Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Породилни приказни

Дискусија во 'Бременост' започната од fairy88, 20 август 2012.

  1. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    кога ги читам вашиве породилни приказни солзи во очи ми доајгат :)
    тоа се незаборавни моменти :)
    се ближи и мојата :) ех не е толку близу ама не и далеку :D
     
  2. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    :hai: Хеејјј девојки, конечно делумно одморена и најдов малку време...па еве да ја споделам и мојата приказна:
    [​IMG]
    На 26ти доживеав ужасна нервоза, поради која мислам дека и се случи породувањето...иако дента сите од мм, свекрва ми, моите...сите пробуваа да ме смират, сепак нервозата си го направи своето.
    Ноќта околу 23ч. со мм земавме филм да гледаме, и јас воопшто не се чувствував добро...но мислев дека тие болки си се онаа честа појава на 3-4 дена. Знам дека филмот не го догледав зошто се стуткав и пробав да заспијам.
    27.12.2013. - петок
    Во 2ч. ноќта станав до тоалет да одам, болките беа сеуште исти...но што ќе видам, на тоалетната лигав розев исцедок - ми стана јасно дека чепот испаднал. Отидов одма го разбудив мм, и му велам викни ја мајка ти, тој од збунетост 3 пати излезе од соба и се врати ... а свекрва ми ја нема. Велам, мајка ти ја викана....аааа сега сега, и целиот збунет. Дојде свекрва ми, и кажав што како, ми рече, ти избери сакаш да почекаш болки или да одиме на лекар.
    Ама пуста јас бидејќи фала богу немав компликации во бременоста и тоа малку розево што го видов ме јадеше. Така да се спремивме и отидовме во ГАК, таму во 3 часот, ме ставија на ЦТГ и ме прегледаа, ми кажаа болките се мали не си за да те задржиме и си 3 прста отворена...точно е дека чепот испаднал, така да викендов очекувај бебе.
    Збунета, излегов му кажав на мм и свекрва ми што како и си се вративме дома. Одма легнав да спијам, но за едно 3 саати, во 7 сабајлето јаки менструални болки ме разбудија, веќе беа болки кои препотуваат - но издржливи, и интервалот им беше 4-6 минути, за разлика ноќта беа на 10мин.
    Земав јадев, се истуширав се...и го разбудив мм, тој пак ми вели...чекај нели рекоа викендов што како...му велам болките ми се на 5 мин, дефинитивно сме за во болница.
    Кога на излагање, девер ми вели и ја ќе дојдам со вас за да не бил мм сам.
    Отидовме таму...на ГАК поголема гужва не сум видела,...ме ставија на ЦТГ болките беа драстично различни и веќе бев 5 прста отворена.
    Мм отиде на шалтер да ги среди документите, јас за тоа време се пресоблеков, и ме качија горе во предродилна сала - 10 часот.
    Од боксот се слушаат вриштења, некои шетаат, некои лежат...само мене болките со ист интезитет.
    Во 12ч. сеуште исто а 7 прста отворена.
    Ај велат уште малце ќе почекаме....дремев на телефон, малку ба нет малку со мајка ми/свекрва ми.Никако ништо не се менува, а жена и после мене што дојде се породи. (тука беше испратен и најискрениот подрав до вас, за кој се крена прашина)
    Е околу, 12:30 дојде сестрата (која ми е комшика се знаеме), и ми вели ја сум до 14ч тука, мора да те породам инаку ако те оставам ќе се мачиш.
    Ми го пукнаа водењакот и ми стави провокација, леле за неколку минути кога рекоа болки...почнав раката да си ја гризам само за да не викам, дури еднаш и со тупаница мавнав по тоа фиоките до креветот :$
    Мореее, почнав и да дувам и да офкам...ај ми дадоа перница доле да клекнам, не биваше тука силата ми се тресеше и почна многу полошо да ми биде, па ми дадоа и кислород.
    Во 13ч. ме качија на бокс...но болките кои беа во преден дел ги издржував ама тие во кичма - мислев готово конци кинам во секој момент :sweat:
    Ми вели 8 прста на кај 9 си отворена, глатко грло дај молим те напни одма ќе се породиш...ама пуста јас неможам болката ми мати памет...и така ме остави 10тина минути со болки на бокс, знам дека цела се изместив и главата надвор...побарав вода, не ми дадоа но ми дадоа мокра газа колку да се забришувам.
    И на 2/3 пати губев и глас....некаде на кај 13:40 - 13:45 леле кога ме фатија уште посилни болки, ни кислород ни газа помага .... сум се дерела (ама епен кога е неиздржливо) зошто се сеќавам на зборовите - не ја троши енергијата.
    Знам солзи ми тргнаа и и реков, дај ми епидурална инаку готова сум, не ми е гајле колку ќе чини. :|
    Ми рече теорија нема, затоа што си идеална со 2 напона ќе се породиш, да ме слушаше и до сега ќе беше породена, прсти ако треба искрши ми ама ќе те породам природно. Болки толкави си издржала, не вреди сега да ти ја ставаме.
    И нон стоп повторував - неможам неможам неможам, пријде сестрата и ми вели- само еднаш речи ми можам, погледни ме и речи ми можам...ајде сноу бебето е на чекор да излезе, а веќе тоновите ми се различни не го мачи. ;( леле кога чув дека бебето се губи ли што точно по тоа нивното...незнам ни ја како реков Ајде ( во мисли ми помина, ако господ решил 50 болки да доживеам, со секоја наредна сум поблиску до крајот), дојдоа 2ца кои ме стискаа од лева и десна страна на стомакот, друга сестра ми ја масираше левата нога зошто имав ужасни грчеви, и мојата сестра ми рече ајде сноу одиме, на следна болка напни - напнав, и рече браво, звика докторке...осетив олеснување и сватив дека со самиот спустна детето се ослободувам од болката. Тргнав одма да напнам уште еднап, ми рече НЕ земи неколку пати водух и одиме уште еднаш, на второто напнување излезе мојот штрумф....во 14:05 :inlove: :party:
    [​IMG]
    Одма се исправив да го видам, што да видам модро мало слатко....ме обли топлина која не се опишува, а солзите сами одеа :inlove: ама не плаче, одма прашав што е, сестрата ми вели се е во ред мирно бебе, за пола минута минута, почна малку да кенка и толку беше.
    Ми го дадоа го гушнав,бакнав, и одма го земаа да му го покажат на тато и да го средат потоа.
    Ете тоа е мојата приказна. :hug:


