Хаха добро е не сум била само јас, значи хормончињава во плафон ми се, мм нема да добие Орден, туку термин за на Психијатрија во одделеение за тршки случаеви за посматрање хаха, значи само ми текнува нешто 1 минута плачам 1 минута се смеам ни ред ни крај ми се фаќа а он гревче, гледа да ми угоди на сите страни, хахха мислам дека нема да му текне за друго дете, а тек сум 24 недела до крај има да го пошандрцам хахаха
Еве ме и мене, беба и мм ги заспав и ми текна дека можам да си ја раскажам сега и мојата приказна. Бременост беше уредна, јас активна, повремено паничарка, стомак почна да расте, бебе почна да мрда, а јас како во неверница дека ќе имаме бебе. Дилемата околу пораѓај се реши, да биде царски, договоривме термин во 39+1 гн. На почеток се плашев дека е многу касно закажано, дека бебе ќе сака порано да излезе природно, ама како врвеа неделите, бебе си молчеше мудро, почнав да чувствам малку вина, да не му се седи цела 40гн, чак некои се раѓаат уште покасно си велев, а моево ќе го извадат само заради моја желба да се породам со царски. Хормоните беа ваљда. Ден пред царски, спремно се, јас решена да чистам до последна ронка, 23 часот вечер си викам дај да пробам да поспијам ако можам, да сум свежа утре. Познато ми е, дека пред битни нешта нема шанси да заспијам, и знаев дека ќе биде една безсона ноќ, ама му викам на мм да пробам. Пишав во труднички муабети, сакав на некој начин да се збогувам, таму прв пат пишав барајќи утеха уште кога се обидував да забременам, а сега беше ден пред пораѓај па некако си беше ред да пишам. Лежам на спална, ај викам да гледаме малку ТВ секогаш ме успива, кога почувствував нешто ми протече. Станувам до кревет нема дилема и пижами како помочани се сторија. На мм му викам водењакот е 100%, он очи полни страв, ти реков да седиш вели ти ко за инает, за уште еден ден не издржа Звонам на болница, ми викаат дојди, е тогаш почнав да се облекувам а тело неконтролирано да ми се тресе, си викам ми студи, ама знам и дека адреналин ме пукна. Мм пали цигара, заборавена кутија од гости, а откажани му се 10 години. Седнуваме во кола и 12 ипол сме во болница, некаде пола саат од водењакот. За попат ставам две од влошките за после пораѓај што ги имав, и двете се полни ги чувствувам дека баш тежат. На болница ми прават тест, потврдуваат плодова вода е, предгед со рака, викаат еден сантим отворена, се допира главчето. Преговараат кратко околу тоа што сум јадела и пиела и пред колку сати и одлучуваат ќе се прави царски сега. Сатот еден, носат итен царски, викаат сепак ќе почекаме со тебе. Ок велам. Чекаме со мм, јас на цтг лежам, почнуваат благи менструални болки, околу 2, нешто и посилни. Имам чувство морам по голема нужда. Не иде уште никој по нас. Му викам на мм ако е речено да биде природен пораѓај, ако испадне касно за царски значи стварно се ми е контра цел живот. Два ипол конечно иде некој по мене, ми носи облека, го убедуваат мм дека нема да види крв ако присуствува, он вели да идам ако сакаш, а јас знам дека ако иде треба да го думам и него се онесвестува 100%. Ајде сепак да не иде одлучуваме, ќе ме чека во постоперативна соба. Едно гајле помалку, искрено ми олесна. Влегувам, ставаат спинална, одвај да сетив нешто, не здоболе ич. Почна да делува за 10 секунди, ставаат катетер што исто не сетив. Дезинфекција на стомак богами ладно сетив и им кажав викаат нормално е. Гледам на сатот на ѕид 3:10 мин, чувствам влечење, туркање, притисок ама болка не. Ми викаат поглед насочи нагоре, гледам преку параванот главче полно коса и фацулче најслатко расплачено. Го бришат кратко и го легнуваат на мене. Си ја гушнав принцезата и плачев со нејзе. Викаат уште 5 мин шиење си готова, да ја носиме кај маж ти, носете ја викам нека се запознаат и они. Покасно и јас се придружив, маж ми ја гушнал, распетлал кошула му рекле кожа на кожа да е контактот. Ја гледаме и и се восхитуваме, во 3:22 часот се роди наша беба, со 3600 гр. 53 цм и најслатки обравчиња на свет. Помина ноќта во гушкање, болки немав се до другиот ден 12 сат, прво станување. Јас спремна дека ќе боли, и болеше ама издржливо. Катетер извадија одма. И така малку со подгрбавена малку со влечкање станав дента уште неколку пати, другиот ден веќе далеку послободно и побезболно, 3 ден како нова. Малце влече рана ама кога ќе заборавам дека ја имам па се наведнам нагло или се смеам. Не пуштија дома, 4 ден еве ја споделувам радоста со вас и ви посакувам убави породилни искуства. Исходот е најважен и за секое патешествие вреден радоста неопишлива
