Каква приказна, ми се насолзија очите. По ова што го кажуваш, звучиш дека си била доста изрелаксирана и трезвена. Ти честитам и посакувам и јас вака да се породам. Докторот стално вика, не слушајте туѓи приказни, секој пораѓај е посебен. Џабе ќе се полниш стравови. Не се каам што ја отворов темава, ова е тоа што ми требаше да го прочитам.
@Be-yO-nCe Јас не ја доев втората ќерка воопшто, еднаш само пробавме во болница и толку беше. Знаеш ли колку многу е приврзана со мене? Многу повеќе отколку што беше првата ќерка што ја доев 2 години. Кој вели дека доените деца се поприврзани за мајките од недоените, многу е во заблуда. Остави ги муабетите за доење, породување и слично што ти создават грижа на совест, тоа не те први мајка. Најбитно е да имаш здрава и жива ќеркичка и да ѝ посветеш квалитетно време, да ја воспиташ и осамостоеш. Тоа те прави мајка.
@Be-yO-nCe Честитки мајка, да е жива и здрава. Твојата приказна ме врати 5 години назад,слично преживеав и јас, само јас не се отварав со дупнат водењак.. а толку на крај сакав природен пораѓај. Добив целосна анестезија, се освестив со бебе. Се тешев себе си дека бебе не сакаше да ме мачи, и за себе одбра по царскиот пат да дојде на свет. Бидејќи само што влегов во 9ти месец, не ми се веруваше со недели дека сум породена. Го гледав бебето покрај мене ама не верував дека е тоа тоа. Сонував дека сум уште бремена, си го допирав стомакот за секој случај да се уверам во реалноста, а таа не ми се гледаше многу вистинита. Не очекувај и немој да мислиш дека секоја мајка од прв поглед "кликнува" со своето новородено дете и се заљубува на првпат. Всушност, ретко која мајка се чувствува така исполнето, среќно и заљубено во првите недели/месеци. Повеќе е рингшпил од секакви емоции, многу од нив не се пријатни. За ова се заслужни хормоните најмногу, и верувај, постнатална депресија и постнатална анксиозност се реални, како смогот надвор во ноември. Многу од нас ќе мислат многу повеќе од што треба, на теми на кои не треба, ќе се истоштат од сценарија, ќе се уверат дека се случува, ќе се прашуваат и сомневаат во себе, ќе се будат на 2-3 саати и ќе ги мачат горенаведените демони, дење ќе се прашуваат дали се доволни, дали можат, дали.. Ќе заборават да се грижат за себе и за своето ментално здравје, ќе заборават да бараат помош за да не се посомнева некој дека не умеат/знаат/сакаат да се снајдат во новата улога. На крај, за среќа, сѐ ова поминува, со некаква форма на помош и поддршка од надвор. Се воспоставува нов поредок дома - семејство со дете и улоги и обврски кои може да се соџвакаат од учесниците. Многу од мамите после месеци и години ќе имаат сеќавање дека одма кликнале и се заљубиле во своето дете, дека им било сѐ/скоро сѐ совршено и розево, се сеќаваат на мирисот на бебе, гушкањето, нишкањето а ги заборават стравовите затоа што се надминале, како бебешка жолтица. ПС. Најмногу нѐ уништуваат очекувањата. Затоа, гледајте да се надевате на добри исходи, подгответе се за не-толку-мед-и-млеко, очекувајте и земјотреси, ама не очекувајте совршенство ни од себе ни од другите.
Исто,и јас се плашев премногу. И јас читав тука и плачев некогаш од позитивни,некогаш од негативни искуства. Само не можев да замислам дека е толку лесно искрено. Кога ја слушнав да плаче не ми се веруваше дека е готово. Ти посакувам да поминеш прелесно, посакувам темава да се наполни само со позитивни искуства.