    А сега бујрум на микици, затоа што ве немам почастено :)
    [​IMG]
     
    На eloves, Agrona, kuc и 34 други им се допаѓа ова.
  3. SkarletOHara

    SkarletOHara Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    1.227
    Допаѓања:
    2.885
    Kaj мене приказната започна малку поинаку, односно на 25петок ти решив да отидам на цтг, иако крајниот термин ми беше 29, и немав никакви проблемеи но ете така сите ми велеа требало да си отидам и пред тоа и отидов. Првото цтг го направив, кога го виде докторката ми рече бебето најверојатно спие и не се слуша ништо, да се вратан прво да јадам нешто кока кола, чоколадо па пак на цтг. Малку се вознемирив, но отидов си направив кофеински шок со кока кола кафе, благо, солено... и кога се вратив на второто цтг покажуваше тахикардија на срцето на бебето, докторката ми рече сега оди да се напиеш нешто за смирување па врати с е ако е пак вака ќе мора д а ме породат. Се напив 2 бедоксина но какво смирување се вознемирив уште толку го викнав мм и пак на цтг. Третото не само што покажуваше тахикардија но правеше и прекини на срцето на бебето. Испаничи и сестрата и докторката ме спремија и право во предпородилна. Е овде едно цтг, второ цтг сите супер. На секои 2 часа цтг се е ок. Е за сите што биле во предпородилна знаат што се случува овде, а пак се погоди мислам најбурниот викенд на ГАК, сите кревети полни и само една оди друга доаѓа. Ги изнаслушав сите со болки, ги носат на бокс една по една раѓа, мене ме држат така, петок цел ден ноќ, сабота недела, цтг то добро, ниту ме пуштаат да си одам ништо, си лежам во предпордилна и фаќам депресија, нема ни прозор, ништо, ниту пуштаат за посета овде. Па дури недела дента 27 ми се ослободил еден кревет доле на патолошка па ме спуштија таму. Ноќта во недела спрема понеделник осетив некакви болки, како менструални, но си легнав и заспав. Понеделникот 28 помина визита и докторот рече дека сум за дома бидејќи сите цтг беа добри, но рече ај да ме види пред да ме пушти јас 4 прсти отворена. Тоа беше околу 12ч, во 14ч бев 5 прсти отворена и ајде пак ме качија во предпородилна. И не знам зошто ме закачија на провокација, кога си се отворав нормално и со слаби болки, до 20 ч со провокација се отворив само да 6 прста, ми го пукнаа водењакот таму, и бидејќи немаше веќе гужви ме однесоа во сала на бокс. Со провокација болките се мнооогу појаки отколку кога се отовораш сама, а уште не ми е јасно зошто, изгледа им се брзаше но, наместо д а го испровоцираат д а излезе бебето се повлече. Седев на бокс неколку часа без да се отворам ни прст се 6 па 6. Реши докторката да ме носи на царски но кога да виде сум почнала пак да с е отворам, па почнаа со седење на стомак две седат врз мене, една влечи, не знам дали бев и до крај отворена некако брзо од ништо почна да с е случува нешто, но бебето не се симнуваше, може и јас веќе немав доволно сила не знам, почнаа да му паѓаат тоновите и ајде на царски. Така завршив со спиналана во 1.55ч веќе 29 се роди малиот бебуш. Осетив од болки и за природно и од царски кои воопшто не се за потценување, но толку додека ми го донесоа бебето кај мене се се заборави, целата голгота пред и за време на породувањето.
     
