Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Породилни приказни

Дискусија во 'Бременост' започната од fairy88, 20 август 2012.

  1. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.982
    Допаѓања:
    59.650
    Пол:
    Женски
    Истото тотално 4 дојде сон неме фати.
    Јас сум со првото царски, докторката вика не сакам да те сечам дај природно да одиме ако те фатат болки и епидурална ќе те боцнеме.
    Почнав да плачам таму дека нема шанси.
    Ајде ќе издржиме само да ни се живи и здрави.
     
    На talentirana му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Lili4e

    Lili4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2021
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.555
    Пол:
    Женски
    Браво за некои доктори што не форсираат. Јас кога и спомнав на мојата дека со првото сум царски пред 5.5 год ми рече и ова мора така, ризикот е голем за мајката. И викам, ок како ќе кажете но сепак и велам има долг период поминато, што ако ме фатат природни болки? Е тогаш ќе видиме рече, мада не ме фатија ни со двете до 40 та - па да не ми е криво.
     
    На Marijana88 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. talentirana

    talentirana Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    248
    Пол:
    Женски
    Јас вчера на преглед одам и ми вика грлово омекнато, ти 2-3 прста отворена си, мене паника ме фати а 37+ сум
     
    На Marijana88 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.585
    Допаѓања:
    40.013
    Пол:
    Женски
    Ма се гушкаме цело време сега. Нека ми е он жив и здрав
    Иначе Чаир
     
    На talentirana, Naatashka123, Lili4e и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Natashka1988

    Natashka1988 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2020
    Пораки:
    1.060
    Допаѓања:
    4.463
    Пол:
    Женски
    Секоја ти чест! Ја сум јака на лежење, ама вакво нешто да истрпам, не сум способна... гушкајте се, секоја минута да ви е најубава ❤
     
    На Marijana88 и Emotional123 им се допаѓа ова.
  6. lady.N

    lady.N Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2011
    Пораки:
    711
    Допаѓања:
    1.132
    Многу слично сме поминале, само што јас се уште имам последици од царскиот. Првото ми е родено природно и само сакам да споделам дека кога имате избор секогаш бирајте природно. Ги искусив и двете и знам што зборам. И со првото не беше се како подмачкано, имав епизотомија, се породив со провокација со силни болки, ама за 1 недела бев како нова. Не се споредува со царски ни по ризик ни по опоравување.
    Од царскиот сега помина цел месец, таква траума ми направи за цел живот. И ми велат се заборава, е не се заборава, никогаш нема да заборавам. Нема да навлегувам во детали за да не исплашам некоја трудница, само ќе кажам дека главниот проблем ми е од анестезијата, ми го погодија нервот при боцкањето. За малку ќе бев инвалид сега. За среќа не сум, ама трпам ужасни болки што не знам кога и дали ќе поминат некогаш. Плус закачив тешка уринарна инфекција од катетарот. Завршив на итен царски заради големо бебе кое не се спушти, а баш пишував тука пред да се породам дека ми е страв дека нема да се спушти оти ми е многу виско стомакот и така бидна. Плус заматена плодова вода што се установи на бокс кога ми го пукнаа водењакот.
    Се тешам со фактот дека бебето ми е златно, мирна е, си цица и супер напредува. Напатена од сестра и која душата ми ја извади сега како да немаме бебе дома.
    Ви посакувам на сите најлесен пораѓај на свет и брзо закрепнување, дај боже да нема веќе вакви слични мислења во темава. :hug:
     
    На nadenadia, KittyCat:), CareTee и 16 други им се допаѓа ова.
  7. kostovaivana

    kostovaivana Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    2.589
    Допаѓања:
    14.373
    Пол:
    Женски
    Храбара мајка херојка!:muscle: Најважно е што сега добро двајцата! :inlove: за тие очиња мали вреди све :l:
     
