Без сабајле има доволно вода болки на цтг нема а вагинално цела рака ми се чини бфцкаше фаќаше не ме болеше, ама врчи исто си 1 прст
Да ја напишам и мојата втора приказна, поминаа скоро три месеци. Лежечка бременост од 19 недела поради крварење за кое никој не знае од кај беше. На 16.11. бев на цтг, ме гледа др и ми вика скоро три прста отворена но нема болки полежи дома па дојди во четврток ќе видиме што ќе правиме. Четврток 18.11 во 8ч одам на цтг и преглед, уште исто отворена ама цтг не беше добро направено, апаратот не чинел да направам уште едно. Додека правам цтг го викаат др на состанок и ми вика чекај ме, не јади нњ пиј ништо. Дојде др во 14.00 јас нејадена непиена, додека чекав седев ќе ме фати кичма станав прошетав, се нишкав во ходник. Ми вика др супер е цтг оди си дома, му викам ама ова е сабајле од 9, додека ве чекав имам некои болкички, ај иди напрај ново цтг, го правам покажува некои болки ама не се тие тие и ми вика ај да зирнам. Ме прегледува и ми вика Абе Паркер па ти ќе раѓаш денеска 5 прста си отворена. Ајде нека ти направат прием. Додека ми прават прием др ми вика а јас што треба да си одам, му викам епа ако треба и имате обврски одете си ама ако сте во можност да ме породите би сакала да останете. Ме качија на патолошка, таму движев и си пеев, Дино Мерлин, Данас сам ок, доаѓа др ми вика ај да те зирнам јас пак пеам, ми вика имаш болки, имам нешто минимални, цтг покажува болки и отворена 6-7 прста, ајде на клизма. После доаѓа болничарката и ми вика ајде во родилна, одиме натаму јас пеам пак и ми се смее и ми вика ќе видиме дали ќе пееш отсега. Таму морав да лежам за цтг и му викам на др може да станам да се нишкам и да си пеам ми вика ај да зирнам пак,ме виде 8 прста отворена ми го пукна водењакот и ми вика е сега мора да лежиш за еден саат ќе се породиш. Имав болки ама издржливи едно пола саат и после почнаа јаките, пејам само хеј хеј хеј данас сам ок друг текст не ми текнува и со поглед го барам др, му мафтам кога ме виде. И ми вика како иде, се смеам и му викам имам напони, рано е, и му викам ама иде бебето. Ме зирна, ми направи рачен преглед (ме дилатираше малку) и вика ајде на бокс. Доаѓа бабицата и ми вика стани и и викам низ заби не можам имам напон да помине па ќе станам Станувам одам натаму и на врата на боксот му викам иде бебето. Додека ме наместат на столот, имам напони, др ми вика не буткај, не успеваат да ми наместат цтг, др вика не треба ќе искача бебето. Ми вика за три минути ќе имаш бебе, му викам ајде да буткам нека заврши. И ми вика ајде буткај и со два напона и еден мал рез излезе мојот најубав буцко, 49цм и 3560гр во 20.30. Ми го дадоа одма да си го бацнам и гушнам и ме сликаа. Не сетив ништо од шиењето доле зошто го пратев со поглед моето второ сонце цело време. Е отпосле кога ме однесоа во соба ме болеше стомакот, уште како да имав контракции, не се сеќавав со првата да имав така, и барав да ме боцнат за болки. Ми се смееше сестрата ти се породи со песна сега ова те боли, и викам боли да не има уште едно бебе внатре Се погоди една сестра ми вика второ бебе ти е? И викам да, епа ќе те боли повеќе додека се собира матката и кога ќе цица бебето ќе боли да знаеш да не се плашиш. И така и беше. Ви посакувам на сите лесен пораѓај. Да знаев дека вториот пат ќе поминев вака лесно порано ќе се одлучев за второ и немаше да се плашам цела бременост Инаку се породив во Чаир, Др.Илиевски ме породи. Цар е човекот
Cestitki mamicka zivo i zdravo da e sinceto❣ sakam da prasam bidejki i jas sakam da se porodam vo cair imase li vrski kaj doktor Ilievski ili si zakaza na moj termin kaj nego koga pocna da odis na ctg?Citam deka bil mnogu profisionalen i strucen vo rabotata a jas plus inam i drugi zdrastveni problemi bi sakala kaj nego da ja isturkam bremenosta do kraj.Odnapred blagodaram Guski do bebusot
Кога бев со крварење во19недела он се погоди таму и така се погодивме, после цела бременост со него се консултирав за се.