    На kalinaka, NoellePage, JuLleE и 6 други им се допаѓа ова.
  4. nene88

    nene88 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2012
    Пораки:
    448
    Допаѓања:
    502
    Пол:
    Женски
    Сноу, не ти се чини, дефинитивно најмногу гужва имаше дента ( инаку, мислам дека го видов маж ти, тој ден не верувам дека цела армија ни се шеташе збунета по ГАК :lol: ). Јас чекав за преглед и ЦТГ. Нека ви се живи и здрави бебушките, ние едвај чекаме да ви се придружиме и да ви ја раскажеме нашата приказна :)
     
    На Snow-Queen му/ѝ се допаѓа ова.
  5. SimonaTino

    SimonaTino Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    1.575
    Ајде тазе мами активирајте ја малку темава :)
     
    На Milaаа991 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.779
    Допаѓања:
    324.960
    Пол:
    Женски
    јас мн лесно поминав иако пред тоа мн се плашев.на 25 ти кај 10 и 30 сабајлето почнаа послаби болки .знаев дека е тоа бидејки терминот ми беше секако одминат.Sе истуширав и отидовме во болница,Mе прегледа бев 4 прста отворена и ми рекоа дека брзо ке оди породуванјето .Mи ставиа клизма за прочистуванје облеков спавача и отидовме накај салата.Pрво ми зедоа некои податоци таму правевме со сестрата муабет и си четав малце низ ходник.Pотоа ми го пукнаа воденјакот кое ич не болеше.инаку што ви е тоа бокс?јас се породив на обичен кревет :) .почна малце да ми се лоши и да се потам па ми дадоа инфуз витамински а набрги после тоа и провокација за да се отворам побргу.Zа сето тоа време имав болки баш јаки ама уопштеупочте не реагирав.Kога дојде докторката ми вика 6 прста отворена ама немаш болки ти.Mу викам имам ама трпам :D она се зачуди.стана некаде околу 1 часот.цело време внимавав само на правилно дишенје и многууу ми помогна.е тек кога почнаа напнуванјата тука веке малце се изгубив ме стиснаа на стомакот напнав 4 пати и малото излезе.ме сецнаа еднаш ама и тоа не го сетив навистина.после ми ставиа анестезија да ме сошијат и готово.Sега тоа бебче има 5 год и веке го очекуваме второто(7 недели сум бремена) :)
     
    На l-a-d-y-di, artemidis, butterfly.mk и 5 други им се допаѓа ова.
  7. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    3.492
    Допаѓања:
    4.548
    Zencinja edvaj cekam da si ja zemam mojata peperutka vo pregratki..da go slusnam prviot plac i da si ja gusnam celata taka zbrckana ko prasence i da i kazam dobredojde kerko :inlove:
     
  8. donna.17

    donna.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    1.718
    Допаѓања:
    5.011
    Пол:
    Женски
    Еве и јас конечно најдов малку слободно време па да раскажам како помина мојот пораѓај (читај хорор)

