И јас со првото и второто крварев многу. Со првото буквално додека лежев на цтг кога ја тргнав покривката личеше како некој нозете да ми ги исекол. Со второто дека водењакот ми пукна уште по пат кога стигнав и се соблеков нозете лом ми беа крв. Природно и со двете бев.
Здраво девојки, дали некоја од вас има искуство со породување во болницата во Кавадарци, слушнав дека сега условите биле подобрени од порано, имало апартмани некои и иделе комплет доктори, анастезиолог од скопје? Поздрааав
Еве и мојата породилна приказна. Во 31 недела со крварење ми беше констатирано скратено грло на матка од 15 мм, лежев на болница 1 недела на терапија токолиза и две дексаметазон инекции за зреење плуќа. Потоа лежев се до последниот ден кога се породив во домашни услови ао терапија и надеж што повеќе да го износам бебето. Во 37 недела и 2 дена закажан преглед со цтг, на кое се покажуваат контракции и вагинален преглед со 5 см отвореност, дежурен мојот доктор кој ме лекуваше во 31 недела. Останав на болница и ми укличија провокација една со инфузија кај 10ч и една во вена кај 14ч. Во 15 ч дојде пак докторо јас болки не осеќам а цтг регистрира контракции, ми го пукна водењако и направи вагинален преглед исто времено и 8 см па констаттира отприлика за 1ч би требало да е пораѓајот. Во кревет пак на цтг кога наеднаш болки интензивни јас со дишење ги контролирам и одеднаш осеќам силен напон и туркање на долу, почнав на цел глас да викам по сестрата и акушерката кога дотрчаја двете гледаат главчето на бебето подизлезено ајде паники со трчање до бокс да го фатиме наредниот напон таму , ( стигаме до бокс неможам да се качам ми смета главчето мегунозе плус цела здрвена од месец и пол лежење, викам неможам да се качам ајде мораш вели акушерката одма легнувај не седиму на главче на бебето ајде брзо да не го задушиме, ко рече така една сила ми дојде рипнав на бокс одма , ааа си можела се насмеа акушерката, акушерката спрема мести и му звони на мојот доктор со трчање да иди , а тој не верува кога почнал пораѓајот кога пред само 15 мин ме прегледа, сестрата вика главата е излезена идете одма. Стигна докторот јас во паники туркам, а акушерката ми објаснува не туркај немаш напон ко ке има тогаш и ете уште еден напон и јас туркам со сета сила и докторот турка на стомак и евего излезе мојот Матео со 2720 гр и 49 см, моето најоплакувано бебенце во последниот месец секој ден се молев што повеќе да остани во мене да не заврши во инкубатор. Благодарение на докторот и на господ мојот Матео сам дишеше кога се роди и беше терминско бебенце со апгар 8/9 роден во 37 недела и 2 дена многу лесно со болки од 15 мин и два напони од кои првиот болеше а вториот сека туркав не. Испукав малце ајде анестезија и шиење кое не беше толку болно како за првиот пораѓај затоа што добив анестезија во вена а не локална кај вагината. Поздрав мамички и во најтешките моменти не губете надеж и верба во бога.
Се расплакав и јас, прекрасна приказна со среќен крај мами, да сте живи и здрави и големи да раснете, Господ е голем и дава сила и моќ во најтешките моменти
Мајки има ли некоја од вас што се има породено со инфузија окситоцин? Ако може некоја да ми каже за што е тоа поточно?
Тоа е провокација за да те фатат болките и да се отвориш побрзу.Јас се породов со окситоцин со второто откако ми го ставија за помалку од 30мин се породив , бев 2см отворена.За мене беше многу лесно и од помош.