Дојде ред и на нас да си ја кажеме нашата приказна што сакам побрзо да ја заборавам..бев на контрола на 12.02 и имав слаби болки и отворена 1,5цм ајде ми вели доктор во понеделник (14.02) стави си клизма исчистисе и дојди да раѓаме му се јавив пресреќна на мм дека ќе бидат во ист ден со синот ќе си имам дупли роденден.. така и беше ајде се спремив утрото со мм појдовме болница, таму ме примија имав болки таа ноќ на саат и веќе бев 3цм па ми рекоа ќе почекаат до 13ч ако не се отворам повеќе ќе си добијам провокации, и така беше си добив провокации и полека но сигурно ми почнаа контракциите ајде на преглед добро е 4цм ајде појачајте дозата на провокации, почнав веќе да си имам јаки болки и ајде пак преглед 5цм ми вели доктор ова вака неможе ќе пукам водењак јас почнав да викам не не те молам немој докторе а тој морам зема тоа иглата и ми го пукна а јас само се Стегам и солзи ми течат, ми вели со онолку плодова вода немало ни да родиш, беше 18:30 јас болки на 5мин ајде пак проверка 7цм ама гооолем проблем бебе со раче иде да излава веќе знаев што ме чека за жал.. ајде лежи вака ајде онака ајде оди диши ги контракциите кога веќе раче почна да излава, веќе 21ч а тие ме мачат уште јас веќе болки на 3мин и почнав да плакам да се молам да ме пратат Штип и ова морам да го споделам фаќав врски за да ме примаат ејј се борев за живот со синми, ми се јавија и ми Велат одма тука ако не ти дава доктор потпиши се Оти отидовте и двајцата, мм на врата на доктор вели давај ми жената да си ја водам од тука ќе ми ја умрете ајде брза помош јас болки на 2мин се молам на Бога да издржиме до Штип, веќе осеќам раче меѓу нози лелеее велам Боже спасине, стасавме мм ко мртовец плака и се моли а јас незнаев веќе дека сум од болки, бргу на бокс докторката ми стиска нозе и ми вели те молам диши болките те молам за да ве спасам значи по дишење контракции можам професорка бидам докторка врз мене стиска нозе јас дишам и ај во сала таму 3 доктори испаничени сите во очите и видов а јас веќе се губам тие ми зборуваат а јас ко у транс ајде анестезија одма ме отворија од оздола доктор му враќа раче докторка врз мене влече и оп се роди мојот син БОРЕЦ во 22:25 на 14.02 кога слушнав како плаче само викнав фала Боже ми го спаси синот, од мака неможев ни да си го видов ко што треба, почнав да се тресам ме држат да ме сошијат надвор пред врата на мм му Велат честито син тој паднал и додека го освестат велел а жена ми дека е, Велат не се плаши имаш жена борец а таков и син добро се. Морам да кажам за персоналот во Штип прекрасни беа сите а посебно мојата Докторка Габи фала му на Бога што сме добри моето Ангелче едвај преживеа ама се бореше јуначки за да си го гушкаме сега со батко сакам да заборавам побрзо на оваа траума. И само едно ќе кажам Мајки-царици ви симнувам капа, јас уште си доаѓам на себе од кревет станав после 2 дена и уште имам главоболка и вртоглавици ама имам за кој да живеам
Cestitki majka, da e zivo i zdravo bebceto i pobrzo da se oporavis. Izvini vaka sto prasuvam, me interesira vo koja bolnica ti se sluci ovaa neprijatna slucka?