@Anaksunamoon и @forumce ви благодарам! Секој ден вртам наназад и ги читам сите ваши постови кога сумњата и тагата во мене се преголеми и ми даваат сила за да продолжам и да си речам дека се не е така црно. Баш како што кажавте ме уништи очекувањето што сакав се да е како што си имав замислено.. И јас до пред 2 3 недели мислев дека е сон,очекував да се разбудам со меше легната на фамозниот тросед каде поминав 6 7 месеци од животот и да променам се, арно ама не се будам никако.. Подобрување некое има,излегувам се дружам пробувам да не мислам и да уживам во неа. Грицкам рачиња ноџиња,само ја шлакам преслекувам сликам што почна да плаче штом ми слушне глас и се смачив ама покрај се најубаво се спие кај мама! Поздрав од Лена за тетките што ја бодрат мама секој ден
@Be-yO-nCe те читам и нешто да ти кажам. Не е ни до пораѓајот, ни било што, чисти хормони ти лудуваат. Јас родив природно, лесно, ко песна, здраво право посакувано бебе. И знаеш што? Исто како тебе се осеќав. Не се поврзав на прво гледање. Не се поврзав на прво цицање. Го гледав како обврска што зависи од мене и ништо повеќе. Дојдов и до "што ми требаше мене ова" Од денешен аспект не помина долго време ама едно добри 2 - 3 месеци ми требаа да ја сфатам љубовта. Преголема. Што во таа бура од емоции не знаев ни да ја препознаам. Не се обвинувај за ништо. Нормална фаза проаѓаш. Не си ставај јадови, пробај да уживаш со бебе, шетај. Пеј му ја омилената твоја песна. Мноооогу брзо растат.
Јас очекувам второ дете. Не знам дали да го очекувам истиот ролеркостер од емоции, или уште пострашно. Ќе треба да додадам и чувство на вина што ќе му одговарам со Не, не можам, ајде после..на првото дете
И јас очекувам второ. Во најмала рака мислам дека барем ќе се контролирам за некои емоции. Не знам. Некако спремна се осеќам ама со хормоните никад не се знае. Јас првите месеци бев исплашена да седам сама со бебе. Сега ваљда сум поискусна. Не знам.
Здраво мајчички, Како што е редот веќе одморена да ја напишам и мојата приказна. 25.11.2021 Бебе цела бременост карлично поставена и веќе во 36 недела се поизвесно беше дека одиме на царски. Уште еден предуслов беше и лошото акушерско минато. Не и се чекаше на докторката (Афродита, ремедика) но и мене. На 22.11 се договоривме тоа да биде во 38+3 односно 25.11.2021. Искрено многу сигурно и смирено тргнав. Без читање на искуства за царски, за анестезии, буквално како лаик влегов во приказната. Само многу се изнервирав првиот пат кога кажаа дека е карлично бидејќи стварно сакав да родам живо бебе природно и да слушнам плач. Но како и да е и изгледа девојченцето мое беше решено мама да не се мачи. Прием во 08:00, мм ме испрати со кнедела во грло, припремени работи, ЦТГ, запознавање со анестезилог и одлучување за спинална анестезија и оп веќе во 11 бев во сала. За екипата во сала немам зборови....пукаше салата од позитивност, јас бев воодушевена од сестри, доктори....комплетно. Објаснување за секој следен чекор што да очекувам итн. Со еден збор совршено. Во 11:38 девојченцето мое беше родено. На интензивна нега веќе започна анестезија да ме пушта и бев префрлена во соба. Следуваше првата официјална средба со бебе, па мазење па гушкање малцеее плачки и помина денот. Утрото едвај чекав да станам. Очекував болка но беше и повеќе од очекуваното но се сведе само на тоа прво станување. И потоа бев упорна, сама станував, сама местев бебе за цицање. Сестрите беа одлични и за совети и за финти околу цицање и веќе после вториот ден ми надојде млеко и веќе активно цицавме. Се на се, одлично искуство. И би го повторила пак со истиот тим.
