Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Породилни приказни

Дискусија во 'Бременост' започната од fairy88, 20 август 2012.

  1. zalosna

    zalosna Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2011
    Пораки:
    4.742
    Допаѓања:
    78.090
    Пол:
    Женски
    да ви ја раскажам и јас мојата породилна приказна :) нојчта во 2 сатот на 11.2 имавме односи со мм надевајчи се дека че ми пукни водењакот :D во 6 сатот сабајлето ми пукна водењакот додека лежев во кревет и му викам на мм срце стани и дајми крпа да не одам така до копатило.. тој кутријот од страв ми даде крпа и јас додека се истуширав тој се облекол цакум пакум и ајде ми вика да одиме а јас полека си се стредував пошто немав никакви болки а кога видов крв паника ме фати.во 7:30 стигнавме на болница со ептен слаби болки и по малце ми истекуваше водењакот помешано со крв ( :puke: ) не памтам колку пати ме ставаа на цтг :?: и секој пат покажуваше дека немам никакви болки.бабичата ми рече да почекаме 24 сати и ако не започнат сами болките дека че ми стават чепче а мене пошто не ми се чекаше сакав одма да ми стават чепче незнаејчи дека од него сите светци че ги видам ;( во 17 сатот ми го ставија и после 20 мин почнав да ги осејчам болките..како одминуваше времето мене се појако и по убрзано ме фајчаа болките а бабицата на секоја моја болка со прстите ме масираше на цервиксот што беше уште поболно..првен ги ставаше само прстите а после на секоја јака болка почнала и цела дланка да ја става внатре (черкчката одпосле ми раскажуваше што видела ) мислев дека рацете до лактој и се со крв.. овде че скратам :( последните 2 сати беја хорор за мене дојде и главната сестра и слушнав како и вели на бабицата зошто побрзо не изреагирала за да ми ги стабилизира болките ;( на секој 5 мин така едно 5 сприца ми ставаја нешто за против болки ама габе беше се :( не можев ни на пола мин. да се издишам почнав да се губам ја гледав бабицато вочи и без глас сакав да и кажам дека готово че паднам во несвест .... а таа мм и черками одвреме на време ги слушав како ми викат уште малце диши диши диши и едно време ми рекоја да не давам напон појче длабоко да земам воздух и после да напнам за да излези скроз главчето а на вторијот и последен напон излезе малата анастасиа во 22 и 56 мин.. (4030г) :sweat: после ме шијеја 30 мин распукав внатрешно а и надворешно..и да си кажам да небеше мм до мене че паднев и од кревет се скапав пикајне во него а раката кутријот мислам дека цела му ја згмечив :$
     
    На Abeja, Butterfly-Girl, Twinkles и 12 други им се допаѓа ова.
  2. gelkaa

    gelkaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    397
    Допаѓања:
    1.490
    ухх ме наврати 2 месеци уназад...истото ми се случи само со систем не со чепче..и за наша несреќа јас немав сила да туркам... ;( ајде битно помина..сега можиме само да раскажуваме :D
     
    На zalosna му/ѝ се допаѓа ова.
  3. captivating

    captivating Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    476
    Ако нешто научив нешто во болница додека лежевме на детска клиника тоа е дека е МНОГУ многу важно да туркаш. Тоа би ми било совет за сите трудници. Не сакам да исплашам некој посебно затоа што многу жени и онака се плашат од пораѓај ама буткајте колку што можете.
    И јас имав моменти кога мислев неможам (мислам дека дури и реков) ама после се што видов на детска клиника наредниот пак има да туркам и тоа како.
     
