaaaaa, talentirana и 2 други им се допаѓа ова.
  18. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.293
    Допаѓања:
    33.596
    Пол:
    Женски
    На крај, ова е најважно. ❤️
     
    На LivingGlam, Marijana88, KittyCat:) и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Lili4e

    Lili4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2021
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.555
    Пол:
    Женски
    Офф златна таа! Мајка херојка:l: тешко, но со добар исход. Гушкајте се и пробај да заборавиш. Наместо да си ги памтиме со убаво тие моменти, тие дозволуваат да не траумачат. Каде ова, која болница? (Нема везе, поминало ама да се подобрат дај Боже)
     
  20. talentirana

    talentirana Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    248
    Пол:
    Женски
    Еве ме истата пред породување со второ сум а ме фаќа паника ептен... јас првиот пат не поминав лесно и сега ми фуфка :) и викам на докторкава прај ме царски, а таа нема шанси вика да пробаме прво природно, а јас па од страв почнав да не спијам :-~
     
    На Marijana88 му/ѝ се допаѓа ова.