@Bubce38 Мила најмила.. Славен еј, Славен се родил!! Честитки храбра мајко, честитки Славен каква мајка имаш! Благослов за цел живот. Среќни да сте♥️
Ич не претеруваш, стварно си родила совршенство, љуби га тетка Те читам сега и си враќам филм, стварно и двете сме родиле прекрасни мажи
Шо убаво бе. Ме наежи. Еже малечко Многу убаво чувство мама Гушкај си се со принцот кралице! Заслужено ти е
Честитки мајка, не сум во тек со се што ти се има случено сега читам низ што се си поминала,ме расплака. Гушкајте се најсилно со синчето.
Да ја раскажам и јас мојата кратка приказна.. 09.01, Во 14.00 часот ми падна мукозниот чеп. Во 18.00 ч прснување на водењак но, со неспецифичен изглед,боја така го проценив. Одам на болница во 19.00 ме гледаат ехо има сеуште плодова вода но, не им се допаѓа бојата на водата од прснатиот водењак. Ме оставаат во болница, во 20.30 ми кажуваат дека ќе ме прават царски рез. Во 23.15 се породив. Бебето беше умотано два пати околу врат со папочната врвца, докторите кажаа дека направиле најдобра одлука за итниот царски рез.
Јас спонтано родив со бебе два пати замотано околу врат со папочна. Сега ме замисли,никој не спомна за царски,всушност откако се роди видоа дека е замотано.
Kaj clenkata toa go primetile po plodovata voda, obicno ako e zamatena ili ima boja na kaka znaci deka bebeto strada vnatre
Сигурно поради заматената вода (тоа е мекониум). Мене второто ми е итен царски поради тоа. А првото природен пораѓај на сред пораѓај му ја одмотуваа.. 12ч без пауза бев на цтг додека се отварав за да го следат и не ми даваа да станам (мислам знаеја дека е околу врат врвката, но мене на пораѓај ми кажаа дури). Излезе главчето, па ми викаа да не давам напони и се сеќавам дека ја влечеа преку главче и после продолжи пораѓајот..
Леле мамички ме разнежнивте, ме расплакавте и ме насмеавте со вашите искуства, да Ви се живи и здрави малите бебушки, чисто сакав да прочитам и да ги разбијам моите црни мисли, 24 недела, имам уште многу до крај, ама се во глава ми се врти како ќе биде, што ќе биде, како ќе помине, бла бла, некои ми викаат иди со епидурал, други без, едни вака, други така, онака од почеток се изнаслушав приказни и денеска на контрола кога ми кажа доктпрката дека не било "Добро" наместено бебето ме смрзна, незнаев како да излезам од амбуланта, јас гладна отидпв, лом ме направи не било ухрането бебето, капак ми беше, до дома незнам како стигнав, па уште и се за пораѓај што се изнаслушав. Инаку нависта ми олесна малку со Вашите искуства, па се надевам и јас дека ќе биде се во ред со бебка до крај ❤❤❤
Ехеее имаш време за бебе да се врти, врти охохооо...кога те извадила од памет матичната не ли ти го спомна тоа. Не се секирај за тоа ич. Јас сум скоро 37 па синко ќе се намести, па ќе фати друга положба, сега задно со лицето свртен обратно. Ама пак има време за врткање...немај грижи и опуштисе
Не ми спомна ништо дека ќе се намести бебка, ама така ме смрзнала алал нека и е, прва бременост ми е, секој преглед ми е како да полагам за палаглајдер хахаха и со ова короништево ако кивне некој одма тестови правиме, мислам дека треба да ги забранат прегледите во бременост да не не плашат вака хаха што убаво и било на баба ни ти знаела нешто за бебето ништо нити ја плашеле, само знае труднала била и оп дете а сега Гак Мак ова она појќе стресови само хахаха
Моето до 8ми месец беше трансверзално свртено, ни со газ ни со глава надоле, туку со грб. Па до крај се сврте како што треба. Рано ти е уште тебе, имаш уште многу време до крај
Епа некад ќе кажат нешто па ти чудисе после...имаш време немај гајле. Ќе се премести милион пати до крај...на баби те сега им е научна фантастика што правиме по болнициве
@Kbr Кај мене бебка си е убаво наместена 33та сум, ама докторката рече да не се потпирам на тоа дека тaка ќе остане, оти има време уште неколку пати да се заврти до крај, кај тебе тек сега ќе почне да се врти и мести
Леле мамички незнаете колку ми олесна, вчера кога ми го кажа тоа ме смрзна жената ама мртва ладна ни да објасни ништо, значи чим си се мести само да не се плашам, абре ако не те извадат од памет на лекар нема кој да те извади хахаха, фала ви многу ❤❤❤ и со лесно да поминете, па што поскоро и бебките да си ги гушкате ❤❤
Сега ја читам темава, ме изнасмеа и ме расплака. Ја сум толку драма квин да гарант и ја вака ќе измислувам последни недели глупости Чувајте се со беба, а по мој муж и ја плачам бре, па никој не ме трпи како он алал му вера, после оваа бременост ќе треба орден да добие, а тек сум 14 та недела
И јас неможам да го заборавам тоа чувство кога го извадија и одма го ставија на мене. Таков адреналин мислам на ролер костер нема да осетам, се тресев неконтролирано и неможев да запрам.. Нозете на бокс уште во вис, се тресеа и неможев да ги запрам, срам ме фати Незаменливо чувство Нека се живи и здрави сите бебуши и сите да си дочекате таква убавина