    На Bjanka82, IRBBB и Emotional123 им се допаѓа ова.
  8. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.248
    Допаѓања:
    6.730
    @lady.N слично како мене со царскиот си поминала. Со помин нека е со нервот.
    И кај мене не се спушташе и беше големо бебе родено 4100гр. Не знам докториве како ми велеа дека природно ќе раѓам а бебево толку големо, зошто одев на контроли секоја 2ра недела и ми ја кажуваа тежината да до сам ден пораѓај да ми велат природно дека ќе го родам. Да секако, тие нека родат толку големо бебе природно.:fubar: Горе високо го носев цела бременост па и кога ме фатија болки не се спушти. И јас завршив со заматена плодова вода и инфекција која подоцна ни беше третирана со антибиотици и мене и на бебето. Уште не дојдени дома со антибиотици бебко. Ме тешеа дека на сите бебиња кои им се заматила водата им давале антибиотик по раѓањето. Мене ми се замати плодовата вода пошто 15 саати пробуваа природно да ме породат. Ги молев за царски последните неколку саати, веќе не можев да издржам,тие се запнале природно. На крај им кажав дека ќе ги тужам ако не ме породат царски, во цела таа агонија.:rofl: Ќутеа сите, докторката излезе и се врати по 10 минути им кажа да ја спремаат салата.
    Немав последици отпосле, раната брзо заздрави кај мене.
     
    На nadenadia, Brpbrp, KittyCat:) и 6 други им се допаѓа ова.
  9. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    39.756
    Пол:
    Женски
    И мене ми беше заматена плодовата вода, исто бебето беше на пеницилин уште први ден
     
  10. Andrejaaaaaa

    Andrejaaaaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2021
    Пораки:
    1.691
    Допаѓања:
    8.454
    Пол:
    Женски
    Точно. Сега веќе имам искуство и во двете и можам слободно да кажам дека е исто. Неможам да кажам ова е бетер или ова е подобро. Позитивна работа во чаир ми беше само докторот, стварно фер и ок човек.
     
    На Marijana88 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. lady.N

    lady.N Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2011
    Пораки:
    711
    Допаѓања:
    1.132
    Фала ти, се молам секој ден да закрепнам целосно и да можам повторно да функционирам нормално.
    Исто е и мојата 4100 родена. И исто и дадоа антибиотик превентивно иако не фати инфекција. Јас се отрув со антибиотици, 3 дози испив за уринарната а бебе цица, и најлошо е што уште ја имам, само се ублажија симптомите. Ама кога мора - мора. Сега ќе пробувам со народна медицина се додека можам.
    Со раната и јас немав проблем, освен што не ми е паднат конецот уште, а ми рекоа дека за месец најмногу треба да падне.
     
  12. Bulibu

    Bulibu Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2021
    Пораки:
    464
    Допаѓања:
    1.904
    Пол:
    Женски
    Јас се извинувам што ќе ти се уфрлам во муабетот, и мене ми рекоа сам ќе падне али после скоро месец ипол на туширање и при бришење на раната сама го извлеков(малку по малку го притеглував нежно). Не боли воопшто слободно притеглувај по малку. Мене ми беше страв од толку стоење да не ми се инфицира дупчето кај што е конецот. Го извадив сама и за 2 дена се затвори и дупчето.
     
    На Marijana88 и lady.N им се допаѓа ова.
  13. lady.N

    lady.N Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2011
    Пораки:
    711
    Допаѓања:
    1.132
    И јас неколку дена му се мислам дали да го извлечам. Пробав пред недела дена ама не излезе, го извлеков 3-4цм, ама некаде затегаше и го пуштив. И исто имам дупче кај што излегува и ми е страв да не навлезат бактерии преку него. Ај баш утре ќе пробам пак. Не знам дали може да извлечам неколу цм и да го пресечам, остатокот ќе си влезе пак внатре за барем да се затвори дупчето.
     
  14. Bulibu

    Bulibu Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2021
    Пораки:
    464
    Допаѓања:
    1.904
    Пол:
    Женски
    Не, не не го сечи потегли и јас така извлеков ми заглави и го оставив и така 2 3 дена по малку по малку и излезе. Мислев дека е долг конецот ама кога го извадив малку е. Потеглај додека е мокро местото и со крпата бриши ја раната ама во насоката кај што го влечеш конецот.
     