Браво за мајка и син борци! Жив, здрав и од Бога благословен да е дечкото. ❤️ Поскоро опоравување мама и што побрзо да заборавиш што се случило во Кочани.
Дојде време да ја раскажам и нашата приказна. Некој од вас сте ме читале и знаете дека лани во Април направив лапароскопски серклаж кај проф. Димитров во Ремедика. По само еден циклус јас останав бремена. После две неуспешни бремености, јас оваа бременост ја поминав сосем нормално движејки се(На работа не одев), завршувајќи ги сите обврски низ дома. Бременоста ми ја водеше Димитров кој се на се два пати ме прегледа, во шеста и во 27 недела на ехо и измеѓу ми направи две консултации со резултати. Од 34 недела почнав со цтг и ми рече дека веќе е време и може било кога да се породам. Тоа негово време се случи дури во 38+2 на закажан царски. Сабајлето отидов се пријавив и ме одведоа во соба. Припремите ми беа направени претходниот ден. Дојде само анестезиолог да ме види, ми поставија канила и ми дадоа чепче за да се испразнам. Ми рекоа дека ќе ме викнат кога ќе дојде време. Во 10 до 12 дојде сестра и ме поведе во сала. Таму веднаш анестезиологот ме припреми за анестезија. Во 12 и 5 дојде професорот во сала и веднаш почна. Во 12 и 13 се роди мојата принцеза. Слушнав плачење и јас заплакав. Проф. Димитров само рече честитки мајка, сте имале среќа и двете. Ја средија и ми ја ставија на рамо, за да не сликаат. Потоа ја однесоа, а кај мене излезе циста на јајник па мораше да ја извадат и да ме сошијат. Во 13 и 20 веќе бев во шок соба и за еден час ме однесоа во собата и ми ја донесоа бебушка за да се погушкаме. Кога ги погледнав сликите на тел. сфатив дека моето дете е родено со чвор на папочната врвца затоа проф. Рече дека сме имале среќа. Сепак јас имам најпријатно искуство со Ремедика и со проф. Димитров и вечно ќе им бидам благодарна. Моето дете е подарок од бога со помош на проф. Димитров.
Браво мајка, нека ти се живи и здрави и малото и големото. Алал да и е на др Габи, во сигурни раце си била.
Oh duso te citam i emocii premnogu se naeziv seta. Da e zdrv i ziv borecot i ti da si zdrava i ziva. Bravo za tebe i ke zaboravis se no ke treba vreme. Gospod e golem
И јас да ви споделам искуство за мојата породилна приказна Уредна втора бременост, надминат термин, примена на ГАК во Петок 18.03(термин 12ти), без болки и отворена 2цм на Патолошка до Недела 20ти кога се роди принцезата Во Недела после визита ме качуваат во предродилна, пуштаат провокации, се јавуваат болки, се отварам до 8цм...напредува добро, ама бебе не се спушта. Се мислат што да прават, бебе големо им гледа, околу 4кг го проценуваат(а и првото толку го родив, спонтано) пичекаа нема промена. Викаат ќе мора царски, со спинална, викам ајде Жал ни е што се измачи, ама не бива. Се заврши брзо, девојчето убаво на мама 4750гр се роди, 52 цм ова не можеше да излезе викаат од мала жена ко тебе. Се добро се заврши, среќни сите. Ме породи Тантуровски, а на дежуство беа со Чибишева предводени од професор Јадранка Ѓеорѓиевска, одлучен тим. Малце се намачив со родилни болки, сега и болки од рана, ама вредеше Посакувам мн успешни приказни ❤️