  4. TSS

    TSS Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 април 2013
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    396
    Ајде додека мојата принцезичка спие да ви ја раскажам мојата породилна приказна.
    Значи како што имав пишано во понеделникот бев на контрола поради високиот притисок,прво ме ставија на цтг и резултатот не беше баш добар ми ставија инфузија и требаше повторно да го повториме цтг-то па според него требаше да се одлучи дали ќе треба да ми стават провокација или ќе чекаме.Откако истече инфузијата цтг-то беше добро,докторката ме прегледа вагинално и ми кажа дека сум отворена 3цм и ми рече во текот на ноќта да очекувам болки.Си дојдовме дома,дојде време за спиење ама јас око не можев да склопам,цело време паметот ми беше во болките кои треба да почнат секој момент.Утрото се разбудив во 5 и 30 со минимални болки.Како што поминуваат часовите болките беа почести и појаки.И се јавив на мојата пријатела (која е бабица и требаше таа да ме породи) ми рече да почекаме уште малку,ако болките се појаки и почести ќе одиме да видат колку сум отворена и дали сум за пораѓај.Морам да го пофалам и мм кој мноооогу ми се најде,на секои болки ми го масираше грбот и така чувствував мноогу олеснување.Чекав така до кај 11 часот,пријателката ми се јави да праша како сум и и кажав дека болките ми се јаки и на 5 минути.Се спремивме со мм излеговме ја зедовме пријателката од дома и веднаш заминавме во болница.Таму стигнавме во 11 и 10 мин и се погоди да биде дежурен началникот на гинекологија,ме прегледа и кажа дека сум готова за пораѓај,отворена максимални 10цм.Ми го пукна водењакот (воопшто не болеше) и потоа ме ставија на цтг.Не издржав да заврши цтг-то веднаш ме префрлија во родилната сала.Дадов 2-3 напнувања и докторот кажа дека ќе мораат малку да ме кацнат,мене ме фати огромен страв (поради тоа што знаев од претходниот пораѓај дека боли) и почнав малку да викам :tmi: По сечењето со 3 напнувања излезе мојата ќеркичка :inlove: тешка 3520 и 50 цм долга со косичка спремна за плетенки (вредеа киселините што ги имав :D ) Ми ја дадоа да ја видам и да се помазиме па потоа ја бањаа.Во меѓу време ми ја извадија плацентата и дојде времето за шиење(за мене тоа беше навистина болно и покрај анестезијата) но сепак заборавив на секоја болка кога повторно ја видов мојата убавица :inlove: Не пречекаа тато баба и вујче за да ни честитаат и потоа не префрлија во соба. Во главно навистина се некако се одвиваше брзо и лесно.
    Тоа е мојата мојата породилна приказна па сега одам да се мазам со принцезата :inlove: :*
     
    На Abeja, girl-miri, ddevojce и 15 други им се допаѓа ова.
  5. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    3.492
    Допаѓања:
    4.548
    Eve ja i mojata prikazna.termin mi bese 21.02 a jas aber nemam ni bolki ni nisto odev na ctg i se bese uredno nisto seriozno.poslednata nedela odev preku den na ctg.na prvi me zadrzaa vo bolnica so upat od maticen bidejki bev 40 nedela i mi stavija cep(nekoj hormon) koj bese 24 casa vo mene.cel den nisto jadev piev se setavme niz boln.so mm. Vecerta otkaj 2 po polnok pocnav da osekam bolki koi se poveke stanuvaa bolni uspejav da doruckuvam sabajleto zosto sila ke mi treba si znaev.pocnaa bolkite ja krevav bolnicata vo vis.vo 12 casot go izvadiv cepot i prokrvariv mi stavija infuzija i nekoi inekci za smiruvanje na bolkite nesto kako da me zamarlusat(kako droga mi rekoa deka e..nemam pojma
    )ama nisto ne pomaga,mi ponudija epiduralna odbiv,bev otvorena 6 cm i se poveke se otvarav.od 14 casot pocnav da ragam (mm bese prisuten bukvalno vide se zalniot go smaknav vlecejki teglajki na naponite toj mi bese najgolemata podrska) ke napnam pa voda ke se napijam ispijav tri sisinja voda na poragjajot.na posledniot napon rekoa deka ke me secat.e togas go vidov sveti petar kolku li samo me bolese abe crknav i se derev.i so posledniot napon izleze mojata peperutka na 02.03 vo 14:46 teska 3195 i 52 cm (deset dena po termin) sega si ja guskam i vredi sekoja bolka koga si go gledas deteto pak bi pominala se za moeto cedo.
     
    На Abeja, Agrona, butterfly.mk и 8 други им се допаѓа ова.
  6. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    За неколку дена и јас ке бидам дома со мојата пеперутка :) па ке ја пишам мојата приказна.
     
    На Beautiful-Princess, ecapereca, ddevojce и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    еве ме и мене со мојата приказна.