Кој е пред пораѓај подобро нека не ја чита мојава приказна. Цела бременост школска без никакви компликации со термин 19.10. Со што ми рекоа да си дојдам на 19ти и да почнеме со провокации. Ноќта 18ти почнав да осеќам чудни болки непознати си реков тоа е тоа. На 19ти дојдов на термин и штом се почнати природно контракциите одлучивме да чекаме . Контактите од на пола саат почнаа да бидат цело време на 7 на 8 на 5 минути но никако на точни интервали, а јачината на болката беше страшна . Цело време ме проверуваат дали сум отворена но никако да се отворам. Со страшни болки дојде и 20ти болки се поголеми јас немав веќе 3 ноќи спиено. Бабицата кога ме прегледа последниот пат ми го пукна водењакот со што болките станаа уште по страшни. Ме пратија во соба да чекам и добив некои грозни болки во грбот не можев да издржам и слегнав во сала побарав епидурална. Ми ја ставија епидуралната болките се намалија контракциите продолжија но никако да дојдат правите. Дојде на смена друга бабица по некое време повика доктор дека видела на цтг нешто што не и се допаѓа. По некое време дојдоа ми зедоа крв и ми кажаа дека еритроцитите ми се некоја грознА бројка и да се одлучам што ќе правам без размислување кажав дека сакам одма на царски дека ми кажаа дека срцето на бебето покажувало како нешто да не е во ред. За половина час ме спремАа за царски со епидурална бидејќи веќе ми беше ставена и немаше друга опција во тој момент. За среќа со царскиот се роди мојата ќеркичка здрава права. Бев пресреќна иако царски со епидурална беше доста грозно искуство. Ме вратија во салата каде што требаше да се пораѓам природно таму беше и сопругот со бебето меѓутоа јас почнав да се губам да губам пулс, да ми паѓа притисокот. Некако ме стабилизираат моментално но продолжија да ме прегледуваат. На ехо.не видоа ништо но на крвните резултати се виде дека губам крв уште . Одлучија уште еднА итна операција да ми направат да видат дали може да најдат што е проблемот. Овојпат целосно успиена . Операцијата испадна за среќа успешна. Цело време со мислите дека ќе си го оставам детето без мајка конечно се вроди трунка надеж. Вечерта на 21 докторот повторно дојде и рече дека не стојат добро работите и повторно се сруши мојот свет. Поради многу изгубена крв и пулс150 ме задржаа на мониторинг на интензивна. Ми дадоа 2 конзерви крв и што ли уште не успеаа да ме повратат во живот. Сега веќе состојбата мине постабилна , но уште сум во болница. Се надевам што побргу да си одиме од овде и да го оставиме ова хорор искуство позади нас. Мада сега е уште потешко што не сум способна уште 100 детето да си го гледам но секој ден се надевам на подобро утре. Му благодарам на Бога и на тоа до каде сум сега .
So Gospod napred majka se ke bide dobro bez gajle, losoto pominalo.Misli na bebe za kratko ke si se guskate
Леле мајка, ме наежи.. Чувај се, битно да сте живи и здрави двете, ние сме мајки лавици, за нашите деца се ќе издржиме.. Се надевам ќе бидеш секој ден се подобро и подобро.. Гушки до вас..
Да е бебе живо и здраво, мама побрзо да се опорави. Кога се раѓа бебе се раѓа и родител: некои полесно поминуваат на сопственото раѓање, некои потешко.. Царски излегуваат бебињата, ама мајките си знаат потоа. Скоро и да нема убави породилни приказни, важно е сите живи и здрави да си заминеме од таму Мислам дека ти не беше во МК, таму каде што си барем имаш добра медицина и нега, верувам дека брзо ќе застанеш на нога. Уште еднаш честитки
Се надевам дека се ќе биде во ред мајка со тебе и со бебето. Си родила здрава и жива ќеркичка , па има ли поголема радост од тоа Сега можеби ти изгледа дека ќе биде тешко се но кога ќе ја земеш во прегратка - се се заборава Мајката е секогаш спремна за било што за своето дете и има сила која не знаела дека ја поседува, биди сигурна во тоа
Дојде ред и на мене да си кажам само што моите маки за жал не завршуваат тука. Ден пред да влезам 38ма бев на преглед ме виде докторот што ме водеше Плодност рачно и рече дека другиот ден ќе ме задржи ни објаснување ни ништо ми отвори историја. Отидов сабајлето пак преглед ми стави провокација и ме испрати да ставам епидурал. Ми направија цтг на кое немаше контракции а претходно стигнуваа до 70 кога не бев обезболена. 