Души мили да сте живи и здрави двете. Како што ближи време така се поемотивно ги доживувам породилните приказни
Бебка нани,маж спие корни,јас си направив какао и реално не ми се верува на тишаната што ја доживувам после три недели, па така спонтано испадна и ми текна да си ја раскажам мојата породилна приказна. На 12.01 редовен преглед јас отворена 2см,докторка вика имаш време бегај дома се гледаме за 4 дена. Си влегувам дома лабавко си викам шо убаво ќе си славам Василица и роденден рајат. И така во тој момент ми прска водењак и ајт назад на болница. Болки никакви неколку саати, ме уклучија на провокација и така цела вечер си седев со инфузијата во рака бидејќи природно не се отворав. Болките ги поднесував добро без анестезија ама рачните прегледи од докторката хорор, ечеше геникологија.Во 5 часот на 13.01 иди докторката ме гледа рачно вика одиме во родилна,конечно после 16 саати...се отворив доволно да можам да родам. Во родилна се заврши се во рок од 5 мин,богами и докторката се испоти како таа да раѓаше. И дојде на свет моето ангелче,мојот роденденски подарок од дедо Боже,поштено си се изнаплакав кога го видов и кога го зедов во раце. Плачам и сега кога го гледам колку е совршен,мое плавко со зелени очиња. Ви посакувам ваква љубов и радост на сите и по можност многу полесен пороѓај од мојот. Се читкаме во темите за бебе
@Liu честитки храбра мамичке, нека е живо и здраво малото плавко со зелени очиња, се надевам дека сите ние идни мамички ќе поминеме лесно, Ви посакувам на сите со лесно и само убави мигови и моменти со најмилите, далеку е Мај ама со душа ја чекам мојата мала палавка ❤❤❤
Дали некоја на преглед била 1 цм отворена и после на колку време дена контрола правевте? Мене во средата ме виде 1 цм и ми рече сабота а сега ми вели ако немаш болки не мора утре рано е.. Не знам болки денеска 3 пати имав во 9 па во 13 па 17 ч и на секојаболка ми се водени д веш малку кругче и не знам што да речам лажни многу болки имам
Јас бев на контрола 2цм отворена, тоа беше околу пладне и докторката ми рече другиот ден као демек на контрола во 8 сабајле. Цел ден немав никакви болки освен малку во половината ама не им придавав значење. Вечерта седев до касно и баш си реков ма каков преглед утре, има да се изнаспијам ама во 5 сабајле ми пукна водењакот ама не наеднаш млаз туку полека полека и со тоа почнаја и болките и сепак отидов на преглед утрото ☺️ Во 8ч бев отворена 4-5цм и во 11:25 бев породена. Со лесно ❤️
Фала.. не знам ми е мисла да не ме види можеби со овие болки се подотворам, за второ сум бремена за првото со водењак пукнат бев па не знам. А и велат дека можи денови недели да се тера со 1 цм па така да нз
Јас сум уште 1,5цм отворена од вторник и денес на контрола вели доктор да не чекаме повеќе во понеделник да се исчистам со клизма и да идам да ми ставаат провокации ми рече ова бебе сака да излава ама му треба наша помош болки имам ама се трпат
Јас 25 декември со јаки болки се отворив 5цм а се породив 9 јануари две недели си шетав така 5цм отворена..се најубаво ти посакувам
Така ми се правеше кругче цел ден мислев вагинален исцедок, тоа плодова вода да ти било. Болки немав. Вечерта ми пукна водењакот отидов 2цм отворена, до сабајлето се породив. Од 2цм до 9цм се отворив буквално за неколку минути без провокации, а мислеа ќе терам цел ден. Мн е индивидуално тоа и кај секој е различно. Некои де отвараат со денови јас ете неколку часа бев 2цм и одеднаш се отворив и одма се породив. Со лесно
Секоја трудница различно искуство има. Никој не може да предвиди како ке трае процесот на отварање. Може да биде за ден два или две недели. Со лесно.
И btw сакав да кажам, нормално е дека кај сите е индивидуално. Една жена можи да има две сосема различни бремености и пораѓања па камоли да споредуваме, но само споделиваме искуства. ☺️
Точно така втора бременост ми е скрос различна од првата па така и пораѓаите... Но друго е слично искуство кога ќе видеш си даваме сила едни со други
И кажувам на докторката за воденото вели водата млаз ќе биди не можи по малку.. Тебе како ти кажаа дека водата била?
Јас се сомневав дека напукнал водењакот затоа што ми беше чудно да е само исцедок, незнам како да објаснам ама поинаку беше од исчедокот што го имав цела бременост. Ама ете исто мислејќи дека кога ќе пукне водењак тече како млаз си викав ај ништо не е Во болница после ми кажаа дека водењакот бил напукнат горе и по малку протекувал цел ден и вечерта пукнал и тогаш баш млаз беше низ нозе ми течеше