    беше четворток вечер,со мм се спремивме за легнување и како секоја вечер си го галивме мешето и си правиме планови за нашата иднина со нашето бебе,мм вика уште малце остана да се сретнеме мило, како да знаеше штко ке биде.
    наутро накај 5 и 20 почуствував млака вода за момент помислив дека се помочкав без да забележам и го разбудив мм ја запали струјата и што ке видам јас поплава сум направила :worried: и станав и кога гледам водата повеке и повеке течеше и му викам на мм тоа е тоа,почнав да плачам бидејки беа само 32 недели од бременост,не сакав да се роди малата порано така плашлива се измив малце доле и тргнавме за во болница.
    цел пат плачев од страв за малото и загрижена си викав молите господе да биде добро моето бебе!.
    стигнавме во болница и се контроли почна да прават и видеоа дека е водата,ми ставија инекци и антибиотици за да нема инфекци и да се задрзи бебето,цел ден помина така лежејки и молејки да моето бебе биде добро.
    наредниот ден ми направија ехо и докторот ми кажа дека бебето нема доволно вода па скоро и ништо па ми кажа наредниот ден ке се породам :( загрижена и му реков само да биде добро бебето ве молам!.
    цела вечер помина така без да знам зошто наенаш така,загрижена бев премногу што немислев дали ке боли или не само бебето да биде со мене.
    наредниот ден накај 11 и 30 ми извадија вештачката и се тоа и ми кажа да чекам болки.
    така накај 12 и 30 почна понекогаш да ме стега мешето на 15минутки,си разговаравме со мм он мери и вика почна болките не се плаши јас сум со тебе а јас викам ТЕ МОЛАМ САМО БЕБЕТО ДА БИДЕ СО НАС!.
    болките помина накај 10 минутки и се повеке и повеке болни а јас се молев цело време господ да дозволи да бидам со бебето-се плашев бидејки беше рано за порогај.
    накај 14 и 30 болките се претворија на 7 минутки и веке стварно болни па ме префрлија во соба пред порогај а таму следува болки од 5 минутки и силни,ме прегледа доле а јас само малце отворена и скоро ништо ми вика гинекологот :worried:
    накај 16 ме ватија болки на секој минутка,минутка болка минутка немав ништо,кога се смирував ми идеше еден сон ммм а потоа пак силна болка и викам на бабицата ородувај неможам веке а она ми кажа сите така породуват ама ако ме послушаш може полесно да поминеш и со советот да туркам и да стојам на нозе со правилно дишење дојде 17 и 20 каде се отворив и ме однесоа во сала а потоа во 3 силни напини и 1 помал на ден 26-1-14 во 17 и 47 се роди мојата мала силна душиќка :inlove: ја завитка ја бакнав и посакав добро дојде на овој свет :inlove: ме гледаше со малите очиња зачудено :inlove: душата ми ја изгоре,па за зал мораше да ја однесат бидејки беше порано родена,останав во сала уште половина сат мора да ме шијат а јас цело време ги гледав пред мене тие очиња :inlove:
    ме однесоа во соба каде сите мајки беа со нивните мали а јас се породив а бебе немав до мене,плачев и се грижев исто времено па сама на себе си викав господ ке помогне морам да имам сила да и малата биде силна...наредниот ден отидов во салата за бебиња и ја гледам мојата пеперутка таму со илјада кабли иинекци на неа, душата ми се скина.3 ден ме пуштија од болница дома а дома без малата беше пекол за мене ;( секој ден одев ја гледав али ја сакав кај мене,да ја гушкам и галам како мајка и ќерка...
    поминува денови и сите беа така одев ја гледв и се молев за неа да дојде дома здрава и жива,секој ден беше нешто плус за нас,секој ден новости чекавме за малата,кога ја гледавме и прашувавме како оди напред,дали ке биде добро,за наша среча беше добро после недела дена ја извадија од инкубатор :sun: сонце ме огреа кога почнав да ја гушкам и галам секој ден,па ја бањав и облекував и се беше добро..
    наредните дена кога дојде до 2и 500кг требаше да ја имаме дома а за жал не ја зедовме бидејки се појави мал проблем со јадење на малата, јас останав од тогаш со неја да и помагам да јаде добо и така две недели малата беше одлично дојде до 3кг и секој ден напердуваше се повеке и повеке :)
    сабота беше денот кога ја земавме дома и да ви кажам ОД ТОГАШ Е СЕ ПОУБАВО ВО НАШИОТ ДОМ:inlove:
    речеси 2 месеца болка без мојата душиќка али се ке се преболи во моментите со мојата принцезичка.
    ни јас ни мм никогаш не сме биле олку среќни радосни и весели а НАЈУБАВОТО БИЛО ДА СИ МАЈКА И СО СВОЕТО ЧЕДО ДА СЕ ГУШКАШ!.НАЈГОЛЕМАТА СРЕЌА МОЈА!: И НА ЕДНА ЖЕНА.