2 цтг без болки ме викнаа да ми го пукнат водењакот. За тие што ме читале и порано си страдам од тешка анксиозност и панични напади па имав една таква епизода и се мислев дали воопшто ќе можам да се породам страв ми беше малата да не ми се загуши ако при напон речам дека не можам веќе или да не ме фати паника. Докторот ја знаеше цела моја историја и ладно ми рече само одлучи си што сакаш и ме прати во соба. Никој покрај мене,прва бременост која беше тешка и само одвај чекав да си го фатам бебето во раце и да не ризикувам и покрај тоа што не знаев ништо околу царски рез и колку сериозна операција е се одлучив дека одам на таа опција. Доктор нит влезе нит ме праша како сум ни па проба да ми објасни и да ме премисли а покасно дознав дека веќе сум била 6 прсти отворена а ме однесоја под нож. Се осеќам страшно искористена,осакатена да не речам и психички и физички.. Не го поднесов добро пораѓајот и сеуште имам трауми. Си дојдовме дома,мене ме спука тешка депресија заради царскиот,млеко снемав не си ја дојам малата,завршив на 2 вида антидепресиви и се осеќам како бејбиситер нит ја родив нит ја цицам. Само тоа ми се врти во глава и си замислувам што ќе беше ако беше поинаку и не можам да прифатам дека се што замислував наеднаш ми се сруши и го немам искуството за кое мечтаев со месеци дури бев врзана во кревет.. Не се осеќам како мајка,се срамам од себе. При тоа со болки сум секој ден при секое станување а поминаа скоро 2 месеци.. Само сум благодарна што ова човече го имам покрај мене здраво и живо па мама се надевам ќе се опорави некој ден и ќе може 100 посто да ужива во мајчинството.. Ви посакувам поубави искуства на вас мешиња! Уживајте во бременостите не знаете колку ќе ви фали да мрдка човече внатре
Честитки најпрво. Живо и здраво да е бебето. Сакам само како мајка на две деца,родени царски,не по мое барање мораше така да биде. Едното го доев другото не . И знеш што? Јас сум мајка исто така како тебе. Не го сакам едното повејќе бидејќи го доев,едноствно тоа не ме врза мене со детето. Исто како што не ја намали љубовта спрема тоа што не го доев. Тешка состојба е анксиознота особено пост породилно. Пробај побарај си некој кој навистина може да ти помогне. Или еве едноставно тука ке пишеш и ке видиш дека не си сама. Јас општо бременост како состојба неможам да поднесам . Јас за време на бременост не бев јас. Сакав само живо и здраво бебе. Си добив две. За мене најубав период од животот е мајчинството. Сега си моментално во најубавиот период. Уживај и посвети се максимално.
Мила, начинот на раѓање и доењето не те прават мајка. Мајка е многу повеќе од тоа. Зарем не те прави мајка што со толку маки успеа да родиш здраво и право бебе, зарем не си мајка што си се грижела да не и наштетиш на сред пораѓај, па затоа си го одбрала тој начин како најдобар за бебе. Мајка те прави и грижата за неа, мислите дали си и ги дала витамините, дали пелената треба да се смени, оброците што ќе и ги подготвуваш, седење будна по цели ноќи кога е болно, тоа што си со неа и ја сакаш, радоста што ќе ја чувствуваш на првото никнато забче, првиот чекор, првиот збор. Ти си одлична мајка и ќе бидеш уште подобра. Гушни го тоа мало ангелче и уживај, тек допрва ќе создавате убави спомени.
@Be-yO-nCe честитки, нека е живо и здраво бебчето. Не со породувањето, туку заради доењето јас се осеќав исто како тебе. Млеко немав. Имав ама недоволно, во превод немав де. Кога ќе дојдеше ред за хранење посакував да ме снема. Си поставував прашања каква мајка сум јас кога бебето мое може да го нахрани било кој дури и мене да ме нема 5 дена. Верувај дека точно знам како се осеќаш се е тоа до хормоните. Вееувај ти кажувам како мајка која го помина истото, дека бебето тебе те сака најмногу на свет ти си за него совршена, верувај дека кој и да го храни тоа тебе најмногу те сака и тоа нема да може да го промени ништо на светот. Твоето место не може да го замени никој. Старите ми викаа: твоето лице го грее како сонце и знае(знам дека мислиш тропам зелени) верувај дека иако толку малечко знае која му е мајка. Гушкајте се и уживај со бебчето гледај да е нахрането и задоволно да полни пелени и напредува. Се останато ама буквално се е споредна работа.
Прво фала ви на сите за утешните зборови, ве гушкам сите до една! Баш и јас така се осеќам а и мажот ми ја гледаше првите 2 недели кога не можев да станам од кревет и баш се прашував за што сум тука кога телото веќе за ништо не ми е корисно,нит живот има во него ниту го донесло на свет како што природата налага ниту пак го храни бебчето.. Празнотија..Многу пати посакав да ме снема ама пробувам да се држам сила ми се таа и тој. Си напредува и повеќе од одлично веќе е станата буце и денес прв пат будна ми се насмеа на глас.Верувам дека е така како што кажувате само да се средам и да почнам и јас да го мислам истото а за сега не можам сеуште да си простам.
@Be-yO-nCe да не ме сфатиш погрешно, од моето породување поминати се 4 години и сега кога ќе ми текне што сум си мислела за себе ми е смешно и си удирам малку face palm