    На lady.N му/ѝ се допаѓа ова.
  15. mamaJana

    mamaJana Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2018
    Пораки:
    1.480
    Допаѓања:
    7.258
    Пол:
    Женски
    Си те читам и си се враќам на мојата прва породилна приказна, истите маки ги имав, поминаа... Со исклучок на односот од персоналот, со мене беа префини, мажена сум во фамилија доктори па затоа.
    Никој не веруваше дека ќе родам второ, а јас по нецела година почнав да пекам по уште едно.
    Со второто да видиш колку лесно поминав, неможам ни да поверувам.
    Ќе помине се, нема никогаш да заборавиме што се случувало, ама поважни се милиони други моменти што ќе ги имаме со нашите деца од тој еден ужасен ден. :hug:
     
    На S.o.F.i, CareTee, Emotional123 и 3 други им се допаѓа ова.
  16. mamaJana

    mamaJana Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2018
    Пораки:
    1.480
    Допаѓања:
    7.258
    Пол:
    Женски
    Не влечи ништо сама, оди на лекар нека ти го извадат.
    Конец од рана во стомакот е, не е трнче на прстот, не си играјте играчки :!:
     
    На S.o.F.i, tina2018, IRBBB и 2 други им се допаѓа ова.
  17. ivance..

    ivance.. Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2020
    Пораки:
    2.660
    Допаѓања:
    7.122
    Пол:
    Женски
    Исто и на мене заматенаплодоцата вида а еден ден пред да се породам ми викаат довра е водата бела и исто бебето ми беше 2 дена на кислрод и 8 дена со антибиотик
     
    На forumce му/ѝ се допаѓа ова.
  18. lady.N

    lady.N Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2011
    Пораки:
    711
    Допаѓања:
    1.132
    Завршив работа веќе. Само малку повлеков и излезе цел конец, внатрешниот дел се ронеше кога го извадив, значи веќе пред распаѓање бил секако. Ништо страшно, раната е веќе заздравена надворешно.
     
    На Bulibu му/ѝ се допаѓа ова.
  19. H&J

    H&J Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    1.337
    Пол:
    Женски
    Моја роднина во странство роди природно и тоа карлично после 4 години откако го роди првото царски.Докторката што ја пораѓала не и ни рекла дека бебето е карлично, и на крајот и рекла "не ти кажав зошто ке ми изгубеше волја за да раѓаш природно"
     
    На mace89, Marijana88, Lili4e и 2 други им се допаѓа ова.
  20. BabyGirl10

    BabyGirl10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2021
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    220
    Пол:
    Женски
    Е мајки дочекав и јас да пишам тука. Вчера ме примија во болница без болки, само заради цтг, што покажало дека имам породилни болки. Ме држеа вчера цел ден така и денес ми пуштија провокација течеше 2 саати, бебчо слабо се мрда, болките си почнаа ама јас не се отварам. И бидејќи беше веќе 5ти ден после термин на докторката и беше ризично да ја држи уште во стомак и ми вика имаш 20мин да одлучиш за царски. И јас тука 15мин си плачев на камера со мажотми и викам ај за нејзино добро е нека биде царски. Не сакам да опишувам што како се дешаваше, тоа е едно болно и страшно искуство. Се губев, се освестував, ги молев да ме успијат ама не. Дури и кога ја извадија јас не се сеќавам, само ми рекоа да се свртам да ја видам и ми повторуваа колку е тешка и голема. А јас од толку што бев изгубена дури матно ја гледав, не можев убаво да ја видам. Нејсе, како и да е сето тоа помина и се обидувам да заборавам што се случуваше и башка односот на персоналот во салата беше никаков. Еве не сега јас во кревет несмеам да се мрдам, бебка си спие во друга соба, не ми ја оставија, ама барем си се погушкавме може еден саат. И сум заљубена во нејзе.
    Се надевам дека утре ќе биде подобро и ќе ми ја дадат на подолго време.
     
    На 24.07, nadenadia, Naatashka123 и 31 други им се допаѓа ова.