    совет до наредните мајки туркајте и дишете правилно стоете на нозе колку можете,тоа е ваш момент да бидете силни а потоа да бидете најсреќни на свет.
     
    На Serafima, Abeja, sharONA и 12 други им се допаѓа ова.
  8. sanjickac

    sanjickac Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Здраво на сите мамички. Јас сум од утре 38 недела,прво бебе и имам еден куп прашања низ глава. Вчера бев на ехо и докторот ми кажа дека е свртено со главчето, ама не е спуштено во мала карлица. Дали тоа значи дека имам уште доста време или немора да значи. И дали неколку дена пред породување има некои предзнаци, спуштање на бебето, контракции, болки, често мокрење или се доаѓа наеднаш? Вчера докторот ми кажа дека со ЦТГ се поцнува од 39 недела, вас кога ви направија прв пат ЦТГ? Благодарам :)
     
  9. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.105
    Пол:
    Женски
    Да го искористам моментот додека бебушко спие, па да ви ја раскажам мојата породилна приказна!

    На 28-ми март некаде околу 21-22 часот почнав да добивам болки, кои се повторуваа на половина час.
    Помислив дека се ближи моментот кога на свет ќе го донесам своето прво чедо.
    Возбудено одлучив да чекам болките да се повторуваат на 15 минути, па да отидам на контрола.
    Некаде околу 03:00 часот веќе на 29-ти март почнав да добивам болки на 15 минути. Отидовме во Државна болница, ЦТГ си ги покажа болките, но вагиналниот преглед излезе дека сум само прст отворена (Толку бев и претходните 4-5 дена)
    Ми рекоа да си одам дома и да чекам болките да се повторуваат на 5 минути, па тогаш повторно да дојдам.
    Почнав да станувам се посигурна дека штом не се отворам, а имам болки сепак ќе завршам на царски како што и претпоставуваше докторката.
    Се вративме дома, не спиев што од возбуда, што од болките кои како поминуваше времето стануваа се посилни.
    Гледав на саат, почнав да добивам болки на 8 до 10 минути, нешто појаки од претходните кои ги добивав на 15 минути.
    Околу 12 часот почнав да ги чувствувам на 5 минути, уште чекав, да бидам сигурна дека тоа е тоа.
    Во 14 часот со болки на 5 минути отидов повторно во Државна болница.
    ЦТГ си покажа уште повеќе и посилни болки, а вагиналниот преглед повторно само прст отворена.
    Чекав да ми кажат дека ќе ме подготват за царски, место тоа ме однесоа на патолошка да чекам.
    Таму бев 2-3 часа. Болките почнаа да стануваат се понеподносливи. Почнав да клекнувам на земја и да се виткам.
    Не знаев колку треба да чекам и што треба да чекам да се случи.
    Го викнав докторот што беше на смена да ме прегледа. Во меѓу време сум се отворила 3 прста.
    Докторот искоментира: Дури не ми се верува.. Ти си за во породилна сила, сестро качете ја горе.
    Јас уште позбунета, што сега? Мислев готово, ме носат да раѓам.
    Во породилната сала ме однесоа некаде околу 18 часот. Таму имаше неколку мешиња кои врескаа, кукаа, се виткаа од болки.. Таа глетка уште повеќе ме исплаши.
    Ми кажаа каде да легнам, ми ги побараа потребните информации, ми дадоа чепче за прочистување и ме ставија на ЦТГ.
    Како поминуваше времето болките стануваа се по неподносливи. Јас со се пострашни болки бев отворена само 3 прста.
    После мене мешињата што пристигнуваа, пред мене ги носеа на бокс да родат.
    Мене никакви информации не ми даваа освен рано ти е!