    Бев 10 дена пред термин. Вечерта со мали болки како менструални, но издржливи, а сабајлето имав закажано преглед кај Др. за ехо и цтг.
    Стануваме сабајле со мм јас одам во тоалет се средувам се туширање депилирање бла бла и му викам на мм јас денеска не си идам дома ќе раѓам и тој ваков :o :o :lol: Не му се веруваше.
    Одам на болница направив 3 цтг и после последното успешно Др. вика ај да те прегледам вагинално и гледа 4 см. отворена и се чуди како немам болки. Ме однесоа во предродилна ми ставиа клизма. Во 16 часот ми го пукнаа водењакот и викаат седи сега мирна ќе почнат болки можеби. Јас не бре брате мили си седам во ходник со мм и другарка ми кафе пијам. Во 18 часот ми ставиа провокација и дури тек тогаш почнаа некои болкички на повеќе од 30 минути. Се смеат сестриве конечно те прибравме во предродилна сега ќе видиш дали ќе ти се пие кафе. Јас на местото од кафето легнав и си заспав се чуди цел персонал викаат е ова го немаме видено наместо овде да урлаш ти уживаш. во 20 часот ме однесоа во родилна сала и ми дадоа спазмекс за да се убрза отворањето и уште една провокација.
    Можам да кажам дека дури околу 21 часот почнаа асални болки да ме фаќаат и стануваа се почести и појаки. Јас убаво си бев опуштена до тогаш и така наеднаш ми дојде некако многу болка и тука започна пеколот за мене. Болки имам, напон немам. Напон имам болки немам. Бебево не притиска надолу ништо живо, јас болки имам ја акав главава од бокс. Конечно 15 минути пред 22 часот почна се, и болки, и напон и притискање. Бидејќи многу бев изморена од болките имав мал проблем со напнувањето, се плашев да напнам, немав ни сила, очајно барав анестезија :( :sweat:
    Конечно после толку убедувања од докторот и бабицата со последните сили со две-три напони излезе моето синче иако крваво за мене најубаво на свет :inlove: :inlove: :inlove:
     
    На Milaаа991, Agrona, NoellePage и 10 други им се допаѓа ова.
  9. nene88

    nene88 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2012
    Пораки:
    448
    Допаѓања:
    502
    Пол:
    Женски
    Еве и јас да ви пишам. Од 25ти декември бев со лажни болки. Секој ден си мислев „Еве денес ќе се породам“, ама синко си траеше во меше. И на крај кренав раце. Секој трет ден на ГАК на ЦТГ, ќе покаже по некоја контракција, се 2прсти отворена и само ме праќаа дома. На последната контрола на 06.01.2014 немаше ни доктор, па ме вратија за на 08ми да сум дошла... АМА, син ми реши на 7ми да излага :)
    Сабајлето на 7ми како да осетив мали болки, ама дека повеќе од 10 дена бев со лажни болки, не се ни потрудив да ги мерам. Додуша и беа мнооогу ретки и кратки, па не ни обрнав многу внимание. Околу 12ч. си влегов да се бањам, празник де, по роднини треба да се оди, да се средам. КОга излегов некако почнав да осеќам често да ми се грчи стомакот, проследено со минимални болки. Викам дај да мерам. Сите на точно 6 мин. Ама си ќутам. Седнавме да ручаме, јас со телефонот до тањир и си притискам на секоја контракција. ММ ме примети и ме праша зошто го гледам мобилниот цело време. Јас мртва ладна му викам „ имам болки на 6 мин“. И тој и баба ми останаа :o . ММ вика „ да станувам одма?“ Јас „ не бе, чекај не се дојадов. Башка и не сум сигурна дека се болки болки. Ќе видиме до после како ќе биде, ако треба ќе одиме.“ Тој цел збунка, ама ништо не рече. Се најадов и си станав да се фенирам. Додека се фенирав, осетив малце водичка по нозе. „ништо не е,“ си викам,„ од бањањето ми е исцедок“ и си продолжив да се дотерувам и да се договарам со мм кај кого ќе одиме прво на гости :) кога уште еднаш ми потече и му викам „ А, бе, мене изгледа и водењакот ми пукна...“ Тој ми вика „ Ајде спремај се, торбата е во кола, одиме на ГАК“, а јас упорна да одам по гости :lol: „епа ок“, ми вика, „ ќе одиме кога ќе ја видиме главата на детето за ти да бидеш сигурна дека се пораѓаш!“ И така се наканив да одам. На ГАК, пустелија, само еден болничар на приемно... јас оклештена :D ме погледна тој чудно и ме стаи на ЦТГ. Сељакот од памет ме извади кога му се јави на докторот и пред мене му рече „ Ај симни се имам една овде, ама не ми се свиѓа ЦТГ-то“... Јас одма го прашав зошто така рекол и фала богу ми смени тема. Среќа ми текна дека не треба да слушам што ми кажуваат таму, и дека на секоја втора трудница и наоѓаат нешто. :D Дојде докторот ме прегледа на ехо и вагинално ( на вагиналното Господ во пижами го видов, ме подотварал господинот да не ме враќа дома! ) и ме примија некаде околу 5. Прво ме пратија на патолошка, и таму со женичката што беше со мене се изнамуабетивме. Болки си имав, ама издржливи. Околу 8 пак ме прегледаа, пак 2 прста само, ама болки посилни. Во 9 пак само 2 прста. Докторката ми вика „ Прворотка, ти до сабајле нема шанси да се породиш“. И јас фино лепо си отидов и си легнав да отспијам. Ама оди око склопи со болките. Шетав, дишев, клекнував... се со ред, а болките се појаки. околу 10 пак ме земаа на ЦТГ и сестрата вика, „ јас одам по докторката, ова покажува болки до плафон“. Докторката ме прегледа, 4 прсти отворена и ме пратија во претпородилна. Во претпородилна на секој преглед 4, па 5 прсти, ама почнав да добивам напон. Докторката ме искара да не напнувам, зошто со 5 прсти немало шанси да добивам напон. Некаде околу 11 почна да ми се оди во WC ( инаку сама си се прочистив, ни чепчиња ни ништо ) и станав и и викам на една акушерка „ Кај е WC-то, јас не сум се прочистила ко што треба.“ Таа ме тера да се качам да ме прегледа, јас се инаетам барам тоалет. се качив на тоа столицата и и викам „ Дефинитивно е за во тоалет, ми рекоа дека до сабајле нема шанси, тука ќе направам беља!“ Она ме гледа и вика „ Дете, дефинитивно се пораѓаш, марш пред мене во родилна!“ е тогаш јас бев :o трчанката во родилна, ни торби ни ништо не земав. Таму со 3 напони и малку стискање на мешето од докторот во 23и30 си излезе бепче. 47цм, 2800гр. :) Морам да кажам дека за време на пораѓајот јас болка не осетив! Претпоставувам од возбуда. Го осетив само притисокот од напонот :) и прво што помислив беше дека одма одам на второ :lol: Сега си го гледам бебе како ми расте и секој ден сме се посреќни.
     