Вака ако се раѓаат сите деца, јас да се пријавам 10 да родам Мојата породилна приказна е нешто што мислев дека може само да се сонува Отидов на контролен преглед - 39+4, бебка веќе 2 недели се предомислуваше за излегување па и не очекував многу од прегледот, мислев пак ќе си одиме дома Ме прегледаа, отворена 5 прсти, цтг покажува контракции што не ги осеќав и ме примија во 11 сабајле. Ми направија ковид тест и ме однесоа во предродилна. Таму ми земаа крв за испитување и ми запишуваа податоци. Сестрите крајно расположени и муабетџики. Ме ставија на цтг горе, ме прегледаа пак, ми ставија чепче за прочистување, ми кажаа да се шеткам низ предродилна за да се отворам повеќе. Нозе ме заболеа вртејќи кругови Околу 16:30 бев отворена 8 прсти, бебе не беше баш централно поставено, од водењакот немаше абер за пукање, цтг покажува ненормални болки, а јас се смеам со сестрите Решија да го пукнат водењакот, да убрзаме ситуација затоа што немаше потреба веќе од чекање. Го пукнаа околу 17:15-17:30, не знам точно. Ми кажаа да очекувам појаки болки и на редовен интервал. Ги осеќав како појаки менструални болки и со дишење ми поминуваа. (идеална техника за справување со болките според мене). Дојдоа болките на 5 минути, траеја по минута. Ми кажаа да се шеткам низ соба, ќе ми биде подобро. Почнаа појаки болки на пократок интервал, веќе не гледав у саат баш, изгледаа на минута дека се. Ме ставија на цтг за да го следат бебето за време на контракциите, дали дава напони за раѓање. Почна да дава напони, ме префрлија во родилна сала - ја гледаа на ехо како е поставена и ме однесоа на бокс за раѓање - околу 18:20. Ми кажаа да си викам ако ми се вика, не е забрането Ми ставија провокации да се доотворам до 10 прсти, да не се мачиме на крај. Ме прашаа како ќе се вика бебето, цела болница разбра Софија дека ќе е со првиот напон Во 4 напони излезе и Софија во 18:40, 5тиот излезе постелката. Прво што прашав беше "зашо не плаче бебето?" Се изнасмејаа, ми ја расплакаа, си ја гушнав. Бев малку шокирана додуша, многу брзо се заврши Малку ме сецнаа па после кога ме шиеја си правев муабет за кафичи Ме наградија после шиењето со телефон да си ги известам најблиските и ме запукаа солзи, си плачнав малку Ви посакувам на сите лесно и брзо породување
Ме наежи дека ме потцети на мојот пораѓај со синко да сте живи и здрави мами гушкајте се се надевам дека јас и сега ќе минам лесно
Мојата втора породилна приказна е многу кратка . Отидов 5 цм отворена на контрола и цтг без болки, утредента ме примија, одма во сала. Ми го пукнаа водењакот,почнаа болки, родив за 10-тина минути... Ма не филмски, оскар ќе си дадам сама на себе, за мене ова беше како на кафе да искочив.