    Полудував од страв и грижи.. Не знаев што ме чека и зошто ме држат таму толку време, кога се речиси сигурно дека јас сум за царски?!
    Секое наредно ЦТГ јас со се поголеми болки.. Срам не срам и јас почнав да плачам и да кукам.
    Бев уморна и ненаспана, толку многу посакував да можам да заспијам, но болките немаше шанси да ми ги дозволат тоа.
    Веќе не можев да издржам, па го викнав докторот да ме прегледа. Од 3 прасти, сум се отворила 6 прсти.
    Докторот повторно рече: Добро е, ова воопшто не го очекувавме! И ме остави повторно да чекам..
    Чекањето носеше се посилни и посилни болки..
    По неколку часа повторно побарав да ме прегледаат! Веќе беше неподносливо! Ми потече дури и крв од нос!
    Беше нов ден 30.03.2014 јас бев отворена 8-9 прсти и докторот тогаш рече: Супер, носете ја на бокс!
    Конечно сфатив дека поентата била да чекаат природно да се породам.
    Отидовме на бокс, ми го пукнаа водењакот и ми дадоа провокација. Мислев дека за час ќе се породам, но раѓањето кај мене не одеше воопшто брзо и лесно.
    Ме оставија сама на бокс, тоа ме исплаши уште повеќе. Приклучена бев на ЦТГ, гледав како кривите линии лудуваат, а јас вриштев од болки (Иако тоа најмногу го мразев и се обидував да бидам присебна и да не го правам тоа, не можев, беше страшно да се трпи со стиснати заби)
    Имав 3-4 контракции, а бев сосем сама.
    Првите две контракции од мене излегуваше водењакот! Следните две чувствував како бебенцето сака да излезе.
    Викав по докторите и сестрите да дојдат, се плашев дека сама ќе се породам. Всушност јас и почнав сама да се пораѓам!
    Дојде една сестра, ме погледна долу и рече: Ааааа еве го главчето, има црна косичка.
    Викна по докторот и сестрите. Се собраа сите, конечно!
    Почна процесот на породување, докторот ми кажа каков напон треба да дадам, а јас не успевав да го сторам тоа што беше побарано од мене.
    Сета сила и енергија сум ја трошела во напонот кој го давав во главата. Ми прснаа капилари на глава и на гради од тој напон, но небитно.
    Се мачевме на бокс, бебушко никако да излезе. Неизбежно беше да ме сецнат, го сторија тоа и за две напнувања кои успеав да ги направам правилно дојде на свет мојот син.
    Веќе беше 11:10 часот. Болки и измачување цели 36 часа! Вистинска агонија!
    Кога ги видов тие очи полни љубов, нежност и невиност, заборавив низ што се поминав.
    Помислив само колку сум среќна што сум мајка на едно вакво прекрасно бебенце.
    Останав на бокс и наредните 5 часа по породувањето. Два часа морав за да се опоравам од породувањето, а наредните три часа бидејќи никаде немаше слободен кревет. Ужас! Целата бев здрвена и укочена.
    Најпосле ме однесоа во соба, едвај чекав да го видам син ми. За неколку часа ми го донесоа. :)
    Се мазевме, се галевме, одма го ставив на гради да цица. :) Уживавме.. Јас во неговото, тој во моето присуство.
    Сега сум со рана, болки од раната, болки во кичмата и фатена лева нога.. Најголемиот дел од денот сум во кревет, така и го дојам бебушко, не можам да седам заради раната, едвај јадам, малку се движам заради кичмата и ногата. Често ми создава тоа нервоза, но кога ќе ги погледнам тие очи, посебни и единствени на се заборавам.
    Јас сум МАЈКА и за тоа му благодарам на Бога! Да се биде мајка и да оставиш зад себе нешто највредно на овој свет е НАЈСКАПОЦЕНИОТ дар од Бога!
    ТИ БЛАГОДАРАМ ГОСПОДЕ!
     