    На Agrona, ilipili, NoellePage и 8 други им се допаѓа ова.
  10. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.864
    Допаѓања:
    28.437
    Како читам така се повеќе страв ме фаќа. Ама пуста радозналост за се што ме чека и мене :|
     
  11. gluvarche

    gluvarche Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 септември 2010
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    113
    nene88 камо да имаме среќа сите како тебе да си поминеме :) многу лесно си поминала блазеси ти
     
    На nene88 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. nene88

    nene88 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2012
    Пораки:
    448
    Допаѓања:
    502
    Пол:
    Женски
    Камо среќа да се сите ко мене! ќе ни се зголеми наталитетот во државава :)
     
    На Rabbit и SimonaTino им се допаѓа ова.
  13. Daci07

    Daci07 Активен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2013
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    21
    Прекрасна тема...Кога ги читам вашите приказни целосно се ежам и си правам една слика како ќе биде и што ќе биде кога ќе дојде мојот пораќај не е многу далеку се ближи и не можам да дочекам :D Без разлика како ќе поминиме сепак тоа е најубавото искуство и колку и да е тешко тоа е незаборавно и секоја жена треба да го доживее....
     
    На snegulka21 и ilovecupcake им се допаѓа ова.
  14. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.272
    Предговор

    ***

    Сокриена во својата школка, немо ги ја криев секоја воздишка. Ја сокривав секоја солза, што знаеше понекогаш да се стркала по образите. Ја пиев сама својата горчина, ја закопував се подлабоко и подлабоко својата болка. Болката што знаеше да го раскрши срцето како стакло, на милиони парчиња.
    На почетокот беа насмевките, искрените честитки за животот. Потоа се’ се измени. Падна мрак и таа темнина ме турна длабоко на дното каде и се криев. Ги гледав туѓите погледи, ги читав нивните мисли во очите. Ги избегнуваа темите за сопствените деца, за туѓите деца, за оние кои се родиле или ќе се родат. Го гледав стравот, не знаењето како да кажат, како да соопштат дека има некоја нова трудница и тоа само затоа за да не ме повредат. Но не знаат, не знаат зашто не почувствувале дека нивното сожалување, нивното избегнување на тие теми, боли многу повеќе и од таа болка дека немаме пород.

    Одминуваше времето, годините го правеа своето. Никогаш не реков:
    -Зошто Господи?
    Едноставно знаев дека сум недостојна.
    Ги гледав другите, мали и големи мешиња, мали и големи дечиња. Им се радував. Никогаш во срцето ја немаше онаа завидливост дека другите имаат, а јас немам.
    Живеев и научив да живеам со тоа. Иако се чувствував пуста, како пустина, сепак живеев. Во мене можеби беснеа диви ветрови, нанесуваа огромни песочни дини во таа пустина на душата, ама живеев за туѓата среќа и знаев да се радувам со неа. Плачев од радост со другите кои очекуваа принова, се молев за другите, се радував со нив. Никогаш не се ставив на прво место во своете молитви, бидејќи ја знаев својата недостојност и се плашев да барам за себе. Оставив се’ во Божји раце. Молев за пород на другите. Во тие молитви секогаш постеше една реченица која ја оставав за крај:
    -Само ако сакаш ти Господи, не јас... така и направи.

