Конечно и јас во оваа тема. Ќе се обидам да го доловам секој момент. На 28 12 отидовме Чаир на редовна контрола. 37+2 бев. Во кола си ги имав ставено све што би ми требало со минимална надеж дека би ме примиле за пораѓај. Иако на претходната контрола изричито ми беа кажале дека пред 38+1 барем нема шанса да ме пораѓаат. Кога ме прегледа др Илиевски на 28.12 најпрво ми рече дека све си е во ред и да појдам за 6 дена на нова контрола и тогаш најверојатно ќе ме задржат за пораѓај. Јас како јас , почнав да плачам. У моментот ми текна да излажам дека веќе 2 дена послабо го осеќам бебето, дека имам болки долу ниското, дека не спијам по цели ноќи и имам страшно лошо претчувство ( само последново беше вистина). Др се зачуди и замисли и ме однесе на доплер горе на патолошка да ме гледаат, таму имале некое најново ехо. Ја викна и др Шпишиќ и заедно ме гледаа едно 45 мин. Докторката малку испаничи околу протоците, почнаа да зборат нешто користејќи термини за мене скроз непознати. Го викнаа и мм и му објаснуваа стручно. Јас само разбрав дека нема ништо страшно, ама за секој случај би сакале да лежам на патолошка, да ме пратат и на 04.01 да ме породат. Ме фати хистерија. Не ми се остснуваше за жива глава. Ајде маж ме убедуваше пола саат и со тешко срце останав. И сега ми течат солзи коа ќе се сетам колку ни беше емотивна и тажна разделбата. Се испраќавме цел час, чиниш одам негде од каде нема враќање. Си ја зедов торбицата за во болница и ме сместија на патолошка. Таму преполно. Све жени во 40та недела, викаат од болки, офкат, лелекаат. А јас најгласна во плачење, рикам ко магарица по маж. Ајде ме ставија на цтг, ми земаа крв, па заспав. На вечерната визита ми рекоа топ ми било цтг, како ништо ќе сум дотуркала до 38+. Уште толку се нанервирав. Срам ми беше веќе на секој еден др да му кажувам оти сакам да се породам одма и веднаш. Помина ноќта некако. Но мене навистина почна ненормално да ме боли половината. Утрото дојде др Илиевски да ме види и му кажав. Ме зеде пак на доплер. И пак ја викна др Шпишиќ. Овој пат лицата им беа позагрижени. Едино што разбрав е дека нешто протоците мислам биле уште подоближени од вчера и "нешто" било испод 0.7. Шпишиќ која важи за др која е апсолутен поборник бебе да се носи бар до 39та му вели на мојот др - имаш дијабет, тежок стерилитет, тазе опериран карцином, ХОББ, висока тахикардија, леукопенија, возрасна трудница.... Нема што да чекаш му вели. Прави вагинален преглед и терај. Јас сум ЗА. И ОП, се виде дека сум и три прста отворена. Саатот 11:15. Илиевски вели- спремај се за клизма, кажувај на маж ти нека тргнува. Ама како да тргнува му велам, дежурен е, а и не можам да го добијам до 13ч, ми кажа дека некоја комисија ќе имал. Остај ко така вели Илиевски, ќе го изненадиме. Ти оди на клизма пошто јадена си вели у 07ч. Лелеее почнав и од тоа да плачам. Го прашувам бива ли без клизма. Уште таа музичка желба ја остварувам и толку ми вели. За 10 мин биди спремна ќе дојдат анестезиолозите да те видат и припремат. Јас трк во веце и на прозор застанав со две цигари у уста. Едно лаки со вкус на боровница и едно малборо. Пушам ли пушам И дојде време за долу. Ме качија на количка и одиме долу да ме спремаат. Коа се насобраа таму 100 души. Да ја виделе жената со 11 инвитра и толку дијагнози. Па почнаа со - браво , алал вера... Слушам дека дури два анестезиолози и двајца гинеколози ќе има во сала. Дојде и педијатарот, наша блиска пријателка. Ми олесна. Спиналната ми ја ставија лесно и брзо. Ништо не осетив. Стравот се уште го нема, адреналинот не расте. Мислите насочени само кон мм. Се јавува мм на др. Го молам др да не му се јавува никако. Бар дур не се породам. Почнувам да се нервирам дал ќе најде одма мм кој да го вози до Ск, се плашам нем случајно сам да вози...заборавам дека за 5 мин треба да се роди мојот син. Одеднаш гледам вклучуваат камера од некој тел. Ќе снимале Ми отрпнува све од половина надолу и таман да прашам кога ќе го вадат слушам ПЛАЧ. Толку јак што мислев тапанчето ќе ми пукне.