    На TheSecret, Dust, JuLleE и 29 други им се допаѓа ова.
  10. dzanina

    dzanina Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    291
    Допаѓања:
    117
    Ајде и јас конечно да ви ја разкажам мојата породилна приказна конечно додека мојата малечка спија :D мало ѕверче е :rofl: беше сабота од сабајле осеќав мали болки, и така цел ден си шетав пазарував се до 8 сатот навечер кога почнаа поголеми болки на 8 минути, се јаве мм на брза помош и дојдеа ме зедоа во 9 бев таму. Ме прегледаја само еден прст отворена а болки се поголеми, докторот ме прати да лежам во претпородилна сала во 12 сатот јас се виткам од болки дојде докторка една друга ме прегледа и ми вели 3 прста отворена и ме пушта да се породувам со само 3 прста отворена :x а јас појма немам кај одам влегувам во собата и двете бабици ми велат ајде време е за породување јас така зачудена велам како да се породам кога сум само три прста, оние се чудат па што те пуштија овде па незнам велам и ме оставија да лежам таму ми ставија нешто против болки и ме смирија малце 1 сат само. Тој ден мм остана со мене цела ноќ болки другиот ден исто цел ден болки ненормални :( вечерта мм мораше да си оди и останав сама цела ноќ во болки шетав немав сила буквално ми паѓаше главата за спиење , ама не можев добивав нешто да ме смирува ама не помагаше во понеделникот сабајле уште во 5 дојде мм цело време беше со мене веќе во 10 немав сила од болки 3 ден беше ни водејнак пукнат ни се отворав бев како умрена па дојде една сестра да ми понуди епрудална и прифатив мм не ме оставаше пошто слушнал дека не е убо ама јас сакав оти не се трпеше веќе, па така ставев и тогаш мислам дека го видов господ како ми олеснаа болките ама ми требаја 3 пати да ми стават од таа епрудална пошто не ми делуваше одма по некоје време сум заспала 2 сати и за тоа време мојето шеќерче се спушти долу инаку цело време беше горе и на крајот ми пукна водејнакот и беше време за породување , напнував ама не можев и една од бабиците со раката седна над мене е тогаш како пискав ненормално никогаш нема да заборавам и со 4 5 напнувања во 17 сатот дојде на свет мојето шеќерче кога излегуваше излезе само главата па бабиците ја извлекоа мм буквално пискаше еве ја еве ја излезе прв пат го видов така возбуден :D и ме бакнаа ми ја ставија на гради и ја гушкав и и зборував а таа ме гледаше со тие убави зелени очиња тој момен не можи да се опиши може само да се почуствува заборавив се на тие 3 дена болки што имав и сега по 7 недели денес прави право ѕверче е плачка голема е ама најголема радост ми е кога ке ми даде една насмевка голем пост пишав Али тоа е мојата приказна ;)
     
    На Agrona, slimy, Beautiful-Princess и 12 други им се допаѓа ова.
  11. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.807
    Допаѓања:
    39.541
    Пол:
    Женски
    Мојата породилна приказна :)
    терминот ми беше на 01 04.
    Уште во 38недела од бременоста бев еден прст отворена , на цтг покажува болки ама ништо страшно
    Гинекологот уште тогаш ми рече да очекувам секој момент да се породам. И така ... ден по ден ...ништо не се случуваше .Знаевв дека ќе го надминам и терминот . Неколку дена пред терминот пиев еден коктел ,кој исто не помогна , добив минималнио болки ама вечерта кога преспав се изгубија и болките и се :^)
    Бабицата ми предложи да се напијам уште еднаш од коктелот и дефинитивно да заминам во болница на 04 април. Коктелот спремен , требаше да го испијам во 02ч и во 06ч да заминам во болница .... арно ама мене ме фатија болки сами од себе на полноќ.
    Ги истрпев сите болки во кревет, мислев има време .. не се страшни
    Во 02ч го разбудив мм, се спремивме и отидовме во болница. Мене болките ми беа на 4мин.
    На прегледот се покажа дека сум 9 прста отворена, цтг покажува болки ... време е за породување .. :D :D
    Јас цела среќна , се набрзинка почна да се случува... бабицата го пукна и водењакот .. и така болките станаа неподносливи. Во тоа време сите доктори беа на итна операција и јас останата сама со мм и бабицата .
    Побарав епидурална , рекоа веќе е касно , бебето е на праг да излезе .... арно ама не беше така.
    Докторот тек се појави во 4 30. на ехо преглед се виде дека главчето е заглавено , нема шанса природно да се роди ..шансите се премногу мали и решија итен царски.
    За мене шок. Дефинитивно најголем шок.. И така отидов до операционата сала , легнав ми ставија спинална анестезија , и почна се. .. Ме ставија чаршав да не гледам, рацете врзани ... и почна.
    Хорор ,немав болки нормално ама се осеќав. Како се распарува стомакот , како се вади бебето , како смукаат вода , крв што ти ја знам . Бебето го видов , го однесоа на преглед , а мене ме спремаа за шиење . Почна да ми се лоши , да ме фаќа паника , да се тресам . Ми ставија нешто за смирување кое не ни ми делуваше , рацете ги ослобидив , го потргнав и чаршавот и се ... Паника невидена бев. На крај ми ставија уште нешто и конечно се смирив и дури и заспав.
    За грев ...ме однесоа веќе готова , закрпена во родилната сала кај бебето .
    Според последното ехо и последните мерења бебето требаша да биде околу 3кила и 400 . арно ама бидна 4050гр. и 58см долго . Јас со моите 155см , премногу ситна мајка за толкаво големо бебе. :$
    И така среќна , уморна , со болки ...останав уште еден час доле во родилнаата сала со бебето и мм. Па после ме однесоа и во собата.
    Уште непоминати 12часа со една сестра станав од кревет се исправив , направив два чекора и помислив дека никогаш нема да можам да одам и да стојам . Неможев да се исправам . Наредниот ден пак станав се раздвижив , до тоалет па назад до кревет. И така секој ден помалце движење , веке третиот ден си одев нормално :clap:
    4от ден и ме пуштија дома . Сега после една недела , можам да кажам дека ова беше едно лошо искуство , и не би сакала да поминав низ истиот кошмар. Едино што вредеше да поминан низ се ова е бебето. Сега сме компетни . Фамилијата ми е комплетирана.Сестричката со душа го пречека братчето . Го гушка и бацува , прашува постојано за него . Јас сум најсреќна во моментов . :)
     