    На моменти душата знаеше да се затруе од сопствените горчливи солзи, знаеше немо да вриска и плаче во длабочината на таа темнина. Но поминуваше. Тоа беа само кратки мигови, можеби и 5 минути и тоа еднаш годишно, но потоа секогаш се каев, зашто со тие солзи го гневев Бог за тоа искушение што го подарил.
    Се трудев да издржувам машки. Ги криев тие горчливи и крвави солзи кои се лизгаа по моето срце, само и само никој да не го види тоа. Особено мојата љубов, оној во чии очи секогаш постоеше надежта, дека еден ден ќе бидам мајка. Само тој беше оној кој се даваше безрезервно, ја знаеше мојата болка и без да кажам збор. Му беше и нему тешко, но неговата вера беше посилна од мојата. Со одминувањето на годините само едно сфаќав, дека сум пуста. Дека сум пуста, со сува утроба. Од тоа ми се кинеше душата. Од тоа и крваво плачев. Плачев заради него, за неговата љубов. Таа пустина ме гризеше, зашто не можев да му дадам макар и една насмевка на лицето. Да го усреќам со едно чедо кое ќе го држи во рацете. Тоа ме притискаше.
    Со тек на времето и мислите се променија. Ако не можев да ги родам телесно, размислував да ги родам духовно. Да посвоиме чеда кои ќе бидат круната на нашата љубов. И да, одевме со таа мисла и бевме одлучни за тоа, се’ до тој ден...

    ***

    29ти мај е денот кој никогаш нема да го заборавам. И покрај сите негативни неуспешни тестови, си ветив дека никогаш повеќе нема да направам тест и да не се разочарувам. Но тој ден беше некако поинаков. Некој глас внатре ме викаше, направи, направи... Го купив. Едниот од мало невнимание и замина по вода и без да го видам, но другиот не.
    Кога ги здогледав тие две цртки, срцево ми заигра. Плачев. Се радував и плачев, не верував на тоа што го гледам. Потоа и истиот ден го видов на лекар, едно малечко зрно од 6мм, кое сеуште немаше срцева акција. Во тој миг низ мисливе како молњи ми поминуваа сите години. Сите прегледи, сите надежи кога од срце чекав да го видам тоа на мониторот од ехото. И ете... дојде и тој ден. Не заплакав тогаш. Се радував. Солзите ги оставив за дома. За да се заблагодарам на Бог што го даде овој дар и на мене, на нас недостојните.
    Тој ист ден и тато го дозна тоа и тоа во храмот Божји, зашто само тоа беше местото кое требаше да се соопшти таа најубава вест и никаде на друго место. На местото каде ги упатувавме нашите скромни молитви, на местото каде понекогаш знаевме да пролееме солзи со таа молитва. Но тој ден ги пролеавме од радост, од благодарност. Неговата топла прегратка тој ден за мене беше и онаа Божја прегратка на Неговата бескрајна милост. Се прашував во себе:
    - Зар Господи најдов и најдовме милост и прошка за своите гревови во Твоите очи, што ни го даде овој дар?!
    Одговорот остана таму, кај Бог.

    ***

    Месеците и деновите одминуваа. Тој живот растеше под моево срце. Беше толку мирен, како вистински ангел. Никогаш не почувствував болка, притисок, напнатаост, вознемиреност од него. Само кога јас бев нервозна и тоа многу ретко, знаеше само да тупне со ножето или рачето, како да ми даваше предупредување, дека не сум сама и дека тој е со мене.
    Тој ми беше радоста секој миг. Кога ги отворав и затворав очите.
    Ги меморирав сите негови движења. Првите тупкања со главчето, реакцијата кога му зборував, кога му пеев некоја молитва, кога читав... Некој ќе рече, тоа не знае ништо, но не е така. Тоа знаеше се’ што правам.
    Кога одевме на Литургија во црква, знаеше или да тупка со главчето или да биде потполно мирно. Особено неговата реакција на некои молитви кои засекогаш останаа врежани во душата. Се радуваше на нив како возрасен човек, се поместуваше во мешето и тоа секогаш на истата молитва.

