@Bubce38 Честиткиииии Мајка! Да е здрав жив Славен! Каква радост, каква победа за тоа мало чуденце Убав и сладок почеток на новава година
@Bubce38 Мајка честитки да ви е здрав и жив Славен да расти голем среќен и да има безгрижно детство. Брзо опоравување, те имам читано и сега знаеш дека се што си направила вредело за тоа сонце
Честитки Бубе, да е жив и здрав синот, голем да расте да биде гордоста на мама и тато. Ја заслужи оваа најголема среќа многу сум среќна за тебе баш се израдував кога ја видов оваа прекрасна новост. Уживајте во секој миг поминат заедно, гушкајте се и ви посакувам од сега само убавини.
Ништо поемотивно, искрено и полно со љубов немам прочитано до сега на форумов! Жено, кралицо, браво! Браво за упорноста, даваш надеж на многу жени дека еден ден ќе гушнат свое дете!!! Ти честитам и поклон до земја! Да е жив и здрав, уживајте во овие прекрасни моменти!!
Дојде и мојот ред да ја напишам мојата породилна приказна Не ми се верува дека ја пишувам, дека стигнав конечно до тука. Мојот пораѓај беше договорен за 05.01, бидејќи бев веќе 39+, не бев воопшто отворена, а сакав Тофоски да ме породи, а он тогаш беше дежурен. Дојде денот, идам во 9 на цтг, мирно, никакви контракции. Ми дадоа таблета некаква за отварање да пијам и ми рекоа у 12 да се вратам.. Се напив, дое 12, болки никакви. Отидов кај Тофо, спремна со торбицата, пак праиме цтг, 2 прста само отворена, ми вика ништо, праи тест за ковид и после у родилна се чекаме. У родилна сестрите беа срцкии, грижливи ептен. Ми пуштија венски провикации, течеа можда 2 саата, болки никакви, цтг-то идеше до 125. Доаѓа Тофо да ме провери, 4 прста овој пат и ми го пукнс водењакот. Ми вика сеа почнува веселото. И стварно почна. Фатијс болки на 5мин во кичма. Стомакот не ме болеше ич, а другиве жени таму ги чувствуваа контракциите ко шо кажуваа. Врзана со провокациите не можев нишо посебно да направам да си олеснам па само дишев и си пишував со кој стигнев за да не мислам на болките. По саат ипол можда веќе осеќав ко кичмава да ќе ми се подели на две. Им викам на сестриве викајте го Тофо ја више не могу Иде он од друг пораѓа, брцкс пак - 6 прста. Ај вика на бокс, да те боцнат епидурал. 4 пати ме боцкашее анестезиологов, ѕвезди избројав. Му викам Абе мене ова не ми делува, ја осеќам уште контракции. Ми вика Ааа чекај, ќе ги осеќаш уште пола саат. Супер, таман ќе се породам до тогаш му викам. Од коа почна да делува епидуралот пак осеќав болки ама сеа у стомак, во кичмата ги осеќав контракциите ама не болес толку. Муабетов ми е дека ни со епидурал не е безболно и розево ко што мислиме. За саат време почнав да ги осеќам напоните. Претходно Тофо ми рече кај 9/10 очекувам малиов да искача. Глеам саатов нешто пред 8, ја напони на 2 мин веќе осеќам, а сама на бокс. И мавтам на акушеркава и викам абе малиов ко да ќе искача. Ме проверува, вика да бе, 10 прста си, сакаш ли да појачаат епидурал? Не викам, сакам да родам побрзо, иако болеше корнеше веќе. Доаѓа Тофо, вика абе детево мн лошо наместено, ќе морам да те притиснам горе. Стиска он, ја незз да напнам, па акушеркава ми дава инструкции и такви сите ме храбрат Ајде мајка еве ја главата, буткај, ја буткам којзнае како, ваљда Тофоски го бутна од горе, а не јас И така излезе моето човече, стуткано цело, со косичето ко еже, целото збунето, не знае кај е сеа. Ми го даваат на гради. Какво чувство, секој ден си плачам кога ќе се сетам. Го земаатнзс брзо, мене ми удрија конците и еве пак го носат да го дојам. Не дека го фоев, којзнае шо праевме и двајцата смотани со градата, ама битно ми беше тука, до срцето, целиот совршен и кревок, и ме гледаше со најмилите очиња. Секој ден си плачам од убавина, го гледам и не ми се верува дека е мој, не ми се верува колку го сакам. И после спонтан пораѓај не е лесно, боли епизиотомијата, крвариш, ама жени сме, не постои нешто што не можеме да го истрпиме. За Тофоски немсм зборови, таква легенда два пати не де раѓа. Прекрасен доктор, прекрасен човек. Сестрите за бебињата се друга приказна, ама кратко сте таму па ќе ги истрпите. Особено сестра Бети, запамтете и го името и се надевам нема да ви се погоди она. Со лесно на сите идни мами, немате поима какви убавина ве чека, нема зборови со кои се опишува тоа чувство. Едвај чекам да ви ги прочитам приказните!
Нешто најемотивно што сум прочитала на форумот. Мајка, нека е жив и здрав Славен, цел живот да ве радува!
Честитки мајка, нека е живо и здраво синчето Моето искуство со епидуралот е сосема поинакво, ништо не осеќав, никаква болка, а цтг одеше над 160
Јас осеќав, ама се трпеа. Супер работа е, треба да е задолжителен на секој спонтан пораѓај, олеснува голем дел од болките, а кај некои (како кај тебе) и скроз обезболува. Фала ти на честиките, да се враќа со убавини и радости! Претходно се договорив со докторот, таму не ми се верува да дадат на лице место