    На bittersweet, senza.parole, JuLleE и 19 други им се допаѓа ова.
  12. forumka

    forumka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2013
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    32
    а каков е тој коктел што го спомнувате?
     
  13. Ojesil

    Ojesil Активен член

    Се зачлени на:
    6 април 2014
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    13
    Мојата породилна приказна..
    Терминот ми беше до 4 ноември но бебуш дојде на свет на 26 октомври.
    Бидејки во општинава немаше кај да се породам матичниот ме прати во ск во мајка тереза демек на царски. Кога стигнав овде ете ти го тамошниот доктор Ванчо ме прегледува и ми вика ти можеш да траеш до утре утре ке извршиме операција. Арно ама вечерта накај 18 :00 почнаа да ме факат болки почнав да се отварам. Сестрите ми стават инфузии инекции за да не се породам демек болки ке ми намалело , арно ама бетер болки добивав. Вечерта во 00:15 ме одннесоа на пороилно оделение каде што бев 9 см отворена. И пак ме ставија на цтг . Сестрите отидоа си легноа биле преморени мене цтг ми траеше 2 ипол саати болки ненормални . Сестрите не дојдоа дури и кога повикав дека ми се мочка :$ . Велам јас сум за царски не за природен тие ми велат кога ке дојде твојот доктор ке каже за што си . Јас умирав од страв. И така од 12 и 15 до8 и 30 бев на цтг едно исклучуват друго вклучуват болките ненормални. Кога дојде др Ванчо си седна кафе да пие со колешките јас му викам зар негледаш дека се отварам за порагај треба царски да сум овој вели лежи таму јас знам за ш то си а јас на бокс за порагјај.(од овде ме пратија на цаарски зошто имав проблеми со бременоста и да не се изгубам сред порагјај.) И така до 15 за 10 никој не ме погледна цтг тече јас пискам од болки :$ др Ванчо отиде на др оделение да ги види родилките. Јас почнав да добивам напони ... дојде една сестра не се секавам како се викаше кога виде дека веке се порагам итно го викна др Ванчо и дур да дојде ме породија мед сестри на природен пат. Во 10 :00 дојде на свет мојот мал сладок син.
     
    На Beautiful-Princess, zalosna, butterfly.mk и 4 други им се допаѓа ова.
  14. Rusi

    Rusi Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    374
    Допаѓања:
    325
    Пол:
    Женски
    Лелеее каква е тоа приказна, цела бременост за царски се спремаш и на крај природно те пораѓаат, ама важно е дека ти херојски си издржала и си го имаш синчето живо и здраво :) :* до двајцата
     
    На zalosna му/ѝ се допаѓа ова.
  15. zanusi

    zanusi Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2014
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    13
    Здраво Мамички,
    мислам дека прочитав многу од вашите искуства,јас со првото дете поминав ужас пред 11 години на ГАК,и не зборувам за лошиот однос или слично (се изначитав и се потсетив :) секако секоја чест на исклучоците), туку такавата негрижа стана сериозно опасна по мојот живот,но фала му на Господ , се добро се заврши.
    Сега сум повторно бремена со второ дете и контролите ги правам во Систина, така што и породувањето би го направила таму.Но успеав да најдам многу малку приказни за искуство со породување во Систина.Ве молам доколку има такви, споделете го вашето искуство многу ќе ми помогне.
     