    А тато беше со нас постојано. Кога и да му зборнеше, тој веднаш одговараше. Веднаш го поздравуваше тато, а тато секогаш му кажуваше и му објаснуваше како со душа го очекува да се роди и да го крене во раце. Да го шетка, да го учи на сите нешта во животот, да го носи кај дедо Боже на Причесна, за секогаш да Му благодариме што ни го даде него.
    Така поминаа девет месеци.


    ***

    39та недела и 1 ден, беше денот.
    Тој сеуште не беше завртен како што треба. Си седеше како што беше на почеток и веќе уште од 36тата недела се знаеше дека одиме веќе на царски. Потајно се надевав дека можеби ќе се заврти и дека ќе се роди природно, но таа мисла и не се оствари.
    На сите три пати кога бев на цтг немаше контракции и се беше во ред. Веќе се знаеше дека ќе се оди на елективен царски рез тој ден. Без пукнат водењак, без болки, без ништо...
    Во очите на докторката гледав некоја резерва, страв, но го задушував во себе. Со оглед на тоа што примав инекции за разредување на крвта и со оглед на тоа што постоеше ризик за мене, ги криев тие мисли во себе се со цел да ги уништам. Но некако не се уништуваа, туку како да растеа. Не бев депресивна, далеку од тоа, само понекогаш знаеше да ме пресече некоја помисла, да не случајно не си го видам чедото. Постоеше 99% ризик од искрварување за време на операцијата.
    Тој ден собрав сила, се помолив во себе и тргав на болница со него, со мојата љубов. Додека ме подготвуваа, ми струеше само мислата да си го видам него и се радував и дишев само за таа глетка.
    Почнаа подготовките.
    Клизма, цтг, мерење, разговор со анестезиолог, испитување на крв... Малку тешко тоа последното, зашто имам слаби вени, па мораа да ме решетат по рацеве. Да не претерам, ама ме боцнаа повеќе од 10 пати додека најдат вена. За целото тоа време, само си се молев за него. Ја чувствував болката од студената игла во себе, но не беше постудена од помислата на...
    Тој ден се случи чудо, прво со анестезиологот.
    Тој ден беше на работа и тоа по повик на друга личност една вистински добричка душичка. Тој човек во целата таа мешаница и темна гужва, ми беше една светла точка. Тој доктор бил доктор со преголемо искуство и ретко кој достигнувал до него. И така по Божја промисла, Бог ми ја даде првата утеха. За малечок град како нашиот и за тоа што нема никаква врска и што и во Скопје се оди со општа анестезија, јас добив спинална. Првата Божја утеха.
    Додека ме прегледуваше, не можеше да ми го погоди пршленот, зашто бев многу отечена. Ме боцна еднаш и тоа беше неуспешно, не од негова страна колку од мене, зашто постојано мрдав и не можев да се смирам.
    Тој ден немаше греење во болницата, вистинси ладилник. Ние потполно голи се спремаме за породување, а таму како во замрзнувач. Од тој студ не можев да си го смирам телото кое ми се тресеше, а сите си мислеа тоа е од страв.
    На вториот обид спиналната беше успешна. Почувствував струја низ десната нога, а потоа топлина. Тоа е чувството на спиналната. Чувствиваш допир, како галење, а тие во суштина те отвораат и затвораат, те оперираат.
    Не ги затворив очите, гледав во таванот и тивко ја упатував својата молитва кон Бог. Ги оставив своите животи во Негови раце и само го очекував мигот кога ќе го видам. Само што почнаа, мислам дека и завршија. По само 5 минути го слушнав најпрекрасниот плач на едно ангелче. Го кренаа пред мене, го видов. Едно малечко душиче, бело како снег... Само што го кренаа, слушнав само како сите се смешкаат и викаат дека сите што биле блиски ги измочкал. Абе се знаше тоа сонце на мама дека е бајраче, ама толку да ги мочка сите, не знаев...
    Тогаш ми надојдоа солзи. Ги запрев, па повторно се заблагодарив на Бог што го видов. Топлина ми проструи низ вените, една нова животна сила.
    Беше 12:30 часот, а тој се роди тежок 3 300 и со 50 цм должина.

    За многу кратко време заврши и операцијата. Пред да замине докторката од операционата сала, само едно изговори кое никогаш нема да го заборавам:
    - Тебе Серафима, Бог многу те милувал!
    Го почувствував трепетот во нејзиниот глас, солзите во нејзините очи кои светнаа на таа светлина, а таа тивко, немо се заврти и излезе надвор.
    Операцијата заврши.
    Ме однесоа на интензивна, примив неколку инфузии и потоа во соба.
    Докторката заминала право кај мм. Како што ми раскажуваше, таа сеуште била возбудена од операцијата. И тој го видел она што јас го видов. Најмногу ја видел радоста која зрачела од нејзиното лице, а објаснувањето било следно:
    - Досега во животот немам направено ваков царски рец, ваква операција. На моменти помислував дека Некој друг ми ги води рацете и како да не бев тоа јас. Ова ми е досега најуспешната операција што сум ја направила и ако јас си давам како лекар 10ка за неа, од себе би дала уште 10, зашто се излезе во ред. Се плашев, но ова денес што се случи неможам да го опишам, како се испадна во ред. Се’ на прв пат направив, буквално се’ ...
    Да додадам дека докторката е доктор со можеби 30 години искуство и тоа да го рече...