таман да прашам Што е ова, слушам БРАВООО, честито син мајка. Ми го ставаат до лице , го бакнувам и плачам, липам, се тресам... Ја слушам др Беса дека го оценува со 10/10. 3000 кг и 50 см се роди мојот Славен! И навистина е славен. Тоа го прокоментираа и докторите. Др Неџипи му асистираше на Илиевски и вели- абре иди бегајте таму, и мене ме расплакавте И така. Си го имам видеото од пораѓајот, имам слики. Во никој случај не се надевав на ваков пораѓај. Мојот принц дојде на свет во 13ч и 17 мин. Четврто родено дете тој ден, прво машко Маж го известиле веднаш така што му пратиле видео Тој сеуште не може да ми го објасни чувството коа го видел. Гром од ведро небо, само тоа го повторува. Натаму веќе е сувишно да раскажувам, т.е ништо спектакуларно, освен што вечерта во 22 ч станав од кревет и изодев дури низ ходник. Утредента во 08ч ми извадоа катетарот ( фактички после 18ч од царскиот) а јас во 09ч веќе пиев капучино во лименка и се разбира . До вечерта лапнав и бурек. Ми рекоа баланс јогурт требало, па послушав. Не знаев дека треба да ми напоменат дека јогуртот треба да се пие без бурек. Ме испуштија после 3 дена, т.е на 01.01 веќе си бевме дома. А тоа е вчера бре. Ми се чини дека половина век има поминато од кога си го гушкам бубчето мое. Маж сеуште не го е допрел со прст. Само го гледа, го мириса и плаче. Плачам и јас. А од Славен ни абер од плачење. Само си јаде, кака и мочка. И ужива во прегратките на мама. Ејјјјјј Станав мајка. МАЈКА!!!! Фала ти Господе, што друго да кажам И не оставај никого без рожба, те молам! Тешко е тоа , верувај ми
Абеее филмски Веруј Бубе дека нема човек шо нема солза да пушти од радост за Славен Па маж цел е он еден глас шо го има да се знае кој е главен Уште еднаш честитки храбра мајко
Леле бе Бубче ме расплака. Мислам дека нема некоја овде што не се радува за тебе. Живи и здрави да сте ти и синчето
Ме расплака жено Божја..... Ти си царица- храбрица наша ❤️ Од убавини да не културите, во радост да расте Славен и вие со него Браво мајка браво, гушки до тебе и Славен
И јас се расплакав од среќа за Славен. Жив, здрав и од Бога благословен да е! Ви честитам од сѐ срце мамо и тато! ❤️ Топете се од љубов до бесконечност!
@Bubce38 и овде да ти честитам мајка. Жив, здрав Славен и вие со него. Гушкајте се и радувајте се. Си добивте најубав подарок
Цела тема ја имам исчитано овде, и секоја си има свое блаженство, ама ти си дефинитивно жена, мајка, кралица. Цел живот да ве радува Славен.
Да се пријавам и јас во плачките,не верувам дека некој нема да заплаче на оваа приказна. Честитки мајка да е жив и здрав Славен а и вие со него. Вредеше секој еден обид за оваа што сега го имате,уживајте и радувајте се
Чекај брее дали е ова вистина? 11 инвитра??? За ова треба дефинитивно да се напише сторија, да прочитаат жени кои се борат да добијат принова и да не губат никогаш надеж во ништо. Нека ви е здрав и жив
Да е живо и здраво бебето Секоја мајка е жена, мајка кралица и најсилна жена. Само децата да ни се здрави и живи.
@Bubce38 кога видов дека си пишала, се наместив во кревет како книга да отворам да читамУживајте сега На сите мајки, ви честитам за бебенцата, да ви се живи и здрави и да ве радуваат секогаш
Ме расплака со објавава ...позитивно...од срце Знаев дека ќе станеш мајка еден ден и кога видов дека си бремена се израдував ептен. Господ е голем. Уживај во секој миг со синчето, брзо растат Честитки најголеми
Јас стварно не знаев дека низ се ова си поминала за да го држиш тоа мало човече во раце. Ти се восхитувам на храброста и упорноста. Херој е премал збор за тебе жено. Милион пати браво. Инспирација си! Честитки уште еднаш, а на тоа бебче освен да е живо и здраво, му посакувам да ја наследи храброста и упорноста од мајка му. И за него нема да има зима во животот