  16. book

    book Активен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2012
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    7
    Здраво мамички
    Како што јас ги читав вашите породилни приказни кои на моменти ме насмевнуваа, некои ме заплашуваа а други ми даваа сила дека како сите вие така и јас ќе успеам да го родам моето бебенце се чувствувам должна да ви ја раскажам и мојата приказна која се случуваше на 19.05.2014 :)
    Цела бременост инсистирав на тоа да се породам спонтано, да ме фатат болки од дома па така да ми почне и породувањето, несакав со закажан пораѓај, со провокации или со царски бидејќи имав потполно нормална и лесна бременост па сакав се да си оди по природен тек. Арно ама на 17.05 бев на преглед и ДР. ми вика отворена си 2-3 прсти, дај да ти ставам провокација и да те породам денес, јас цела ваква :o, не бев психички спремна за породување тој ден а и појдов без мм на болница па му викам на ДР. дали трпи работава барем до понеделник и ми вика ок ама нема бегање повеќе ( оти 3 пати претходно му избегав од што несакав со провокација :D ) и така викендот дома се надевав дека ќе ме фатат болки и ќе се приотоврам арно ама ништо од тоа. Тие 2 дена помалку јадев, малку плачев од страв што ме чека ама дојде и понеделникот, станав во 07ч. се спремав, ставив 2 мирко клизми арно ама никако да успеам да се олеснам, дали од стрес дали од што немав многу јадено тие 2 дена и така нервозна ради тоа заминавме на болница со мм. Таму во 10 без 15 ми ставија провокација и уште 2 микро клизми арно ама и тие никако да продејствуваат :D . Од пусти страв откако ми ја ставија провокацијата , уште пред да ме однесат во претпородилна си реков е сега веќе нема бегање и почнав да губам воздух, да се онесвестувам ама за брзо со алкохол ме освестија :sweat: и ме однесоа во претпородилна. Мажот ми што да ви кажам, си рече оваа уште сега се онесвестува а којзнае што ќе направи на пораѓајот ;(. Така ме легнаа, ме ставија на ЦТГ, од 10-12ч ептен слаби болки, издржливи (морам да напоменам дека имав премногу болна менструација така што овие болки беа смешка за мене), после тоа во 12 дојде Др. , ме прегледа вагинално и ми го пукна водењакот, бев речиси 8 прсти отворена и така од 12-13ч почнаа појаки болки ама и тие издржливи и веќе во 13:15ч ме однесоа на боксот и во 13:40ч се роди мојата ќеркичка. Значи мој совет е да не одите со мисла дека ве чека којзнае што страшно, јас цело време очекував многу појаки болки и бев исплашена без потреба. Поминав најлесно што можи, е сега мораа да ме сечат а и малку испукав ама се е тоа небитно откако ќе си го видите бебувчето :) . Иначе се породив во клиничка болница во Битола и сум презадоволна и од Др. Русе и од акушерката Весна, не ме испуштија од вид. Затоа мамички не се плашете и немојте да одите со негативен став дека болниците не чинат, дека нема совесни доктори и сл. Единствено имам забелешка што бебињата ги оставаат со мајките од првиот момент ама тоа е за во друга тема. Исто мора да напоменам дека имав договорено и за епидурална арно ама кога видов дека ги издржувам болките одлучив да не ми ја стават ;)
     
    На SimonaTino, zalosna, Serafima и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.391
    Од 00:15 до 10часот сабајле ти беше 9прста одворена... Да важи ќе биде :x
     
    На ALISA0000 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски
    Добро си приметила :D
     
  19. artemidis

    artemidis Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    452
    Допаѓања:
    2.015
    Пол:
    Женски
    А мене не ми е јасно каде докторот го пиел кафето со колешки??? По она што го прочитав изгледа во породилната сала :o
     
  20. mila25ve

    mila25ve Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    1.090
    Пол:
    Женски
    изгледа на бокс хахаха