    Така помина тој ден, 13ти јануари кога на свет дојде нашиот ангел. Нашата радост, нашиот живот. Од тој ден веќе не живееме, туку Живееме. Зашто Животот мислам дека ни започна со Него :angel: .
    И само едно за крај, за се’.
    Слава на Бог :bow: .
     
    На Mantub, talentirana, ALISA0000 и 132 други им се допаѓа ова.
  15. ubavka1

    ubavka1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2013
    Пораки:
    741
    Допаѓања:
    762
    каква приказна просто се наежив и очите ми се наполнаја со солзи
    да сте здрави и живи господ само радости да ви дава :inlove:
     
    На pink1991 и Serafima им се допаѓа ова.
  16. Agrona

    Agrona Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    1.713
    Пол:
    Женски
    Serafima :bow: секоја чест за оваа прекрасна приказна што ни ја раскажа и напиша вака прекрасно. И јас еве како идна мајка што читам треперев додека читав, се соживував со тебе.
    Значи секоја ти чест. Да ви е здраво и живо малото ангелче да ви биде најсреќно на цел свет и да биде гордоста на мама и тато. И да ви подари Бог уште многу дечиња. :$ :inlove: :clap:
     
    На Sweetheart87 и Serafima им се допаѓа ова.
  17. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    Ахх Serafima ;( ме расплака. Прекрасна приказна, толку емоции на едно место, верба и надеж...
    Се надевам дека Бог ќе ти подари уште многу среќни моменти во животот, а причина ќе биде малецкото. Нека биде живо, здраво и најсреќно, а вие да бидете најгордите и најсреќни родители. Ти заслужуваш :*
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  18. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.385
    Допаѓања:
    126.529
    Serafima-одамна никој не пробудил вакви емоции во мене,нека е здраво и живо ангелчето :inlove:
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Jeny

    Jeny Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2011
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    230
    Serafima душо, Бог е голем, и немам зборови да ти кажам како се чувствувам после твојата приказна, книжевник сум ама ете пред името Божјо останувам нема. Солзите не можев да ги сопрам, течеа како мали поточиња. Не, не е само приказната и твоите зборови што ме трогнаа, туку исто како докторката која те породила, нешто ме натера да ја отворам оваа тема која во принцип не сум ја отворила зашто не сакам да знам што ме чека оти оставам се во Божји раце, и ете те тебе, некои зборови нашкрибани, долг текст но некое чувство почна да ми ја води раката да кликнам да прочитам, да се соживеам со твоето искуство, да ја видам вербата, вистинската верба која трае како што трае и вечноста, пожртвуваноста, истрајноста во моментите на очај, твојата приказна испреплетена со моето растреперено срце. Не, немаме исти судбини, Бог многу лесно и без напрегања ми го даде дарот да се наполни и мојата утроба и на моменти, во тие моменти на човечка глупост и потклекнатост си имам помислено: "Господи не е време за тоа, имав некои други планови", но ете го тој клик кој ме натера да те најдам, да те прочитам и да сфатам дека ова што ми се случува е всушност животот, ова е тој здив што длабоко го земам секој ден и еве ја Божјата милост преточена во светлина и живот на мојот стомак а каде се моите очи вперени? Во кои стравови, во кои непотребни сомневања, во кои луди мисли? Ми доаѓа да се издерам од највисоката планина, со глас од длабочината на утробата да викнам: Фала ти Господи за се, и за просветлението што ми го даваш, со што сум го заслужила ова Господи?
    И што да ти речам сега, кои зборови да ги најдам да ти честитам за бебчето и да ви посакам само радости кога самиот Господ Бог е меѓу вас? :*
     
    На senza.parole, Mama25, Sweetheart87 и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.957
    Пол:
    Женски
    Ах,Serafima мила ме разнежни со приказнава. Се разлигавив ко мало дете,ме понесоа емоции :) Бог нека ви дава здравје на сите и уште многу дечиња. Малиот е среќен што има ваква прекрасна мајка како тебе. Те гушкам :hug:
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.