Јас пак за ќерка ми не се сеќавам болки па отидовме 7 прсти отворена додека да се пресоблечам ја родив 2 напони и излезе...Сега за синчето се надевам дека ќе биди пак исто ви посакувам на сите лесен пораѓај
Ај и јас да си кажам веке 1 месец помина... Бременост уредна втора ситее викаа аа второ се си знајш ама мене второ повеке паники. 37нед почнав со цтг кај матичниот гинеколог се во ред само кажува дека имам болки јас не осекам ништо.. Ме пушти во болница кај докторот што ме породи со првото бебе да види дали ке ме запри или не, а бидејки бев со прво царски,да си се договорам и со док.кога да одам. Одам на болница докторот кефој дека одам пак кај него ме гледа на ехо вика се во ред е ако не осекаш болки се гледаме на 4ти во 8ч еее тоа не требаше ме испаничи повеке дека знаев кога ке биди па, морав да кријам од сите. На 4 одам прочистена во 8ч одма ме носст во родилна инфузии цтг крвна слика сестри, докторки околу мене сите супер јас си плачам нема керка ми дома да ја видам 5 дена со ке прај сама со татко и.. Се смеат сите.. Во 10ч ме спремаа и ме однесиа во сала анестезија муабети со анестезиологот како ке биди името јас викам дека сакам Матеа ама сепак да кажат и кумовите имиња па сите викаа готово ова е Матеа.. 11:31мин се роди Теа.. Цела операција поминав супер, на интензивна исто.. Во соба бев сама скрос немаше ниедна со царски, а богами ни природно... 3 дена со бебушка се гушкавме таму четвртиот ден не испуштија.. Многу од персоналот од болница е сменет па за разлика од 1виот пат сега поминав супер идеа да ме видат да ми помогнат да станам да ме прашаат дали ми треба нешто.. Па закрепнувањето со царски рез ми помина ептен брзо станав за 24ч сама се движев цело време па ко стигнав дома бев одма супер мама за поголематс керка... Па ебе сега цицаме и растиме уште 1 недела ке правиме молитва
Да е здрава и жива Софија, ептен позитивно ми влијаеше ова што го прочитав со оглед на тоа што денот ми се ближи
После минати 2 години, ќе раскажам и јас Посакувана бременост, износена школски, како по книга само ми велеа, иако бев со полицистични јајници и генетски сите кај мене имале проблем со забременување, јас на 2риот месец обидување веќе бев бремена. Бебе понапредно 2 недели на секој преглед, ми велеа ќе е крупна на мајка а висока на тато, се шалеше Котларова редовно Се така до 27ма недела, ме фаќаат грчеви, се стега стомак, на преглед, не бев отворена, препорачано строго лежење и појачана доза на магнезиум. Ако нешто се случи да одам во Систина ми рекоа, Ремедика немале апаратура за предвремено родени бебиња. Лежев и само лежев (јас, за која мм вели имаш црви у газот ), секоја чест на мајките кои цела бременост мораат да ја излежат а ја тука се жалам за толку малку, не ме тепајте ве молам , психата ме уништи тој период, де мрачни сценарија и глупости само си замислував (на мајка ми и починало првото бебче на пораѓај, знаев за тоа од кога знам за себе и само како тоа да ми беше во памет). 34та недела ме посоветуваа да почнам со цтг, така и би. Одиме накај Ремедика, ехо прво мерат бебе 2700гр., одам на цтг, сестрата ме прашува дали сум вознемирена, велам не. Се смешка и си заминува, за неколку секунди се враќа со Петрова, Котларова, Зоран и Емилија Петановски. Ема ми вели одиме горе, ќе облечеш спаваќа, а никој ништо не ми кажува, ни зошто ни како. Одам по нив, солзи ми течат, пак црни сценарија. Плаче мм, плаче и мајка ми. Е дури горе кога ми земаа податоци ми објаснија, бебе нема вода ич, замотана е со врвцата околу вратот и плус има два чвора на врвцата, на моменти кога се врти и ја стега врвцата губи тонови. Се обидуваат да се позитивни, врзувала беба машни ми викаат за мама. Лежев и таму, цело време приклучена на цтг, бидејќи сакаа да се почува бебе во стомак колку што може повеќе додека на цтг е се во ред. Цтг ми вадеа само за до тоалет кога одев, јадев или на 15минути до бифето кога се симнував да поседам со моите. Приклучена бев дури и ноќе цело време. Не можев ни да спијам, тоа титка, едвај чекав да се породам и да одам дома со бебе (а и душеците да си ги сменат, редно е ). 37+5, среда, ризично е да одиш природно, ќе биде царски, арно де велам, ако Бебе цело време стоеше 2700гр., ми рекоа не му оди ич храна поради чворовите на папочната, иако се надеваа од 34та дека ќе порасне уште малку ама ништо. Бев ставена втора на програм за сабајлето. Доаѓа сестра и ми уклучува нешто да тече, и јас за се прашувам ко по обичај, за што е тоа? Е провокација, ми рекоа ќе те пораѓаме денеска, ама велам јас сум за царски сега во 10 Ја фати паника, ја исклучи одма, ништо страшно вели, Петановски ја прокара во ходник и ме земаа прва. Летав за во сала (или се тркалав со 101кг ама неважно ) жива среќна, ќе си видам бебе а и патешествиево со лежење ќе заврши Ме испраќаат моите до сала, јас ко за бељата се вртам назад, сите плачат, леле мене една паника ко ме фати тогаш, ми се крена притисокот (а и во бременост пиев метилдопа поради висок притисок), па фатив да плачам уште не легната во сала, не можат да ми стават спинална, се тресам, на 3т пат погодија. Си легнав, анестезиологот ми прави муабет, златна жена, овие другиве си работаат таткото и ќерката, ко на кафе да седнале, позитивни скроз, муабет и они, супер се додека не знам што се случи со браунилата, долго ја носев и најверојатно сум ја извиткала или прекршила, стварно не знам, ама почна да истекува инфузијата надвор и плус крв, па ме пребоцкуваа на сред царски, мене уште толку притисокот ми се крена, мразам боцкања Не осетив ништо ни тегнење, ни ми дојде нагон на повраќање кога ја вадеа иако ми држеа сад до мене. Плаче бебе, велам моето ли е ова, многу брзо? Твоето е мајка, 2740гр и 49цм, плаче она, плачам јас, не знам од кај го извади гласот толку мало човече. Ми ја ставија на образ и се смири, ја земаа да ја средат и после тоа мене уште повеќе ми се качи притисокот и ме успаа скроз. Потврдено на пораѓај, два чвора, и врвца околу врат, бебе немало како да се храни. Се разбудив, велам што имам на стомакот, ми вели сестрата осеќаш зарем? А прсти на нозе? Јас ногата фино лепо ја кренав до плафон Ајде во соба, 11ч, а во 9ипол ме породија. Леле тој прв ден, мразев се околу себе освен бебе, маж ми најмногу, нејкев да го видам Толку бев зашеметена, катастрофа... Ми носат бебе јас не го ни догледувам, матно се. Следниот ден ме станаа, првиот пат паднав, слабокрвна, ми се слоши. Ми дадоа да доручкам и тогаш ме станаа, после се сама си станував, сама го земав бебе и го враќав во тие креветчињата, го возев до кај собата со бебиња. Шпартав по цел ден, третиот ден и по скали одев, едвај чекав да си заминам. Задоволна сум од болницата, освен од таа сестрата што кога бебе не фаќаше да цица ми велеше, други те породија, еве сега нејкеш да му дадеш да цица (јас ни капка млеко а бебе со жолтица што ја носеше до 40 дена, никако не фаќаше), баби и дедовци ќе ви ги изгледаат и после вие младиве сте биле мајки. Се сокинав плачење додека бев таму и на секое нефаќање на бебе цицка, јас плачев. Потпишав да излезам на 4тиот ден од царски поради тоа. Бебе не го давав никому не знам колку време, сами со мм го гледавме со месеци, почнав едно време и да гледам црвени линии по зидови од умор, мм почна на работа и ми беше жал да го будам ноќе. Ама неважно, се помина, сега е девојка од 2години, ми праи муабет ко големо човече, и вели да сме го земале бебето на комшиката да биде наше Се вреди, дури еве планираме здравје догодина уште едно (мм близнаци сакал ), ама некои работи не се забораваат.
Малку каснам ама честитки мама! Гордеј се и уживајте со бебушка! Го имаш конечно најсветото нешто многу ми е мило за тебе